дома блог страница 721

ГРЕЕ ОД УБАВИНА! Отворен спортско-рекреативниот центар „Драго Маневски“ во општина Илинден (ФОТО)

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски ја пуштија во употреба новата атлетска патека, која се наоѓа во рамки на новиот Спортски комплекс „Драго Маневски“, односно околу изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека изградбата на овој спортски комплекс доби сосема нов лик кој го носи името на паднатиот борец Драго Маневски од Илинден.

-Овој модерен центар вклучува повеќенаменско игралиште, атлетска патека и трибина, кои ќе служат за спорт и рекреација на граѓаните, особено на младите. Како Министерство за спорт, секогаш ќе се залагаме за промовирање на здрав живот и подобрување на условите за спорт и рекреација – напиша министерот Ристовски за реализираниот проект на социјалните мрежи.

ОГРОМНО БРАВО ЗА ДЕЧИЊАТА И НАСТАВНИЧКИТЕ: Плоштадот во Тетово обоен во црвено-жолта боја во пресрет на Денот на независноста (ВИДЕО)

Плоштадот во Тетово вчера беше обоен во боите на македонското знаме. Во раце со рачно изработени знаменца и во црвени и во жолти маички, учениците од нижите одделенија од основните училишта го прославија 8-ми Септември, Денот на независноста на Македонија.

Под мотото „Децата пеат за Македонија“ се одржа културно-уметничка манифестација, во која учестуваа учениците со неколку точки, хорот Крешендо и КУД Шара.

Ваква прослава во градот под Шара се организира за прв пат, а иницијатори беа одделенските наставнички од училиштата.

Влада: Нема повеќе чекање за пасош, документите се вадат за 15 дена

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена.

Од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.

Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.

Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската.

Огнот не мирува шести ден по ред! Утрово повторно аларм за спас на манастирот Св. Никола кај Прилепец (ФОТО)

-Манастирот моли за помош, огнот е на 200 метри од страна кај трлото, гори трева и иди накај манастирот, после ливадата е големиот дол со бујна вегетација, не смее да стаса до таму. Кој што може веднаш да дојде напомош, поопасно е моментално сега – ова е апелот од управата на манастирот Св. Никола кај Прилепец кој утрово ги разбуди прилепчани.

Иако вчера општинскиот кризен штаб информираше дека успешно се заврши со оформувањето на заштитен појас со градежна механизација околу манастирот, огнот повторно изненади и одново почна да слегува накај светилиштето.

Подгответе се: Доаѓа невреме со дожд и град

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови следува период на променливо облачно и посвежо време. На повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд од над 25 литри на квадратен метар за кратко време, грмежи, силен ветер од над 70 километри на час и град.

Молитва доцна во ноќта во Мариово: Доброволците од Битола кои ги бранат прилепските села од огнот објавија емотивно видео!

Веќе петти ден пожарот во прилепско Мариово пустоши. Над 200 пожарникари, волонтери, припадници на армијата и полицијата, деноноќно ги чуваат светилиштата и населените места од огнот. Синоќа ситуацијата беше најдраматична кај селата Дуње и Бонче, како и кај манастирите Св. Димитрија кај Селце и Св. Никола кај Прилепец.

Помеѓу луѓето кои се борат со огнената стихија се и пожарникарите од доброволното противпожарно друштво “Архангел” oд Битола. Тие синоќа го чувале селото Бонче и објавија видео што ќе ви изнуди силни емоции.

Пожарникарите со молитва побараа од Бог да им помогне во борбата со огнените јазици…

Бензинот ќе биде поевтин од полноќ

Од полноќ се намалува цената на Еуросупер БС-95 за два денара, а цените на Еуросупер БС-98, дизелот, Екстра лесното масло за домаќинство и мазутот остануваат исти.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 74,50 денари за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 78,50, дизелот 69,50 денари за литар, а Екстра лесно масло за домаќинство 68,50 денари за литар. Цената на Мазутот останува 44,780 денари за килограм.

Joвчески и Коњановски гости кај македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула (ФОТО)

Македонскиот амбасадор во Шведска, Џенк Сејфула како и советникот во македонската амбасада Стојанче Китаноски, беа домаќини на македонската
делегација која деновиве е во работна посета на Шведска, во чиј состав се и градоначалниците на Прилеп и Битола, Борче Јовчески и Тони Коњановски.

На средбата во македонската амбасада во Стокхолм, тие разговараа за придобивките од проектот „Одржливо управување со отпадот на локално
ниво” и конкретните активности, кои ќе бидат преземени кај нас, како резултат од реализацијата на проектот. Заеднички договорија соработка и на идни проекти, за кои што амбасадата им ја понуди целосната поддршка на градоначалниците учесници во делегацијата.

Општина Битола е една од шесте општини од Југозападниот и Пелагонискиот регион, кои работат на одржливо управување со отпадот, преку проектот „Одржливо управување со отпадот на локално ниво”, финансиран од СИДА (Шведската агенција за меѓународна развојна соработка), а имплементиран од Шведската асоцијација на локални власти и региони (САЛАР) и нејзината подружница САЛАР Интернационал.

УЖИВАЊЕ! Слушнете ги изведбите на МЛАДИТЕ ПРИЛЕПСКИ ВИРТУОЗИ од прекрасниот концерт во храмот Св. Петка (ВИДЕО)

Во средата вечерта во храмот Св. Петка, се одржа прекрасен концерт на „Прилепски млади виртуози“, на кој младите музички таленти од нашиот град блеснаа во своето најдобро издание. Храмот беше исполнет до последното место, а публиката, исполнета со радост и воодушевување, не штедеше на аплаузите.

Изведбите на младите виртуози беа вистинско уживање за сите присутни. Со својата техничка вештина и емоционална интерпретација, тие создадоа вечер полна со музичка магија, која остана во срцата на сите нас. Особено пријатно не изненадија со нивната зрелост и посветеност, што ги прави гордост на нашиот град и на нашата земја. Исполнувајќи ги нашите срца со радост тие направија музиката да биде мост кон возвишеното. Па така, класичната музика вчеравечер беше нашата молитва и пофалба кон Бога, а истовремено и израз на нашата грижа за иднината на нашите деца.

КL PRODUKCIJA ги сними сите настапи на нашите музички таленти, кои можете да ги проследите и да уживате во продолжение:

Деца палеле петарди и го предизвикале големиот пожар во Расадник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца во Основниот кривичен суд Скопје поднесе барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во судир со законот кое презело дејствија кои со закон се предвидени како кривично дело – Предизвикување општа опасност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

-На 3 септември во попладневните часови, детето на возраст од 14 години, заедно со уште две деца во ризик кои не наполниле 14 години и од тие причини не се кривично одговорни, палеле петарди и жижици на земјена патека во месноста Расадник, Кисела Вода. Како последица на тоа, бил инициран пожар кој брзо се проширил на околната сува трева поради ветерот и зафатил површина од околу 3 хектари – дрвја, сандаци со пчели и неколку бандери за пренос на електрична енергија, информираат од Обвинителството.

Со пожарот била предизвикана значителна опасност за животот и телото на луѓето и за имотот од големи размери.

СВР Скопје до ОЈО Скопје денеска поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”, предвидено и казниво по член 288 од КЗ.