дома блог страница 720

Од полноќ горивата ќе се точат по поевтини цени

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која горивата од полноќ поевтинуваат.

Согласно одлуката за 1,5 денари поевтинуваат бензините, додека за половина денар се намалува цената на дизелот и екстра лесното масло за домаќинство.

Од 14.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 74,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,007 (денари/килограм).

Звучат како едно! Хорот од ООУ “Гоце Делчев” Прилеп освои ПРВА НАГРАДА на Државниот натпревар (ВИДЕО)

Ученичкиот хор при ООУ “Гоце Делчев” Прилеп го освои првото место на Државниот натпревар на хорови и оркестри, кој се одржа во ООУ “Песталоци” во Скопје.

Дечките освоија дури 95 бодови.

Хорот го предводеше предметниот наставник Љупчо Мирчески, кој повеќе од успешно успеа да ги спои дечките да звучат како еден глас.

Слушнете ги и уживајте во продолжение:

(ВИДЕО) Eчеше соблекувалната! Македонските ракометари прославија со “ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ”

Машката ракометна репрезентација на Македонија со победата над Фарски Острови со 34-26 во вториот натпревар од баражот успеа да ја анулира негативата и го завери пласманот на Светското првенство што ќе се одржи во јануари наредната година во Хрватска, Норвешка и во Данска. За најуспешната македонска репрезентација ова ќе биде 7 светско првенство по ред од вкупните 9 настапи на ракометните мундијали.

Македонските ракометари имаа голема поддршка од публиката во полната салата „Борис Трајковски“. Од трибините ечеа познатите навивачки химни и „Едно имаме имаме…“. По победата што ги носи на СП, весело беше и во соблекувалната на македонската репрезентација.

“Еден-два” победа на ИЛИНДЕНЦИТЕ од Прилеп

Во организација на В.К. “Крос Сајклинг” од Куманово, викендов се возеше првата трка во новата сезона во планински велосипедизам “ХЦО Куманово 24”.

Велосипедистите на В.К.& Сервис “ИЛИНДЕН” од Прилеп одново на ниво на задачата остварија “еден-два” победа.

Андреј Маџоски го освои првото место во јуниори, а Никола Ристески му правеше друштво на пиедесталот како второпласиран.

Ако по утрото денот се познава, тогаш ИЛИНДЕНЦИ одново ќе имаат успешна сезона. Да им посакаме среќа и голем број пиедестали сезонава.

183 санкции во два дена на територијата на СВР Битола: Се возело брзо, под дејство на алкохол и без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.05.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 101 санкции, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, 24 мерки за возење без возачка дозвола, изречени 16 мерки за прекршоци кои ги прават прешаците како и 17 мерки за непрописно паркирани возила.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

Ждрепката за СП ќе биде наскоро, посакуваме Македонија да игра во Хрватска

Машката ракометна репрезентација на 29-ти мај ќе ги дознае противниците со кои ќе се соочи во групната фаза на Светското ракометно првенство кое во јануари 2025 година ќе се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.

Нашата репрезентација ќе биде во третиот шешир заедно со Катар, Бразил, Аргентина, Куба, Италија, Јапонија и Алжир.

Од првиот може да ни паднат Данска, Франција, Шведска, Германија, Шпанија, Унгарија, Словенија и Египет. Во вториот се Австрија, Норвешка, Португалија, Хррватска, Чешка, Полска, Исланд и Холандија.

Во четвртиот се Бахреин, Тунис, Чиле, Кувајт, Капе Верде (Зеленортски острови), Гвинеја, САД и еден тим кој ќе добие вајлд-карта.

Првата групна фаза ќе се игра во три хрватски и по еден дански и норвешки град. За македонската Фаланга најдобра варијанта е да играме во хрватските Загреб, Вараждин или Пореч, бидејќи се најблиску и таму поголема би била поддршката од трибините за Црвено-жолтите отколку во Хернинг или Осло.

Системот за натпреварување е таков што ќе има осум групи со по четири тима, а првите три од секоја група одат во следната фаза, што значи дека само една победа во трите кола може да ни донесе учество во втората фаза. Последно место во груата носи разигрување во Претседателскиот куп кој ќе се игра во хрватскиот град Пореч.

Книга „Заклетва“ – вистината за 2001 година! Одговори на многу прашања за кои никој не знаеше досега!

Што се случило пред 23 години? Како бранителите го доживеале и преживеале конфликтот со албанските терористи? Нашата книга „Заклетва“ ги има одговорите на овие и на уште многу други прашања. Дел од средствата од секоја купена книга ќе бидат донирани на бранителите на кои тоа им е најпотребно.

Книгата е 599 денари со бесплатна достава до адреса. Промотивно можете да нарачате и маица „Заклетва“, а вкупната цена би била само 999 денари со вклучена достава. За нарачка оставете име, адреса и телефонски број во порака ТУКА

Oвие момци имаат срце како планина: Погледнете како изгледаше славјето во соблекувалната на Македонија по пласманот на СВЕТСКО!

Македонската ракометна репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје ги совлада Фарски Острови со 34:26 и се пласираа на Светското првенство следната година.

Разликата од осум голови беше доволна да се анулираат седумте негатива од првиот дуел од барашот за СП одигран во средата на гостински терен кој Фараните го добија со 34:27.

Селекторот Кирил Лазаров постави извонредна игра, како во нападот, така и во одбраната. Македонците покажаа голема борбеност, беа агресивни во дуелите, играа трпеливо во нападот и на крајот заслужија мундијалски билет.

По првите 30 минути Македонија водеше со 19:15, во 37. минута ги имаше посакуваните +7, а во неколку наврати водеше и со девет разлика.

Жарко Пешевски со осум погодоци беше најефикасен во победничкиот состав. Се истакнаа и Филип Кузмановски со седум, Марко Митев со шест и Мартин Серафимов со пет погодоци.

За „Црвено-жолтите“ следното Светско првенство ќе биде деветти, по 17 пат ќе играат на голем ракометен настан, а задржан е и континуитетот на учество на големите натпреварувања кој трае од 2012 година.

ФОТО/ Ракометна Федерација на Македонија – официјална страница

Прилепчани добри домаќини и организатори, ама медалите не ги даваат: Се одржа традиционалниот Меѓународен турнир во борење “Крали Марко 2024” (ФОТО)

Успешен викенд на Боречкиот клуб “7-ми Мај” Прилеп.

После освоеното прво место на Државното првенство за борачи до 20години, кое вчера (11.05) се одржа во Радовиш, денеска во Прилеп клубот уште еднаш успешно го организираше Меѓународниот турнир “Крали Марко 2024”.

Во градот под Марковите Кули гостуваа боречки клубови од Косово, Турција, како и од голем број градови ширум Македонија.

Медалите одново не изостанаа за домашните борачи и борачки, па така Борис Спиркоски го освои првото место во категорија до 40кг, Габриел Кочоски беше прв до 43кг, а Христијан Аризанкоски освои сребро до 35кг.

Стандардно со медали се закитија и девојките:

Анабела Стојаноска освои прво место до 43кг,
Марија Христоска трето во истата категорија,
Ангела Трајкоска прво место до 46кг,
Марија Велјаноска трето во истата категорија,
Елена Дејкоска второ до 50кг,
Кристина Цветкоска трето во истата категорија,
Јована Тодороска трето до 54кг.,
Ева Мирческа трето до 56кг.,
Тамара Цветкоска прво до 59кг. и
Андреа Маркоска трето во категорија до 70кг.

Анабела Стојаноска најдобра борачка на турнирот.

Огромни честитки до тренерите и стручниот штаб за беспрекорно организираниот турнир.

Прилепските џудисти од “Сеишин” меѓу најдобрите на силниот меѓународен турнир “Скопје Опен 2024” – Се вратија со дури 26 освоени медали

Вчера (11.05.2024) во Скопје се одржа Меѓународниот турнир во џудо за помлади пионери, пионери и кадети “Скопје Опен – 2024”. Турнирот беше во организација на ЏК Ипон- Скопје, а на истиот настапија околу 240 џудисти од 19 клубови и 8 држави. ЏК Сеишин-Прилеп настапи со вкупно 25 џудисти, кои освија 26 медали (12 златни, 5 сребрени и 9 бронзени), бидејќи дел од спортистите настапија и во повозрасна категорија.

Резултати поединечно:

Помлади Пионери-ки
1. Пупаловиќ Дила 1 во место
2. Ѓорѓиоска Софија 1 во место
3. Ајла Јеина 1 во место
4. Николоска Матеја 1 во место
5. Димески Арсениј 1 во место
6. Игнески Александар 1 во место
7. Стојковска Тамара 2 ро место
8. Пупаловиќ Елдина 2 ро место
9. Јовеска Бисера 3 то место
10. Ацески Ване 3 то место
11. Стрезоски Владан 3 то место
12. Конески Марио 3 то место
13. Мојсоски Леон 3 то место

Пионери-ки
1. Џагадуроски Немања 1 во место
2. Ацески Марко 1 во место
3. Мантароски Благојче 1 во место
4. Ангелески Јана 1 во место
5. Илиоска Тамара 1 во место
6. Илиоска Теодора 1 во место
7. Нанески Дарио 2 ро место
8. Василески Марко 2 ро место
9. Пупаловиќ Дила 3 то место
10. Ацески Ратко 3 то место
11. Илијоски Димитар 3 то место

Кадети-ки
1. Илиоска Теодора 2 ро место
2. Стојановски Михаил 3- то место

Одлични борби кај кадетите прикажа и Џагадуроски Борис но поради полесна повреда не ги продолжи борбите понатаму.
ЏК Сеишин-Прилеп е прогласен за НАЈУСПЕШЕН КЛУБ во категорија ПОМЛАДИ ПИОНЕРИ-КИ за што е освоен ПЕХАР.
Клубот продолжува со подготовки за наредните натпревари на Меѓународен план.