дома блог страница 719

ДИК прифати 7 приговори: Ќе се прегласува на избирачки места во Долнени, Крушево, Охрид…

Државната изборна комисија (ДИК) на 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржувањето на парламентарните избори на 8 мај. Од вкупно 27 поднесени приговори – девет од коалицијата „Влен“, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица, прифатени се седум и тоа шест во Петтата изборна единица и еден во Шестата изборна единица.

Во Изборната единица 5 прифатени се приговорите за избирачките места 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга, 1470 и 1470/1 во Долнени. Во Изборната единица 6 прифатен е еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.

Против одлуката на ДИК може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18, Коалицијата ВЛЕН со 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Прилепчанец пренесува како изледа песочна бура во африканската држава Нигер – После ова нареден пат не плачете кога автомобилот ќе ви биде “фиран” од валкан дожд (ВИДЕО)

А вие плачите секогаш кога ќе заврне валкан дожд, па автомобилите ќе ви ги направи “фиран”…

Прилепчанец кој живее и работи во главниот град на африканската држава Нигер, Нијамеј, преку видео инсерти ни пренесува како изгледа песочна бура.

Последиците од поголема изложеност во вакви услови се болки во очите, па препораките се брзо да се најде засолниште, особено ако сте лице со хронични заболувања.

Затоа нареден пат кога автомобилот ви е извалкан после дождливо време, сетете се како живеат и со какви тешкотии се соочуваат луѓето на африканскиот континент, каде работат и живеат голем број нашинци.

Да се знае како треба: Просторот за урбана опрема на угостителите во Битола обележан со траки – Засилени инспекциски надзори (ФОТО)

Поставувањето на урбаната опрема на најамбиенталната улица во Битола, мора да биде во согласност со утврдените правила и прописи и издадените одобренија од општината. Со цел отстранување на отстапувањата кај некои угостителски објекти и овозможување на доволно пешачка зона, општинскиот инспекторат, врши интензивни контроли на терен, притоа давајќи им налог на угостителите за итно постапување, согласно усвоените план и програма за поставување на урбаната опрема.

Контролите се спроведуваа и во изминатиот период, но по барање на граѓаните, деновиве истите се интензивираат и ќе траат се до комплетно уредување на Широк Сокак пред секој објект, согласно законските прописи.

Зголемениот инспекциски надзор е во согласност со политиката на локалната самоуправа за спроведување и почитување на правилата и прописите, а со тоа и постигнување на целта за уреден град, во кој Широк Сокак навистина ќе биде широк.

“Бегајте змии и гуштери, иде Еремија”: За многу години! Денeска се слави Светиот пророк Еремиј

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 1 мај. Денеска е Св. пророк Еремиј.

Еремија се празнува како еден од поголемите пролетни празници, а обичаите и верувањата поврзани со него се во функција на магиска заштита од змии, гуштери и други.

Роден 600 години пред Христа, во селото Анатот, недалеку од Јерусалим. Почна да пророкува во својата петнаесетта година, во времето на царот Јосиј. Им пророкуваше за поkајание на царот и на неговите големци, на лажните пророци и на свештениците и во времето на овој цар, Јосиј, одвај си ја спаси гла вата од уби ствените раце на огорчените големци.

На царот Јоаким му прорече дека неговиот погpеб ќе биде како погpеб на магаре, т. е. мpтов ќе биде исфрлен надвор од Јерусалим и телото долго ќе му се влечка по земјата непогpебано. Заради ова Јеремија беше фpлен во 3атвор. Бидејќи во 3атворот не можеше да пишува, го повика Варух, којшто застана покрај неговото 3атворско прозорче, а Јеремија почна да му диктира. Кога му го прочитаа ова проpоштво на царот, тој гн евен ја фрли хартијата во оган. Промислата Божја го спаcи Јеремија од затворот, а врз Јоаким се исполни зборот на пpорокот. На царот Јехониј, пак, му прорече дека со целото семејство ќе биде одведен во Вавилон и дека ќе ум ре таму, што наскоро и се случи.

Под царот Седекија, Јеремија си стави јарем на вратот и така одеше по градот Јерусалим, пророкувајќи го со тоа падот на Јерусалим и ропството под јаремот на Вавилонците. На еврејските pобови во Вавилон им пишуваше да не се надеваат да се вратат во Јерусалим, зашто ќе останат во Вавилон седумдесет години – така и беше. Во долината Тотеф, под Јерусалим, каде што Евреите им принесуваа на идолите деца како жртви, Јеремија зеде здрав лонец во рацете, го скрши пред народот, пророкувајќи ја брзата пропаст на Јудејското царство.

Наскоро Вавилонците го зазедоа Јерусалим, го уби ја царот Седекија, го разоpија и го огpабија градот, а огромен број Евреи беа заkлани во долината Тотеф, на местото каде што Пpорокот го искpши оној лонец. Јеремија со левитите го зеде кивотот од храмот и го однесе на ридот Нават – каде што умpе Мојсеј – и овде го скpи во една пештера. Огнот од храмот пак, го скри во еден длабок бунар.

Некои Евреи го при нудија да оди со нив во Египет, каде поживеа четири години, а потоа беше од своите сонародници убиен со камења. На Мисирците им прорече дека идолите ќе им бидат разбиени и дека Дева со Младенецот ќе дојде во Мисир. Постои предание дека самиот цар Александар Македонски го посетил гр обот на Пророкот Јеремија. На наредба од Александар, телото на Јеремија е пренесено и со почести пог ребано во Александрија. Мисирците речиси го обожаваа Пророкот Јеремија. Затоа и го пог ребаа како крал. Го сметаа за чудотворец и после смpтта. Правот од неговиот гpоб го земаа како лек против каcнувања од змија. И ден денес мнозина христијани во молитва го повикуваат Пророкот Јеремија против 3мии.

За летен Атанасовден во прилепско највесело ќе биде во Ропотово, а за тоа ќе се погрижи Оливер Лозаноски

Покрај зимскиот празник Атанасовден, православната црква на овој светец му посветила уште еден, кај народот познат како летен Атанасовден кој се празнува на 15 мај.

Во прилепско за овој ден највесело ќе биде во манастирот Св. Атанасиј кај село Ропотово, каде на празникот ќе се одржи литургија, а домаќините ќе служат ручек.

За забавата ќе се погрижи естрадниот пејач, Оливер Лозаноски.

Домаќините и управата ги очекуваат верниците во што помасовно присуство!

Подгответе се: Денеска обилни врнежи од дожд проследени со грмежи

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Попладне наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 л/м2), локално поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне кога во делови од котлината ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 18 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Пораст на температурата се очекува кон крајот на седмицата.

Tрагедија во битолско: На 14-годишно момче му се слошило и починало

14-годишно момче од Битола ненадејно починало во атарот на селото Крстоар, близу Битола.

Станува збор за момче, осмоодделенец од ОУ „Коле Канински“ во Битола, за кое наставници од училиштето велат дека претходно немало видливи здравствени проблеми.

Според информацијата на СВР Битола, вчера, попладне околу 16 часот и 45 минути, од Итната медицинска помош Битола било пријавено дека околу 15.30 часот во атарот на село Крстоар, битолско, на малолетник од Битола му се слошило и паднал по што бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што лекар констатирал смрт без траги на насилство.

По смртта на малолетникот, полицијата извршила увид, а по наредба на јавниот обвинител телото на починатото момче било дадено на обдукција.

БЛАГОДАРНИЦА ЗА СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР КАКО ГЕНЕРАЛЕН СПОНЗОР НА MACEDONIAN 4X4 TROPHY (ФОТО)

– Уште едно извонредно издание на „Macedonian 4×4 Trophy“ се одржа во Крушево од 9 до 12 мај. И во иднина ќе продолжиме со поддршка на адреналинските спортови, истакнаа од СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија која традиционално обезбедува поддршка за оваа престижна манифестација.

Со доделување на награди, признанија и пригодни подароци во неделата заврши годинашното издание на „Macedonian 4×4 Trophy“ во организација на клубот „OFF ROAD PRILEP“, а со поддршка на СН Групацијата.

Крушево од 9 до 12 мај ги собра најдобрите off road возачи од целиот Балкан, а целата манифестација беше вистинска атракција. Публиката можеше да ужива во возбудливо адреналинско шоу, кое се возеше низ крушевската корија, како преку денот, така и во текот на ноќните часови.
„Подготовките за настанот траеа неколку месеци.Нивото на манифестацијата од година во година расте и оваа година имавме уште повеќе натпреварувачи во споредба со минатото издание.“- истакна Панчо Чупаркоски, претседател на клубот „OFF ROAD PRILEP“.

И оваа година, како и минатата, генерален спонзор беше СН Осигурителен Брокер АД Битола, општествено одговорна компанија и лидер во секторот на осигурувањето.

Обезбедувајќи поддршка преку генерално спонзорство, од СН Групацијата, во чиј состав се и СН Сообраќајниот центар во Битола и СН Мото Центарот во Скопје, изразија задоволство од успешно организираниот „Macedonian 4×4 Trophy“ во прекрасните крушевски предели. „Извонредно издание на „Macedonian 4×4 Trophy“ со поддршка на СН Групацијата. Честитки до сите наградени, како и до организаторите, спортскиот клуб „OFF ROAD PRILEP“. Благодарницата од нив е наша обврска и во иднина да продолжиме со поддршка на адреналинските спортови.“-истакнаа од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Организаторите се потрудија да се направи траса која што овозможи публиката да го следи настанот одблиску и во живо да ја почуствува возбудата на „Macedonian 4×4 Тrophy“. Off road возилата беа посебна атракција за посетителите кои уживаа во оваа несекојдневна манифестација која траеше четири дена.

Возачите пак беа посебно возбудени што се дел од еден ваков спектакл. „Адреналинот пука 100%. Стазата е како автопат, уште само бели ленти недостигаат, се е супер уредено“, истакна еден од учесниците на трката.

„Многу добра организација и многу е убаво. Браво за Македонците“, вели друг учесник на трката, додавајќи дека и следната година со задоволство ќе учестува на „Macedonian 4×4 Trophy“.

Во Битола се интензивираат работите за изградба на нов противпожарен дом

Со забрзана динамика, продолжуваат активностите за изградба на новиот противпожарен дом, еден од капиталните проекти на локалната самоуправа во Битола.

-Целосно е отстранет стариот руиниран објект на негогашниот армиски магацин на просторот на поранешната касарна. Со ова создадени се
потребните услови за започнување на комплетно новата градба со површина од 1600 м² . Објектот ќе биде во согласност со современите стандарди, правила и прописи за непречено функционирање на противпожарната единица која ги покрива општините Битола, Новаци и Могила, а пожарникарите од најстарата противпожарна единица на Балканот, конечно ќе добијат услови за работа, какви што навистина заслужуваат, стои во соопштението од општина Битола.

За летен Св. Никола највесело ќе биде во прилепско Загорани: Присутните ќе ги забавуваат Сања Цинцева и “Форум бенд”

Верниците на православната црква на 22 мај го одбележуваат летен Свети Никола, празник посветен на преносот на моштите на Светиот отец Николај – Мирликиски чудотворец.

Христијаните веруваат дека Свети Никола е чудотворец и дека се случуваат многу чуда од неговите чудесни мошти. Овој светител спасил заробени и изгубени бродови, па затоа се смета за заштитник на морнарите. Затоа морнарите често го повикуваат во опасни ситуации или бродски бродоломи.

Овој светител – милостив, мудар и бестрашен свештеник, го поминал својот живот во служба на Бога. За време на неговиот живот, тој веќе се сметал за светец, а верувањето дека може да помогне и да излечи било каква болка, се одржува до денес.

На овој датум, сите бродови, каде и да беа, ги испуштија своите сидра и почиваа до следниот ден, давајќи слава на овој светител. Денес чамците често застануваат додека морнарите му се молат на светителот и потоа продолжуваат со своето патување.

Христијаните веруваат дека со неговите чудесни сили, Свети Никола им помага на сите што му се обраќаат за помош во болест, беспомошност и душевно страдање. Со помош на неговата молитва, погледот е вратен на слепите, а чувството за слух е вратено на глувите.

На овој ден, според традицијата, никогаш не треба да ја перете облека, да ја чистите куќата и да правите какви било домашни работи.

Во прилепско празникот се празнува во село Загорани, каде има прекрасен манастир посветен на Св. Никола.

Загорани се наоѓа во Прилепско Поле, југозападно од градот Прилеп. Селото се наоѓа на граница меѓу возвишението Шипковица на југоисток и низински дел на северозапад. Околни населени места се Веселчани, Чепигово, Тројкрсти и др.

До селото се пристигнува преку стариот пат за Битола, каде доколку доаѓате од Прилеп, се врти десно веднаш под депонијата Алинци.

По тесниот пат најпрво се стигнува до Веселчани, а веднаш потоа е и Загорани. Манастирот Св. Никола е оддалечен на само 500 метри над селото, а околу него изобилува зеленило.

Она што е интересно е дека околу манастирот, а и во неговите темели, се забележуваат остатоци од некое дамнешно време.

Локалните жителите велат дека на тоа место имало ранохристијанска базилика, а црквата е градена на тие темели.

Оваа година празнувањето ќе започне со света литургија, и тоа во вторник 21.05. со почеток од 18:00часот и во среда на празникот, со почеток од 08:00часот.

За забавата ќе се погрижат Форум Бенд-Прилеп заедно со Сања Цинцева.

Домаќините ги покануваат сите верници и добронамерници да го посетат манастирот, и да поминат еден убав празничен ден со своите најбилски.

Нека е за многу години!