дома блог страница 712

Maтуранти за мерак: Цела генерација во еден глас ја пее “Заветна” (ВИДЕО)

Слушнете како матурантите од ОСУ “Мирко Милески” Кичево во еден глас заедно со “Инструментал бенд” ја пееја ,,Заветна”…

Честито матура дечки!

Ова се новите цени на горивата, oд полноќ поевтинуваат сите деривати

Горивата од полноќ ќе се продаваат по пониска цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР 95 ќе се намали за 1,5 денари, и од утре ќе се продава по 83 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98 од утре ќе се изнесува 85,5 денари, што е намалување за 1 денар. За 1 денар ќе има намалување на цената на ЕУРОДИЗЕЛ и ќе се продава по 73 денари по литар.

Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар и ќе се продава по 72,5 денари, а мазутот поевтинува за 0,3 денари и ќе се продава по 42,6 денари по килограм.

Фатени на дело: Двајца млади прилепчани краделе на плац од фирма, а потоа нападнале и полициски службеник

На 19.05.2024 во 22.00 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.С.(27) и Д.Д.(22), двајцата од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ од плац на правно лице од Прилеп.

Притоа, тие физички нападнале полициски службеник кој не бил на работа, а го пријавил настанот.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Честит 20 Мај – Денот на пожарникарите во Македонија! Нашите херои заслужуваат многу повеќе!

Денескa е 20. мај – Денот на пожарникарте во Македонија

Нашите локални херои од ТППЕ Прилеп опслужуваат три општини: Прилеп, Кривогаштани и Долнени, или над 100.000 жители.

Затоа апел до надлежните институции да обрнат повеќе внимание и почит кон оваа професија од која зависат многу животи и фамилијарни добра.

Сите општествени чинители – власти, општествено-одговорни компании и организации, треба да се залагаат оваа професија и овие луѓе да го добијат заслуженото место под сонцето.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ХЕРОИ!

По катастрофалниот пораз во последното коло, Победа наиде и на најтежок противник во баражот за опстанок во Втора лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја извлече ждрепката за баражот за место во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и познати се паровите кои ќе разигруваат за местата.

Победа мина најтешко на ждрепката затоа што го извлече амбициозниот ГФК Куманово. Во вториот пар ќе се сретнат Вардарски од Богданци и Кораб, додека во третиот дуел на мегдан одат Велазерими и Борец од Велес.

Натпреварите од баражот за ВМФЛ се играат следниот викенд. За терминот и локацијата на одигрување на баражот јавноста ќе биде известена додатно.

Во последното коло од Втората лига, Победа беше поразена на домашен терен од БЕСА со 1:5. За несреќа на прилепчани, Осогово победи со 3:0 над Пелистер, а Каменица САСА триумфираше над Вардар Неготино.

Битолчанец ги нуди своите возила бесплатно за матурантите: “Ако некој има потреба од возило да ја земе партнерката, нека ме контактира”

Матурските прослави се во полн ек во целата држава. За матурантите завршува едно поглавје од животот и започнува ново, она најважното, влез во светот на возрасните и избор на соодветно високо образование. За жал живееме во едно материјалистичко општество каде не секој може да си дозволи се’, особено во овие денови кога секој матурант сака да биде убаво облечен, да купи нешто убаво за партнерот или партнеркатa… Тоа веројатно го поттикнало битолчанецот Никола Секуловски, да ги понуди своите возила бесплатно за оние матуранти кои имаат потреба да ја земат партнерката, или партнерот. Еден гест кој е за секоја пофалба!

-Со среќа на сите матуранти, и многу успех во иднина. Доколку некој има потреба од возило (без никакви давачки) да ја земи партнерката, и обратно слободно нека ме контактира – напиша на својот ФБ профил Никола Секуловски.

Секој натпреварувач од прилепската гимназија освои награда на државниот натпревар по биологија

Во организација на Друштвото на биолози, на 18.05.2024 година во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија.

Од Гимназијата „Мирче Ацев“ Прилеп, на натпреварот учествуваа осум ученици и сите се вратија со награди.

Од втора година:

Ивана Атанасоска освои – I награда
Георги Николоски освои – I награда
Марија Митреска освои – I награда
Теодора Конеска освои – II награда
Антонио Велкоски освои – III награда

Од прва година:

Јован Митов освои – II награда
Михаела Андриеска освои – III награда
Горјан Ристески освои – III награда

Ментор на сите ученици е професорката Софија Крстеска.

Континуитетот во високото рангирање на државните натпревари е одраз на посветеноста и амбицијата од страна на нашите ученици за стекнување на нови и продлабочување на стекнатите знаења и безрезервната заложба и мотивацијата од страна на нашите професори.

БРАВО за учениците и за менторот!

Битолските пожарникари спасиле лице кое паднало во реката Драгор

Пожарникарите во државава, покрај гаснење урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за други работи. Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило од 18.45 до 19.35 часот, интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста „Сали Мост“.

Паднатото лице не било повредено. Прилепски пожарникари со едно противпожарно возило од 12 до 13.50 часот, интервенирале на извлекување со пумпи вода од поплавени подрумски простории и дворна површина во селото Сенокос, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Охридски пожарникари пак, од 09.45 до 10.30 часот, имале техничка интервенција на испумпување вода од лифт на улицата „Галичица“ ламела – број 2, додаваат од ЦУК.

Оттаму потсетуваат за голема внимателност поради наглите временски промени, покрај другото, внимателно и да се вози, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, нагласуваат од ЦУК.

За 24 часа, евидентирани се 1.392 повика на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

– Од нив, „реални“ – 60,85 проценти, а 39,15 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 56,67 проценти, кон Итната медицинска помош – 35,24 отсто, а кон пожарникарите – 0,95 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК, соопштија од ЦУК.

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната од 22 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според УХМР, до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Нареден предизвик Европско во Букурешт! Мартин Ристески продолжува да ја полне витрината со пехари, две нови први места викендов од турнирите во Берово

Младиот пинг-понгар на ППК Младост 96 од Прилеп, Мартин Ристески, продолжува да реди успеси и да ја полне витрината со медали и пехари.

На турнирите кои викендов се одиграа во Берово, младиот прилепчанец се закити со две нови први места, и тоа:

Прво место на турнирот за млади кадети до 13 годишна возраст, како и прво место на турнирот помеѓу осумте најдобри млади кадети од Македонија.

На ранг листата од Прилеп се најдоа и Трајче Маркоски кој беше третопласиран и Огнен Илиески, кој заврши на осмата позиција.

Нареден предизвик за Мартин ќе биде Европското првенство во Букурешт, Романија, каде патува на 23.05.

На турнирот во романската престолнина, нашиот Мартин ќе патува како репрезентативец на Македонија за деца до 13 години, и како единствен претставник од Македонија во придружба на селекторот Сашко Богатинов, а под покровителство на Пинг-понгарска федерација на Македонија.

Ова за него ќе биде прв натпревар од највисоко ниво, па очекувањата за голем успех не се големи, но сепак е голем почеток за иден спортист, кој освојува речиси се’ што може да се освои досега во Македонија, а одличен е и на балканските турнири. Пинг-понгар кој Прилеп го чекаше повеќе од 25-30 години.

Да му посакаме среќа и уште многу успеси во иднина!