дома блог страница 713

Битолските пожарникари спасиле лице кое паднало во реката Драгор

Пожарникарите во државава, покрај гаснење урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за други работи. Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило од 18.45 до 19.35 часот, интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста „Сали Мост“.

Паднатото лице не било повредено. Прилепски пожарникари со едно противпожарно возило од 12 до 13.50 часот, интервенирале на извлекување со пумпи вода од поплавени подрумски простории и дворна површина во селото Сенокос, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Охридски пожарникари пак, од 09.45 до 10.30 часот, имале техничка интервенција на испумпување вода од лифт на улицата „Галичица“ ламела – број 2, додаваат од ЦУК.

Оттаму потсетуваат за голема внимателност поради наглите временски промени, покрај другото, внимателно и да се вози, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

– Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, нагласуваат од ЦУК.

За 24 часа, евидентирани се 1.392 повика на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

– Од нив, „реални“ – 60,85 проценти, а 39,15 отсто за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 56,67 проценти, кон Итната медицинска помош – 35,24 отсто, а кон пожарникарите – 0,95 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК, соопштија од ЦУК.

Променливо облачно со повремен дожд, попладне услови за краткотрајно невреме

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи локално во форма на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 16, а максималната од 22 до 27 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 26 степени.

Според УХМР, до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со засилен ветер, обилен пороен дожд за кратко време и изолирана појава на град. Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок. Температурите ќе бидат без значителна промена.

Нареден предизвик Европско во Букурешт! Мартин Ристески продолжува да ја полне витрината со пехари, две нови први места викендов од турнирите во Берово

Младиот пинг-понгар на ППК Младост 96 од Прилеп, Мартин Ристески, продолжува да реди успеси и да ја полне витрината со медали и пехари.

На турнирите кои викендов се одиграа во Берово, младиот прилепчанец се закити со две нови први места, и тоа:

Прво место на турнирот за млади кадети до 13 годишна возраст, како и прво место на турнирот помеѓу осумте најдобри млади кадети од Македонија.

На ранг листата од Прилеп се најдоа и Трајче Маркоски кој беше третопласиран и Огнен Илиески, кој заврши на осмата позиција.

Нареден предизвик за Мартин ќе биде Европското првенство во Букурешт, Романија, каде патува на 23.05.

На турнирот во романската престолнина, нашиот Мартин ќе патува како репрезентативец на Македонија за деца до 13 години, и како единствен претставник од Македонија во придружба на селекторот Сашко Богатинов, а под покровителство на Пинг-понгарска федерација на Македонија.

Ова за него ќе биде прв натпревар од највисоко ниво, па очекувањата за голем успех не се големи, но сепак е голем почеток за иден спортист, кој освојува речиси се’ што може да се освои досега во Македонија, а одличен е и на балканските турнири. Пинг-понгар кој Прилеп го чекаше повеќе од 25-30 години.

Да му посакаме среќа и уште многу успеси во иднина!

(ФОТО/ВИДЕО) Пратеникот Тони Трајановски му поклони сопствена резба на премиерот Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на одбележување на годишнината од кревањето на Разловечкото востание.

-“148 години Непокор” Одбележување на годишнината од кревањето на разловечкото востание. Го посетив спомен домот на Разловечкото востание како и Црквата Св. Цар Константин и Царица Елена. Дел од нашата славна историја, објави Мицкоски.

A по повод на 148 години од кревање на Разловечкото Востание, поранешниот пратеник во Собранието од Делчево, Тони Трајановски, на идниот премиер му поклони сопствена резба.

10 медали за џудистите од СЕИШИН Прилеп од силен Меѓународен турнир во Грција – учествуваа 500 натпреварувачи од 10 држави (ФОТО)

На 18 и 19.05.2024 во Аминдео, Грција, а во организација на Џудо Клуб Филипос Аминдео, се одржа Меѓународен турнир во џудо за деца, помлади пионери, пионери, кадети, јуниори и сениори

На двата дена настапија над 500 натпреварувачи од околу 40 клубови од 10 држави.

ЏК – СЕИШИН -Прилеп активно учествуваше двата денови и зеде учество со вкупно 11 натпреварувачи, при што освоени се 10 медали (3 златни, 3 сребрени и 4 бронзени).

Резултати поединечно:

1. Тамара Илиоска 1 во место
2. Теодора Илиоска 1 во место
3. Иван Јошески 1 во место
4. Владан Стрезоски 2 ро место
5. Бисера Цветкоска 2 ро место
6. Благојче Мантароски 2 ро место
7. Христијан Бунески 3 то место
8. Марко Ацески 3 то место
9. Арсениј Димески 3 то место
10. Марио Конески 3 то место

Михаил Стојановски во категоријата кадети покажа одлични борби и со две победи и две загубени борби, не успеја да избори место на пиедесталот.

Џудо клубот СЕИШИН-ПРИЛЕП Е ЗАДОВОЛЕН од учинокот и прикажаното на овој натпревар и продолжува со активни припреми за наредните меѓународни настапи.

Прва и трета награда за ученичките од СОУ “Ѓорче Петров” Прилеп, од Државниот натпревар по биологија

На државниот натпревар по биологија кој се одржа на 18-ти мај во просториите на ПМФ – Скопје во организација на Друштвото на биолози на Република Македонија, учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп освоија две награди, и тоа

АНГЕЛА ЧЕЛЕБИТОВА од прва година освои ПРВА НАГРАДА, а

Елена Бошеска од прва година освои трета награда;

Ментор на двете ученички беше професорката Татјана Шабаноска.

Честитки и уште поголеми успеси во иднина

Ватикан и Рим, прва официјална посета на Сиљановска Давкова

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова првата официјална посета ќе ја оствари во Ватикан и Рим каде ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.

На 23 мај, според протоколот, претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.

Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со колегата Серџо Матарела.

Се уште не е познато дали Сиљановска Давкова ќе има средба или ракување со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.

Сите во 5 на стадион! Победа игра против БЕСА!

Денеска со почеток од 17:00 часот, фудбалерите на прилепска Победа го играат последниот натпревар од сезоната во Втората фудбалска лига.

На стадионот “Гоце Делчев” гостува екипата на БЕСА од гостиварско Добри Дол, која е лидер на табелата и наредната сезона ќе игра прволигашки фудбал.

Победа се наоѓа на 12-то место на табелата со 28 бодови, по еден повеќе од Осогово и Тетекс, и два повеќе од Каменица Саса која се наоѓа на претпоследното место.

Црвено-белите не смеат да се предадат на овој натпревар, затоа што во истиот термин Каменица игра дома против Вардар Неготино, а можност за освојување бодови има и Тетекс кој гостува кај Башкими. Осогово пак својот натпревар го игра на домашен терен против Пелистер.

Да ги поддржиме нашите фудбалери со што поголема масовност денеска на градски.

Tea Taировиќ доаѓа во Прилеп – ќе пее на “ПИВО ФЕСТ”?

Во моментов една од најпопуларните српски пејачки, Теа Таировиќ преку својот официјален ,,Инстаграм” профил ги обелодени своите идни настапи, па така може да се види дека во своите претстојни настапи го има ставено и токму градот Прилеп и „Пиво-фест“ и тоа на датум 12-ти јули, петок.

Дали ова значи дека овој „Пиво-фест“ Прилеп ќе биде епицентарот и градот на музиката во три дена останува да видиме, но веќе има големи најави дека главна sвезда ќе биде токму Таировиќ, а ќе настапат и уште низа на супер талентирани странски и домашни музичари.

Клубот на литературни творци од Прилеп, одново успешно го организираше настанот “Мајски поетски средби” (ФОТО/ВИДЕО)

Синоќа во киното “Мис Стон” во Прилеп, а во организација на Клубот на литературни творци од градот под Марковите Кули, се одржа традиционалниот културен настан, “Мајски поетски средби 2024”.

На самиот почеток беше доделена Плакета-благодарница на новинарката Каролина Мицевска, за постојаната промоција на творештвото на членовите на клубот, како и благодарници до Пекара “Маја” и НУЦК “Марко Цепенков” за поддршката при реализацијата на овој и останатите манифестации во организација на клубот.

-Потоа беше промовиран новиот, четврти по ред Алманах: “На крилјата на зборот”, во кој е застапена поезија на членовите на Клубот на литературни творци Прилеп. Благодарност до сите кои учествуваа во неговото уредување, претпечатна подготовка и печатење: Тамара Насевска, Елена Николоска, Снежана Паноска, Андриана Ристеска, Фото Зрак и Графопром.
Настанот продолжи со литературно читање на гостите и домаќините, а заврши со закуска и коктел за сите присутни.
Нека се шири убавиот поетски збор и нека се множат топлите другарување меѓу поетите од Македонија!
Благодарност до сите поети и гости што го збогатија овој традиционален настан со своето присуство!
Посебна благодарност до Лина Димоска која професионално го водеше овој настан и до Благица Велјаниска која со својот прекрасен глас ни ги растрепери срцата! Драги поети! До година се гледаме во уште поголем број
– напиша на ФБ, претседателската на клубот, Андриана Ристеска.