дома блог страница 707

Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија, ова е ограбување на народот!

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле цените на услугите откако побарал од нив да направат намалување.

– Побарав, и ги зголемија. Еве гледам воведоа нови пакети од 5.100 денари. Се посериозно размислуваме за распишување на тендерот за нов мобилен оператор. Ова што го гледаме е ограбување на народот и тие не се натпреваруваат меѓу себе. Дури има згради каде што можете да добиете кабелска телевизија само од еден оператор. Знам дека тие не се среќни и сакаат да ме компромитираат, но сметките сите ги гледаат, рече Николоски.

Тој ги искритикува големите мобилни оператори дека не се општествено одговорни и дека наместо да ги даваат донациите за реални потреби, финансираат промотивни настани како концерти.

– Од Охрид за Скопје на пола пат нема мрежа, еве јавете се ќе видите, додаде Николоски и кажа дека нема рок до кога ќе се распише повикот за трет голем мобилен оператор. Тој рече дека ќе се даде време да се јави интерес и кај уште некоја страна а не само кај унгарскиот 4ИГ.

Утре сите во сала! Мега Баскет игра против скопски МЗТ

Во рамки на третото коло од Втората кошаркарска лига, утре (сабота), со почеток од 19 часот, во салата на ООУ “Добре Јованоски”, екипата на Мега Баскет го дочекува МЗТ Уни банка.

Пред прилепчани е тежок предизвик и се надеваат дека со поддршка од домашната публика ќе стигнат до вториот триумф.

Гостите од Скопје досега имаат максимален учинок, или две од две на стартот од сезоната, додека Мега Баскет во првото коло триумфираше над Аакдемија ФМП, а минатиот викенд во Штип загубија од Соколи.

Прилепчанец се здобил со тешки повреди откако во него удрил автомобил

-На 24.10.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Тутески” во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А.(38) од Скопје, удрило во пешакот Љ.П.(64) од Прилеп.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Општина Битола заедно со граѓаните го крои буџетот за идната година (Фото)

Трета година по ред, Општина Битола продолжува со организација на буџетските форуми. Денес, во Офицерскиот дом во Битола , се одржа првата од вкупно четирите форумски сесии, низ кои локалната самоуправа заедно со граѓаните ќе го креира општинскиот Буџет за 2025 година.

Буџетскиот форум е алатка за вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки на општинско ниво, како платформа за проблемите во заедницата и начинот на нивно решавање. Целта е да се поттикнат граѓаните да земат учество во развојот на заедницата на локално ниво, нивно вклучување во управувањето и создавање и унапредување на капацитетите преку создавање на локални партнерства за подобрување на социо-економските услови во општината. На овој начин се овозможува транспаретна распределба на средствата на општинскиот буџет, преку вклучување на потребите во развојните планови на општинскиот буџет.

На денешната форумска сесија присуствуваа Градоначалникот на Битола Тони Коњановски, Секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски, претставници на Општинскиот Совет, раководители од општинската администрација, директори на јавни и локални установи, претставници на месните и урбаните заедници, претставници на граѓански здруженија и сите граѓани кои покажаа интерес да учествуваат во креирањето на буџетот на општина Битола за 2025 година.

На присутните им се обрати и градоначалникот Тони Коњановски истакнувајќи ја важноста на овој настан со кој се овозможува зголемување на транспарентноста и одговорноста на локалната самоуправа:

„По трет пат ги организираме буџетските форуми со цел транспаретно да го креираме буџетот за 2025 година. Битола е лидер во оваа насока. Битола е општина со најголема транспаретност. Со висок степен на отвореност и отчетност. Во изминатиот период општината се вложи многу, но капацитетите се ограничени. Заедно со Советот на општина Битола сме тука да го креираме буџетот и да ја истакнеме важноста на стратегијата за локален економски развој. Остануваме отворени за реализација на сите донесени проекти. Дел од проектите се отпочнати со реализација, а дел ќе се реализират во наредната година. Заедно да направиме нешто за општина Битола. Општината е дом на сите граѓани на општина Битола. Веруваме дека ова е вистинскиот начин да се креира буџетот на Општина Битола“, рече градоначалникот Коњановски во своето обраќање пред присутните.

На денешната прва форумска сесија беа усвоени 8 приоритетни програми

Програма за социјална заштита
Програма за урбанистичко планирање
Програма за локален и економски развој
Програма за заштита на животната средина
Програма за активности во областа на спорт и млади
Програма за развој на планови
Програма за градежно земјиште,
Програма за култура

На првата форумска сесија се развија дискусии за проекти кои што треба да бидат содржани во буџетот за 2025 година. На овој начин им се овозможува на граѓаните да учествуваат во креирањето и реализацијата на општинските програми, со цел транспаретно распоредување на буџетските средства, во насока на поубава иднина за поубава Битола.

Повеќе улици во Прилеп денеска до 15 часот без електрична енергија

Регионалниот центар за управување со кризи информира по известување од ЕВН – Македонија дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на 25.10.2024 год. (петок) без напојување со електрична енергија од 08.30 ч. до 15.00 часот ќе останат следните корисници на улиците во Општина Прилеп:

ул. ,,Велешка” , ул. ,,Ѓорги Абаџиев” , ул. ,, Дабнички Завој ” , ул. ,,Васил Главинов” , ул. ,, Кобаш ” , ул. ,,Сремски фронт” , ул. ,,Богомила” , ул. ,,Дојранска” , ул. ,,Архимедова” , ул. ,, Динара” ,ул. ,,Максим Горки” , ул. ,,Преспанска” и ул.,,Тетовска”.

Неколку улици во Прилеп денеска ќе бидат 6 часа без вода за пиење

Известување од ЈКП Водовод и канализација Прилеп:

Водоснабдувањето на ден 25.10.2024 (петок) ќе биде нормално со здравствено исправна вода за пиење. Вкупната произведена количина на вода 256л/с, од кои 227/с од Студенчица, 0л/с од бунари и 29л/с од сопствени извори. Прекин во водоснабдувањето заради санација на дефекти и приклучоци во периодот од 08 до 14 часот ќе има на следните улици и делови од Општина Прилеп:

– ул. Ладо Лепецот
– ул. Борка Медарот
– ул. Београдска
– ул. Цане Коњарец
– Бул. Гоце Делчев
– ул. 11 ти Октомври
– н.м. Ново Лагово
– н.м. Големо Коњари

Голем број гранати и експлозивни средства од Прва светска војна прават проблем во работите на патот Прилеп-Битола (ВИДЕО)

И на постојната, и на новата траса за патот Прилеп – Битола има неексплодирани средства и затоа работата на таа траса ќе оди тешко, објасни вчера министерот за транспорт и врски Александар Николоски во „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој рече дека ако се деминираат тие гранати, за 2-3 години може да се очекува Прилеп и Битола да бидат поврзани со автопат.

-Има проблем со деминирање. Таа траса поминува низ линијата на фронтот во Првата светска војна, и затоа потребно е да се деминираат сите тие. Не се малку, и сериозна е работата, и ако тоа се заврши на време, тогаш за 2-3 години очекувам да имаме автопат Прилеп – Битола, рече Николоски.

Oд 72-ра на 69-та позиција! По успешниот октомври, македонската фудбалска репрезентација скокна на ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација зад себе остави еден успешен октомвриски собир, месец во кој избраниците на Благоја Милевски успеаја да забележат две победи.

Триумфите над Летонија и Ерменија речиси ни обезбедија математички прво место во Лигата на нации, па покрај промоцијата во Лигата Б, Македонија со овие две победи си обезбеди и скок на ФИФА листата.

Уверливите изданија на гостувањата ни донесоа нови бодови на најновата ранг листа, а тоа ни носи напредок од три места.

Македонија скокна од 72-та на 69-та позиција во светскиот поредок, со надеж дека овој прогрес ќе продолжи и во месец ноември кога играме два натпревари на кои важиме за апсолутни фаворити (Летонија и Фарски Острови).

Кога е во прашање врвот, во топ 5 нема никакви промени и Аргентина е прва пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил, додека две промени се случија во топ 10. Белгија останува шеста, Португалија напредуваше една позиција и се најде пред Холандија која сега е осма, додека мал скок направи и Италија која сега е деветта пред десетопласираната Колумбија.

Претрес во крушевско, пронајдено оружје (ФОТО)

-Денеска (24.10.2024) со судска наредба, полициски службеници од СВР Битола во с.Свето Митрани, крушевско, извршиле претрес во куќа сопственост на Г. Б.(38) од с.Свето Митрани. При претресот биле пронајдени и одземени пушка, пиштол, две рамки за пиштол и куршуми за пиштол.

По целосно документирање на настанот, против Г.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Горан Ангелов-Ќосето: До кога во зандани?!

Страв ми е да прашам оти може да ме “стрелаат” како Цацко. До кога во зандани? – пишува на Фејсбук Горан Ангелов, еден од осудените за настаните на 27 април во Собранието.

Коментарот на Ангелов доаѓа по одлуката на претседателката Сиљановска да помилува нарко-дилери.