дома блог страница 706

Уметницата Александра Димитрова со 19 дела за прв пат се претстави пред прилепчани (ФОТО)

Љубителите на уметноста, синоќа 25.10.2024, во Ликовна Галерија во НУЦК “Марко Цепенков” Прилеп, имаа можност да присуствуваат на отворањето на изложбата на слики “Нова димензија во создавањето 2” од академската уметница Александра Димитрова од Кочани, која за првпат пред прилепчани се претстави со 19 дела.

Уметницата Димитрова во нејзините дела визуелно манифестира сликарски автентични димензии и раскошни колоритни универзуми рече на отворањето Викторија Димеска, историчар на уметност.

-Разновидните брановидни линии обврзуваат женски портрети, коишто суптилно се преобразуваат во симболични претстави со креативен наратив и емотивен поттекст. Многуликоста на разните контрастни линии дополнително пробудува бројни доживувања и чувствувања – рече Димеска.

Уметницата со делата раскажува свои визуелни наративи во кои посетителот ќе може да ужива.

Младите прилепски кошаркари, дебитираат утре против ЧАИР

Прилепскиот кошаркарски клуб МЕГА БАСКЕТ, кој и оваа сезона ќе се натпреварува во Втората кошаркарска лига на Македонија, формираше своја подружница која ќе го носи името КК МЕГА БАСКЕТ ЈУНИОР.

Идејата е овој нов клуб да служи за усовршување на младите категории, и истиот ќе се натпреварува во Третата лига при КФСМ. Со поддршка од три општествено одговорни компании од нашиот град, оваа идеја стана реалност, па младите кошаркари утре (недела) 27.10., со почеток од 18:30ч. во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, ќе стартуваат против Чаир.

Да ги поддржиме со полна трибина!

Јулијана Талеска од Прилеп, избрана за најдобар наставник на деца со посебни образовни потреби (ФОТО)

Општина Прилеп беше домаќин на втората по ред јавна дебата: Промени и предизвици во спроведување на инклузивно образование. Присутните на почетокот ги поздрави г.Борче Јовчески, Градоначалник на Прилеп, кој накратко ги изложи заложбите кои локалната самоуправа ги прави во делот на квалитетно образование за секое дете.

Претставници од локални самоуправи, проектни училишта, основни училишта, центри за поддршка на учењето, како и родители од Прилеп, Велес и Битола диксутираа за промените кои проектот Инклузија на деца со ПОП ги прави преку иницијативите и активностите што ги спроведува. Исто така се дискутираше и за предизвиците и мерките кои треба да се спроведат за да се осигура подобра средина за учење, развој и поддршка на децата со ПОП.

И на оваа јавна дебата беа доделени признанија за најуспешните инклузивни практики на ниво на:

• локална самоуправа – добитник е општина Битола;
• проектно училиште – добитник е училиштето Васил Главинов од Велес;
• наставник – добитник е наставничката Јулијана Талеска од основното училиште Климент Охридски од Прилеп, и
• одделение – добитник е IIа одделение, на наставничката Емилија Николовска Спировски, од основното училиште Елпида Караманди од Битола.

Оваа јавна дебата е дел од проектот Инклузија на деца со ПОП, што го спроведува Отворете ги прозорците, со поддршка од Детската фондација Песталоци.

Со претставата “Рибарот и рипката”, отворена новата мултифункционална сала во општина Кривогаштани (ФОТО)

Со претставата Рибарот и рипката во изведба на театарската група “Ѓорѓи Колозов”, се отвори мултифункционална сала во општина Кривогаштани.

Прекрасната глума на актерите Владо Дојчиновски, Пируника Киселички, Дубровка Киселички, Давид Илич, предизвикаа радост и насмевка на детските лица во преполната сала.

-Делуваме и ќе делуваме за промоција на културата и пристапот на културни и социјални настани во нашата општина – велат од општина Кривогаштани.

Николоски: 6 нови авиолинии – Македонија директно ќе се поврзе со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Летовите кои ќе се воведат од наредната година се кон Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул.

Четири од овие дестинации се на „Виз Ер“, една на „Флај Дубаи“ и една на „Туркиш Ерлајнс“.

Ресорниот министер соопшти дека се спрема и втор повик каде што се надева дека некаде во декември ќе може да презентира нови дестинации.

-Ова е прекрасна вест за македонските граѓани со кои им се овозможуваат поврзување со овие дестинации но исто така ќе донесе многу туристи за Македонија. Она што можам да го кажам дека сме во процес на подготовка на втор повик кој што треба да донесе нови дестинации затоа што има интерес. За нови дестинации така кон крајот на декември ќе можам да презентирам нови дестинации. Во моментов состојбата е дека во летниот период на летање од скопскиот аеродром оперираат 47 дестинации, а од охридскиот 8, додека во зимскиот 38 од скопскиот и 4 од охридскиот. Со овие 4 плус од скопскиот и плус 2 од охридскиот ќе се зголеми бројот на летови и бројот на туристи и ќе се постигне целта во 2025 година да имаме плус 200 илјади патници, подвлекува Николоски.

Претреси во Македонски Брод, пронајдено opyжje и мyнициja

-На 24.10.2024 во с. Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршиле претрес во домот на З.В.(55) во с.Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката.

Истиот ден, исто така со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од с.Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката.

По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави – информираат од СВР Битола.

ХОРОР ВО БИТОЛА: Битолчанец присилно држел во викендица 24-годишна девојка и физички за малтретирал

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Љ.Т.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

На 21.10.2024 пријавениот во повеќе наврати физички нападнал 24 – годишна жена и против нејзина волја ја држел во неговата викенд куќа во битолско, каде што, исто така, физички ја напаѓал – стои во соопштението од МВР.

УХМР со најнова прогноза: Еве какво време не’ очекува до наредниот четврток

Продолжува периодот на стабилно време со студени утра и со услови за појава на утринска магла или ниска облачност по одделни котлини.

Дневната температура ќе биде без значителни промени, информираат од УХМР.

ТРЧАМЕ ЗА НИКОДИМ! По повод Денот на ослободувањето, ноќна хуманитарна трка во Прилеп

Почитувани прилепчани,
по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, 3 Ноември, организираме ноќна трка на 5 километри низ Прилеп која ќе биде од хуманитарен карактер – информираат од општина Прилеп.

Трката ќе се одржи на 2. ноември, сабота, со почеток од 19:00 часот. Од општина Прилеп ги повикуваат сите заинтересирани граѓани да земат учество на овој настан, а целта е  трчајќи и забавувајќи се да собереме што повеќе средства и да му помогнеме на малиот Никодим Мидоски.

Котизацијата за трката ќе биде 200 денари!

За трката можете да се пријавите на следниот линк:
https://forms.gle/QuDiV9ffTh3yxbRL9

Два часа пред трката, односно од 17:00 до 19:00 часот пред Камената бина ќе има кутија каде ќе може да донирате и со самата донација да го подигнете вашиот стартен број!

Трчаме 5-ка за Никодим!

Moмироски: Прилепчанец со судска одлука добил 24.000 евра оштета од општината за каснување од куче скитник?!

Во најновата колумна на новинарот Зоран Момироски за минатонеделните случувања во Прилеп, инаку 100-та јубилејна, меѓудругото пишува и за случај во кој прилепчанец наводно со судска одлука добил 24.000 оштета од општината за каснување од куче скитник:

-На крајот од оваа јубилејна 100 колумна која му ги боди очите на ,,најспособните,, и на ,,најчесните,, еден куриозитет кој малкумина го знаат и го молчат. Наводоно, во градов на прилепчанец каснат од улично куче ,,скитник,, за оштета од Општината му се исплатени фантастични 24.000 евра?! Да, не е грешка 24.000 евра! Обештетувањето е по донесена судска одлука која во принцип треба да ја платат половина од сумата Општината и половина ЈП Комуналец. Но, бидејќи во сите јавно комунални претпријатија финансиската состојба е катастрофална оваа обврска за обештетување ја има превземено Лоалната самоуправа. Во градот ,,незнам веќе дали е град или село,, проценките се дека има над 600 вакви кучиња кои се ,,башарат,, како да го освоиле Прилеп .Околу 80 одсто од кучињата се донесени и пуштине во градот од селата или од другите градови кои нашле начин као да се ослободат од ,,скитиниците,,. Во просек оштета од каснато куче скитник е меѓу 1500 и 2000 евра.