дома блог страница 699

Потег за пофалба! Компанијата “Скила” предаде корисна донација на прилепската болница (ФОТО)

Општествено одговорната текстилна компанија „Скила“ од Прилеп, специјализирана за производство на медицински и ортопедски помагала, денесka на нашата иснтитуција и донираше седишта за инвалидски колички – информираат од прилепската болница “Борка Талески”.

-Во име на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Прилеп донацијата ја прими и воедно за истата се заблагодари новиот директор д-р Кире Јоноски. Со оваа донација ќе се обноват постојните седишта со што ќе се подобрат условите за пациентите кои со инвалидските колички се транспортираат до болничките одделенија – стои во соопштението од оваа здравствена институција.

Проверете дали и колку средства сте добиле од општинскиот буџет: Објавена е одлуката за финансирање на спортски клубови и здруженија на граѓани

Комисијата за финансирање и буџет при Советот на Општина Прилеп, одржа седница на ден 29.07.2024 година во состав Влатко Петкоски-претседател, Александар Китаноски, Дарко Андреески, Александра Димовa и Трајче Ржаникоски на која седница ги разгледа барањата за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2024 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во областа на спортот, културниот и општествениот живот, по Јавниот Повик бр. 03/2024, и одлучи за сумите кои од општинскиот буџет ќе бидат доделени на спортските клубови и здруженијата на граѓани кои аплицирале по гореспоменатиот јавен повик.

ЗАПИСНИКОТ ОД ОДРЖАНАТА СЕДНИЦА ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://www.prilep.gov.mk/zapisnik-od-odrzhanata-sednica-na-komisijata-za-finansiranje-i-budzet-2/?fbclid=IwY2xjawEoJmlleHRuA2FlbQIxMQABHcF5_3luh8Wkg0YfBot3xnj4SKqXO4V7im5ens1h2guyobBOi44Qv7Gmmw_aem_RnjFEh3oYn_4ANZoIlaC1Q

НАПОМЕНА: Здруженијата и спортските клубови треба да ги потпишат своите договори за исплата на средствата од 19.08.2024 до 23.08.2024 во приемното одделение на општина Прилеп од 09:00 до 11:00 и од 13:00 до 15:00 часот. Сите претставници на здруженијата и спортските клубови задолжително со себе да го понесат печатот од здружението / спортскиот клуб!

Донесен ребалансот – обезбедени средства за пензии и плати, за студентите, земјоделците, бизнисот и доспеаните обврски

Дополнителни 4,2 милијарда денари за исплата на плати, 5,1 милијарда денари за исплата на пензии, 800 милиони денари за исплата на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, 1 милијарда денари за ТИРЗ зоните,1,7 милијарди денари за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор, 437 милиони денари за студентски оброк, 207 милиони денари за исплата на стипендии, 300 милионии денари за блок дотации, дополнителни 0,8 милијарди денари за исплата на камати кон домашни меѓународни кредитори, како и 5,1 милијарда денари за исплата на гаранции кои претпријатијата до крајот на 2024 година година сукцесивно треба да ги вратат во Буџетот на државата, се само дел од проекциите предвидени со ребалансот на Буџетот за 2024 година што вчера беше донесен од Собранието.

Со ребалансот, вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од околу 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од БДП.

Обезбедени се и 6 милијарди денари за локални инфраструктурни проекти, како и капитални расходи во висина од 44,7 милијарди денари наменети за инвестиции во реконструкции и модернизација на јавните здравствени установи, капитални инвестиции во образованието, детската и социјалната заштита, патната, железничката и комуналната инфраструктура, исполнување на договорите во одбраната и безбедноста, како и за рурален развој.

Со ребалансот на Буџетот економскиот раст е ревидиран на 2,1 отсто од претходно проектираните 3,4 проценти, додека стапката на инфлација е проектирана на 3,5 отсто.

Според Владата, ребалансот треба да ја санира наследената „катастрофална состојба“ и „да ги закрпи дупките“ во државната каса.Како што рекоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во текот на собраниската рапсрава, документот е обид да се прераспределат слабо или нереализираните средства, како и да се дочека крајот на годината во што понормална состојба.

Ребалансот не доби поддршка од СДСМ и коалицијата, а пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата пред расправата со образложение дека е симнат од дневен ред Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

-Со предложениот ребаланс ги исправаме пропустите направени со иницијалниот Буџет – недоволно испланирани средства за законски предвидени права, средства за сервисирање на доспеани обврски и средства за поддршка на економијата. Тоа значи, обезбедуваме редовна исплата на плати кои ќе бидат усогласени согласно Закон во септември и редовна исплата на пензиите, а го реализираме и нашето изборно ветување за линеарно зголемување на пензиите во септември, исплата на доспеаните обврски без одложување, зашто тоа го бара економијата во која покрај најавениот поволен кредит за реализација на инвестиции ќе се вбризгаат дополнителни 6 милијарди денари преку нивно ангажирање во реализацијата на проектите на локално ниво. Тоа е еден од факторите со кои сакаме да ја поддржиме економијата, која, како што покажуваат податоците, забележа слаби резултати во првата половина од годината, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во експозето.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ го повторија партискиот став, дека со ребалансот се обезбедуваат средства за плати, пензии, студентски оброк и стипанедии, земјоделски субвенции, средства за општините, за сервисирање на долговите, за спортистите,…

-Во делот на плати не се обезбедени средства за континуиран раст на платите и за пораст на минималната плата, ниту за раст на платите во образованието иако постојат поголеми приходи во Буџетот, не се предвидени средства за покривање на обврските од социјална заштита, ниту за покачување на правата за детска заштита, намалени се средствата за ИПАРД програмата, односно за земјоделците, како и средствата за авансна исплата на земјоделските субвенции,…, рече Димитар Ковачевски, објаснувајќи зошто СДСМ и коалицијата нема да го поддржат ребалансот.

Собранието го усвои ребалансот уште првиот ден од расправата, со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан.

Приведен жител од прилепско – се сомничи дека предизвикал пожар

На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик.

Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

(ВИДЕО) “ДОМА Е НАЈУБАВО” – По пречекот од над 70.000 луѓе, Ноле испрати емотивна порака

Србија синоќа им приреди спектакуларен дочек на освојувачите на медали од Олимписките игри во Париз.

Проценките се дека спортистите ги дочекаа над 70.000 луѓе кои ги поздравија своите херои. Атмосферата особено се загреа кога на терасата се појави најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Ноле, кој конечно стигна до посакуваното злато на Олимписки игри и тоа беше единствениот медал кој недостасуваше во неговата витрина, доцна синоќа на Инстаграм напиша:

“Дома е најубаво”

Николоски: До крај на годината ќе се вози по новиот експресен пат Градско – Дреново (ВИДЕО)

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, на својот фејсбук профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави завршување на истиот до крај на оваа година.

Во продолжение објавата и видеото од експресниот пат:

-Добро утро со ова видео од патот Градско Дреново.

Воведуваме нова динамика во работењето!

Со добра работа и организација до Нова Година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, пишува Николоски во својата објава.

ВИКЕНДОВ ПРИЛЕП СЛАВИ 100 ГОДИНИ „СКОПСКО“! Oдлична музичка програма, за два дена незаборавна забава!

„СКОПСКО“ ја лансираше новата кампања со која почнува прославувањето на 100-годишнината од постоењето на нашето најпознато пивско име.
Во 1924 година во „Пивара Скопје“ се точи првото пиво „СКОПСКО“.

Големината на „СКОПСКО“ се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух . На пиварците што се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите… на сите луѓе, кои со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!

Досега стотка со СКОПСКО прославија Струмица, Куманово и Охрид, а забавата викендов се сели во Прилеп. Од Скопска пиварница закажуваат супер забава во центарот на градот под Марковите Кули, и тоа два дена, петок и сабота (16.и 17. август), со почеток од 19 часот.

Ќе наздравиме за еден век постоење на СКОПСКО заедно со:

-петок (16.08) – DJ ЈОVAN, ТHE HOUNDS и ЉУБОЈНА
-сабота(17.08) – DJ MARTIN KAY, SHINE и НЕКСТ ТАЈМ

Дојдете да се забавуваме со прекрасна македонска музика!

Бидејќи секој од нас има приказна со „СКОПСКО“ вредна за споделување!

За наредните 100!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

Спасен убавиот пелагониски манастир: Ова се луѓето кои ја добија битката со огнените јазици (ФОТО/ВИДЕО)

Во справувањето со пожарите во Општина Новаци, синоќа најдраматична беше ситуацијата околу селото Паралово и преубавиот манастир Св. Ѓорѓи.

Се бараше помош од сите страни, потребни беа багери, механизација и што повеќе доброволци.

Конечно попладнево одекна информацијата дека светилиштето е спасено, а во локализирањето на пожарот учество зеле и доброволците од противпожарното друштво “Архангел”.

-Манастирот Св. ЃОРЃИЈА ПАРАЛОВО е спасен со појас од багер од РЕК управуван од Пеце Јанкуловски и контра оган под водтство на Ченто, Роберто Мапек и Александар и останатите ние од ДПД АРХАНГЕЛ. Селото ПАРАЛОВО е спасено од Пожарникарите на станицата Тппе Битола од Битола мештаните фам. Угревски, фам. Митровски фам.Гелевски, фам Миленковски и останатите да не ми замерат ако не ги спомнав.
СЛАВА НА БОГА ЗА ВЕТЕРОТ КОЈ ПРАТЕШЕ НА ВИСТИНСКИ ПРАВЕЦ ПО МОЛИТВИТЕ НА МАЈКАТА БОЖЈА, СВ. ЃОРГИЈА И СИТЕ КОИ СЕ МОЛЕВТЕ И БЕВТЕ СО НАС ВО МИСЛИТE
– напиша на ФБ еден од доброволците во гасењето на пожарот, Игор Петковски.

Прилепчанецот Мартин Јованоски го освои златото на Светскиот куп во параглајдерство во Турција

Еден од нашите најдобри параглајдеристи, прилепчанецот Мартин Јованоски, го освои првото место на Светскиот куп во параглајдерство кој се одржа во Турција.

Јованоски до првото место стигна после 7 исцрпни натпреварувачки денови и летање и по над 100км.

Светскиот куп во Турција е еден од петте вакви купови кои ќе се одржат до крајот на 2024 година, а на истите се собира светската елита во овој спорт.

Нашиот прилепчанец по којзнае кој пат докажа дека е спортист од светска класа и е единствениот параглајдерист кој победил на вакви купови во двете дисциплини, прецизно слетување и прелети.

Драма во затворот Идризово: Затвореник од Битола проголтал пакување со прашкаста материја

-На 11.08.2024 околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.