дома блог страница 698

Полицаец извршил „обљуба со злоупотреба на положбата“ – МВР обелодени што се случило

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министсерството за внатрешни работи, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против К.С. – полициски службеник во Полициската станица Бит Пазар поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „обљуба со злоупотреба на положбата“ по член 189 став 1 од Кривичниот законик.

На 31.07.2024 околу 22:30 часот на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата од возилото и ја допирал по телото оштетената.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник К.С. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работно место се до завршување на дисциплинската постапка.

Правници кинете дипломите! Мемети се спогодил за земање поткуп со обвинителството, признал вина и поднел оставка

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.

Заедно со провосомничениот, врховниот судија Наке Георгиев беа осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на екс градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци.

Дополнително, Мемети поднел и оставка која веќе е доставена до Собранието и до Советот на јавни обвинители.

МВР во топ три владини институции со активна транспарентност и скок за седум места во однос на лани

Во годишниот извештај за Индексот на активна транспарентност за 2024 година, министерството за внатрешни работи бележи голем напредок од 87.5% за 2023 година на 95.7% за 2024 година. МВР е рангирано во најдобрата група со скок од седум места, во рангирањето на министерствата според активната транспарентност.

„Нашата цел како Влада и министерство е да ја унапредуваме полицијата во отворена, отчетна и транспарентна институција пред Вас граѓаните. А преку активната соработка со медиумите да може да се презентира и нашата намера за постојано градење на доверба помеѓу полицијата и граѓаните. Кога намерата е искрена и чесна, резултатите се позитивни, а граѓаните тоа го препознаваат.“, истакна министерот Тошковски.

Под „активна транспарентност“ се подразбира објавувањето информации на сопствена иницијатива на институциите, без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до тие информации.

– Постои и законска основа за проактивно објавување информации, која се наоѓа, пред сè, во Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, но и во низа други закони. Освен од регулативата, активната транспарентност произлегува и од добрата практика, а институциите имаат обврски за проактивно објавување информации и од акциските планови во рамките на иницијативата за Партнерство за отворена власт, велат од МВР.

Ристески на средба со КСС – Ќе добијаат ли наставниците 23% повисока плата оваа година?

Денеска остварив работна средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), Благоја Ралповски на која разговаравме на повеќе теми околу правата на работниците во Македонија – напиша на ФБ, заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

-Одличната соработка и отворениот дијалог со синдикатите, како легитимни претставниците на работниците, се од голема важност за мене и министерството за економија и труд, бидејќи само преку транспарентно работење и отворен дијалог можеме да воспоставиме систем со кои ќе добиваме квалитетни решенија за сите важни социјални и економски прашања – стои во објавата од Ристески.

Пратениците од утре на одмор, Собранието до 2 септември ќе заседава само за итни потреби

Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот. Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември.

– Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај, велат за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Од почетокот на работата на овој параламентерен состав на 28 мај се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.

Фирма од Битола ги држела вработените под клуч како робови, инспекторите морале да викнат полиција да влезат во погоните

Гласен Текстилец на својата Фејсбук страна објави шокантна вест за фирма од Битола, „Стар Фешн ДООЕЛ“ која ги држела вработените под клуч како робови. Од таму додаваат дека откако поднеле претставка компанијата ја посетиле инспектори. Но на нивно изненадување вратите биле заклучени при што морала да биде повикана полиција за да може да се влезе во просториите на фабриката.

-Во ова правно лице, инспекторатот при вршење на инспекцискиот надзор наиде на заклучени врати додека работниците работеле во погоните. По неуспешни обиди за влез на инспекторите истите побарале асистенција од МВР. Пристапот на инспекторите бил овозможен дури после 20 минути чекање пред затворени врати“, се вели во објавата.

Внатре биле затечени 30 работници кои работеле под клуч. Притоа биле констатирани бројни неправилности но и немало евиденција за работното време.

-Исто така работодавачот организира и воведува прекувремена работа и саботи и ангажира и лица без регуларен работен однос. Работодавачот не им исплаќал додаток на плата по основ на минат труд на вработените што исто така е спротивно Законот за работните односи. За констатираните неправилности Државниот трудов инспекторат изрече соодветна инспекциска мерка за правното лице ДПТУ СТАР ФЕЈШН ДООЕЛ Битола“, се додава во соопштението на Гласен Текстилец.

Наследникот на Велески гарантира максимално физички спремна екипа

Ракометарите на РК Прилеп минатата недела ги стартуваа подготовките за претстојната сезона 2024/25 на чело со тренерот Божидар Мојсов и стручниот штаб на клубот.

Клубот ги продолжи договорите со неколкумина свои првотимци, а нови имиња се бекот Никола Јеремиќ, голманот Стефан Христоски, кој се враќа во клубот по престојот во белградски Партизан, бекот Божидар Илиески, кој дојде од редовите на Мулти Есенс и Александар Тренчевски, кој пак во Прилеп се враќа по престојот во Финска.

Професионален договор потпиша и Филип Адамчески, еден од најдобрите поединци во младинската школа на РК Прилеп.

Нов капитен на тимот е Христи Бикоски, левото крило на РК Прилеп кој минатата сезона беше еден од најдобрите стрелци и чии погодоци често беа клучни за бодови.

Пред Бикоски е огромна одговорност, пред се’ затоа што на оваа позиција треба да го замени Филип Велески – столбот на одбраната на РК Прилеп, кој на крајот од минатата сезона стави крај на играчката кариера.

– Мотивирани, полни со елан и ентузијазам стартуваме и оваа сезона со амбиции за добра позиција во Супер лигата.
Подготовките во наредниот период ќе се одвиваат во рамките на нашиот град
– напишаа од клубот на социјалните мрежи.

Да им посакаме среќа во новата натпреварувачка сезона и подобар пласман.

Денеска почнува Богородичниот пост

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка.

По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, односно секоја година започнува на денот на прославувањето на светите седум макавејци (1/14 август), а завршува на благденот Успение на Пресвета Богородица (15/28 август). Сигурни сведоштва за оформувањето на Богородичниот пост најнапред наоѓаме во списите на Теодор Студит (IX век), а тој е конечно утврден од Светата Црква на Цариградскиот собор во 1166 година, иако верните уште многу векови порано пребивале во пост исчекувајќи го денот посветен на Успението на Богородица.

И покрај постоењето на ориентирни правила во однос на позволените и забранети продукти за исхрана, никогаш не смее да се заборави дека сржта на православната антропологија е во тоа дека од човекот не треба да се стори проста маса, туку секој е и треба да остане конкретна личност. Оттаму, „строгоста“ на личното применување на физичката страна на постот зависи од личносниот совет од духовниот отец кон своето духовно чедо. Константата, пак, која треба да се следи во секој повеќедневен пост, а која никако не се „разблажнува“ е духовната страна на постењето.

Духовниот пост секогаш подразбира одрекување од сите облици на грешни и зли мисли, желби и дела, додека телесниот пост е само неопходно помошно средство за успешна духовна борба против страстите. Денот на празнувањето на Успението на Пресвета Богородица, 28 август, е неработен за граѓаните од православна исповед во земјава.

Уште чекате?! Регистрирајте го вашето возило во “Авто Контрол” и земете учество во вредна наградна игра

Од мала занаетчиска работилница до една од најреспектираните компании во својата област. Компанијата “АВТО КОНТРОЛ” од Прилеп во месец мај годинава прослави 10 години постоење, еден вреден јубилеј кој го одбележаа бројни успеси, бројни примери за општествена одговорност и илјадници задоволни клиенти.

Токму во чест на тој јубилеј, компанијата приредува едно интересно изненадување за своите верни клиенти.

Станува збор за ексклузивна наградна игра која е во организација на Станицата за технички преглед, Техничката служба за хомологација и атест, како и Сервисот за возила при “Авто Контрол”, а право на учество ќе земат сите оние кои од 10 јули до 30 септември:

– извршиле технички преглед при регистрација на возило во станицата за технички преглед;

– добиле два идентични наградни купони кои содржат сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрацијата на возила;

– eдниот од наградните купони го оставиле во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во влезната просторија на компанијата – кај шалтерите

– вториот награден купон го чуваат кај себе како доказ за учество на наградната игра.

Еден среќен добитник ќе добие прекрасен ретро скутер oд марката Yuki Margherita 50 CC, како знак на неизмерна благодарност од компанијата за лојалноста и поддршката.

Извлекувањето на наградата ќе се изврши во вторник, 01.10.2024год., и ќе биде јавно спроведено од тричлена комисија, а видео материјалот ќе биде објавен на официјалната Фејсбук фан страна на компанијата.

-Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што ни ја укажувате вашата доверба, велат од “АВТО КОНТРОЛ”, а ние ви порачуваме дека и тоа како ВРЕДИ ДА СЕ УЧЕСТВУВА!

Блиску сме до целта: Да му помогнеме на малиот Алексеј, уште малку пари фалат за неговото лекување

Алексеј Букелиќ е многу мал за сам да мине низ тешката битка за здравје која се наоѓа пред него. Тој боледува од церебрална парализа (деснострана хемипареза), не оди самостојно и нема развиен говор.

Неговата борба трае три години.

За неговото лекување се потребни 30.000 евра. Македонскиот народ безброј пати покажа дека хуманоста му е силна страна, а веќе извесен период се донира и за лекувањето на Алексеј.

Потребно е уште мал дел од потребната сума за да ја исполниме целта и Алексеј да замине на лекување.

Парите се потребни за трансплатација на матични клетки во Турција, од каде добиле уверување дека шансите за да прооди по тоа се многу големи.

Т-mobile 143153

A1 143460

Сметка за донации:

270-7000959720.40 – Алексеј Букелиќ / HALKBANK AD Skopje

IBAN code- MK07270700095972234

SWIFT- EXPCMK22