дома блог страница 697

Наши, а светски: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ќе судат на Светското клупско ракометно првенство

Светската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од претстојното Светско клупско ракометно првенство каде во комбинација влегуваат и најдобрите светски и македонски судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Светското клупско првенство ќе се игра од 27 септември до 3 октомври, а ќе играат девет тима меѓу кои унгарскиот Веспрем, германскиот Магдебург и европскиот првак Барселона.

Од утре до недела 14-то издание на популарниот турнир во баскет “КГЈ 3×3” во Прилеп

По пауза од 4 години, возбудливиот турнир “КГЈ 3х3”, минатата година повторно се одржа во Прилеп.

Од 16-18 август на спортското игралиште во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” Прилеп, ќе се одржи 14-то издание на популарниот турнир во кое има пријавено триесетина екипи од Прилеп и од други градови.

Секој ден првите натпревари започнуваат во 17 часот, а за публиката да ужива во натпреварите поставени се монтажни трибини и столчиња.

Очекувајте многу изненадувања како за играчите така и за публиката, и секако неверојатна акција на теренот и одлична атмосфера.

Скопска Пивара подготвува спектакл и многу изнанадувања во Прилеп (ФОТО)

Со одлична музичка програма Скопска Пивара на 16. и 17. август, ќе прослави 100 години СКОПСКО ПИВО во центарот на Прилеп.

На плоштадот “Методија Андонов – Ченто” веќе се поставува концертната бина, а наоколу се е во знакот на најдоброто македонско пиво, бренд кој слави цел век постоење.

Прилепчани утре (петок 16.август) ќе ги забавуваат “Љубојна” и најдобрите прилепски рокери од бендот THE HOUNDS. Во сабота Прилеп ќе ги дочека NEXT TIME и SHINE, а покрај музичките групи, свој настап со диџеј сетови ќе имаат и Dj JOVAN и Dj DAVID KAY.

Заедно да ја прославиме првата стотка и да наздравиме за наредните 100!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

Параглајдерист паднал во атарот на с.Мажучиште – итно пренесен во прилепската болница

На 13.08.2024, во 15:40часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека во атарот на с.Мажучиште, на регионален пат Прилеп-Македонски Брод, паднал параглајдеристот П.В. (52) од Украина, кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Прилеп за укажување на лекарска помош.

Според пријавеното, тој заедно со уште еден параглајдерист од Украина, околу 12:00часот, полетале од полетувалиштето во Крушево кон Прилеп, по што на наведеното место, П.В. паднал со параглајдерот.

За настанот известен е јавен обвинител и се работи на негово расчистување и документирање – информираат од СВР Битола.

Николоски: Олеснуваме изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи за да се олесни животот на граѓаните

Во гостување во централниот Дневник на ТВ Сител, министерот за транспорт Александар Николоски понуди подготвеност да се изработи целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое би го работела комисија од хетероген состав со претставници од најрелевантни невладини организации.

„Она што сакам еве вечерва да го понудам од тука еве нова работа да изработиме целосно нов Закон за урбанистичко планирање кое ќе ги опфати сите сегменти и сите сектори кој би го работела комисија од хетероген состав во кој би имало претставници од најрелевантните невладини организации, здруженија на граѓани што ќе е прв пат во историјата на изработување на закон да здружение на граѓани, односно невладини организации бидат вклучени од самиот старт на подготовка на законот“, посочи Николоски.

Тој исто така додаде дека со измените сто се донесоа ќе се олеснат постапките за изградба на здравствени и образовни објекти и катни гаражи.

„Факт е дека на Македонија и треба нов Закон за урбанистичко планирање. Ова што вчера го донесовме во Собранието се едни мали измени кои пред се се’ насочени кон олеснување на процедурата за изградба на училишта, градинки, амбуланти, болници и катни гаражи во 100% државна или општинска сопственост финансирани исклучиво од буџетот или буџетот на општините и затоа всушност ниеден амандман не поднесе никој од опозицијата и никој не побара збор од опозицијата нити од ДУИ, Левица или СДСМ нити на комисијата, нити на пленарната седница против овој закон“, истакна Николоски

Министерот Николоски потенцираше дека за овој закон освен отпор од едно здружение, засега нема забелешки од други субјекти.

„Јас еве нудам да изработиме заеднички нов Закон за урбанистичко планирање кое ќе ги опфати сите нивни грижи затоа што во овој закон тие работи воопшто не се опфатени“, објасни министерот Николоски во Дневникот на ТВ Сител.

Галичица татне цела вечер, се слушнале повеќе од 40 експлозии – пожарот од македонска страна ставен под контрола (ФОТО)

Апокалиптични сцени од околината на македонскиот туристички бисер. Гори Галичица!

Од синоќа на социјалните мрежи се споделува апел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот на планината, кој веќе премина од страната на Охрид откако претходно почна на страната на Албанија и се прошири на македонска страна кон Преспа.

Градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков, денеска информираше дека пожарот на планината Галичица од Македонска страна е под контрола и дека нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег.

-Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух. Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии. Се надеваме и веруваме дека во текот на денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму. Благодарам на сите вклучени на терен, кои со несебичен напор, ден и ноќ се борат со огнената стихија. Упатувам апел до медиумите, новинарите, населението и туристите да не шират непотребна паника, да споделуваат проверени информации и да се информираат само од релевантни извори – напиша Пецаков.

The Hounds, Shine, Љубојна и Next Time! “СКОПСКО” ве кани на дводневна одлична забава во центарот на Прилеп

„СКОПСКО“ ја лансираше новата кампања со која почнува прославувањето на 100-годишнината од постоењето на нашето најпознато пивско име.
Во 1924 година во „Пивара Скопје“ се точи првото пиво „СКОПСКО“.

Големината на „СКОПСКО“ се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух . На пиварците што се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите… на сите луѓе, кои со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!

Досега стотка со СКОПСКО прославија Струмица, Куманово и Охрид, а забавата викендов се сели во Прилеп. Од Скопска пиварница закажуваат супер забава во центарот на градот под Марковите Кули, и тоа два дена, петок и сабота (16.и 17. август), со почеток од 19 часот.

Ќе наздравиме за еден век постоење на СКОПСКО заедно со:

-петок (16.08) – DJ ЈОVAN, ТHE HOUNDS и ЉУБОЈНА
-сабота(17.08) – DJ MARTIN KAY, SHINE и НЕКСТ ТАЈМ

Дојдете да се забавуваме со прекрасна македонска музика!

Бидејќи секој од нас има приказна со „СКОПСКО“ вредна за споделување!

За наредните 100!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

Брканица меѓу полицајци и дрвокрадци: Пукање во воздух, фрлени дрва и бегство

На 13.08.2024 во 20:00 часот на место викано „Рамно“, скопско, полициски службеници од СВР Скопје дале знак за запирање на товарно возило без регистарски ознаки натоварено со огревно дрво, но возилото продолжило со движење кон полициските службеници.

Притоа, еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во водух, по што со службеното возило тргнале по товарното возило.

При движење, лице од товарното возило исфрлило дел од дрвата и го попречило патот на полициските службеници, по што товарното возило продолжило со движење кон с.Арачиново.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Викендов 10-то јубилејно издание на фестивалот на отворено “Крушево низ корија” – Велосипедизам, музика, параглајдинг, гурманска храна….

Викендот што следува на 17. и 18. август 2024г во организација на Форумот за Авангардна Креативност (ФАК) од Прилеп, ќе се реализира десеттото издание на фестивалот на отворено “КРУШЕВО НИЗ КОРИЈА”, кој во своите содржини ќе опфати: кампување во крушевската корија на Мечкин Камен, концерт на бендот The Dreamers, тандем летови со параглајдер, планински велосипедизам, планинарска тура низ крушевската корија, промоција на храна од Slow Food Prilep. Сите овие активности ќе бидат дополнети со дегустација и промоција на крушевски специјалитети, како и организирана посета на културните и природни знаменитости што ги нуди Крушево.

Велосипедската тура ќе се вози на 17.08.2024г(недела) на две патеки :

1.Рекреативна тура низ Крушевските знаменитости

Старт 10:15 ч. Мечкин Камен

Офроуд тура низ Крушевската корија

Старт 10 ч. Мечкин Камен

Планинарската тура ќе се одвива по следнава рута : Мечкин камен – Станич – Кипрово – Слива – споменикот Македониум – градски плоштад во Крушево….можеме да ја окарактеризраме како средно тешка тура со должина од 15км……истата ќе се реализира на 18.08.2024 (недела) со старт во 10.00ч од Мечкин Камен.

Тандем летови со параглајдер ќе има во сабота , 17.08.24  од 14.00ч – 19.30ч и во недела  18.08.24 , од 10.00ч – 19.30ч .

Форум за авангардна креативност-ФАК, е здружение на граѓани кое веќе  25 години работи во областа на културата и уметноста, во насока на промоција на културниот идентитет препознатлив во меѓународни рамки. Насочен кон заштитата на културното наследство, како и кон подобрување на условите на граѓаните за квалитетен живот,  Форум за авангардна креативност реализираше повеќе значајни проекти во областа културата и културниот туризам. Исто така мотивирани од трендовите на авантуристичкиот туризам, ФАК организира и помага во организација на неколку веќе традиционални  аутдор настани на полето на активниот туризам во повеќе региони низ Република Македонија.

За подетални информации за настанот можете да се информирате на ивентот од истиот и од нашиот фан пејџ чии линкови следуваат во продолжение!

https://www.facebook.com/events/1510520256174021?ref=newsfeed

https://www.facebook.com/Krusevonizkorija

Чкембари се качија на коњи и заминаа за Скопје за фудбалското дерби со Вардар – УРНЕБЕСНО ВИДЕО

По пауза од неколку сезони вечните фудбалски ривали Вардар и Пелистер одново ќе водат битка каде што им е местото – во Првата македонска фудбалска лига

По тој повод „Чкембарите“ на несекојдневен начин го најавија своето присуство на овој дуел, откако се качија на коњи и ги „пецнаа“ своите ривали „Комитите“.

A зошто на коњи, епа погледнете во видеото во продолжение:

Големото дерби меѓу Вардар и Пелистер е закажано за в недела на Националната арена „Тодор Проески“ од 20:00 часот.