дома блог страница 696

Битолчанец избран за нов член на Судскиот Совет на Македонија

Судијата од Врховниот суд Исамедин Лимани и судијата од Апелационен суд Битола, Александар Камбовски, се двајцата нови членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Комисијата за избор ги сумираше резултатите од денешното гласање за избор на двајца членови на Советот, еден од редовите на врховните судии и еден од апелационо подрачје Битола. Гласањето започна во 8 часот и траеше непрекинато до 15 часот, а се одвиваше на вкупно седум избирачки места, каде судиите гласаа за кандидатите од своето апелациско подрачје.

На избирачкото ливче од редот на врховните судии беа Цветанка Периќ и Исамедин Лимани, за кои гласале 11 од вкупно 15 запишани гласачи. Комисијата за избор информираше дека за судијата Исамедин Лимани гласале седум судии, додека за судијката Цветанка Периќ двајца судии. Според резултатите, две гласачки ливчиња биле неважечки, а четири гласачки ливчиња биле неупотребени.

Судскиот совет не ѝ дозволи на судијката Цветанка Периќ да се повлече од изборите, иако таа поднесе известување дека се повлекува од изборната трка од здравствени причини.

Од битолското апелациско подрачје кандидати за членови на Советот беа судиите на Апелационен суд Битола, Александар Камбовски и Татјана Сусулеска, како и судијката на Основниот суд Охрид, Александра Поп Стефанија. Според резултатите кои ги објави Комисијата, Камбовски е избран за член на Судски совет со вкупно освоени 28 гласа, за неговата противкандидатка Сусулеска гласале 10 избирачи, додека пак, за Поп Стефанија гласале тројца избирачи. Правото на глас од битолското апелациско подрачје го искористиле 42 судии од вкупно 43 запишани. Според резултатите, едно гласачко ливче било неважечко, како и едно неупотребено.

Комисијата за избор информираше дека до полноќ трае рокот за поднесување на приговори од страна на кандидатите за членови на Судскиот совет.

Согласно Законот за судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет.

Речиси распродадени картите за 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, вечерва започнува со „Хеда Габлер“ на Драмски

Голем интерес владее за влезниците за речиси сите 11 претстави што се селектирани на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, што ќе биде отворен вечерва. Редици прилепчани од првиот ден кога беа пуштени влезниците во продажба, покажаа голем интерес за својот фестивал и можноста да ја видат најновата продукција. Поголемиот дел од претставите од програмата на 58. издание се продадени пред да започне фестивалот, што покажува колкав е интересот за фестивалот што годинава се одржува по мотото „Промени се, промени сè“.

Изложбата „Горан Стефановски и книгите“ што ќе биде отворена во 19 часот во Градската библиотека „Борка Талески“, ќе биде првата содржина на отворањето на фестивалот. Изложбата се реализира во соработка со прилепската библиотека. Половина час подоцна ќе следува изведбата на „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов, а продукција на Драмскиот театар од Скопје.

На изведбата на актерите од Драмскиот театар ќе претходи врачувањето на наградите за животно дело, за актерите Мими Таневска Србиновска и Јордан Витанов. Оваа година наградата за животно дело е изработена од автентичен прилепски мермер од страна на „Крин производство“.
Во Прилеп фестивалот е тема за која се зборува. Фестивалските зони што се низ целиот град го прават шарено место каде се слави театарот, а зголемениот интерес на средношколците да бидат дел од волонтерскиот тим, укажува колку расте љубовта за театарот и за фестивалот. Во Прилеп веќе пристигнаа и членовите на меѓународното жири – д-р Марина Миливојевиќ-Маѓарев, театарска критичарка од Србија, д-р Марина Катниќ-Бакаршиќ, драматург од Сараево и актерката Варја Ѓукиќ од Црна Гора.

-Сакам да имаме фестивал кој ќе се менува, но и ќе го менува театарскиот контекст, кој ќе иницира промени кај секој што избрал да се занимава со театар. И видливо е тоа, посебно деновиве во Прилеп дека успеваме на некој начин да ја почнеме промената. Тргнавме од начинот на организација, да ги поедноставиме и осовремениме сите активности во самиот процес, да ја креираме поинаквата естетика, па дури и да почнеме со онлајн продажбата на билетите за прв пат оваа година. Фестивалот сакам да го поставиме на мапата на сериозни театарски фестивали и да го задржи статусот на најстариот и најважниот театарски фестивал во Македонија – вели Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот.

Вкупно 11 претстави во продукција на националните театри и пет претстави во придружната програма ќе бидат одиграни до 14 јуни во Прилеп, обединети под концептот „Ново читање“ што ги опфаќа двете потпрограми: „Новото читање на драмите од авторот во фокус – Горан Стефановски“ и „Ново читање на класиците“. Во потпрограмата „Новото читање на драмите од авторот на фокус – Горан Стефановски“, селектирани се:

1. „Дупло дно“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп;
2. „Диво месо“ во режија на Мартин Кочовски, продукција на Албански театар – Скопје;
3. „Демонот од Дебар Маало“ во режија на Наташа Поплавска, продукција на Центар за култура „Ацо Шопов“ – Штип;
4. „Црна дупка“ во режија на Љупчо Ѓорѓиевски, продукција на ЦК „Антон Панов“ – Струмица.

Во „Ново читање на класиците“ го гледаме авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

1. „Хеда Габлер“ од Хенрик Ибзен, во режија на Васил Христов, продукција на Драмски театар – Скопје;
2. „Едвард Втори“ според Кристофер Марлоу, во режија на Андриј Жолдак, продукција на Ц.К „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ – Велес;
3. „Иванов“ од Антон П. Чехов, во режија на Зоја Бузалковска, продукција на Македонскиот народен театар;
4. „Домот на куклата“ од Лукас Хнат, во режија на Билге Емин, продукција на Турски театар – Скопје;
5. „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, продукција на Народен театар – Битола;
6. „Ало! Ало!“ според Џереми Лојд и Дејвид Крофт, во режија на Синиша Евтимов, продукција на Театар Комедија;
7. „Франкенштајн“ од Мери Шели, во режија на Кокан Младеновиќ, продукција на Театар за деца и младинци – Скопје.

Во придружната програма ќе бидат презентирани неколку претстави кои се во контекст на концептот на комплетната селекција:

1. „Кенди“ од Лук Дејвис, во режија на Тамара Стојаноска, продукција на Театар „Златен Елец“;
2. „Лекција“ од Ежен Јонеско, во режија на Ѓорѓи Ризески, продукција на Motion Network и НТ Штип;
3. „Црна дупка“ од Горан Стефановски, дипломска претстава по театарска режија на Александар Јовановски, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска, ФДУ Скопје;
4. „Натчовек“ од Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, продукција на Драмски театар „Стојан Бочваров“ – Варна;
5. „Поол“ од Марк Рејвенхил, во режија на Шенај Мандак, продукција на МКЦ и Хибрид.

9 јуни ќе биде ден посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски, на кој ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.

Ќе бидат одржани промоции на повеќе изданија од театарска и театролошка литература од македонски и странски автори. Ќе бидат активни сите фестивалски зони како минатата година, ќе имаме и некои нови кои ќе ги откриваме постепено во текот на следните денови на фестивалот.

Покровители на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ се: Министерството за култура и Општина Прилеп. Спонзори на фестивалот се: Пакомак, Витаминка, Прилепска пиварница. Пријатели на фестивалот се: Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, Градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп, Театар за сите, Самоглас, Умно.мк, Јавен простор – Прилеп, Гледај.мк, Театроск, Факултет за драмски уметности, Донирај компјутер, Урбан ера. Пријатели на фестивалот се: Бит крафт, Карé и Смарт Ливинг, Македонија осигурување, Крин производство Прилеп, Аура, Клуб Калинка, Кафе-бар Тротоар, Кафе бар Чоше, Кафе бар Лувр, Брос бургерс, Монарка гастробар, пекара Алекс, Национален ресторан „Македонска куќа“, Центарот за современа ликовна уметност – Прилеп, Такси 5, Лусио Стор и хотелите Кристал Палас, Атлас и Салида. Медиумски покровители се Македонската радио-телевизија и Трн.мк.

Не’ очекува пеколен бран: Од идната недела уште повисоки температури

Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Како што информира УХМР, температурата ќе биде во постепен пораст, а особено топло се очекува од почетокот на следната недела.

Утре утринските темперaтури ќе се движат од 10 до 19 степени, а дневните од 24 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, слаб до умерен ветер од северозападен правец и температура до 33 степени.

Eве што се’ најави Мицкоски дека ќе се реализира во првите 100 дена од новата Влада

Мандатарот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање рече дека во програмата на ВМРО-ДПМНЕ еден од основните столбови е реалоцирање на средства од централаниот буџет кон буџетите на општините, а во септември ќе биде првото нивелирање на пензиите. Мицкоски исто така најави дека првиот ребаланс на државниот Буџет ќе биде во втората половина на јули, како и огромен проект во енергетиката, две нови инвестиции и проширување на две други во првите сто дена од владата.

-Целта на оваа наша активност е да ја доближиме работата на Владата со што е можно поголем број домаќинства, преку реализирање на проекти коишто се од огромно значење на граѓаните како што се нови булевари и улици, канализациски системи, и 20 проценти од територијата или од потребите на граѓаните не е поврзано со канализација. Потоа вода за пиење онаму каде што е потребно нови градинки, нови училшта, паркови итн, рече Мицкоски.

Цениме, истакна мандатарот, дека со оваа политика ќе успееме во овој прв мандат да дојдеме до најмалку 300 илјади домаќинства.

-Тоа се да 250 милиони евра годишно реалоцирани средства од буџетот кон општините. А после ребалансот којшто ќе се случи во втората половина на јули оваа година половина од таа сума да биде реалоцирана. Тоа е практично 125 милиона евра. Таму некаде прва половина на септември месец да биде објавен јавниот повик до сите општини да достават проекти коишто ќе бидат веднаш во можност да бидат реализирани. Тоа подразбира проект реализиран, проект одобрение за градба, се разбира, или одобрение за реконструкција онаму каде што е потребно. И веднаш на посебна сметка тие пари да бидат пренесени, веднаш тендерирани да ја фатима есенската градежна сезона колку побргу можеме тоа да го направиме, рече Мицкоски.

Најави дека лично ќе го мониторира реализирањето на овој проект.

-Тоа е една милијарда за реалните потреби на граѓаните. Нас граѓаните не гласаа. Ние мора на граѓаните да им се одолжиме. Но исто така во септември очекуваме да биде првото нивелирање на пензиите. Ние рековме во првата година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите на пензионерите. Тој процес го почнуваме сега во септември, го завршуваме на следното нивелирање во март. Значи побргу од една година, тоа ќе биде, рече Мицкоски.

Мандатарот исто така најави, како што кажа, огромен инвестициски проект во делот на енергетиката.

-Никогаш до сега немало во регионот, не зборувам во Македонија. Очекувајте две големи странски инвестиции и проширување на две веќе присутни странски инвестиции овде во Македонија во првите сто дена. Очекувајте многу убави позитивни работи нешто коешто граѓаните го очекуваат. Тоа ќе биде мој личен фокус и моја заложба и моја инспирација како како прв човек во Владата да работам, рече Мицкоски.

Идниот премиер вели дека и кај потенцијалните коалициски партнери гледа дека таму инспирацијата и храборста не недостасува.

-Сакаме да функционираме како едно да се посветиме целосно на граѓаните. Ние сме слуги на граѓаните. Секој оној којшто мисли дека е над таа состојба, ќе го изгуби тлото по днозе. Верувате дека лично ќе се занимавам со тој, без разлика дали доаѓа од редовите или таа, дали доаѓа од редовите на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија или некој од потенцијалните коалициони партнери, рече Мицкоски по доделувањето на мандатот во Вила Водно.

Примитивизам и дивјаштво! Непознати сторители ги испокршиле лизгалките во детскиот парк во населбата “Рид” во Прилеп (ФОТО)

Привитивизам и дивјаштво извршено е ноќеска врз детските реквизити во паркот на Рид – напишаа од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп на социјалните мрежи., откако непознати сторители ги испокршиле лизгалките кои се наменети за најмалите во овој парк.

-За да се откорне лизгалка од лежиштето потребна е голема сила. Откорнати и искршени се и мостовите пред лизгалките. Украдени се и две железни порти, на третата е извиткана арматурната мрежа. Случајот е пријавен до надлежните органи – пишуваат во реакцијата од ЈКП Комуналец.

Нова одлука: Eве колку ќе чинат горивата во Македонија од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 % во однос на одлуката од 3.6.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,892%, кај дизелот за 3,251%, кај екстра лесното масло за 3,433% и кај мазутот намалувањето е за 1,756%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,081%

Од 7.6.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 73,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 43,209 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

-Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.6.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Резервирајте навреме! Најпопуларната прилепчанка викендов во ресторан “Деспина”

Kaко и секој викенд и овој, најдобрата забава во Прилеп ќе биде во ресторанот “Деспина”. Во сабота гостите ќе ги забавува најпопуларната прилепчанка Елена Јовческа.

Резервации на 072 209 996 и во порака на Фејсбук страната на ресторанот.

Персоналот на ресторан “Деспина” ве очекува!

Да го вратиме Матео дома! АЈДЕ ХУМАНА МАКЕДОНИЈО!

Матео од Скопје кој има две годинки е итно пренесен и хоспитализиран во “Институт за здраствену заштиту мајке и детета Србија“ под дијагноза Syndroma haemolyticouaremica D 59.3.

Семејството апелира добронамерните луѓе да помогнат со донирање парични средства за Матео да може да се врати дома, откако ќе биде спроведена дијализата како резултат на акутната промена на бубрезите!

Малиот Матео боледува од болест која доведува до брзо откажување на функцијата на бубрезите, хемолитичка анемија и намалување на бројот на тромбоцитите.

Со оглед на сериозноста на дијагнозата, како и последиците од истата по краткиот престој во Систина малиот Матео е однесен во Србија каде лекувањето продолжува.

Во моментот состојбата се подобрува, но финансиите кои се потребни се превисоки за семејството да може да ги подмири.

ДОНИРАЈТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК: https://ecrowd.mk/projects/80cec2c4-6de6-49f6-8662-3104bceba237?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTAAAR1YIdTIXI6eaQdxJNwtUEA4MNw6IDMf5dshOc8Zihr9j1JKS8h_-0_svxI_aem_ARHOyMu10ueWyqYrJVAZZsc5CNyiQPqQ1yNl6zz1Cxezp2Fz5maCZ-hB6plvHekEwhVjktPu0yyLPbeDMZeFw97B

ЦУК: Внимателност заради почеста појава на змии – пожарникари интервенирале и во Прилеп

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 833 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 60,94%, а 39,06% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Од ЦУК ги потсетуваат граѓаните да бидат внимателни при појавата на змии во овој потопол период.

Вчера беше добиена пријава за змии (Општина Гази Баба) и веднаш на пријавителката и беше пренесено дека служби за фаќање на змии нема, но сепак и беа дадени информации дека и физички лица има на повик, кои се справуваат и заловуваат змии, истакнуваат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК – Битола, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни повици 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на ул.„Мирче Ацев“ бр 9 во Прилеп, по што е интервенирано во 13.45 часот од страна на ТППЕ Прилеп со 3 пожарникари со 1 возило.

Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа.

Тим од Витаминка беше дел oд конференцијата Dynamics Minds во Словенија – место каде се среќаваат брилијантините умови

Витаминка ја имаше таа чест да присуствува на конференцијата Dynamics Minds во Порторож, Словенија, втората конференција на Dynamics 365 и Power Platform заедницата, воедно и место каде се среќаваат брилијантните умови. Конференцијата се одржа од 27 до 29 мај.

Васко Наумоски, Дејан Пирганоски и Бранимир Димков беа дел говорниците, учесници во дискусиите што ги опфаќаат сите комори на BizApps за финансии и операции, централизирање на деловноста, ангажирање на клиентите и платформа за зајакнување на деловноста.

Dynamics Minds имаше богата агенда од сесии, разговори и работилници, тридневната конференција овозможи поврзување и вмрежување со присутните и стручни лица во областа, размена на искуства и идеи. Воедно и инспирирање и откривање на тајните вештини на Microsoft стратегиите за најголемите предизвици, пренесени од експерти од индустријата од целиот свет.

Искуството од конференцијата Витаминка ќе го искористи за имплементирање на нови идеи во својата работа и за развој на веќе постоечките концепти и вештини.