дома блог страница 695

Ден на Горан Стефановски на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Многу активности, промоции, презентации, претстави ќе бидат дел од програмата посветена на Горан Стефановски што ќе се реализира денеска во текот на цел ден во рамките на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски годинава е Автор во фокус на фестивалот.

Почнувајќи од 10 часот во киното „Мис Стон“, ќе биде изведена претставата „Јане Задрогаз“, а во неа играат учесниците на едукативните работилници во рамките на програмата „Чернодрински за деца“, што се реализираше во текот на измината година. Предводени од режисерот Милош Б. Андоновски и „Театар за сите“, а под менторство на актерите Игор Трпчески и Илија Волчески, млади театарски ентузијасти, заедно со професори-ментори од прилепските гимназии цела година учеа и креираа. Во истиот термин ќе биде отворена и Детската зона, поддржана од фондацијата „Чекор по чекор“.

Во 11 часот ќе следуваат промоции на театарска и театролошка литература. И денес на програмата се разговорите на тркалезната маса, овојпат за претставата „Иванов“, што синоќа ја изведе Македонскиот народен театар во рамките на официјалната селекција.

Во 13 часот во фоајето на Центарот за култура, публиката ќе дознае повеќе за неодамна формираната фондација „Горан Стефановски“ на Факултет за драмски уметности – Скопје при Универзитетот „Кирил и Методиј“. Исто така ќе следува и презентација на наградата „Горан Стефановски“, што ја востановува Драмскиот театар од Скопје.

Публиката во Прилеп ќе може да слушне повеќе и за аудиодрамите на Горан Стефановски, што ги реализира платформата „Самоглас“. Станува збор за три драми – „Диво месо“, „Гоце“ и „Дупло дно“.

Во продукција на ФДУ во 18.30 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе биде прикажан филм посветен на Стефановски. Две претстави што се дел од програмата на третиот фестивалски ден, вечерва ќе бидат според текстот „Црна дупка“ на Стефановски. Во 20 часот ќе гостуваат актерите од Театарот „Антон Панов“ од Струмица, во претстава што ја режираше Љупчо Ѓоргиевски. Улогите ги толкуваат: Васил Михаил, Танкица Стојанова, Анкица Бенинова, Јасмина Вучкова, Кире Ѓоргиев, Елисавета Бончева, Коста Ангов, Ангелина Тренчева-Ангелова, Јулија Милкова, Стојан Велков-Трн, Илија Младенов и Теодора Арсов.

Во 22 часот – следува дипломската претстава на студенти од ФДУ.
На вториот фестивалски ден на тркалезната маса што се организира во чест на претставите од официјалната програма, се разговараше со екипата на претставата „Хеда Габлер“ во режија на Васил Христов. Екипата на Драмски театар истакна колку е важно што воопшто се организираат овие средби во кои може да се разговара за театарот, да се споделуваат мислења.

Вечерта пак, публиката со голем аплауз ги награди актерите од претставата „Иванов“ во режија на Зоја Бузалковска. Во утринските часови детски џагор и креации го красат делот на Саат-кулата во Прилеп каде многу дечиња креираат и се дружат. Гости на фестивалот беа и 40-ина деца од Актерската школа на Весна Петрушевска, кои настапија со „Стапица“ според Горан Стефановски.

Вчера започна и првата работилница во рамките на придружната програма на фестивалот, што ја води драматургот Ана Ристоска-Трпеноска.

Керов ја освојува прилепската публика

Кeров продукција полека, но сигурно ја освојува публиката со својот уникатен и привлечен стил на свадбени фотографии и видеа.

Успехот на Кeров продукција може да се припише на нивната посветеност на производство на висококвалитетна содржина која привлекува широк спектар на публика.

Керов продукција имаат длабоко разбирање за она што публиката сака да го види, и неуморно работат за да ги оживеат вашите свадбени спомени. Генерално Кeров продукција е дефинитивно вистинскиот избор за вашиот свадбен ден .

Со нивната посветеност на квалитетот, веројатно е дека ќе видиме уште многу одлични свадбени фотографии и видеа во иднина.

Ви препорачуваме да погледнете повеќе на нивните Инстаграм и Фејсбук фан страни.

Момироски: Кубурот го чувате за зло време? Отсега до Кривогаштани и Крушево преку Боротино и Обршани (ВИДЕО)

НЕ ТРГНУВАЈТЕ НА ПАТ ОД ПРИЛЕП ЗА КРУШЕВО И КРИВОГАШТАНИ! Од денеска скоро една година двете Општини ќе бидат одсечени од Прилеп – пишува на ФБ новинарот Зоран Момироски.

-Кој и со кој мозок потпишал ваква дозвола за реконструкција во Министерството за транспорт и врски НИКОЈ не знае. А и да знае веројатно никогаш нема да се дознае какво и колку масло е искористено,, за подмачкување,, за ваква дозвола. Алтернативен пат за Кровигаштани и Крушево е преку, Боротино, Обршани до Кривогаштани. И по ова жителите од населените места од овие Општини слободно нека си го ,,чуваат кубурот за зло време?! – пишува Момироски.

Битолчанец направил хаос во Здравствен дом

На 07.06.2024 во 14.50 часот во СВР Битола, С.Б.(43) од Битола , вработен во агенција за обезбедување пријавил дека, додека бил на своето работно место во Здравествен Дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола, лицето Д.К. извршил оштетување на влезната врата и шалтерот во установата и физички го нападнал пријавителот.

Д.К. агресивно се однесувал и кон докторката. Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Собранието го изгласа законот за нови министерства, ДУИ гласаше ЗА

Собранието со 88 гласа „за“ и 22 „против“ ги донесе измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа, со што се создаваат услови за формирање на нова влада која треба да биде предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

За измените на Законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, на Вреди и на паријата ЗНАМ, како и пратеници на Европскиот фронт предводен од ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фрoнт синоќа објавија дека постигнале договор за поддршка за измените, како и за формирање на ад хок комисија во Собранието за правична застапеност.

Во расправата за законот зборуваа пратениците од СДСМ кои предупредија дека со оваа реорганизација на министерствата и државната управа не се прави реформа туку таа е политички мотивирана за задолволување на потребите на новата владината коалиција. Како што кажаа, со измените се менува 31 член од законот, а исто така не се предвидува колкава ќе биде финансиската импликација, а законот се носи без анализа и дебата.

Пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ кажа дека во овие измени не е предвидена Управата за заштита на културно наследство, што, според неа, значи дека тука застанува грижата за културното наследство на идната влада. Посочи дека во 2021 година е изготвена функционална анализа од која се гледа како треба да изгледа Министерството за култура.

Според Славјанка Петровска мнозинството не можело да има попоразителен почеток.

– За десет дена трипати си го погазивте зборот. И затоа молчите цела ноќ, ама довикувате од место, рече Петровска.

Пратеничката го прочита соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и Европскиот фронт за поддршка на измените, како и повеќе изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во кои тој зборува против ДУИ и СДСМ.

-После денешната коалиција се поставува прашањето кој во чиј скут седи, рече Петровска.

Одлуката на ДУИ и Европскиот фронт ја образложи координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети.

– Предлогот на мандатарот Мицкоски е пренесување на надлежност од една во друга институција и може да има логика за ефикасност. Цениме дека еден ваков упад треба да има сериозно разгледување, но ова ќе го оставиме на времето дали ќе биде постигната таква ефикасност. Секако како две сили кои имаат легитимност и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Европскиот форнт денеска разговаравме со една цел вознемирувањата коишто ги имаме во делот на инспекторатот за албанскиот јазик и за други инстицуии кои се дел од овој закон, рече Беџети. Се согласивме, додаде тој, да создадеме ад хок комисија за правичната застапеност.

Амар Мециновиќ од Левица истакна дека експертите и академската фела не се вклучени во измена на една ваков системски закон.

Носењето на измените и дополнувањата на Законот за организација и работа на органите на државната управа се вовед во формирањето нова влада меѓу коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ. Мандатарот Христијан Мицкоски, кој исто така е и предлагач на измените, најави дека нова влада би можело да биде формирана пред истекувањето на дваесетдневниот рок што започна да тече во четвртокот на 6 јуни.

Ајде прилепчани! Утре поддршка за Мелиса, супер талентираната девојка од Лажани, за победа на “Ѕвездите на Гранд”

Утре ќе се одржи уште едно финале на балканското музичко талент шоу “Ѕвездите на Гранд”, a Maкедонија годинава има голема шанса да има свој победник. Покрај Мики Секуловски и Андријана Петрушовска, во финалето се пласираше и 19-годишната девојка од прилепско Лажани, Мелиса Зијадиќ.

Мелиса ќе настапи 16-та по ред во големото финале, каде е една од фаворитите да стигне до главното признание. Во сите емисии нашата Мелиса поминуваше со целосна поддршка од стручното жири, кои постојано беа воодушевени од нејзините настапи.

Останува уште да ја поддржиме со гласање на телефонските броеви во продолжение:

Финалната вечер на најгледаното и популарно музичко натпреварување во регионот Ѕвездите на Гранд ќе се емитува на каналите: Пинк, Нова БиХ, Нова М и ТВ Сител, каде што дури 20 најталентирани кандидати ќе се бори за победа.

Супер можност за одличните и талентираните средношколци: Аплицирајте за вредна стипендија од Фондацијата МК2025

Фондацијата МК2025 го објавува повикот за прием на апликации за стипендии во склоп на Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ за тековната 2024/2025 година.

По успешноста на пилот-проектот за стипендии во 2019/2020 година, Фондацијата МК2025 обезбедува средства за финансиска поддршка на талентирани млади од Македонија. Преку овој фонд, и оваа година ќе стипендираме 10 млади таленти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 (шеесет илјади) МКД, исплатени во 10 (десет) еднакви месечни износи на годишно ниво. Стипендиите ќе се доделуваат само за месеците во кои се одвива настава (почнувајќи од септември 2024 до јуни 2025г.).

 

Критериуми за аплицирање

  • Средношколци (од прва до трета година) на редовни студии во државни средни училишта;
  • Средношколци со успех над 4.70;
  • Добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природни и општествени науки, компјутерско програмирање и останати области; и
  • Кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен (бруто) финансиски приход во семејството до 800.000 МКД годишно.

 

Повеќе за програмата, начинот на аплицирање и потребна документација: https://www.macedonia2025.com/fondacija-mk2025-otvoren-povik-za-stipendija/

Апликациите се поднесуваат на Платформата https://e-scholarship.macedonia2025.com/#/scholarship-details/17

Осознајте ги импресиите на нашите поранешни и сегашни стипендисти:  https://macedonia2025.com/support-fund-for-talented-students-talents-today-leaders-tomorrow/

Покрај редовната стипендија, Фондот обезбедува менторство и обуки за личен и професионален развој на кандидатите, пракси во истакнати македонски компании, и слични активности/поддршка кои ќе бидат во интерес на професионалениот развој на корисниците. Стипендистите ќе бидат поканети на годишните настани и активности во организација на Фондацијата МК2025.

Фондот за поддршка на талентирани средношколци “Таленти денес – лидери утре„ досега има обезбедено 40 стипендии.

Крајниот рок за испраќање на документите е 25.07.2024 год.

Не ја пропуштајте оваа прилика! Аплицирајте сега и станете дел од нашето семејство на идни лидери!

Сугарески застана зад Филипче – eдниот во Прилеп изгуби со 7.500, вториот со двојно повеќе

Поранешниот функционер на СДСМ, Горан Сугарески, му даде јавна поддршка на Венко Филипче и отворено објави дека на 30 јуни ќе гласа за поранешниот министрер за здравство и актуелен пратеник да биде нов претседател на партијата.

„Со целосна почит кон моите партиски другари и другарки кои се кандидираа за претседател на СДСМ, на внатрепартиските избори закажани за 30 јуни, мојот глас ќе го дадам за д-р Венко Филипче“, се огласи поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски.

Трката за прв човек во СДСМ официјално ќе се води помеѓу петмина кандидати – неврохирургот Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски и Златко Ристовски активист на СДСМ од Битола.

Филипче, во изјава за 360 степени вели дека токму размислувањето на членството и нивните сугестии за како да се подобрат состојбите во партијата се инкорпорирани во неговата програма.

„Мојата идеја и план, мојата визија што ја имам преточено во програмата што ја доставив и која е целосно компатибилна со барањата, сугестиите и забелешките на нашите членови што ги слушнав за време на кампањата за парламентарните избори, е еден систем што сметам дека треба да се имплементира во партијата“, смета Филипче.

Прекрасно! Дечиња од детска градинка ја изненадија восипитувачката на нејзината свадба – имаа поклон кој ги воодушеви сите (ВИДЕО)

Воспитувачка на деца во градинка од Строжанец, Далмација, не ни можела да сонува дека на нејзината свадба ќе ја чека вакво големо изненадување.

Нејзините ученичиња од градинката “Бамбини” ја изненадиле со тоа што се појавиле на нивната свадбена веселба и направиле вистински спектакл.

Пеејќи ја песната Sweet Child O’ Mine од Guns N’ Roses, тие го воодушевија не само среќниот пар, туку и целиот Балкан.

Во изведбата се вклучила и нивната воспитувачка Марта Пољак Гашпар, која не можела да ги сокрие емоциите.

Прекрасната изведба на дечињата слушнете ја ТУКА

Притвор за насилниците од Битола, кои вчера среде бел ден приредија немили сцени на Широк Сокак

-На 05.06.2024 на ул.„Лазо Трпковски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода В.А.(39), И.А.(36) и Е.Р.(39), тројцата од Битола, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15.00 часот во угостителски објект на ул.„Широк Сокак“ во Битола физички ги нападнале И.Ј.(40) и Д.С.(44), двајцата од Битола, при што употребиле остри и метални предмети. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни пријави – информираа вчера од СВР Битола.

Оттаму денеска информираат дека на лицето И.А. изречена му е мерка притвор во траење од 8 дена, на лицето В.А. од Битола изречена му е мерка куќен притвор во траење од 8 дена, додека пак на Е.Р. изречена му е мерка на претпазливост.