дома блог страница 694

Taвче гравче, посна тортиља, посна тава, пастрмка…. Манџа Бар денеска со вкусно петочно мени!

Локација: Булевар “Александар Македонски” до Мотел “Бреза” во поранешниот дуќан на “Еуротерм” – мајсторите во “МАНЏА БАР” на денешното мени ви приготвиja еден куп различни јадења. Посетете ги или нарачајте на телефонскиот број: 078 86 71 71.

☑️ Гулаш со телешко
☑️ Селско > 10 час
☑️ Свинско печено
☑️ Мусака
☑️ Плескавица
☑️ Колбас
☑️ Пилешко со кари
☑️ Пилешко со карбонара
☑️ Пилешко на скара
☑️ Копан на скара без коска
☑️ Похован стек
☑️ Криспи стек
☑️ Посна тортиља
☑️ Гравче тавче
☑️ Посна тава
☑️ Ослич,пастрмка
☑️ Ориз,компир,пире
☑️ Салата

СРАМНО! Прилепските велосипедисти се први на сите табели, а ВФМ одлучи да ги исклучи од натпреварување!

Прилепската спортска јавност беше згрозена и разочарана, откако Велосипедската Федерација на Македонија донесе контроверзна одлука за исклучување од натпреварување на Велосипедскиот клуб “ИЛИНДЕН”. Причината според објавената одлука, а потпишана од претседателот Иванчо Тошевски од Битола, е некоја неплатена фактура, но од клубот се сомневаат дека позадината е сосема друга.

Во продолжение ја пренесуваме реакцијата на Претседателот на прилепскиот клуб, Драган Димитријоски, кој на социјалните мрежи напиша:

-Почитувани пријатели, љубители на спортот
Новото раководство на Велосипедска Федерација на Македонија предводено од претседателот Иванчо Тошевски од Битола, ја донесе досега најсрамната Одлука во велосипедскиот спорт од кога постои: ГО ИСКЛУЧУВААТ од систем на натпревари В.К.ИЛИНДЕН поради неплатена ф-ра на ВФМ. Фактура која патем е измислена за да се направи штета на клубот, ф-ра која служеше за да се заплашат делегатите од клубот, кои лани бараа промени, и ф-ра после лансикиот избор на В.Д претседател стана без предметна.

Ова сето се случува кога нашите најдобри возачи треба да настапат на Балканското првенсто во Република Србија, кога ИЛИНДЕН е првак во младинска конкуренција, кога ИЛИНДЕН е шампион екипно во вело крос за 2024, кога членовите на ИЛИНДЕН водат на сите ранг листи во катеогриите во кои се натпреваруваат.

Од Иванчо Тошевски како нов претседател (не цели четири месеци е на функција) се очекуваше ентузијазам, нова енергија, за работа, наместо тоа од кога е избран се нема одржано трка во МК и една од првите одлуки е да “замри“ еден од најстарите, а последниве години и најтрофеен клуб.

ИЛИНДЕН е Аманет, ИЛИНДЕН е еден од најстарите клубови во Македонија, ИЛИНДЕН е ПРИЛЕП !!!

ЈАВНО ГИ ЗАМОЛУВАМ СИТЕ ДОБРО НАМЕРНИ ЛУЃЕ ДА ПОМОГНАТ ОВА ДА СЕ СПРЕЧИ !!!

И ЈАС СУМ ИЛИНДЕН!

Во продолжение и официјалните бодовни табели, каде се гледа дека клубот освен во екипна конкуренција, води и на сите поединечни рангирања:

Уапсен млад битолчанец кој се барал со потерница

-Денеска (03.10.2024) во 14.50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола, врз основа на наредба од Основен суд Битола, го лишија од слобода С.Р.(31) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци.

Лицето ќе биде спроведено во казнено поправната установа Затвор Битола – информираат од МВР.

Мицкоски: Не сум во преговорите со Бугарија само колку да се учествува, туку да се избориме, Делчев за мене е титан на македонската борба

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во своето гостување во „Само интервју“ на „Канал 5“ телевизија, говорејќи за преговорите со Бугарија, истакна дека во истите не се влегува само за да се учествува, туку треба да се избориме за успех, при што потенцираше дека Гоце Делчев за него е титан на македонската борба.

-Не сум во оваа приказна само за да учествуваме, туку да завршиме со успех. Тоа е суштината на целиот овој процес. Не е суштината да го смениме Уставот до следната пречка за 6 месеци. Не е тоа со мандат „од – до“, туку процес кој трае, не е процес кој сега ќе почне и следната недела ќе заврши, рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека ако се сака, се има и начин за да нема билатерализација на целиот процес и да нема повеќе никакви пречки.

-Нека биде Европска Унија арбитер, претседавачот со ЕУ не кани во Будимпешта да ги решиме однапред сите прашања, да не биде етапно, туку сите и да нема повеќе пречки понатаму и да нема билатеризација на овој процес. Веднаш да почнеме, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски говорејќи за Гоце Делчев истакна дека е титанот на македонската борба и треба да се вкрстат аргументите за да се види какво е неговото значење за македонскиот народ.

-Гоце Делчев за мене е македонски деец и историска фигура, титан на македонштината, за нив можеби е друго. Нека кажат колку песни, имиња, приказни има Гоце, а да видиме колку има кај нас. Да видиме кој навистина бил Гоце Делчев. Мудроста на народот е неприкосновена, изјави Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека мора да бидеме добри соседи, но барањата треба да се објективни, а не билатерални, и ако континуирано едни со други се напаѓаме со аргументи од среден век, тогаш нема да излеземе од ова мочуриште.

-Мораме сега да ги решиме. Ако имаме објективни пречки, тоа може да не направи подобри. Но, субјективните проблеми билатерализацијата е проблем, дециден е премиерот Мицкоски.

ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО ПРИЛЕП! Знамињата поставени на половина копје (ФОТО)

Прилеп и Македонија изгуби врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите, патувајќи токму, на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе.

Прилеп вечно ќе се сеќава на Прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески гинеколог и Фанче Јованоска радиолошкиот технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол.

Поради трагичниот настан, Советот на Општина Прилеп синоќа одржа вонредна седница и донесе Одлука за прогласување на ден на жалост во Прилеп. Согласно одлуката денешниот ден, петок 4 октомври е прогласен за Ден на жалост!

Денеска се откажани сите културни и спортски манифестации во општината, а знамињата пред општинската зграда и македонското знаме на влезовите од градот и на јарболот во центарот на градот се поставени на половина копје.

Мицкоски вечерва гостин во “Само интервју” кај Гоце Михајлоски

Вечерва во емисијата “Само Интервју” на “Канал 5” кај Гоце Михајлоски, со почеток од 18 часот, ќе гостува премиерот Христијан Мицкоски.

-100 дена влада, 100% посветеност или 100 дена изговори, ги исполни ли новата власт очекувањата на граѓаните?
Со Албанија се разделивме на европскиот пат.. дали времето ни е сојузник или гледаме реприза на Букурешт 2008? Ако не сме сами, со кого сме всушност? Ќе одговора ли некој пред законот за корупција, или битката ќе остане на партиските говорници? Пробува ли „Вреди“ да го имитира ДУИ, колку е стабилна владината коалиција? Ако се намалат даноците, ќе се зголеми ли задолжувањето?
– стои во најавата на “КАНАЛ 5”.

Николоски: Експресниот пат Прилеп-Градско ќе биде готов до Нова година, а автопатот Прилеп-Битола ќе стартува до крајот на октомври

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека до Нова година ќе бидат ставени во функција експресните патишта Прилеп – Градско и Ранковце – Крива Паланка.

Како што истакна Николоски по повод сработеното во првите 100 дена, решени се сите проблеми во однос на реализирањето на овие два проекта.

-Ги решивме проблемите на делницата Прилеп – Градско, финансирана делумно од ЕУ. ЕУ во 2023 година побарала формирање меѓуресорска комисија од Министерството за транспорт и ЈПДП, но година и пол не беше формирана. Две недели откако стапив на функцијата министер, ја решивме таа работа и веќе се работи инетнзивно. Делницата Прилеп – Градско ќе ја завршиме до Нова година и целата ќе биде оперативна. Ќе може да се вози по нов експресен пат со два тунела со брзина од 110 – 130 километри на час. Слична беше ситуацијата и на потегот Ранковце – Крива Паланка. И таму ги решивме проблемите. И таму имаме финансирање од ЕУ и до Нова година и оваа делница ќе биде ставена во фунција, подвлече Николоски.

Тој најави и дека до крајот на овој месец ќе почне, како што рече, првата реална работа во однос на коридорите 8 и 10.

-Ќе стартуваме со Прилеп – Битола со конкретни активности на терен и изградба на автопат, како и со Гостивар – Бокојчани, популарната Стража. Тоа се двете секции кои први ќе одат, истакна министерот, дополнувајќи дека Владата само на овој проект заштеди 252 милиона евра.

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП: Советниците ќе гласаат за прогласување на ДЕН НА ЖАЛОСТ

По трагедијата која утрово во црно го зави целиот град, кога во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола животот го загубија тројца лекари од Прилеп, Советот на општина Прилеп закажа вонредна седница.

Седницата ќе се одржи денеска (03.10) со почеток од 18 часот, а единствена точка на дневниот ред е прогласување на ДЕН НА ЖАЛОСТ во Општина Прилеп.

Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 49-та ВОНРЕДНА седница на
Совет на Општина Прилеп

Свикувам 49-та ВОНРЕДНА седница на Советот на Општина Прилеп која ќе се одржи денес 03.10.2024 година, со почеток во 18,00 часот, со следниот предлог на:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1.Предлог-Одлука за прогласување Ден на жалост во Општина Прилеп.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Совет на Општина Прилеп
Ирена Стерјовска Локвенец с.р

(ВИДЕО) Со 43 бакли во форма на крст, навивачите од “Мајмуни” го одбележаа 40-дневниот помен на Благојче Спиркоски-Џерио

Во чест на прерано починатиот Благојче Хаџи Спиркоски, кој пред 40 дена ја загуби битката со тешката болест и не’ напушти, неговите другари од навивачката група “Мајмуни”, синоќа му оддадоа почит, палејќи 43 бакли во форма на крст. Бројот на баклите ги симболизираа годините кои Благојче ги имаше.

Благојче Хаџи Спиркоски е роден на 9 септември 1981 година во Прилеп. Потекнува од скромно семејство, мајка и татко, тој и неговите две сестри. Основно образование завршил во Општинското основно училиште “Кочо Рацин” во Прилеп, средно образование завршил во Електро-машинскиот училиштен центар “Ристе Ристески Рицко” во Прилеп, а студираше на Универзитетот “Свети Климент Охридски” во Битола.

Од мал е љубител на хип-хоп музиката, бил дел од македонската музичка група “Македонски синови”. Голем љубител е на уметноста, посебно на ликовната уметност. Бил член на прилепската навивачка група “Мајмуни”.

Последните години од неговиот живот се предаде на Бога. Беше ревносен исповедник на верата Христова, знаеше да каже “Само од Христа се плашам, само на Него да не му згрешам!“

“Витаминка” е компанија каде доминираат жените: 1/3 од раководните места и најголем број од технолозите се жени (ФОТО)

Во периодот од 2 – 3 октомври 2024 година во Скопје се одржува “WOMEN ECONOMIC FORUM” – G100 Meeting – Balkans 2024, кој настан е поддржан и од страна на „Витаминка“ АД како златен спонзор. Во рамките на третиот панел, учество како панелист зеде д-р Орде Ѓорѓиоски, Директор на правни и општи работи. Присутни беа и Натали Петреска, Директор на Контрола и Душица Неделкоска, Маркетинг и ПР Координатор.

-Панелот беше насловен “Shaping a Business Landscape for Women’s Career Success”, а нашиот претставник се осврна на многуте практики кои ние како компанија ги имаме за поддршка на жените, презентирајќи го фактот дека „Витаминка“ е компанија во која доминираат жените вработени со повеќе од 50% во вкупниот број, но и компанија во која најмалку 1/3 жени се на раководни позиции, а дури 60% од вкупниот број технолози се жени. Исто така, директорот изнесе и лични согледувања поврзани со темата, особено за подобрувањето на положбата на жената во компаниите и потребата од зголемување на бројот на жени претприемачи, за што се разви исклучително корисна дискусија. Овој Форум претставува извонредна можност да се научи нешто ново и да се споредат компаниските практики со светските трендови, а во правец на уште поголема инклузија и давање приоритет на знаењето и индивидуалните способности.Нашите колеги присуствуваат на настанот во овие два дена. Ја користиме приликата да се заблагодариме на организаторот за одличниот Форум, со желби да продолжи соработката за вакви и слични иницијативи во иднина – стои во соопштението од компанијата.