дома блог страница 685

Денеска е Покров на Пресвета Богородица: Според верувањата, жените кои немаат пopoд денеска треба да се помолат

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата во недела, се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград.

Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?”

Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Инаку, празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.

Една година број еден дестинација за набавка на електро материјали во Прилеп! Најниски цени, огромна понуда, квалитет и врвна услуга – “Електро Елементи – ИД”

На локација на улица “Кеј 1-ви Мај”, во непосредна близина на основното училиште “Кочо Рацин”, во правец кон старата автобуска станица, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД” е местото каде ќе најдете буквално сe’ од електро материјали и лед расвета.

Во изминатите 365 дена откако постои, “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ – ИД” се наметна како главна дестинација за сите граѓани, тука пред се’ поради широката палета на производи и услужниот тим на вработени, кои се тука да излезат во пресрет на сите ваши барања и потреби.

Нудат се’ од програмите на VIKO и PANASONIC, за кои се овластени дистрибутери, а застапници се и за ЕТI осигурувачи, како и за висококвалитетната палетна на производи од ЕXEN.

Покрај тоа во нивниот продажен салон ќе најдете избор на секакви видови на подземни и воздушни кабли, КОИ ВО НИВНИОТ ПРОДАЖЕН САЛОН СЕ ПО НАЈНИСКИ ЦЕНИ ВО ГРАДОТ! Тоа го кажуваат граѓните, но и сите изведувачи кои материјали набавуваат токму од “ЕЛЕКТРО ЕЛЕМЕНТИ-ИД”.

Oсобено интерес предизвикува широкиот избор на ЛЕД светилки – и тоа од модерни LED светила, кои штедат енергија и нудат прекрасна осветленост, до класични дизајни кои никогаш не излегуваат од мода.

Покрај широкиот избор на електро материјали, за кој можете да се уверите од фотографиите во прилог, “ЕЛЕКТРО МАТЕРИЈАЛИ” ви стојат на располагање и за изведба на секаков вид електрични инсталации, а вршат и техничка документација за приклучоци во ЕВН.

Сe’ на се, oва е единствениот дуќан од ваков тип во Прилеп кој ќе ги задоволи сите ваши потреби, а притоа и ќе заштедите.

Посетете ги и уверете се и самите!

Прилепчанец учествувал во физичка пресметка во Скопје – употребил и тврд предмет

-Денеска (13.10.2024) во 04.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на општина Аердором во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.П.(21) од село Сопиште, скопско и К.М.(25) од Прилеп, со престој во Скопје, кој употребил и тврд предмет.

По целосно докуменирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Без лидер во одбраната, РК Прилеп повторно прими 37 голови

Иако изненадувањето беше во последен план, ракометните вљубеници во Прилеп очекуваа многу повеќе од нивниот тим во дуелот со поранешниот европски шампион Вардар, особено ако земе во предвид дека црвено-црните се далеку од нивото и квалитетот од пред неколку години.

Вардар синоќа во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” имаше лесна задача и со 10 гола разлика триумфираше над Прилеп.

Крајниот резултат на семафорот беше 27:37 (12:19 на полувремето). Ова беше четврти пораз за прилепчани сезонава и втор последователен, после оној од минатонеделното гостување кај Бутел.

Прилеп мака мачи да пронајде соодветна замена за поранешниот капитен Филип Велески во одбраната, па токму затоа нивниот гол беше одново торпедиран. Во редовите на домаќинот синоќа најдобар поединец беше Никола Јеремиќ со 7 постигнати гола, а кај вардарци исто толку постигна Стефан Петриќ.

Во наредното коло Прилеп ја пречекува екипата на Тиквеш.

„Прилеп Фест 2024“: Потврден датумот за незаборавна вечер со ѕвезден музички состав

На 1 ноември 2024 година, љубителите на фолк музиката ќе имаат можност да уживаат во деветтото издание на реномираниот фестивал „Прилеп Фест 2024“, кој традиционално ќе се одржи во домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп. Фестивалот оваа година ќе собере некои од најголемите имиња од македонската фолк сцена, како Наум и Зуица, Анета Љумаковска, Перо Христов, Татијана Стефановска, Спасен Сиљановски, Елена Велевска, Чеде Спасиќ, Стојне Николова, Дамјан Димевски, Адријана Ацевска, Ташко Карафиловски, Лилија Семкова, Бојан Палиќ, Сања Барбика, Суад Усеин Цуле, Вукица Челебиева, Мики Тра ла ла, Жаклина Маркоски и Група Фортуна.

Освен што ќе донесе добро познати музички ѕвезди, фестивалот останува верен на својата традиција да им даде простор и на новите музички надежи, овозможувајќи им афирмација пред широката публика и љубителите на фолк музиката. Организаторите ветуваат вечер исполнета со нови композиции, одлична музика и неповторлива атмосфера, при што се очекува фестивалот да привлече гости и од соседните земји.

На 1 ноември, домот на културата „Марко Цепенков“ ќе биде центар на фолк музиката и забавата – резервирајте го датумот и подгответе се за незаборавно доживување на „Прилеп Фест 2024“.

Стојанче Дунимаглоски стартуваше со триумф на кормилото на Победа

Со голот на Давид Јошески, Победа забележа триумф над Воска Спорт во пријателски натпревар кој се одригра вчера во Прилеп.

Ова беше одличен резултат за младата екипа на црвено-белите после долго време, период во кој победашите забележаа четири врзани порази, па следуваше и оставката на тренерот Јане Николоски.

Местото шеф на стручниот штаб сега го презеде Стојанче Дунимаглоски, кој започна добро, иако во пријателски натпревар.

Следниот викенд Победа во шампионатот на Втората лига гостува во Неготино, па ќе биде добро да се види дали црвено-белите се консолидираат после тешкиот период.

Кој бил знае, кој не бил е добредојден! Најбогата гастрономска понуда во центарот на Прилеп, само во ресторан “ГУРМАН” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Богатата гастрономска понуда на градот под Марковите Кули од неодамна доби ново место за вистинско гурманско доживување.

Позади поранешен хотел “Липа”, веќе извесно време работи ресторанот “ГУРМАН”, место со богата понуда на македонска традиционална храна и пријатен амбиент, кое веќе е вистински магнет и главна дестинација за сите гурмани и вљубеници во вкусот на традицијата.

Станува збор за едно ново мераклиско место каде семејните дружби и веселби, деловните ручеци и дружбата со пријателите се вистинско уживање, а зошто тоа е така?!

По во “Гурман” можете да уживате баш гурмански од А до Ш. Почнувајќи од пребогатата понуда на домашни и странски вкусови на салати, па преку вкусна чорба и разно-разни мезлаци до традиционална прилепска скара, разни печења, традиционални македонски јадења, гулаш и рибни специјалитети.

Умот да ти зајде, вистинска царска трпеза со која вреди да се започне новата работна недела.

Широкиот простор на ресторан “ГУРМАН” е отмено уреден, па и најпребирливите гости тешко ќе најдат мана. Амбиентот е топол и пријатен, а услугата на ниво на задачата.

Целта е да уживате од првиот до последниот миг додека сте нивни гости, задоволни да го напуштите ресторанот, а потоа одново да се вратите и топло да го препорачате.

Сопствениците ветуваат многу изненадувања за гурманските вљубеници во градот. Ќе ги следат желбите и потребите до најситен детаљ, па искрено им посакуваме успешна работа и многу, многу задоволни гости.

За резервации јавете се на телефонскиот број: 070 985 110.

НАЗДРАВЈЕ!

(Фото галерија) Во Прилеп и во 21 век имаме НЕАНДЕРТАЛЦИ

ФОТО/Коста Јандрески

Не е ниту прв пат, а за жал нема да биде ниту последен да се уништува општественото добро во Прилеп. Фотографиите се од паркот во населбата “Точила”, каде како и секогаш, непознати сторители ги направиле сол канделабрите.

Што им сметале, никој не знае, но за жал никој никогаш не ни одговара за направената штета….

Решението е камери и редовни патроли од полицијата, а штетниците да платат 10 пати повеќе од направената штета…

УХМР со најнова прогноза – Eве какво ќе биде времето до петок

Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината.

Наутро ќе биде посвежо, а од средината на работната недела и со услови за појава на утринска магла, информираат од УХМР.

Одбојкарско уживање денеска во СОУ “Ѓорче Петров” – Се одржа традиционалниот турнир по повод “11. Октомври” (Фото)

Со поддршка на Локалната самоуправа и оваа година традиционално се одигра одбојкарски турнир по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

Во салата на СОУ “Ѓорче Петров” беше убаво да се видат 60-тина пионерки на ОК “11-ти Октомври 2008 и ЖОК “11-ти Октомври”, каде резултатот беше во втор план.

Имаше многу радост, а присутните бевме сведоци на едно прекрасно, спортско и фер дружење на младите одбојкарки и нивните тренери.

Пред одбојкарките во името на Локалната самоуправа се обрати Г-ѓа Ирена Стерјовска Локвенец, Претседателка на Совет на Општина Прилеп.