дома блог страница 684

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69 % во однос на одлуката од 10.10.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

Од 15.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,507 (денари/килограм)

АЈДЕ ХУМАН ПРИЛЕПЕ! Утре нов хуманитарен концерт за малиот НИКОДИМ! Настапуваат: The Hounds, The Dreamers, Banda Band и SIOTO Jazz

3 и пол годишниот Никодим Мидоски е детенцето кое во изминатиот период ја обедини цела Македонија. Ова мало ангелче боледува од тумор на главата и изразен хифроцефалус. Поради сериозноста на болеста, Никодим веќе имаше една операција во Истанбул, Турција, а му претстои и втор оперативен зафат. Сето тоа чини десетици илјади евра, средства кои семејството не може само да ги обезбеди, па помош се’ уште е потребна.

После концертот на стадионот на Могилата на непобедените, утре (15.10.) со почеток од 19:30часот, во Клуб Калинка, ќе се одржи уште еден хуманитарен концерт каде ќе настапат бендовите: The Hounds, The Dreamers, Banda Band и SIOTO Jazz.

Картите за концертот се по 150 дена.

За Никодим се’ уште може да се донира и на донаторските броеви на операторите А1 и ТЕЛЕКОМ:

Ајде заедно да му овозможиме среќно, здраво и безгрижно детство на ова мало ангелче!

17. маратон во чест на ТОШЕ! 13 маратонци од денеска ќе трчаат од Хрватска до вечното почивалиште во Крушево

Тринаесет маратонци од Македонија денеска тргнаа од Нова Градишка, Хрватска на пат кон Крушево, до вечното почивалиште на Тоше Проески во рамките на 17. ултра маратон што се одржува во негова чест.

Маратонците, како што соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески, вчера утрото пристигнаа во Загреб, во македонската православна црква „Света Злата Мегленска“, каде беше одржана литургија во чест на Тоше.

– Ќе трчаат низ цела Хрватска и Македонија. На граничниот премин Табановце се очекува да пристигнат на 15 октомври и да продолжат кон Скопје, а на плоштадот Македонија треба да пристигнат околу 18 часот. Вечерта ќе тргнат на пат за Крушево, каде треба да пристигнат околу пладне на 16 октомври, годишнината од загинувањето на Тоше Проески, соопшти организаторот Спомен дом Тодор Проески.

Маратоците, како што е наведнео, ќе бидат пречекани во Крушево, традиционално, со црвени рози и на Гумење, на вечното почивалиште ќе му оддадат почит на големиот музичар и хуманитарец, познатата македонска и балканска музичка ѕвезда која ги привлекува во Крушево фановите и почитувачите на неговото дело.

Тоше Проески загина во сообраќајната несреќа кај Нова Градишка, Хрватска на 16 октомври 2007 година.

Уште еден арамија фатен во Прилеп – Го фатиле на дело како краде во дворот на приватна фирма

-На 13.10.2024 во 17.15 часот на ул.„Кордун“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Е.Р.(41) од Прилеп.

Тој бил затекнат при извршување на кражба на предмети од кругот на приватна фирма. Предметите биле одземени и ќе бидат вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Е.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Не се вознемирувајте: БЕХТЕЛ и ЕНКА денеска ќе вршат минирање кај Прилеп

Според информацијата пристигната од МАКТЕК Дооел – Скопје, за потребите на компанијата БЕХТЕЛ и ЕНКА, денеска, 14.10.2024 година, во периодот од 12:00 до 17:00 часот ќе се изврши минирање на локалитетот Сладун (општина Прилеп).

Исто така и МАКДРИЛ информираше дека денеска во периодот од 10:00 до 15:00 часот, ќе извршат минирање на каменоломот Говрлево – сопственост на Цементарницата – УСЈЕ (општина Сопиште).

Касичка – детско осигурување со штедење – Oдлична можност во СН Осигурителен Брокер

-Оваа полиса е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации.

СН Осигурителен Брокер А.Д Битола во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје за секоја склучена полиса за детско штедно осигурување во период од 01.10. – 31.10.2024 година, подарува дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај (незгода) склучено кон детско штедно осигурување, согласно избраниот пакет, за првата година од траењето на договорот за осигурување.

 

Пакет за сигурно детство

Сигурноста на детето е највисок приоритет за секој родител. Поседувањето на полиса за осигурување на живот е еден од најдобрите начини да се намали ризикот од непредвидени финансиски оптоварувања предизвикани од несакани случувања.

За да се заштитат во вакви случаи сега на родителите на располагање им е полисата Касичка која овозможува детско осигурување со штедење.

Касичка за штедење и осигурување

Оваа полиса е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации.

Предноста е во тоа што пакетот овозможува комбинација на штедење и осигурување, односно покрај полисата за животно осигурување, се гарантира и сигурноста на вложените средства, што значи дека по истек на договорениот осигурителен период, децата ги добиваат средствата во висина  која е договорена при склучување на полисата, а низ целиот период на договорот ја користат привилегијата да користат осигурување.

Овој тип на осигурување нуди бројни предности. Имено, со овој тип на осигурување може да се осигурат сите лица од 1 ден старост до 15 години, додека периодот за истек на договорот за осигурување не може да биде подолг од календарската година во која осигуреникот ќе наврши 26 години.

Во случај на несакан штетен настан-смрт на договорувачот на осигурувањето по изминати две години од склучување на договорот, обврската за уплата на идните премии до истекот на договорот за детско штедно осигурување ја презема Триглав осигурување Живот.

За сите дополнителни информации поврзани со полисата Касичка – детско осигурување со штедење можете да се информирате во СН Осигурителен Брокер АД Битола на телефон 075 28 46 53 или на веб страната www.snbroker.mk.

Повеќе населени места во прилепско, утре ќе бидат без струја

ЕВН – Македонија известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на 15.10.2024 год (вторник ) без напојување со електрична енергија ќе останат селата:

(08.30 ч. до 09.30 часот): с. Тополчани, с. Тројкрсти, Репетитор во с. Тополчани, с. Чепигово, с. Мало Рувци и с. Алинци.

Чудо во Босна: Поплавата однесе сѐ освен статуата на овој светец

Светилиштето Свети Јаков во Дежевице ги претрпе катастрофалните последици од неодамнешните поплави што го погодија ова подрачје на Босна.

Иако целата инфраструктура на светилиштето е уништена, единствениот дел што остана недопрен е статуата на Свети Јаков, која многумина ја доживуваат како вистинско чудо.

Локалитетот има длабоко вкоренето значење за католичките верници . Поплавите предизвикаа свлечишта, потонаа цели населени места и со себе однесоа куќи, патишта и мостови.

Хрватска вечер во Битола (ФОТО)

По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола беa изведени претставите „Децата од Павловата улица“ од Ференц Молнар и „Љубов на прв поглед“ од Фадил Хаџиќ, двете во режија на Силвио Стилиновиќ, во изведба на Младинскиот сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.

Гостувањето беше во организација на МХД. Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола. Ова гостување е во рамките на програмата низ целата година за одбележување на 30 години од постоењето на Хрватскиот културен центар. Присутните ги поздрави претседателот на истиот,

Бранко Маретиќ кој истакна:

„Целата наша програма е создадена со цел оние кои ќе дојдат на нашите настани, да се запознаат малку повеќе со хрватското културно наследство, хрватскиот јазичен идентитет. Битолчани и оние од другите градови и општини, преку овие настани можат да се доближат до хрватската култура и начин на живот и да ги видат заедничките карактеристики и однесувања, но и разликите кои ја збогатуваат една култура. И двете се неопходни за развој на дијалогот и разбирање меѓу народите на двете земји, а пред се културна размена и збогатување“.

Настанот беше организиран во соработка со општина Битола и Центарот за култура.

„Посебно ми е задоволството што и оваа година нашите пријатели од Славонски Брод дојдоа во Битола, нашата соработка трае веќе долги години. Младинскиот сатиричен театар е еден од најнаградуваните во Хрватска и регионот, а самиот аплауз на крајот на овие две претстави во Битола, зборува за тоа колку публиката ги сака. Овој настан го организираме заедно со институциите и поединците кои се исто така наши пријатели. Се надевам дека ќе продолжиме со вакви средби, но и со нови, со реализација на нови проекти меѓу двете земји, особено културни активности“, додаде Маретиќ.

Присутните ги поздрави и Стјепан Домјанчиќ, воено аташе при Хрватската амбасада во Скопје.
Сатиричниот младински театар, постои од 2006 година, добитници се на многубројни награди во Хрватска, но и на фестивали надвор од неа. Како што велат самите актери- за нас наградите се доказ дека сме на вистинскиот пат за она што го работиме. Сатиричниот театар со право може да каже дека со своите претстави, културното значење и просторот што го отвора за младите и љубителите на театарот е еден од столбовите на општествениот живот на градот Славонски Брод.

„Би рекол дека нашето доаѓање овде, односно на актерите од Славонски Брод, Младинскиот сатиричен театар, веќе стана своевидна традиција овде во Битола.Се чувствуваме како дома и можам да кажам дека и продавачите веќе не препознаваат. Запознавме навистина голем број луѓе и како што кажав, Битола е навистина наш град и навистина го сакаме. Како што ја сакаме цела Македонија и оваа соработка трае веќе долги години“, истакнува режисерот Стилиновиќ и додава:

„Исклучително ни е драго што во Битола како културно друштво, како театар најдовме соработници, односно културниот центар „Марко Марулиќ“ кој ги обединува и зближува Хрватите во Битола, но и Македонците, односно луѓето, пријателите на културата. Исклучително ни е драго и чест што го имаме за пријател Бранко Маретиќ, кој навистина работи многу за да го поврзе хрватскиот народ и Македонците на овие простори, односно сите народи кои живеат во оваа мултикултурна средина“.

За двете претстави ќе каже:

„Се одлучивме како што е тоа случај со театрите низ Европа, да направиме театарска вечер и да изведеме две претстави. Во првата претстава играат млади луѓе на возраст од 13 години, како и искусни актери од 50 и повеќе години. Сите работат како тим и тоа е единствениот начин всушност да се направи ваква претстава, беше предизвик да се постави на сцена. Втората претстава е дело на босанско-херцеговачкиот и хрватски писател и драматург, сликар, режисер, вистинска ренесансна личност, човекот кој го основал денешниот театар Керемпух во Загреб, Фадил Хаџиќ. Сепак, она што е помалку познато и зошто го играме овој текст, е тоа што Хаџиќ одел во средно училиште во Славонски Брод, од каде што ние доаѓаме. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи, особено што заедно со Маретиќ и ние кои сме и организатори на аматерскиот театарски фестивал, успеавме некако да ги поврземе овие две земји на тоа театарско ниво, па во Славонски Брод гостуваа македонски актери и аматери“.

За време на престојот во Македонија, Стилиновиќ ни откри дека се работи веќе на соработка со театар од Битола, за гостување кај нив, која идеја се надева ќе се реализира. После изведбите на претставите публиката ги награди со стоечки овации и долготраен аплауз.
„Нам многу ни значи тоа. Посебно што во публика имавме луѓе од културната сцена на Македонија, кои добро знаат што е театар. Игравме на сцена дел од Битолскиот театар, една од најценетите театарски институции, можам да кажам и во Европа“.

На хрватската вечер присуствуваа членови на Македонско-хрватското друштво, на дипломатскиот кор на Битола, членови на други здруженија од Македонија, од Охрид, Струга, Скопје, Хрвати кои живеат во Битола, градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски, претставници на Католичката црква во Битола, вљубеници во хрватската култура и други.

Хрватскиот културен центар од Битола во изминатите 30 години соработуваше со сите релевантни институции од Македонија и Хрватска.

Денеска е Покров на Пресвета Богородица: Според верувањата, жените кои немаат пopoд денеска треба да се помолат

Православните верници денеска го одбележуваат празникот Покров на Пресвета Богородица како спомен на случката кога Богородица се јави меѓу народот собран за молитва, за време на богослужба.

Настанот што го слави Црквата во недела, се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград.

Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ. Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите.

Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?”

Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан. Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

Инаку, празникот е познат под името Покров, Богородични покров и Женски празник.

Го слават жените за полесно да раѓаат и одгледуваат деца. Тие кои немаат деца на овој ден се молат да добијат.