Следува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината.
Наутро ќе биде посвежо, а од средината на работната недела и со услови за појава на утринска магла, информираат од УХМР.
Со поддршка на Локалната самоуправа и оваа година традиционално се одигра одбојкарски турнир по повод 11-ти Октомври, Денот на народното востание.
Во салата на СОУ “Ѓорче Петров” беше убаво да се видат 60-тина пионерки на ОК “11-ти Октомври 2008 и ЖОК “11-ти Октомври”, каде резултатот беше во втор план.
Имаше многу радост, а присутните бевме сведоци на едно прекрасно, спортско и фер дружење на младите одбојкарки и нивните тренери.
Пред одбојкарките во името на Локалната самоуправа се обрати Г-ѓа Ирена Стерјовска Локвенец, Претседателка на Совет на Општина Прилеп.
Наставниците од основно и средно образование од овој месец, односно месечната плата за октомври ќе ја добијат за 5% повисока. Ова на денешната средба го дофоворија Владата и СОНК.
-Со задоволство можам да кажам дека завршија преговорите во делот на спорните работи, условно кажано во делот на зголемувањето на платите во дејност на средно и основно образование, во делот на континурано зголемување на платите во основното и средно образование и кочно на започнување и завршување на колективните договори, истакна на прес-конференција претседателот на СОНК Јоаким Неделковски.
-Во интерес на членството на СОНК и на јавноста можам да кажам дека и оваа година во основното и средно образование ќе има зголемување на платите, тоа значи дека од овој месец, односно со октомвриската плата вработените во основното и средно образование ќе имаат покачена плата од 5%, додаде меѓудругото Неделковски.
-На 11.10.2024 околу 16.50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп, мотоцикл „хонда” со прилепски регистарски ознаки, управуван од З.Ѓ.(25) од с.Долнени, прилепско, удрил во заден дел на патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(40) од Скопје.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Б.Д.(33) од с.Чепигово, сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот З.Ѓ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.4
Од 9 – 13 октомври во Венеција, Италија, се одржува 13. Светско првенство за кадети, јуниори и каратисти до 21 година.
На првенството полагаше и моментално таму ги суди најдобрите мечеви Валентина Пурдеска од Прилеп, долгогодишен карате инструктор од карате клуб ,,Бонсаи” (петти дан) и светски карате судија во кати и борби.
Пурдеска на првенството успешно ја заврши последната шеста ВКФ Светска лиценца за кумите (борби) – категорија А.
Таа воедно е и првиот женски светски карате судија, која што ги има завршено сите светски лиценци.
Честитки!
На 11.10.2024 околу 03:30 часот во паркот „Бранители“ на подрачјето на Драчево во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода В.Г.(36) од Скопје.
Тој бил затекнат како со остар предмет ги оштетувал иконите на долниот дел од крстот, поставен во паркот.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Викендов започнува првенството во Втората кошаркарска лига, а прилепската екипа Мега Баскет во првото коло го пречекува КК ФМП од Скопје.
Натпреварот се игра утре (недела) со почеток од 19часот во старата локација, спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”.
Да ги поддржиме младите дечки на Мега Баскет во овој прв и во секој нареден натпревар! Прилеп заслужува добар кошаркарски тим!
Напред МЕГА БАСКЕТ!
Во чест и спомен на нашиот никогаш непреболен ангел, Tоше Проески, Стефан Житошански, започна велосипедска тура од Крушево до Нова Градишка и веќе помина две етапи. Целта му е турата од 900км да ја помине за 5 дена.
Во првиот ден Стефан возеше од Крушево до Куманово, а веќе наредниот ден стигна до Лесковац.
За својот подвиг Стефан преку неговиот ФБ профил се заблагодари на македонскиот бренд, ВИТАМИНКА, како и на останатите спонзори и помагачи со чија помош ја реализира турата.
Да му посакаме безбедно пристигнување во Нова Градишка и барем со едно споделување на социјалните мрежи, да го поддржиме овој негов храбар потег!
По повод Денот на народното востание – 11. Октомври, традиционално во Куманово се одржа турнир во пинг-понг на кој учество зедоа и двајца играчи од младинската школа на ППК Младост96 oд Прилеп. И двајцата пингпонгари се вратија со освоени медали.
Давид Јоноски во категорија до 15 години играше финале со играчот на ППК Куманово, Јаков Јакимовски, и беше поразен со резултат 3-1.
Во категорија до 19 години Лука Огненоски го освои второто место и исто како Јоноски беше поразен од Јаков Јакимовски со резултат 3-2.
Интересно во полуфиналето се сретнаа двајцата клубски играчи каде подобар беше Огненоски.
Kaко дел од програмата за одбележување на Денот на народното востание – 11-ти Октомври, традиционално во Прилеп и оваа година се одржа популарното Tunning Car Show.
Ова беше 16-то издание на оваа адреналинска изложба на автомобили, која како и секогаш предизвика огромно внимание кај прилепчани и посетителите во Прилеп денеска.
Огромен број автомобили, меѓу кои најразлични луксузни лимузини, олдтајмери, џипови… беа изложени во централното градско подрачје и ги пленеја погледите на илјадниците граѓани кои денеска го искористија убавото време за да ја посетат оваа возбудлива изложба.
Ако пропуштивте, уживајте во фотографиите во продолжение: