дома блог страница 683

(Фото галерија) Прилепчанец со неговиот тим направија фантазија од 50-годишен FIAT 1300 – автомобилот ги импресионираше сите на Тuning Car Show

Зоран Шумкоски, автолакер со 30-годишно искуство од Прилеп, заедно со својот тим од сервис “ИНАЗ”, неодамна ја заврши реставрацијата на ретро возило Fiat 1300 од 1973 година, кое остави голем впечаток на натпреварот „Tuning Car Show“ во градот под Марковите Кули.

Натпреварот се одржа на 11. Октомври, по повод Денот на народното востание, каде Зоран и неговиот тим заслужено ја освоија наградата за најдобра реставрација.

Нивната прецизност и внимание кон деталите, се јасен показател за долгогодишното искуство и посветеност на Зоран во оваа занаетчиска уметност.

Реставрацијата на Fiat 1300 не само што го врати оригиналниот сјај на возилото, туку и внесе нов живот во него, што ги импресионираше и љубителите и судиите на настанот.

Во продолжение погледнете како изгледаше автомобилот пред и после реставрацијата:

Убавиот манастир Св. Петка во село Мусинци, ќе добие пристапна улица – Ќе се градат дури 30 нови улици во цела општина Могила (ФОТО)

Започна изградбата на улица во село Мусинци која ќе биде прва изградена од планираните 30 улици низ цела општина.

-Согласно Развојната програма на општина Могила и со средства од Буџетот на Општина Могила планирана е изградба на 30 улици низ цела општина Могила што значи нашата општина ќе биде зафатена од голема градежна офанзива со што значајно ќе се подобри патната инфраструктура – информираат од оваа пелагониска општина.

Утре ЕСЕНСКИ ПАНАЃУР во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп – Промоција на здрава храна и нејзината важност за правилен раст и развој

Во ООУ „Кире Гавролоски Јане“ Прилеп, во среда (16.10.), со почеток од 11:30ч., по мотото „Избери здраво, живеј силно“ ќе се реализира ЕСЕНСКИ ПАНАЃУР.

Промоција на здравата храна, нејзината важност и значење за правилен раст и развој е целта на овој панаѓур, на кој што ќе бидат изложени овошје, зеленчук и подготвена храна од нашето поднебје.

Избројте колку ги има! Цели чопори кучиња скитници сеат страв низ центарот на Прилеп (ВИДЕО)

Цели глутници кучиња скитници сеат страв и создаваат невидена бука низ Прилеп, особено во ноќните часови. Граѓаните бараат ЈКП Комуналец да го стави овој проблем на врвот приоритети, затоа што во градот врие од кучиња скитници во секое маало.

Видеото во прилог е од плоштадите во центарот на градот. Повелете избројте колку ги има на неколку метри квадратни растојание…

Трпезата е поставена и чека на вас! Едно чудо вкусови и денеска во “МАНЏА БАР”

Локација: Булевар “Александар Македонски” до Мотел “Бреза” во поранешниот дуќан на “Еуротерм” – мајсторите во “МАНЏА БАР” на денешното мени ви приготвиja еден куп различни јадења. Посетете ги или нарачајте на телефонскиот број: 078 86 71 71.

☑️ Гулаш со телешко
☑️ Турлитава
☑️ Бегова тава
☑️ Мучкалица
☑️ Свинско печено > 10 час
☑️ Свинско со грашак > 11 час
☑️ Натур свинска шницла
☑️ Колбаси
☑️ Мусака
☑️ Сарма
☑️ Ќофтиња во доматен сос
☑️ Македонка мала > 11 час
☑️ Пилешко со 4 сирење
☑️ Пилешко во карбонара
☑️ Похован стек
☑️ Криспи стек
☑️ Копан на скара без коска
☑️ Ориз,компир,пире
☑️ Салата

Прилепчанката Мила Србиноска светски јуниорски шампион во хип-хоп и стрит денс

Македонија продолжува да блеска во светот на танцот, а Мила Србиноска од Прилеп, од клубот „Брејк А Лег“, е најновиот бисер на нашата танцова сцена. На Светското првенство во хип-хоп и стрит денс, што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“, Мила ја освои титулата светски шампион во јуниорска категорија, во жестока конкуренција од 174 натпреварувачи.

Оваа победа е доказ за нејзината упорност и работа, и ќе претставува инспирација за сите млади танчери во нашата земја. Македонската репрезентација е меѓу најбројните на шампионатот, а своите учесници на првенството имаат клубовите „Брејк а Лег“, „Аква“, „Еурека“, „Битрикс“, „Ит Да Бит“ и „ Уан Веј“.

Честитки за младата девојка од Прилеп и желби за уште поголеми успеси во иднина!

По 25 години Ивона Талевска и “СИТЕЛ” се разделија – Еве на која ТВ ќе ја гледаме и во која улога

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител.

– Од денес, по точно 25 години, не сум веќе во Сител. Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика – напиша новинарката на својот ФБ профил.

Како што пишува порталот Информа, во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот трансфер.

Останатото ќе го видиме на малите екрани.

Заслужено! Обвинителка од Прилеп е нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев”

Обвинителката Ирина Трајкоска Стрезоски од Прилеп, која досега работеше во Вишото јавно обвинителство Битола е новата директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Со најмногу, односно шест гласови „за“ Управниот одбор на Академијата денеска донесе одлука четиригодишниот мандат да ѝ го довери на Трајкоска Стрезоски.

Еден глас помалку, односно пет гласови при денешниот избор доби судијата Ненад Савески од Основен кривичен суд Скопје, а трет, со три гласови беше заменик-директорот на Академијата, Илир Исени.

Судијката Оља Ристова од Кривичен суд и судијата Андреј Димовски од Граѓанскиот суд не освоија ниту еден глас. Додека, судијката Едита Насковска од Управен суд доби два, а обвинителката Спасенка Андонова од Основното јавно обвинителство Скопје еден глас.

22 домаќини и едно чудо народ! Празникот Покров на Пресвета Богородица одбележан во преубавиот манастир над Прилеп (ФОТО)

Манастирот Покров на Пресвета Богородица се наоѓа во месноста Чалма – Прилеп, на неколку километри оддалечен од Прилеп, во непосредна близина на Волково село.

На 13.10.2018 година, се оствари сонот на браќата Никола и Љубе Спиркоски од Прилеп. После 11 години секојдневна работа, се освети манастирот „Покров на Пресвета Богородица“, кој тие двајцата со мала помош од други лица го граделе буквално секој ден, цели 11 години, тула по тула, камен по камен, со свои средства и дел донации од жителите и неколку фирми.

Манастирот започнала да го гради нивна братучеда во 2002 година, а во 2007 им го предале аманетот кој и’ дошол на сон.

Храмот сега зрачи со посебна убавина, а голем број верници го посетија за денешниот празник Покров на Пресвета Богородица. Верниците и добронамерниците ги пречекаа дури 22 домаќини, од кои 16 беа од ООУ “Добре Јованоски”. Синоќа се одржа вечерна, а денеска и утринска литургија, а се служеше и ручек.

Прилепчани го искористија убавото време и уживаа во празничниот ден.

Манастирот има конаци, кујна, прекрасно поплочен двор со клупи за одмор и поглед за мерак кон Пелагониско поле.

Се започнало во 2002 година, кога на ова место бил подигнат мал параклис. Браќата Спиркоски со своите четири раце секој ден качувале цигли, ќерамиди, кревале, влечеле со јажина, а крајниот подарок за сите граѓани е овој – манастир кој вреди да се посети и секогаш да се ужива.

Главната манастирска слава е на празникот „Покров на Пресвета Богородица“, а другата слава им е „Свети Трифун“.

РЕКОРД ВО ПРИЛЕП! Победа му даде 23 гола на гостите од Липково

Започна футсал лигата во Македонија, а прилепска Победа во првото коло до врв ја наполни мрежата на Карадаку од Липково. Крајниот резултат на семафорот вчера во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко” беше 23:4 за црвено-белите, резултат кој е вистински рекорд.

Стрелци за победашите беа: Илија Ристески 3, Никола Трајкоски 3, Андреј Јолески 6, Нермин Каришик 2, Ангел Барлески 1, Кристи Крајоски 2, Стефан П. Спиркоски 5, Андреј Паскоски 1 (Победа)

Во наредното коло Победа гостува кај Балкан.