дома блог страница 660

За многу години Митровден: Честит именден Диме, Димитар, Митре, Димитрина…

Именден празнуваат Димитрија, Митре, Димо, Димко, Димана, Димка, Мите, Димитрина, Митра..

Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По смртта на татко му, цезарот Максимијан го постави Димитриј на истото место и посебно му препорача да ги гони христијаните.

Меѓутоа, Димитриј не само што не ги гонеше, туку и јавно ја исповедаше и проповедаше верата во воскреснатиот Христос. Штом слушна за тоа, цезарот, враќајќи се од еден поход, сврати во Солун, за да ја испита работата.

Го повика Димитриј, кој не ја одрекуваше својата вера и дури и го убедуваше цезарот во бесмисленоста на идолопоклонството.

Максимијан се разгневи и го фрли Димитриј во затвор, а по неколку дена и го погуби. Некои христијани го земаа неговото тело и чесно го погребаа. На тоа место подоцна беше подигната црквичка, а после и голема црква, која до ден денес се наоѓа во Солун.

За овој ден постои верување. Во очи на празникот Митровден, значи вечерва, секој треба да биде во својата куќа, бидејќи ако не биде дома, тој цела година ќе преноќува по туѓи куќи.

Постоело и верување дека ноќта пред Митровден мора да бидат завршени сите големи работи, посебно на поле и останати обврски кои се извршуваат надвор. Се сметало дека времето по Митровден е лажливо, односно дека зимата може во секој момент да изненади, па затоа се зацврстило мислењето дека лоша среќа е ако нешто се одложи да се заврши по големиот празник.

Затоа за Митровден исто така се верува дека претскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува дека снегот ќе се задржи до април.

Во некои делови постоеле и верувања дека на Митровден не треба да се прекоруваат децата, колку и да згрешиле или биле безобразни, бидејќи наводно цела година ќе бидат непослушни.

Николоски: 10 милиони евра инвестираме само оваа година за инфраструктурен развој на Битола

Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник за изградба на станбена зграда на ПУИГ во Битола.

-Станбениот квадрат и во Битола, како во Охрид, Скопје, Штип отиде многу високо и тоа што би можел да го најавам за овие 65 станови кои ќе се изградат тука, а ќе има и 7 деловни простории, како и 100 паркинг места, цената ќе им биде за најмалку 30-40% поевтина од тоа што е пазар во моментов во Битола. Со тоа мислам дека ќе ставиме крај на уцените кои ги прават градежниците со високи цени кои не соодествуваат на стандардот на македонските граѓани. Луѓето се доведени во ситуација да буквално се иселуваат од државата затоа што не можат да си дозволат да купат куќа или стан, рече тој.

Николоски посочи дека ова е само прв чекор и најави дека од следната година ќе се развива проектот „Купи куќа за млади“.

-Тој проект треба да овозможи по доста пристапни цени младите да можат да изградат или купат куќа, а ќе продолжиме со вакви проекти во делот на станбената политика.

Стоби Флипс и Брилијант од Витаминка, четврта година по ред се избрани за напрепознатливи македонски брендови

Стоби Флипс е најпрепознатлив бренд за 2024 година во категорија флипсови, а Брилијант во категорија сончогледово масло. Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД спроведе истражување „Најпознати брендови во 2024 година“ со што ги доби најпознатите брендови во државата според мислењето на потрошувачите. Целта на истражувањето е да се дефинираат позициите на брендовите согласно перцепцијата на потрошувачите и покажа дека Стоби Флипс ужива препознатливост од 86%, а Брилијант од 43%.

Во првата категорија, брендот Стоби Флипс остварува речиси изедначено учество со претходната година меѓутоа се уште го има највисокото учество во споредба со сите останати категории. Во позицијата на Брилијант, се забележува намалување на учеството за 6% во споредба со 2023 година.

Четврта година по ред откако започна истражувањето на Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, двата бренда на Витаминка се истакнуваат со најголема препознатливост.

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1 200 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа. Анализирани се вкупно 16 категории на производи, за кои што потрошувачите одговараа на прашањето кој е според нив најпознатиот бренд во одредена категоријата.

Турски државјавни со престој во Прилеп – фатени со марихуана кај Дервен

-На 07.11.2024 во 00.15 часот на патот Прилеп – Дервен, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Г.К.(52), Г.О.Ч.(21), К.Б.(22) и К.Г.(52), сите од Република Турција, со престој во Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

(ФОТО) Редица за ваучери за клима уреди и во Прилеп – еве каде се доделуваат!

Голем број граѓани чекаат пред Агенцијата за вработување во Прилеп за подигнување на вредносни ваучери за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика.

Оваа мерка е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето.

Изборот на добитниците на вредносните ваучери, како и изборот на правните субјекти кај кои ќе може да се искористат вредносните ваучери, беа спроведени од страна на Министерството за економија, согласно критериумите на јавниот повик. По направениот избор, новоформираното Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е одговорно само за организирање на доделувањето, соопштија од Министерството.

Освен во Прилеп, вредносни ваучери се делат и во Битола во спортската сала „Боро Чурлески“ од 9 до 17 часот, како и во Скопје во салата „Борис Трајковски“.

За останатите градови, подигнувањето на вредносните ваучери ќе биде во центрите за вработување за што Министерството склучи меморандум за соработка со АВРМ.

За граѓаните што нема да бидат во можност да ги подигнат ваучерите на одредениот датум, обезбедена е дополнителна флексибилност – ваучерите да можат да ги подигнат до крајот на месецот, во просториите на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства.

Преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.

Николоски денеска во Битола – Ќе се постави камен темелник за станбена зграда (ВИДЕО)

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска ќе ја посети општина Битола каде ќе присуствува на поставување на камен темелник на станбена зграда.

Предвидени се и изјави за медиумите.

Награда од 10.000 евра во кеш: Започнува UltiMATH – најголемиот математички натпревар за средношколци во Македонија

За средношколците што сакаат да се натпреваруваат и да ги поместуваат границите на своето знаење, како и за оние што ги бива за математика, но немаат каде да го докажат својот потенцијал: започнa квалификациската рунда за „UltiMATH“ – најголемиот натпревар по математика за средношколци во Македонија.

Ова е клучниот предизвик на „UltiMATH“ кој ќе прерасне во годишен натпревар организиран од факултетот „Brainster Next“ и NU College – Првиот колеџ за средношколци во Македонија. Покрај мерењето на знаењето на средношколците, „UltiMATH” е привлечен и поради наградата од 10 илјади евра во кеш како и 100% стипендија што целосно ќе го покрие студирањето на „Brainster Next“ факултетот за најдобриот математичар.

Како што објаснуваат организаторите, идејата зад натпреварот е да ги инспирира младите да градат кариера во математика, наука и технологија. Привлечните награди, пак, се само дополнителен мотив за средношколците кои треба да ги поттикнат да размислуваат и да посакуваат повеќе.

„Нашата цел и практично мисија за организација на овој натпревар е да покажеме дека математиката и науката се области кои се високо ценети и можат да донесат сериозна заработка во иднина. Треба сите да бидеме свесни дека со оглед на технолошки развиеното време во коешто живееме природните науки и ИТ вештините се неопходност, а перцепцијата меѓу младите се менува и станува сè повеќе кул да се докажуваш со знаење и да истражуваш нови можности за напредок“, вели Петар Ниновски, основач на образовниот центар Бреинстер и на NU Колеџот за средношколци.

Право на учество на „UltiMATH“ имаат сите редовни ученици во јавните или приватните средни училишта од прва до четврта година. Пријавувањето за „UltiMATH“ е бесплатно и се одвива онлајн на веб-страницата ultimath.mk каде што средношколците го тестираат своето знаење во првата квалификациска рунда која е отворена сè до 26-ти ноември. Организаторите очекуваат силна конкуренција и одмерување на знаењето на над 4.000 средношколци од сите средни училишта во Македонија уште во квалификациите. Онлајн предизвикот се состои од три типа задачи, а најдобрите 350 средношколци продолжуваат во следните четири последователни рунди кои ќе се одвиваат во живо во Ист Гејт Мол на 30 ноември и на 1 декември.

Овие елиминациони рунди ќе ги водат најуспешните натпреварувачи низ неколку фази и формати на тестирања, при што ќе се соочат со различни нивоа на тежина на математички и логички проблеми. Најдобриот математичар, кој ќе триумфира низ сите предизвици, ќе ја освои наградата од 10.000 евра во кеш и 100% стипендија на Next факултетот.

Организаторите најавуваат професионален натпревар, подготвен од искусни математичари, кој ќе ги тестира напредните математички знаења на средношколците. Покрај мерењето на знаењето, натпреварот нуди одлична можност за учење, дружење и забава за сите средношколци од Македонија.

Сите заинтересирани средношколци што ги исполнуваат условите може да се пријават и да добијат повеќе информации на веб-страницата на „UltiMATH“.

Натпреварот инаку е поддржан од голем број средни училишта во Македонија, но и компании, како East Gate Mall, WVP, iBorn, The Beetles, Urban FM, МОФ – Младински образовен форум и други.

(ФОТО) Скејт паркот на “Могила” црна темница, запустен и полн со ѓубре

Запустен, мрачен, полн со ѓубре….еве во каква состојба се наоѓа скејт паркот кај “Могилата на непобедените” во Прилеп.

Млади луѓе од нашиот град, кои ни ги испратија фотографиите, бараат надлежните да го вратат претходниот сјај на ова место, да го осветлат и истото да се искористи за организирање на различни спортски активности и дружење.

Нека ова биде апел и до стопанствениците во градот, да продолжат да ја помагаат општината во обновување на игралиштата и парковите во градот под Марковите Кули.

Вечева и утре се празнува Митровден: Според народните верувања ако утре има дожд и мраз, не’ очекува долга и ладна зима

Утре, на 8-ми ноември, православната црква и нејзините верници го прославуваат празникот посветен на Светиот великомаченик Димитрија, во народот познат како Митровден.

Митровден е еден од празниците за кои се врзуваат многу од обичаите. Еден од нив е „претскажувањето“ на времето- ако утре има дожд и мраз, се очекува долга и ладна зима со многу снег!

Постои верување дека на овој празник, како и на Божиќ, треба да бидете дома, освен ако не сте повикани на слава.

Митровден е празник кој секоја година е на ист датум, односно 8-ми ноември по нов и 26-ти октомври по стар каленадр и е обележан во црковниот календар со црвени букви.

Свети Димитрија е роден во Солун, во третиот век од нашата ера, за вереме на царот Максимилијан. Ја игнорирал царската наредба да ги прогонува христијаните и јавно го проповедал христијанството.

Кога царот слушнал дека солунскиот заповедник е христијанин, наредил да го фрлат во самица каде е мачен и погубен. Солунскиот христијанин тајно го погребале. На местото на неговиот гроб покасно изградија црква, а Димитрија е прогласен за заштитник на градот Солун.

Според преданието, гробот на Димитрија бил облеан со босилок и мир, па затоа и празникот е наречен Митровден.

Култот на св. Димитрија се негува на целиот Балкански полуостров, вклучувајќи ја и нашата земја каде голем број цркви се посветени токму на овој светец. Во 2010-та година, св. Димитрија бил прогласен за светец-заштитник на селото Зрновци.

Нови две награди за прилепчаните Беџоски и Димески – Нивните филмови во самиот врв на 53. Државен фестивал за непрофесионален филм

На 03.11.2024 година, во Кинотеката на Македонија во Скопје, се одржа доделувањето на наградите од 53. Државен фестивал на непрофесионален филм, натпревар кој е во организација на Кино сојузот и Народна техника на Македонија, а се одржува со поддршка од Агенцијата за филм.

Од 49 пријавени филмови, нашите прилепчани, Марјан Беџоски и Никола Димески, се закитија со два сребрени медали, и тоа:

-второ место за документарниот филм “Прилеп наша Македонија” и
-второ место за краток игран филм “Методиј Патчев”

Ова е не се први признанија за Беџоски и Димески, кои и во изминатиот период освојуваа награди на домашни и меѓународни натпревари. Ова е само еден континуитет во нивната успешна работа и доказ дека тоа што го прават, го прават најдобро што можат.