дома блог страница 661

Прилеп како Зоолошка на отворено! Кучиња скитници, коњи, магариња на секој чекор (ФОТО)

Koњи, магариња, кучиња скитници, полни контејнери… се честа слика низ улиците на Прилеп, а Јавното комунално претпријатие воопшто не се труди состојбата да се подобри и да создаде услови за нормален град во 21 век.

Возачите, па и пешаците често стравуваат од домашните животни кои слободно шетаат по улиците, кои реално претставуваат закана за безбедно одвивање на сообраќајот.

Доцна во ноќта улиците вријат од глутници кучиња скитници, па движење пешки низ град е вистински предизвик.

Граѓаните се жалат и на хигиената во градот. Велат сметките ни ги покачија, а отпадот од контејнерите не се одлага редовно.

Крајно време е раководството на ЈКП Комуналец Прилеп да ги сфати сериозно поплаките, и да биде вистински сервис на граѓаните!

Ова е една грда слика за целата општина, па нека ова биде апел до сите надлежни да реагираат, за ваквите појави да станат минато.

Maкедонка освои трето место на Светското првенство за бармени во Португалија (ВИДЕО)

Од 31 октомври до 3 ноември во Мадеира, Португалија, се одржа Светското првенство за бармени. Натпреварувањето е организирано од Интернационалната асоцијација на бармени каде што Здружението на бармени на Македонија е член 17 години.

Здружението на бармени на Македонија оваа година го претставуваше Теодора Николиќ, која победи и на Државното првенство. Во конкуренција од 70 бармени од целиот свет, Теодора успешно ги мина квалификациите и заедно со уште 14 други бармени продолжи во полуфинале, па во финале, со двајца други финалисти.

Според судиите, последниот коктел на македонската претставничка го освои третото место. „Но, за сите во публиката, таа беше најдобра“, истакнаа од македонското Здружение.

Како што се наведува во известувањето, „ова е огромен успех за македонскиот бартендинг и угостителство и добар мотив“ за младите бармени да продолжат да ја работат оваа професија.

60-годишен прилепчанец го загуби животот, откако со автомобил излета од патот кај с. Мало Коњари (ФОТО)

Утрово на патниот правец Прилеп-Кривогаштани, пред населеното место Мало Коњари, во сообраќајна несреќа животот го загуби 60-годишен прилепчанец.

Според засега неофицијални информации, лицето починало откако со автомобилот изгубил контрола и излетал од патот.

Увид на лице место извршиле полициски службеници од увидната екипа на ОВР Прилеп.

Дарко Филиповиќ, Елена Јовческа, Марија Луиса… атрактивни музички имиња цел ноември во ресторан “Деспина” во Прилеп!

Еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот “Деспина” подготви фантастична музичка понуда за месец ноември. Цек месец атрактивни музички имиња, ваше е само да изберете убаво друштво, да резервирате навреме и да уживате.

09.11 – Драган Темелков – Џони
16.11 – Дарко Филиповиќ
22.11 – Зоран Илиев
23.11 – Елена Јовческа
30.11 – Марија Луиса

За резервации јавете се на телефонскиот број: 072 209 996 и во порака на Фејсбук страната на ресторанот.

Тимот на ресторан “Деспина” ве очекува!

Наздравје!

ЗАСЛУЖЕНО! Ова се најдобрите наставници во основно и средно училиште, најдобрата негователка и воспитувачка во Прилеп (ФОТО)

-Денес остваривме средба со наградените и избраните, Најдобар наставник од основните училишта од општина Прилеп – Милан Јаковоски, Најдобар наставник од средните општински училишта – Блаже Димески, Најдобриот воспитувач – Лидија Стојаноска и Најдобриот неговател- Александра Шипинкоска-Стојаноска од ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп. Оваа година за првпат според новиот правилник преку Советот на Општина Прилеп и врз основа на јавно објавен повик, доделивме симболични финансиски награди за нивните остварени успеси и вложен труд – информираше на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

-Со овие признанија, ние не само што ги вреднуваме нивните заложби и напорна работа, туку и вложуваме во иднината на нашето образование. Ваквото признавање служи како поттик за сите нас да се трудиме повеќе и да обезбедиме поквалитетно образование за нашите најмлади. Со почит, посветеност и заеднички напори, ќе продолжиме да ги поддржуваме и наградуваме оние кои се вистински темел на нашето општество – напиша Јовчески.

Tрамп во победничкиот говор: “Ќе ги прекинам војните, ние сме партија на здравиот разум”

Доналд Трамп и се обрати на јавноста по изборите во Америка, прогласувајќи победа на претседателските избори. На сцената излезе со сопругата, синовите и ќерката, како и со најблиските соработници.

Во победничкиот говор Трамп порача дека ќе се залага за прекин на сите војни во светот.

„Ќе ги прекинам војните“, Трамп рече дека ќе работи на запирање на сите војни и потсети дека за време на неговиот мандат не била започната војна.

„Ќе ги прекинам војните. Републиканците се партијата на здравиот разум. За време на нашиот последен мандат немавме војни, четири години немавме војни. додаде тој.

Тој се осврна на критиките на неговите противници што ги кажаа за него, а во една од нив токму се порачуваше дека Трамп „ќе започне нова војна“.

„Нема да започнам војна, ќе ги прекинам војните. Ова е голема победа за демократијата и слободата. Ќе ја отклучиме славната судбина на Америка, ќе постигнеме неверојатна иднина за нашиот народ“, заклучи Трамп на крајот од говорот.

Николоски со честитка до Трамп: Македонија и понатаму останува силен сојузник на САД и граѓаните

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски му ја честиташе победата на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Демократските вредности уште еднаш ја потврдија силната верба на американскиот народ за обезбедување на стабилна и просперитетна држава. Македонија и понатаму останува силен сојузник на САД и граѓаните, стратешки партнер во евроатланските процеси и промотор на глобалниот мир и поредок, објави Николоски на својот Фејсбук.

Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД и влегува во Белата куќа како 47-ми американски претседател, што ќе биде негов втор мандат.

Вардар го вpaти Ceдлоски за тpeнep, Koмити го дочекaa на “вoeна нога” – Ceдлocки не смее и нема да биде тpeнep на ФК Вардap

По разделбата со Срѓан Захариевски, фудбалскиот клуб Вардар веднаш го назначи новиот предводник на првиот тим.

Се работи за добро познато име во вардаровото семејство, Гоце Седлоски кој вторпат во кариерата ќе го води Вардар, а претходно беше и спортски директор. 50-годишникот ќе биде четвртиот нов тренер на вардарци во новата сезона, па останува да се види како ќе се снајде.

Но, од навивачката група “Комити” веста за назначувањето на Седлоски за тренер ја пречекаа на нож.

-Гоце Седловски не смее и нема да биде тренер на ФК Вардар!

Човечкиот отпад кој уживаше во друштвото на убијците на нашиот брат Саздо, кој со огромно задоволство се радуваше на поразите на ФК Вардар и кој беше избркан од клубот во 2017 година поради сомнително работење, по кое е општо познат во јавноста, не заслужува да седне на црвено-црната клупа!

Во сабота или седни на клупата на Слога Југомагнат, онаму каде што природно припаѓаш или воопшто не доаѓај. Вардар и Градскиот стадион во Скопје, за тебе веќе не постојат. Никогаш нема да ти биде простено!

Воедно ги повикуваме сите навивачи на клубот, сите оние кои беа во неделата во Битола, на баражите во Струмица и Кавадарци, но и на скалите пред стадионот, кога се испаѓаше, кога се боревме сами против сите, дур вакви гниди мирно си уживаа во своите провизиски комбинации и хоштаплерски зделки!

КЛУБ НА НАРОДОТ СИ ВАРДАРЕ!
ВО САБОТА – СИТЕ НА СТАДИОН! – напишаа од навивачката група на Фејсбук.

Важно известување од прилепските црковни храмови по повод големиот христијански празник Митровден

Известување од прилепските црковни храмови по повод големиот христијански празник Свети Димитриј – Митровден:

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на свети Димитриј (митровден), во храмот св. Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС) и св. Петка во нас. Точила лепчиња ќе се креваат преку цел ден во четврток (07.11.2023) од 7:00 – 17.00., И НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во петок по завршувањето на Божествената Литургија.

СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА) – од 07.00 до 17.00 часот.
СВЕТО ПРЕОБРАЖЕНИЕ (ГРЧКА) од 15.30 до 17.00 часот.
СВЕТИ ПАНТЕЛЕЈМОН (БОЛНИЦА) од 11.00 до 13.00 часот.
СВЕТИ КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА (ТИПСКИ) од 11.00 до 13.00 часот.
На 08ми утрото во СВЕТО БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА).

Честита слава на сите кои ја чествуваат Св. Димитриј како закрилник на нивните домови т. е. домашна слава!

Нека ни е за многу години и на помош!

Мицкоски со честитка до Трамп за победата: Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на САД.

-Во мое лично име и во име на граѓаните, упатувам срдечни честитки до претседателот Доналд Трамп за неговата победа на изборите за претседател на Соединетите Американски Држави.

Оваа победа е потврда на длабоката верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата.

Со нетрпение очекуваме натамошно продлабочување на нашето цврсто партнерство и соработка, особено во областите на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи.

Македонија останува посветена на градењето уште посилни врски со САД, како стратешки сојузник и пријател, кои ќе продолжат да ја зајакнуваат стабилноста и напредокот на целиот регион.
Честитки и најдобри желби до претседателот Трамп и до целиот американски народ!, пишува Мицкоски на Фејсбук.