дома блог страница 659

Се поднови ли и новиот Генерален на ТУТУНСКИ со ваучер за инвертер клима од државата?!

Министерството за енергетика од вчера започна со доделување на ваучерите за инвертер клима уреди.

Мерката, како што велат надлежните, е во насока на остварување на целите на Владата за поддршка на животниот стандард на граѓаните и намалување на аерозагадувањето. За мерката се избрани апликации на вкупно 6.182 домаќинства, а средствата во висина од 23 до 25 илјади денари ќе бидат обезбедени преку Програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата и Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Преку програмата за енергетска ефикасност во домаќинствата добитници на вредносен ваучер од 23.000 денари или 25.000 денари се 4.591 домаќинствo, а преку програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија добитници на вредносни ваучери во вредност до 30.000 денари се 1.591 домаќинство.Вкупниот број на домаќинства кои ќе добијат вредносен ваучер преку двете програми изнесува 6.182 домаќинства.

Она што предизвика огромен револт кај граѓаните се имињата на голем број актуелни и минати функционери, како и стопанственици, кои се најдоа на списоците за добитници на вакви ваучери. Социјалните мрежи овие два дена вријат од критики, а граѓани постојано објавуваат имиња на поединци и семејства, за кои не може да се каже дека навистина имаат потреба од ваква помош од државата.

Меѓу оние кои добиле ваучер од Прилеп е АЛЕКСАНДАР АЛЕКСОСКИ од Прилеп. Засега не е познато дали станува збор за новиот Генерален директор на Тутунскиот Комбинат и се’ уште актуелен советник во Советот на општина Прилеп, но не би му штетел и нов инвертер на 2.000 евра плата.

Инаку списоците на сите добитници на ваучери можете да ги погледнете ТУКА

Уметност на чинија за ГУРМАНСКО УЖИВАЊЕ! Ресторан “Гурман” Прилеп е вашата дестинација за овој викенд

Богатата гастрономска понуда на градот под Марковите Кули од неодамна доби ново место за вистинско гурманско доживување.

Позади поранешен хотел “Липа”, веќе извесно време работи ресторанот “ГУРМАН”, место со богата понуда на македонска традиционална храна и пријатен амбиент, кое веќе е вистински магнет и главна дестинација за сите гурмани и вљубеници во вкусот на традицијата.

Станува збор за едно ново мераклиско место каде семејните дружби и веселби, деловните ручеци и дружбата со пријателите се вистинско уживање, а зошто тоа е така?!

Па во “Гурман” можете да уживате баш гурмански од А до Ш. Почнувајќи од пребогатата понуда на домашни и странски вкусови на салати, па преку вкусна чорба и разно-разни мезлаци до традиционална прилепска скара, разни печења, традиционални македонски јадења, гулаш и рибни специјалитети.

Умот да ти зајде, вистинска царска трпеза со која вреди да се започне новата работна недела.

Широкиот простор на ресторан “ГУРМАН” е отмено уреден, па и најпребирливите гости тешко ќе најдат мана. Амбиентот е топол и пријатен, а услугата на ниво на задачата.

Целта е да уживате од првиот до последниот миг додека сте нивни гости, задоволни да го напуштите ресторанот, а потоа одново да се вратите и топло да го препорачате.

Сопствениците вложуваат многу напор и труд во секој детаљ и заедно со тимот од кујната создаваат уметнички дела на чинија, за вистинско гурманско уживање. Само погледнете ги фотографиите во продолжение и ќе ви стане јасно:

За резервации јавете се на телефонскиот број: 070 985 110.

РЕСТОРАН ГУРМАН ВЕ ОЧЕКУВА! НАЗДРАВЈЕ!

Значително поскапување на дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,58 % во однос на одлуката од 4.11.2024 година.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Од 9.11.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,985 (денари/килограм)

По 3.000 денари секој месец, за секој ученик, кој идната година ќе се запише во СОУ “Наум Наумовски-Борче” во Крушево

-Денес, на 53та седница на Советот на општина Крушево е донесена одлука по претходна моја иницијатива за доделување од 3.000 денари месечна субвенција или вкупно 27.000 денари за цела учебна година на секој ученик од општина Крушево кој ќе се запише во прва година во СОУ Наум Наумовски – Борче, Крушево во учебната 2025-2026 година – напиша на ФБ, градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

-Нашата цел е да ги поддржиме учениците, да им обезбедиме еднаков пристап до образованието и да ги мотивираме да продолжат со образование тука во својата општина. Вложуваме во квалитетно образование, во нашата младина и во нашата иднина – стои во објавата на градоначалникот Христоски.

Без капитенот, но мотивирани за нов успех! Мега Баскет го пречекува Работнички – поддршката од публиката е повеќе од неопходна!

По минатонеделниот неочекуван пораз на гостувањето кај Водно, кошаркарите на Мега Баскет Прилеп викендов во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, го пречекуваат Работнички 2018, екипа која мора да се победи за да се држи ритам во екипите од врвот на табелата.

Натпреварот се игра утре (сабота) со почеток од 19:00 часот, а поддршката од прилепските вљубеници во кошарката како и секогаш е неопходна.

Мега баскет на овој натпревар ќе настапат без својот капитен и најдобар поединец, Стефан Стевананџија, кој има повреда на коленото, но дечките се мотивирани и веруваат во нов успех.

МОМЕНТАЛНАТА ТАБЕЛА ВО ВТОРАТА ЛИГА Е СЛЕДНА: Маџари, Соколи, Ангели и Црн Дрим 7, Мега баскет и Бутел 6, Борец, Работнички, МЗТ Уни банка, Охрид и Водно 5, Академија ФМП 4.

Вечер на аргентинска музика во Прилеп

На 9 ноември 2024 /сабота/ од 20.30 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи Вечер на аргентинска музика.

Ќе настапат: Марија Јанчулеска – виолина, Филип Петрески – хармоника, Александра Чуруковска – контрабас , Тамара Коминовска – пијано.

На програмата се композициите:

Oblivion, El chochlo, Pour una cabeza, Chiquilin de bachin, Corazon de oro, Tango pour claude, Inverno porteno, La cumparsita, Ausencia, Libertango

Општина Прилеп со последно предупредување до граѓаните и фирмите: Давачките за даноци да се платат до крајот на месецот, или ќе се пристапи кон присилна наплата

Општина Прилеп ги известува сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, дека во согласност со одредбите за присилна наплата од Законот за даноците на имот, започнува постапка за присилна наплата за неплатени обврски по тие основи, а заклучно со 2023 година.

Напоменуваме дека, во тековната година, Општина Прилеп испрати опомени за неплатен данок на имот и комунална такса до сите правни и физички лица кои вршат дејност на територијатa на Општина Прилеп. Од причини што рокот во кој што требаше да се изврши плаќање на доставените опомени е изминат, Општина Прилеп започна со изготвување на Решенија за присилна наплата кои што ќе ги достави до даночните обврзиници и носителите на платен промет (деловните банки).

Со цел да се избегне блокирање на сметките и непотребни трошоци, сите обврзници кои по горенаведените основи имаат заостанати и неплатени обврски, потребно е итно (заклучно со 30.11.2024 година) да ги подмират своите обврски.

Со почит, Општина Прилеп.

Прилепчанец со тешки повреди пренесен во болница, откако со велосипед се судрил со автомобил

-На 07.11.2024 во 07.35 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од В.А.(82) од Прилеп и патничко возило „пежо” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(63) од Прилеп.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Вистинско шоу на нашиот Ненад Димитријевиќ – Со 22 поени го сруши големиот Реал Мадрид!

Ненад Димитријевиќ ја одигра својата најдобра партија во Евролигата и тоа против Реал Мадрид, Македонецот со 22 поени беше најефикасен во составот на Милано во големиот триумф над кралскиот клуб од 85-76.

Навивачите на Реал Мадрид за кратко време доживеаа два шокантни порази од тимови од Милано. Фудбалерите во Лигата на шампионите, кошаркарите во Евролигата.

Нено Димитријевиќ беше главен кошаркар на Милано, Македонецот имаше фантастично прво полувреме во кое постигна 15 поени, во второто во кое и не играше многу, додаде уште седум за вкупно 22. Од нив четири беа тројки, имаше и три асистенции и еден скок.

Милано водеше во текот на целиот натпревар, во последниот период имаа и највисоки 22 разлика, на крајот Реал Мадрид успеа само да се избори за пораз со едноцифрен број на кошеви, конечниот резултат беше 85-76.

Втор најефикасен кошаркар во Милано беше Зек Ледеј кој постигна 17 поени. За Реал Мадрид Хезоња и Ибака постигнаа по 13 поени.

За Милано ова беше трета победа во Евролигата оваа сезона.

Мицкоски оптимист по средбата со Макрон

Нашето место е во рамките на ЕУ и мора да бидеме таму каде што заслужуваме, порача премиерот Христијан Мицкоски од Будимпешта, каде вчера учествуваше на Самитот на Европската политичка заедница задно со лидерите на уште 26 земји од Европа и високи претставници на Унијата и НАТО. Во исто време од Брисел, кандидатката за нова еврокомесарка за проширување Марта Кос нагласи дека очекува земјава да го промени Уставот како што вети, за да може да продолжи на својот европски пат.

Мицкоски од Будимпешта изрази оптимизам за иднината на земјата, нагласувајќи дека се бориме за нашите аргументи и за вистината која не може да се заобиколи.
Изјавата на Премиерот доаѓа по средбата која на маргините на самитот ја имаше со францускиот претседател Емануел Макрон. Мицкоски на социјалните мрежи рече дека со него, отворено разговарал за деблокада на патот кон Европската Унија. Тој изрази оптимизам и потенцираше дека ќе вложи максимум да ги заштити националните интереси.
Средбата доаѓа во време кога Мицкоски активно работи на претставување на својот предлог за уставни измени со одложено дејство кој би требало да биде решение за ќорсокакот во кој се најдовме откако токму францускиот предлог кој го прифати претходната Влада не доби двотретинско мнозинство во Собранието.