дома блог страница 654

Тешко на келнерите: Во оваа земја оставањето бакшиш се смета како навреда

Mother is giving her daughter 5 euro pocket money.
Mother is giving her daughter 5 euro pocket money.

Да се ​​остави бакшиш (или не) на келнерите во кафулињата и рестораните ширум светот е прашање што им пречи на многу патници бидејќи обичаите за бакшиш не се исти во сите земји. Во Велика Британија, Германија, Данска и Шведска, по правило, гостите во кафулињата и рестораните додаваат 10 отсто од сумата на сметката, додека Французите, Италијанците и Шпанците обично оставаат бакшиш во износ од 5 отсто од сметката, пишува Punkufer.

И додека Американците бакшиш оставаат дури и ако услугата не била добра, во Јапонија такво нешто никогаш не се случува.

Во земјата на изгрејсонцето, правилата на однесување се различни. На пример, никогаш нема да видите Јапонец како јаде додека оди, го дува носот на јавно место, а повеќето граѓани на оваа земја ја намалуваат јачината на звукот на своите телефони во јавниот превоз. Во Јапонија оставањето бакшиш не само што е необично, туку е и срамно, па дури и грубо.

Културата на давање услуга без бакшиш можеби ни е незамислива, но во далечната источна земја е сосема спротивно. Ако му дадете бакшиш на келнерот, тој ќе се навреди. „И покрај предупредувањето за бакшиш во Јапонија, некои туристи инсистираат да ја покажат својата благодарност со пари – но тоа не функционира така во оваа земја“, открива Џејмс Мунди од InsideJapan Tours за Би-Би-Си. Тој додава дека не е необична глетка да се види келнер како трча по гостин за да ги врати парите што ги оставил за бакшиш. Едноставно на туристите не им е паметно дека Јапонците си ја вршат работата со гордост и дека е доволно да се каже oishikata (вкусно беше) или gokizo sama (благодарам што го подготвивте јадењето) и малку да се поклонат, ако сакате да се заблагодарите за добра услуга.

Во петок е Петровден, а во сабота Павловден – празници за кои се поврзани голем број народни верувања и обичаи

Во петок на 12 јули е Петровден, а во сабота на 13 јули е Павловден, празници со кои се поврзани многу обичаи во Македонија

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва. Според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел, а некој го држат празник само до пладне, а попладне работат.

Именден празнуваат: Петар (Камен, Каменко), Петре, Петра, Петранка, Петруна. Следниот ден празнуваат: Павле, Пајо, Павлина…

Во Лазарополе и Галичник, Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во двете села на тој ден имало по 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконите, светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт.

Светиот апостол Петар е роден на брегот на Галилејското Езеро. Потекнувал од рибарско семејство и еднаш кога ловеле риби на езерото ги видел Исус и ги повикал по што Петар заедно со брат му Андреј го напуштиле рибарскиот занает и му се придружиле. Така од ловци на риби станале ловци на човечки души. Првото име му било Симон, а кога Исуса го признал за син Божји, овој го нарекол Петар, што значи камен (карпа). Со тоа Исус сакал да каже дека својата црква ќе ја изгради врз верата на Петар што била цврста како камен.

Затоа што бил силен поборник и пропагатор на Христовата вера Петар бил трн во очите на еврејските свештеници, кои чекале погодна прилика да му се одмаздат. Еднаш на стари денови Петар дошол во Рим кога владеел Нерон, голем безбожник и тиранин, противник на христијанството, а христијаните ги фрлал во арените со лавови. Тој и апостол Петар го осудил на смрт, но кога сакале да го погубат со распнување Петар ги замолил да не го прават тоа зашто не е достоен да умре како својот учител Исус Христос, туку да го распнат со главата надолу. Егзекуторите така и направиле и на 12 јули (или 29 јуни според стариот календар) во 61 год., светиот апостол Петар во големи страдања го завршил животот. Во близината на Рим, истиот ден исечен од противниците на христијанството е и светиот апостол Павле.

По Петровден доаѓа Павловден, ден на апостолот Павле кој не бил меѓу оние познати 12 Христови апостоли, но поради многуте заслуги Светата Христова црква го ставила во редот на апостолите. Во почетокот бил противник на христовата вера и прогонувач на христијаните, за подоцна да стане најсилен пропагатор на ова учење. Но еднаш кога патувал за Дамаск за да се бори против христијаните му се случило нешто што од корен го изменило неговиот живот. Одеднаш блеснала силна светлина и тој паднал на земјата. Од светлината слушнал глас: „Савле, Савле, зошто ме прогонуваш?“ „Кој си ти?“ – прашал исплашениот Савле. „Јас сум Исус кој ти го прогонуваш!“ – одговорил гласот. „Господе, што да правам?“ – запрашал Савле. „Стани и оди во Дамаск. Таму ќе ти кажам што да правиш!“ Савле станал но ништо не гледал. Придружбата го одвела во Дамаск каде што останал три дена. На третиот ден дошол еден побожен човек кој му рекол дека е испратен од Исус да му каже дека е време да прогледа и да се исполни со Светиот Дух. Во тој момент му се вратил видот, тој се крстил и од најжесток противник на христијанството станал негов најголем афирматор.

Преданието за Петар и Павле вели:

-Петре и Павле биле браќа – побратими. Сек’де заедно оделе, ама Павле бил болен. Петре си рекол: Ов’ј жоек ќе умрит, ја ај да му ископам гробот. Ко фатил да му копат, дошол Ристос и го опитал: Шо копаш бре Петре? -Ами Павле је болен рекол, та му го коп’м гробот. –Ја ај легни да видиме, али чинит за тебе! Петре легнал и не станал веќе. Ето затоа рекле: Не копај гроб за друѓего, за да не влезиш сам во него. Петре копаше гроб за Павлета, ама сам умре во него, а Павле си остана ушче да си живејт.

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! Вечерва повторно забава со ноќно капење во аква парк “Салида”

Не бевте на претходната забава?! Епа има за што да жалите, затоа што сте пропуштиле многу!

Тимот на “Салида” аква парк и ова лето ги нуди најдобрите забави во Прилеп. Прилепчани веќе се разладуваат на дневните горештини и уживаат во водените лудории на аква паркот, а младите со нетрпениее го очекуваа следното ноќно журкање.

Сезоната на ноќно капење и забава започна на 20. јуни со диџеј сет на DJ PETRO, на задоволство на голем број млади луѓе.

“Салида” аква парк ви закажува ново ноќно уживање оваа среда (10.07) со почеток од 21часот, кога диџеј кабината е резервирана за популарниот DJ ANONYMOUS.

Влезниците се по цена од само 100 денари, па овојпат немате изговор да не присуствувате!

Ваше е само да понесите добро расположение и позитивен став.

Резервирајте навреме на телефонскиот број: 076/814-100, уживајте и забавувајте се, тимот на аква парк “Салида” ве очекува!

Спасени три 16-годишни момчиња кои останале заробени на островче на реката Треска

Три 16-годишни момчиња доцна синоќа се спасени откако останале заробени на едно островче на реката Треска. Од Центарот за управување со кризи информираат дека пријавата е добиена во 19:12 часот и дека момчињата останале заробени на островчето, поради надојдената река заради испуст на водата од хидроцентралите што е редовен процес за континуирано производство на електрична енергија со што навечер има нагло зголемување на водотекот низ коритото на реката.

Од ЦУК веднаш биле контактирани дежурните во полициската станица Сарај од кои е побарано да се упатат на локацијата каде што се наоѓаат момчињата и ако се во можност согласно процедурите соодветно да интервенираат. Паралелно, бил воспоставен контакт и со Црвениот Крст кои информирале дека нивните тимови се волонтери и не се во можност соодветно да реагираат во овој случај.

Од страна на ЦУК е побарано од диспечерите во хидроцентралите да го намалат истекот на вода со што ќе се овозможи извлекувањето и спасувањето на момчињата.

Во меѓувреме од страна на тим на специјалните сили е направен еден обид со чамец да се спасат момчињата, но безуспешно заради брзата и силна вода во зголеменото корито на реката Треска.

Околу 23 часот од страна на дежурните служби во полициска станица Сарај е добиено известување дека по намалување на водостојот на реката, со помош на специјалните тимови на МВР и селаните од селото Грчец, момчињата безбедно се префрлени со чамец од другата страна на островот што гравитира кон селото Грчец.

По спасувањето на момчињата, ЦУК ги известил хидроелектраните „Козјак“ и „Матка“ непречено да произведуваат со производство на електрична енергија.

Тарчуловски се возеа на мотор, па имаа средба која ќе ја паметат засекогаш (ВИДЕО)

Пејачката Соња Турчуловска заедно со својот сопруг Јохан Тарчуловски одморот го поминуваат со возење на мотор низ Романија. И додека денеска уживале во природните убавини, неочекувано на патот забележале голема мечка како стои потпрена на банкината од патот.

Но, наместо да ја одминат и да се исплашат, Тарчуловски застанале и ја снимиле оваа несекојдневна средба со “дивиот ѕвер”.

Пејачката видеото го објави на своите профили на социјалните мрежи, а под видеото напиша:

„Мечето големо, кулира, а за нас неочекувана ситуација“.

Kривична за прилепчанец, нападнал полицаец

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Д.(23) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 19.05.2024 во Прилеп, полициски службеник бил физички нападнат откако ги забележал првопријавениот и Б.С. на плац од фабрика со две туби со течност – информираат од СВР Битола.

Лојалноста и поддршката се наградува! “Авто Контрол” Прилеп со ексклузивна наградна игра по повод 10-годишниот јубилеј на компанијата

Од мала занаетчиска работилница до една од најреспектираните компании во својата област. Компанијата “АВТО КОНТРОЛ” од Прилеп во месец мај годинава прослави 10 години постоење, еден вреден јубилеј кој го одбележаа бројни успеси, бројни примери за општествена одговорност и илјадници задоволни клиенти.

Токму во чест на тој јубилеј, компанијата приредува едно интересно изненадување за своите верни клиенти.

Станува збор за ексклузивна наградна игра која е во организација на Станицата за технички преглед, Техничката служба за хомологација и атест, како и Сервисот за возила при “Авто Контрол”, а право на учество ќе земат сите оние кои од 10 јули до 30 септември:

– извршиле технички преглед при регистрација на возило во станицата за технички преглед;

– добиле два идентични наградни купони кои содржат сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрацијата на возила;

– eдниот од наградните купони го оставиле во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во влезната просторија на компанијата – кај шалтерите

– вториот награден купон го чуваат кај себе како доказ за учество на наградната игра.

Еден среќен добитник ќе добие прекрасен ретро скутер oд марката Yuki Margherita 50 CC, како знак на неизмерна благодарност од компанијата за лојалноста и поддршката.

Извлекувањето на наградата ќе се изврши во вторник, 01.10.2024год., и ќе биде јавно спроведено од тричлена комисија, а видео материјалот ќе биде објавен на официјалната Фејсбук фан страна на компанијата.

-Ви благодариме што сте дел од нашата приказна и што ни ја укажувате вашата доверба, велат од “АВТО КОНТРОЛ”, а ние ви порачуваме дека и тоа како ВРЕДИ ДА СЕ УЧЕСТВУВА!

(ФОТО) 21-годишно момче од Прилеп загина во тешка сообраќајка во близина на Алинци – две други лица се повредени

На 08.07.2024 во 15.48 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, на излез од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од К.И.(58) од Кавадарци, патничко возило „рено 5“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(21) од Прилеп и патничко возило „рено меган“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(39) од Ресен.

На местото на несреќата од здобиените повреди починал С.С., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. Возачот на товарното возило К.И. и неговиот сопатник З.П.(48) од Кавадарци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Голем пожар избувна позади Противпожарната единица: Спасена позната прилепска фабрика

Рeгионалниот Центар за управување со кризи – Прилеп информира дека е локализиран опасен пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). Спасени се една фабрика и околни објекти во реон на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Преку 112 во ЦУК, добиен е повик за опасен пожар во Прилеп, а освен што координирале за негово гаснење, вработени од Регионалниот центар отишле и на лице мето. Горела сува трева, но, заради ветерот и близината на индустриски објекти, постоела голема опасност, пожарот да се прошири и да ја зафати фабриката „Орион инженеринг“, а и други околни објекти, велат од ЦУК.

Пожарот бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ – Прилеп, на коишто им се приклучиле и вработени од објектите во регионот.

– Противпожарната единица интервенирала со сите расположиви пожарникари и противпожарни возила, на кои им помагале и вработените од околните индустриски објекти. Пожарот прво е локализиран, а потоа почнало етапно да се дејствува на догасување на можните жаришта од коишто уште чадело и жарело, за да не дојде до повторно активирање на пожар, заради присутните ветер и жештина, додадоа од ЦУК.

Од огнените јазици зафатено било и едно противпожарно возило.

Николоски: Нема да дозволам 4,400 семејства од Пошта и Железници да останат без плата, но мора да се знае дека претходната власт ги потрошила сите пари

„Во мојот воведен говор искористив да кажам каква е состојбата во моментов во државата. Сакам да споделам неколку податоци за да ги знаете и вие. Буџетската дупка е огромна, трошоците се огромни, но тоа не значи дека нема да го реализираме она што го ветуваме и веќе со ребалансот на буџетот кој би требало да биде усвоен во Собранието до крајот на месец јули, а да биде поднесе веќе следната недела, планираме да доделиме 100 милиони евра помош за општините со пакетот за поддршка на општините кој што го ветивме кој што в година ќе биде 250 милиони евра затоа што ќе е цела година, а пензиите се зголемуваат за 5,000 денари како што ветивме и почнуваат од следниот месец со 2,500 денари и до март месец уште 2,500 денари така што 5,000 денари во една година како што ветивме“ кажа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на одбележувањето 34 години од основањето на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица и додаде:

„Во однос на состојбата можам само да кажам за мојот ресор, таа е финансиски катастрофална. Во моментов се бориме 4400 луѓе воопшто дали ќе можат да земат плата до крајот на годината. Се работи за вработените во Пошта, во Македонски железници Транспорт и Македонски железници Инфраструктура. За жал досегашните раководства ги потрошиле средствата за работа кои што требало да им бидат за 12 месеци, тие ги потрошиле за 6 месеци и во останатите 6 месеци се бориме дали воопшто овие вработени ќе земат плата. Навистина правиме над човечки напори со вработените во министерството за транспорт за да успееме да обезбедиме плата за овие вработени“ истакна Николоски.

Во однос на тоа дали вработените ќе земат плата и дали има некое решение Николоски кажа дека нема да дозволи 4,400 семејства да останат без приходи.

„Работиме со вработените во министерството за транспорт интензивно, но мора луѓето да ја знаат вистината а тоа е дека буџетите кои што ги добиле овие три јавни претпријатие досегашните раководства ги потрошиле за шест месеци, тоа е вистината. А секако јас нема да дозволам 4,400 семејства да останат без приходи но мора да ја знаат вистината“ истакна Николоски.