дома блог страница 655

НАЈГОЛЕМА ПОНУДА НА КЛИМА УРЕДИ! Вашиот ваучер искористете го во салоните на RiverSoft

Најтопло е со ваучер во салоните на RiverSoft.

Дојди и стопли се!

Ваучер кој грее. Топлина за ниска цена.

Погледнете ја целосната понуда на клима уреди ТУКА

Посетете ги салоните на RiverSoft или обратете се на телефоните:

📍 СТРУМИЦА
☎️ 034/340-020
📍 ШТИП
☎️ 075/398-649
📍 КОЧАНИ
☎️ 075/217-689
📍 КАВАДАРЦИ
☎️ 075/280-590
📍 ПРИЛЕП
☎️ 075/217-694
📍 КУМАНОВО
☎️ 075/274-064

Дополнителни информации на:
– mail: [email protected]
– Контакт центар: 15-051

ТИМОТ НА RiverSoft ВЕ ОЧЕКУВА!

Дефект во бунарските постројки, прилепски водовод со ново известување до граѓаните: Водата е пуштена на “перење”

Поради дефект на водоводна линија од бунарските постројки дојде до заматување на водата за пиење. Водата е пуштена на “перење” на испусти и количината на резидуален хлор се зголеми, секако во границите на дозволеното – информираа попладнево од Јавното комунално претпријатие Водовод и канализација Прилеп.

-Ве известуваме дека од 15ч бунарското построение е исклучено и градот се снабдува со вода за пиење од РИ Студенчица. Стручните служби се на терен и постојано ја мониторираат состојбата. Апелираме до граѓаните на град Прилеп за рационално користење на водата поради новонастанатата ситуација – стои во известувањето од ЈКП Водовод.

„Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти” – Храмот Св.Петка организира уште едно музичко уживање и ве кани да присуствувате!

Организационен одбор при храмот Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп, подготви ново музичко уживање за граѓаните, а со цел доизградба на овој црковен храм.

Во продолжение ја пренесуваме поканата:

-Со особено задоволство Ве покануваме на концертот „Поетот на клавишите: Шопен и младите таленти,“ кој ќе се одржи на 13 ноември (среда) во нашиот храм, со почеток во 19:00 часот.

Во оваа уникатна вечер ќе имаме чест да слушаме седуммина најдобри млади пијанисти од Државното музичко училиште во Битола, таленти од Прилеп и Битола кои веќе имаат остварено значајни успеси и признанија на бројни концерти и натпревари, претставувајќи ги со гордост нашите градови и нашата татковина, Македонија.

Под водство на своите професорки, д-р Татјана Божиновска, м-р Билјана Димовска и м-р Маја Божиновска, овие талентирани пијанисти го претставуваат најдоброто од младинскиот музички потенцијал на нашата земја. Нивниот беспрекорен труд, извонреден талент и посветеност на музиката ни овозможуваат уживање во креациите на Шопен и го оживуваат духот на пијаното на нашите простори.

Во прекрасниот и акустичен амбиент на храмот Света Петка, кој станува препознатлив не само како духовен ами и како културен центар, ве покануваме да присуствувате и заеднички да ги поддржиме овие млади виртуози. Вашето присуство и поддршка не само што ќе ја потврдат вредноста на нивниот труд, туку и ќе придонесат кон продолжување на ваквите духовни и културно-уметнички настани во иднина.
Срдачно ве очекуваме на оваа музичка вечер!

ПОТПИШАН ДОГОВОР! Нова германско-холандска инвестиција од 8,5 милиони евра и 200 нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски и сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел денеска потпишаа договори за државна помош за два одделни инвестициски проекти. Станува збор за компанијата Бреинчајлд, која е формирана како заедничко вложување на група инвеститори од Германија и Холандија, кои креираат глобален производител на висококвалитетна спортска опрема за спортови на вода и ветер.

Брендот Бреинчајлд во нашата држава има формирано две компании – Бреинчајлд Продукција во 2020 година и Бреинчајлд Производство во 2022 година.

-Можеме да објавиме нова инвестиција, која ја најавив пред неколку недели. Се работи за германско-холандска инвестиција која ги потврдува нашите напори за развивање на економијата и иновациите на пазарот, рече Мицкоски на денешната прес-конференција, по потпишување на договорите.

Тој информираше дека Бреинчајлд Продукција е компанија која се занимава во активности за истражување и развој на новите производи, преку користење на уникатни репроматеријали, а со цел добивање на специфичен материјал кој е потребен за производство на опремата за спортови на ветер и вода. Инвестицијата е лоцирана во Битола, во постоечки објект со големина од 1500 метри квадратни.

Инвестицискиот план, како што посочи, вклучува вложувања во адаптирање на лабораторија за истражување и развој и набавка на нова современа опрема и машини. Согласно деловниот план и договорот за државна помош, предвидено е компанијата да инвестира вкупен износ од најмалку 2.500.000 евра во период од пет години, при што се планирани околу 40-тина висококвалификувани нови работни места.

Бреинчајлд Производство е компанија која се занимава со сериското производство на опремата и елементите.

Мицкоски напомена дека планот на сопствениците е да изградат целосно нов објект со големина од 3000 метри квадратни во индустриската зона Жабени кај Битола и да вработат околу 200 лица. Според инвестицискиот план, почетокот на градбата се очекува да биде во 2025 година, а во текот на следните пет години да се заокружи инвестициски циклус од околу 8.500.000 евра.

-И покрај изградбата на новиот сопствен објект, целта на компанијата е да ја зачува и надградува постоечката лабораторија за развој на нови производи и производни процеси, како и за испитување и создавање на одржливи материјали, рече Мицкоски.

Тој додаде дека како дел од активностите за поврзување со локалната заедница, Бреинчајлд отвори специјализирана школа за шиење на напредни материјали која служи како своевиден тренинг центар за планираните активности на компанијата. Покрај тоа, брендот Бреинчајлд е силно посветен на одржлив и еколошки процес преку користење на рециклирани материјали како суровини и процеси кои елиминираат некои стандардни производни пракси штетни за околината.

-Продолжуваме понатаму да се бориме за секое работно место и секоја инвестиција која ќе биде поткрепа на економијата, додаде Мицкоски.

Сопственикот и менаџер на Бреинчајлд, Ралф Хенинг Гросел на прес-конференцијата денеска за заблагодари на Владата за поддршката, посочувајќи дека од денес почнуваат ново поглавје со кое ќе можат да ги исполнат зацртаните цели.

-Благодарам на Владата за поддршката. Со ова може да се реализира нашата визија за одржливи производи и компоненти за спорт. Од денес почнуваме ново поглавје и се надеваме дека ќе можеме да ги исполниме нашите зацртани цели, додаде Хенинг Гросел.

Земал мито од по 200 евра месечно од диви сечачи на шума

Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување на истражна постапка за продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик против службено лице – самостоен референт во ЈП „Национални шуми“ ПШС Беласица – Струмица.

-Во периодот од септември 2020 до ноември 2024 година, осомничениот директно барал подарок во паричен износ од неколку лица со цел да не изврши контроли кои морал да ги изврши. Со тоа на лицата им овозможувал да добиваат дозволи за селска сеча по повеќе пати и дрвната маса да ја продаваат на трети лица. За тоа од нив барал и добивал поткуп од по 200 евра месечно. Бил затекнат како прима поткуп од едно од лицата, кое по претходен телефонски договор требало да му исплати пари за да врши селска сеча на планината Огражден, соопштија од ОЈО Струмица.

По предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Претходно од МВР известија дека поднеле кривична пријава против Б.К.(39) од Струмица поради постоење на сомнение дека ги сторил погоре наведените кривични дела.

СН Групацијата сподели професионални искуства на Конференцијата “Техниката и Урбаниот Развој“

-Коференцијата претставува платформа каде што студентите од сите насоки електротехника, сообраќај, мехатроника и машинство не само што можат да ги покажат своите идеи, туку и да се запознаат со реална примена на знаењата и да воспостават врски со идните можности во реалниот сектор.

Конференцијата ТУР – Техниката и Урбаниот Развој, која се одржува традиционално по петти пат како студентска конференција во чест на Светскиот ден на науката, уште еднаш ја потврди својата клучна врска во поврзувањето на академската средина со реалниот бизнис сектор. Конференцијата започна од ентузијастичка идеја пред пет години на група студенти од Техничкиот факултет во Битола, а денес претставува платформа каде што студентите од сите насоки електротехника, сообраќај, мехатроника и машинство не само што можат да ги покажат своите идеи, туку и да се запознаат со реална примена на знаењата и да воспостават врски со идните можности во реалниот сектор.

Во тој контекст беа излагањата на претставници од Sigre – Мако Сигре и СН Групација со акцент на професионалните искуства на СН Сообраќаен Центар, кои преку сесијата одблиску ги запознаа студентите со техничките и деловните предизвици, како и на кој начин може да се поврзат научените достигнувања со праксата.

„Горда сум што го гледам растот и успехот на ТУР. Како еден од основачите на оваа конференција, која започна со презентирање на неколку различни трудови за да се создаде настан кој ќе го спои академскиот и деловниот свет, кое ќе биде вистинско место да ги покажеме нашите знаења и вештини. Како дел од бизнис секторот и како електроинженер во СН Сообраќаен Центар, со задоволство сведочам за важноста на оваа конференција.“– изјави Билјана Велјановска, како претставник на СН Групација и електро инженер во СН Сообраќаен центар во Битола.

Оваа конференција секоја година инспирира се повеќе млади, поттикнувајќи ги да ги развијат своите вештини и да придонесат за општествен напредок. ТУР е настан кој расте повеќе и добива на значење. Тој е вистински пример за важноста на соработката помеѓу образованието и индустријата, создавајќи можности за новите генерации инженери за да го применат теоретското знаење во пракса.

„Денес во својата работа, ја користам основата од знаењето кое го стекнав во предавалните на Техничкиот факултет. Во СН Сообраќајниот Центар не само што се вршиме технички преглед на возила, туку и издавање на Согласност на регистрација на возила од странство по извршена хомологација. Во текот на излагањето имав можност да ги запознаам студентите со историјата на хомологацијата во Македонија, која започна уште во 1991 година и која денес е во чекор новите светски регулативи за автономни и електрични возила.“– посочи Велјановска.

Како дел од конференцијата се организираше и онлајн сесија со студентите од Факултетот за електротехника во Скопје и предавање на професори од средното стручно училиште „Таки Даскало“ во Битола.

На овогодинешниот настан, организиран на денот што симболизира почит кон науката, 11. Ноември – Светскиот ден на науката, учествуваа студенти од Техничкиот Факултет во Битола со импресивни откритија како што се апликација за мерење на загаденоста на воздухот и зачувување на енергијата добиена од обновливи ресурси.

Втор сезонски триумф за футсал екипата на Победа – им дадоа 6 гола на гостите од Студеничани!

Фудбалерите на Победа го забележаа вториот есенски триумф во Втората футсал лига на Македонија. Во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески-Ричко”, победашите триумфираа со 6:4 над Каршијака, екипа од Студеничани.

Головите за прилепчани ги постигнаа: Андреј Паскоски, два гола постигна Стефан Спиркоски, а три пати прецизен беше Кристи Крајоски.

Победа сега има шест бода и е на делба на петтото место на табелата, каде дури шест екипи имаат исто бодовно салдо.

Во наредното коло, прилепчани гостуваат во Струга кај Енхалон.

Уапсени тројца битолчани! Во прилепско возило превезувале пушки, куршуми, делови за оружје…кои потекнуваат од кривично дело

-На 11.11.2024 во 18.45 часот во с.Маково, општина Новаци, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Ј.(35), И.П.(32) и Ф.К.(39), сите од Битола.

При преглед на патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Ф.К., биле пронајдени и одземени две пушки, околу 50 куршуми со различен калибар, како и делови за оружје и други метални предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицата се приведени во Полициска станица Битола и по документирање на настанот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци – информираат од МВР.

Си-Ен-Ен: Ова е новата секретарка на Трамп за внатрешна безбедност

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, наводно, ја назначил гувернерката на Јужна Дакота, Кристи Ноем за нов секретар за внатрешна безбедност, јавува денеска Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименувани извори.

Ноем, за која претходно се сметаше дека би можела да биде потпретседателка на Трамп, моментално го отслужува својот втор четиригодишен мандат како гувернер на Јужна Дакота по убедливата победа на изборите во 2022 година.

Таа стана позната на пошироката американска јавност откако одби да наметне задолжителна употреба на маски во Јужна Каролина за време на пандемијата на Ковид-19.

СВР Битола со превентивна активност „Слави со срце, не со оружје“ (ФОТО)

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (10.11.) реализирашe превентивни активности под мотото – „Слави со срце, не со оружје“.

Притоа, во централното подрачје на Крушево, полициски службеници со месното население разговараа околу опасностите од неовластено пукање со огнено оружје на разни свечености, како и за казнените мерки кои се предвидени за тие што неовластено ракуваат со огнено оружје, а исто така, им беше укажано и на опасностите кои произлегуваат од користењето на пиротехнички средства.

Исто така, за таа цел полициските службеници од ОВР Крушево при СВР Битола ги посетија и местата, односно локациите каде има поголеми собирања и разговараа со граѓаните, а беа поделени и летоци со едукативна содржина. Во централното градско подрачје на Битола, пак, полициските службеници од СВР Битола вчера и денеска продолжуваат со реализирањето на превентивни активности за побезбеден сообраќај.