дома блог страница 652

(ФОТО) Трагедија утрово кај Прилеп: Тројца загинати во страшна сообраќајка на патот Прилеп-Битола

Teшка сообраќајка утрово околу 7:30 часот се случи на патот Прилеп-Битола, пред индустриската зона, кога се судриле камион и две патнички возила.

Од сударот настанал пожар во товарното возило и во едно од патничките возила, при што неофицијалните информации говорат дека загинати се три лица кои се превезувале во едно од патничките возила.

Повеќе информации во текот на денот…

 

Концерт на ансамблот “МАКЕДОНИЈА” во Прилеп

По повод празникот, Денот на вооруженото востание 11-ти Октомври, во вторник (08.10), со почеток од 19:30ч. во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, концерт ќе одржи ансамблот “МАКЕДОНИЈА”.

Ансамблот МАКЕДОНИЈА е репрезент на македонската традиционална култура при Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.
Единствен во државата, од ваков тип, ансамблот работи со кадар – професионалци кои се едуцираат низ споменатите институции. Со него раководат врвни професионалци и стручен кадар од областа на традиционална игра, традиционалните инструменти и пеење.

Репертоарот на Ансамблот Македонија е категоризиран според орските и музичките стилски карактеристики обработувајќи сценски адаптации од сите играорни подрачја во Македонија: Западно; Југозападно; Јужно; Источно и Северно играорно подрачје. Орскиот репертоар или традиционалното играње се презентира преку обредната и соборската традиција како на пример:

Обредни содржини – Џамалари од Скопска Блатија; Божиќарќе од Гора; Машки обредни поворки за Водици од Мијаци, Мала Река; Лазарице од с. Луке; Лазарки од Дебар; Велигденски игри од Порече; Ѓурѓевен од Азот; Тешкото – Мијаци, Мала Река и др.

Соборски содржини – Ораовички собор од Радовишко Поле и Радовишки Шоплук; Овче Поле; Нашето село од Скопска Црна Гора; Каршијак – Скопска Блатија; Чангулово- Малешевија; Шетнала се Јана -Пијанец; Пустец – Долна Преспа; Буките и Поседница – Воден/Меглен и многу други.

Главно обележје на орскиот и музичкиот репертоар се сценско-уметнички сегменти од традиционалната културата како на Македонците, така и на останатите етноси во Македонија. Изоставена е секаква стилизирана форма, а на широката лепеза од сценски адаптации, би ги споменале: Нели си се наспало (помуслиманети Македонци) од Струшки Дримкол; К`на геџаси – Турци Јуруци; Мама ми купи шарени чорапи – Мегленски Власи; Заигрување на бајракот – Хламбура – Власи Карагуни; Ромска свадба од Скопје; Роми Лазарки- Битола и останати.

Репертоарот на Ансамблот Македонија работејќи во правец на веродостојно афирмирање на македонските традиционални вредности, негува и презентира повеќе музички стилови и тоа:

– традиционален оркестар од тапан, гајда, зурла, кавал, шупелка, сворче, двојанка, тамбура,ќемане,
– чалгиски оркестар од канон, ут, кларинет, виолина, дајре, тарабука, прим,
– плех оркестар од тапан с`с саан, грнета(кларинет), жута (труба), тарамблок (тарабука).

Изразно средство со голема важност е и вокалниот елемент, без кој играта не може да се замисли и опстане. Вокалниот репертоар на Ансамбл Македонија истражува и се интерпретира низ неколку категории негувајќи различни стилски карактеристики: традиционално едногласно, двогласно (бордунско) и трогласно (гртено) пеење поделено според обредната или соборската практика, како од селската така и од градската музичка традиција.

Кон ова би го припоиле и фактот дека посебен сценско – естетски белег оставаат и оригиналните облековни елементи – носиите, со повеќе од 5000 облековни елементи и над 150 комплетни носии од различни етнички предели на Македонија кои датираат од крајот на XIX век и почетокот на XX век (Скопска Блатија, Скопска Црна Гора, Средорек, Жеглигово, Славиште, Пијанец, Малешево, Радовишко и Струмичко Поле, Костурско, Воден/Меглен, Леринска Река и Леринско Поле, Мала Река, Долна Река, Горни и Долни Полог, Азот, Прилепско и Битолско Поле и др.)

Облековниот инвентар на Ансамблот Македонија се презентира и преку различни модни стилови карактеристични за историското минато на македонската култура. Модни стилови карактеристични за градските центри како ала Турка од крајот на XIX и поч. на XX век со турско-ориенталното влијание во облековната култура, како и ала Франга – западноевропскиот градски моден стил од почетокот на XX век. За сценско презентирање на селската традиционална култура, ансамблот располага и со автентични традиционални носии од различните етнички предели во Македонија, нагласени преку различни социјални атрибути и реквизити, прикажувајќи ги различните социјални статуси во културата на живеење.
Младите функционални, сестрани уметници – играорци, исполнители на народни инструменти и пејачи, достојно го претставуваат она што се нарекува минато, она што претставува духовна и материјална култура, она што претставува генетскиот код на еден народ.

Основната порака од концертите на македонските културни амбасадори може само да се почуствува и доживее. Ансмблот Македонија, е оформен 2012 година, и во краткиот временски период на активно творење реализираше голема турнеја во Јапонија во 2013 год,турнеји и гостувања во Холандија, Бугарија, Германија, Србија, Турција, Полска, Литванија како и голем број на концерти во повеќе градови во Македонија. Во изминатите седум години ансамблот има реализирано повеќе од 500 концертни активности низ Македонија и светот.

Награди:

• Гранд при награда на интернационален фоклорен фестива „The Podlasque“, Octave of cultures 2015.
• Специјална награда за негување и афирмирање на традиционалната музика на 42 – ри Фестивал на анродни инструменти и песни Пеце Атанасовски, Долнени.
• „ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ 2016 ГОДИНА“ доделено од Сојуз на стопански комори на Република Македонија.
• ГРАНД ПРИ НАГРАДА – X DANCE НАТПРЕВАР
• ПРИЗАНАНИЕ од Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип за Интернационална афирмација на универзитетот и македонската традиционална култура.

Прилепските девојки тргнуваат по медали на Балканското првенство во Скопје

После успешно завршените припреми организирани од боречката федерација на Македонија, прилепските борачки ја стартуваат мисијата BALKAN WRESTLING CHAMPIONSHIP SKOPJE 2024.

Марија Вејлноска, Ангела Трајкоска, Анабела Стојаноска и Тамара Цветкоска, се четирите девојки од Прилеп кои ќе ги бранаат боите на Македонија на Балканското првенство.

Во разговор со тренерите Теодора Димеска и Стојанче Тушески кои целиот процес на подготовки будно го следеа, се задоволни и се сигурни дека девојките се 100% подготвени и дека од 3. до 6. октомври ќе го дадаат свој максиум за во најдобро светло го претставаат македонското борење.

На нас останува само да им посакме среќа!

Приведена прилепчанка поради извршена кражба, одземеното вратено на сопственикот

-На 01.10.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари. Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Донатори ја помагаат прилепската болница – Нова вредна донација за детското одделение (ФОТО)

Уште една донација во детското одделение во прилепската болница. Се работи за фриждери, печатачи и електричен панел за греење кои им беа од голема потреба на одделението каде се згрижуваат најмладите пациенти. “НЕПТУН МАКЕДОНИЈА” како општествено одговорна компанија со оваа донација хуманоста ја докажува на дело!

-Како институција им се заблагодаруваме за тоа што помагаат во донесувањето на позитивни промени во здравството – велат од прилепската болница “Борка Талески”.

По првиот, следува уште еден скутер! Наградната игра во “АВТО КОНТРОЛ” Прилеп продолжува (ВИДЕО)

По првиот, следува уште еден скутер! Наградната игра во “АВТО КОНТРОЛ” продолжува!

Право на учество во наградната игра имаат сите клиенти на компанијата кои:

-Во времетраењето на наградната игра извршиле технички преглед при регистрација на возило во нашата станица за технички преглед;

-Добиле 2 (два) идентични наградни купона кои содржат единствен сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрација на возила на шалтерите во нашиот технички преглед;

-Едниот од наградните купони го оставиле во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во нашата влезна просторија со шалтери за клиенти за време на траењето на наградната игра;

– Вториот награден купон го чувале кај себе како доказ за учество во наградната игра. Во случај на извекување, вториот примерок од наградниот купон ќе треба да биде презентиран од страна на добитникот на наградата. ИЗВЕЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДАТА Извлекувањето на добитникот на наградата ќе се изврши во вторник на 01.03.2025 година.

Времето на извлекување ќе биде дополнително објавено на FACEBOOK страната на компанијата: https://www.facebook.com/AvtoKontrolPrilep

За потсетување, првиот скутер oд марката Yuki Margherita 50, во првото извлекување вчера, го доби Зеќирија Мустафоски од село Пласница.

Покрај главната награда, популарниот Бубо Каров – Цацко, извлече и повеќемина добитници на вредни ваучери:

-Добитници на ваучери за промена на масло и филтри на патничко возило:
1. Веселин Шаркоски, с. Обршани (108850)
2. Горан Рујаноски, Димче Бањарот 24, Прилеп (108736)
3. Тони Секулоски, В. Јанкулоски Стариот 7, Прилеп (110237)

-Добитници на ваучери за хемиско чистење на патничко возило:
1. Горан Јованоски, Панко Брашнаров 11, Прилеп (109164)
2. Дарко Николоски, Ладо Лапецот 27, Прилеп (108770)
3. РОМАН ДООЕЛ Прилеп, Илија Василески 12, Прилеп (108796)

-Добитници на рачен smart часовник:
1. Раде Димитриоски, Мечкин Камен 34, Прилеп (109832)
2. Јове Стојаноски, Василе Павлоски Џгуре 18, Прилеп (110380)
3. Благоја Стојаноски, Партизански Одреди 9, Прилеп (108997)

Учествувајте и вие во наградната игра! Тимот на АВТО КОНТРОЛ ве очекува!

Пожар утрово во општинската зграда во Прилеп! Вработените евакуирани, брзата интервенција на пожарната и техничкиот персонал спречи катастрофа (ВИДЕО)

Aларм за пожар утрово ги вознемири вработените во општина Прилеп, откако пожар изби во парниот котел, при што беше наредена општа евакуација од објектот.

Брзата интервенција на Противпожарната единица и присебноста на техничкиот персонал во општината, спречи поголема катастрофа и ширење на пожарот.

Според информациите со кои располагаме, едно вработено лице е пренесено на укажување медицинска помош, поради вдишување на чад.

Ексклузивно! Еве кои се предлози од Влада за директори во Тутунски Комбинат Прилеп

По неколку месеци очекување Владата ги доставила предлозите за извршни и неизвршни Директори во Тутунски комбинат.

Зоран Петрески актуелен директор на основно училиште, Александар Алексоски вработен во Гентерм и актуелен советник во Советот на општина Прилеп, Гоце Николоски и Сашко Велјановски.

Во исчекување сме на новиот генерален директор. Досега многу од директорите во комбинатот од минатото седнувале на обвинителна клупа и одлежувале долгогодишна казна затвор.

Инаку, се’ уште актуелен директор на прилепскиот комбинат е доскорешниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.

Прв академски час за новите бруцоши и на Економскиот факултет во Прилеп – Претседателката на Советот на општина Прилеп додели стипендии (ФОТО)

И во Економскиот факултет во Прилеп денеска се одржа првиот академски час за новите студенти.

На настанот беа доделени стипендиите коишто Факултетот ги обезбеди во соработка со бизнис секторот и Општина Прилеп, а бруцошите ги добија и своите индекси.

Свое обраќање на настанот имаше и претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, која им посака успешни студии на сите студенти – бруцоши, истакнувајќи ја важноста на образованието како основен двигател на развојот на општеството и економијата.

Витаминка го заслади првиот академски час на бруцошите (ФОТО)

-Денес е свечениот и важен ден за повеќе од 5000 студенти од нашата земја.Заедно со нив бевме дел од настанот „Добредојдовте Бруцоши – Прв Академски Час на УКИМ“, каде се дочекаа новите студенти, а ние им поделивме Loop колачи, за бескрајна среќа. Нашата компанија се заблагодарува на УКИМ за соработката, а на идните студенти им посакува успешна академска година – напишаа од компанијата на социјалните мрежи.