дома блог страница 640

Како што доликува! Светнаа споменикот и бистите на 12-те ваташки младинци во месноста Моклиште кај Кавадарци (ФОТО)

Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување на местото викано ,,12 Ваташки младинци’’, во месноста Моклиште. Поставени се нови енергетско ефикасни светилки со подобра илуминација.

-Се осветлија 12 бисти со 12 рефлектори поставени на земја и споменикот со дополнителни 8 рефлектори исто поставени на земја! Дел од тендерот за нови нисконапонски инсталации за улично осветлување, со вкупна вредност од 65 милиони денари! Кавадарци за сите – напиша градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев на социјалните мрежи.

Кој ќе го задржи Винисиус во сабота? Претходно на прилепчани им даде 17 голови!

Винисиус Де Соуза Мораеш е големото засилување на МРК Куманово сезонава и од него доаѓа најголемата опасност за противничките одбрани и голмани.

Десниот бек на кумановчани на претходниот натпревар постигна 17 голови против РК Прилеп, а од него се очекува најголема опасност и оваа сабота, кога РК Прилеп на домашен терен го пречекува Куманово.

За домаќините триумф на овој натпревар е императив, можност да се фати приклучок со екипите од горниот дел на табелата и да се заборави нерешениот резултат викендов против Пролет, каде прилепчани имаа водство и со 5 гола разлика.

Натпреварот се игра со почеток од 18:30часот во спортската сала на СОУ “Ристе Ристески – Ричко”.

Ќе најдат ли прилепчани “лек” за бразилскиот гол мајстор овојпат, останува да видиме…

Влегол со нож во куќа и ја ограбил сопственичката – Уапсен млад прилепчанец за разбојништво

-На 26.11.2024 во 04.30 часот во СВР Охрид бил задржан Б.Ј.(25) од Прилеп, кој претходно во Прилеп бил лишен од слобода од полициски службеници од Полициската станица Прилеп врз основа на распишан локален распис.

Тој се сомничи дека дека на 25.11.2024 извршил кривично дело „разбојништво“ во дом во Охрид, каде влегол преку отворен прозорец и со закана со остар предмет од сопственичката одзел пари и златни предмети.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Бојко Борисов се повлече: “Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава!”

Не сакам веќе да се занимавам со оваа разрушена држава. Категорично ја повлекувам кандидатурата. Чекаме премиер со еквидистанца.

Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој со олеснување ја повлекува својата кандидатура за премиер на Бугарија, јави БТА.

Борисов на прес-конференција, потенцираше дека веднаш ќе го врати мандатот кога ќе го добие.

– Ги добивме неопходните одговори и тие покажуваат дека во мене не гледаат добар лидер или премиер, објасни Борисов, осврнувајќи се на ставот на „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“. Тој истакна дека нема да се занимава со проблемите кои, како што рече, биле создадени во последните четири години.

– Говорат за премиер со политика на еквидистанца. Кажете го тоа име, јас сакам да се натпреварувам со него. Зошто не го ставија името на маса? Но никој не кажува кој е, нагласи Борисов.

Извршниот комитет на ГЕРБ вчера ја потврди претходното одлука дека лидерски преговори ќе се одржат само доколку се водат за формирање мнозинство и редовна влада.

Кузманоска продолжува и не запира за доброто на сите граѓани

Социјалната заштита има најголем удел во распределбата на буџетски средства за 2025, и тоа за цели 16,5 милијарди денари повеќе, во однос на 2024та. Јасен индикатор дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која ја предводи се грижи за најранливите граѓани, за оние на кои најмногу им е потребно, изјави Биљана Кузманоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се грижиме за најмладите. Со буџетот за идната година, на Министерството за социјална политика, демографија и млади, средствата за програмата „Детска заштита“ ќе им се зголеми за 17%, односно 460 милиони денари повеќе за нови проекти. Додека пак ставката 482, наречена „Други градежни објекти“ има зголемување за фрапантни 1570%.

Ова значи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе гради нови градинки. Ова значи дека се грижиме за семејствата, потенцира во изјавата.

„Се грижиме и за највозрасните преку проектирање на зголемена ставка за пензии од дури 16,6 проценти. Во денари, тоа е предвидено зголемување за дури 15 милијарди повеќе од годинава. Наредната година и пензионерите ќе го добијат ветеното зголемување на пензиите во износ од 2500 денари и заедно со претходното во октомври, 338.000 пензионери ќе добијат историски највисоко покачување од вкупно 5000 денари. Со ова, минималните пензии ќе се зголемат за 36%, а просечната пензија за цели 25%“, нотираше во изјавата Биљана Кузманоска.

-Се грижиме и за болните, за лицата со инвалидитет, како и за сите оние кои имаат потреба од социјална заштита, со досега рекордни средства за поддршка од државниот буџет, изјави Кузманоска.

Од полноќ поскапи горива

Цената на бензините и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар за литар, а дизелот поскапува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,7 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,029 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,737 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,489 отсто, кај дизелот за 3,554 и кај екстра лесното масло за 2,215 отсто, а кај мазутот има намалување за 2,312 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7524 отсто.

Вработена во прилепска градинка заработи кривична пријава – Упатувала закани кон своја колешка

-СВР Битола поднесе кривична пријава против В.И.(47) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 31.10.2024 во просториите на детска градинка во Прилеп, пријавената, вработена во градинката, по кратка расправија, упатувала закани кон друга вработена – информираат од СВР Битола.

Прилепчани секој ден снемуваат струја? Секој ден во одреден период во некое маало? Кој ќе ја надокнади штетата?

Социјалните мрежи вријат, прилепчани секојдневно се жалаат дека снемуваат електрична енергија, секој ден во некое маало, а во некои денови и во поголеми делови од градот.

Велат струја снемува редновно во изминатите две недели. Голем број граѓани се жалаат на прегорени телевизори и други апарати од бела техника.

Најмногу страдаат тие кои во овие студени денови се греат со клима уреди, а дома имаат мали деца.

Од ЕВН постојано информираат за дефекти и работа на терен во различни делови во градот, но граѓаните велат дека во изминатите две недели дефектите се зачестени, а во некои градски маала струја снемува речиси редовно во различни периоди од денот.

Граѓаните стравуваат што ќе прават во наредните месеци, кога температурите ќе паднат далеку под нулата, па веќе бараат алтернативи за затоплување на домовите.

Почина Владиката Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница.

Тимотеј изминатите неколку дена бил хоспитализиран поради сериозни проблеми со срцето. Неговото заминување е голема загуба за Македонската православна црква и за верниците, кои ќе го паметат како духовен лидер и посветен пастир.

Митрополит Тимотеј беше еден од најистакнатите претставници на МПЦ, познат по својата посветеност на православната вера и грижа за заедницата.

Информациите за последното испраќање ќе бидат соопштени дополнително.

Филмот “Убиј ги прво децата” во киното “Мис Стон” во Прилеп

Филмот „УБИЈ ги ПРВО ДЕЦАТА“ ќе се прикажува во кино Мис Стон, на 26.11.2024 – 19.00 часот. Влезници на билетарницата од киното
Понеделник и вторник од 10 до 12 .00 ч. и еден час пред почеток на проекцијата

Шармантен, младалачки, шизички, љубовен… филм кој прво ќе ви ја убие досадата (ако ја убиете прво мрзата и отидете да го погледнете). Урбана тема, гај ричиевски ритам, супер музика, одличен микс од професионални глумци и натуршчици, реплики за памтење. Ќе ве освежи!

Година: 2024
Режија: Димитар Оровчанец
Продукција: ТРИС ФИЛМС, ДМФ ФИЛМС
Времетраење: 106 минути

Во филмот играат Миа Жиро, Стефан Спасов, Мартин Ѓоргоски, Адриан Азири, Александар Ѓоргиески, Стефан Вујисиќ и други.
Камерата е на Владимир Самоиловски, дизајнер на продукција е Сашо Блажевски, костимите се на Ина Чолак, сценографија на Калина Игновска, монтажата на Софија Самоиловска, а музиката на Игор Василев-Новоградска.

„Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол кои се губат во најдлабоките лавиринти на криминалното подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

Филмот имаше светска премиера на 30. Филмски фестивал во Сараево, а го затвори 45. издание на Интернационалниот фестивал на камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ во Битола на септември.