дома блог страница 639

Комуналец го “потстрижи” и влезот во Прилеп (ФОТО)

По кружните текови, ЈКП Комуналец Прилеп денеска се пофали дека комуналните работници естетски ги обликуваат зимзелени растенија на влезот кај “Лук оил”.

-Со ова ќе се добие прегледност во сообраќајот, но и ќе се добие подобар визуелен изглед. Со кастрење комуналните работници ќе го продолжат и во текот на утрешниот ден, за што се замолуваат возачите за повнимателно возење – велат од комуналното претпријатие.

Ништо од набавката на половни возила во Водовод – “Наместо едно ново, сакавме за иста цена да купиме повеќе половни возила” (ВИДЕО)

Jавното комунално претпријатие Водовод и канализација Прилеп неодамна објави тендер за набавка на ДВЕ ТОВАРНИ ПОЛОВНИ ВОЗИЛА.

Во условите пишуваше дека на тендерот можат да учествуваат сите заинтересирани физички и правни лица, а потребно е понудените возила да не бидат постари од 13 години.

Исто така, од Водовод бараа заедно со возилата да биде испорачана соодветна опрема, како резервно тркало, дигалка, резервни сијалички…

Потенцирано беше и тоа возилата да не бидат ХАВАРИСАНИ и да немаат КОРОЗИЈА.

Меѓутоа јавната набавка за овие возила била поништена, а за тоа информираше директорот на ЈКП “Водовод и канализација” Прилеп, Игор Гулабоски, на вчерашната седница на Советот на општина Прилеп, која беше наменета за советнички прашања.

Според Гулабоски имало понуди од две фирми, а целта била наместо претпријатието да купува едно ново возило, за исти пари да добијат повеќе возила, но понудените цени не одговарале.

Неговиот одговор за ова прашање од советниците можете да го проследите од 59.минута во видеото во продолжение:

Мермерен комбинат АД Прилеп со вредна донација за Центарот за јавно здравје во Прилеп (ФОТО)

Мермерен комбинат АД Прилеп како општествено одговорна компанија која многу пати досега покажала дека се грижи за здравјето на граѓаните, денес во ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп донираше опрема и апаратура за санитарно- хемиската и микробиолошката лабараторија. Донацијата се состои од: турбидиметар, мултиметар односно мултифункционален апарат што претставува кондуктометар и PH метар како и дестилатор и мини центрифуга.

“Изразувам голема благодарност до менаџерскиот тим на Мермерен комбинат АД Прилеп затоа што со оваа донација ќе се подобри функционирањето на веќе воспоставениот систем за управување со квалитет согласно стандардот ISO 17025 во однос на контролата на испитување, безбедноста и исправноста на водата за пиење а со тоа и подобра и поквалитетна здравствена заштита на граѓаните”, истакна Др. Горан Кузевски специјалист епидемиолог и директор на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп.

Донацијата од прилепскиот гигант ја предаде генералниот директор, Василис Анагносту, кој притоа порача:

-Среќен сум што денеска објавувам донација на Мермерен комбинат за Центарот за јавно здравје Прилеп на опрема за контрола на квалитетот на водата. Потрошувачката на чиста, безбедна вода во нашата заедница е од витално значење. Кога Мермерен комбинат го доби барањето за донација за мониторинг уреди кои обезбедуваат квалитет на водата веднаш одговори позитивно. Мермерен комбинат има долга историја и ќе продолжи да ја подржува локалната заедница признавајќи ја нејзината општествена одговорност. Сакам да им се заблагодарам на директорот и вработените во ЦЈЗ Прилеп за соработката и за давањето на професионална здравствена услуга – истакна генералниот директор на Мермерен комбинат АД Прилеп.

Маркукуле праша, граѓаните одговорија: На градскиот пазар му фалат многу работи – нов кров, добар менаџер, хигиена, движењето е тешко…

Преку нашата Фејсбук фан страна спроведовме анкета, за тоа што мислат граѓаните и пазарџиите за функционирањето и недостатоците на градскиот пазар во Прилеп.

Одговорите се најразлични. Граѓаните сметаат дека на градскиот пазар му недостасуваат покрив, фотоволтаици и затоплување во текот на зимата, поголема хигиена, добар менаџер, како и подобар распоред на тезгите за да се овозможи полесно движење на купувачите.

Други сметаат дека на пазарот му недостасува НАРОД, односно велат дека градот е во значителна мера иселен.

Коментарите можете да ги проследите на линкот во продолжение:

После анкетата со свои пораки се јавија и дел од пазарџиите, кои испратија и фотографии од условите за работа во пазарот.

Од фотографиите се гледа дека кровната конструкција наместа се распаѓа, па итно се потребни поправки.

СЕКОЈА ЧЕСТ! Во крајна фаза е изградбата на скијачкиот центар во Михајлово! Кавадарци секојдневно се развива!

Наскоро ги очекуваме сите вљубеници на скијањето, во Михајлово, за заедно да го прославиме почетокот на оваа зимска сезона – напиша на ФБ градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Имено, веќе се во завршна фаза активностите за изградба на скијачкиот центар во Михајлово! Деновиве следува монтажа на геоплатно и церада за акумулација на вода за вештачки снег со капацитет од 3200 м3 – стои во објавата.

Инаку, овој скијачки центар ќе располага со:

❄️Ски лифт во должина од 370 метри и капацитет од 600 лица на 1 час
❄️Скијачки појас со капацитет од 800 лица
❄️Четири сезонски вртелешки
❄️Мобилна пумпа
❄️Црево со висок притисок 5 броја по 20 метри мах 20 бар
❄️Филтри 4 броја
❄️Хидрант 4 броја
❄️Снежни топови 2 броја
❄️Заштитна мрежа 20 броја

Комплетната опрема е во фаза на изработка од страна на полска компанија, која се очекува доколку дозволат временските услови да се монтира на крајот на овој месец. Инвестицијата вредна околу 240 илјади евра е донација, дел од Кожувчанка, дел од Комерцијална банка, додека градежните активности се донација од општествено одговорната компанија ЈА-МИ во висина од 50.000 евра.

Денеска се празнува Св. Апостол Филип: Честит именден на сите славеници!

На денешен ден православните верници го празнуваат светиот апостол Филип, еден од дванаесетте апостоли и светец кој можел да ја смири змијата и да го врати видот на луѓето.

Празникот на Светиот апостол Филип е познат и по покладите пред Божиќниот пост, па понекогаш се нарекува и „Филипов пост“.

Светото писмо вели дека Филип од Витсаида бил повикан од Исус да му се придружи и да му биде ученик. Филип го примил светиот дух и тргнал да го проповеда Евангелието со Јован Боголсов и апостолот Вартоломеј низ Азија и Грција.

Господ ги чувал а тие исцелувале луѓе и на многу неверници им ја вратиле верата. Во времето на царот Доментијан , 86 година овие апостоли во Јерополе умртвиле со своите молитви огромна змија која неверниците ја обожавале и држеле во храм. Потоа му го вратиле видот на човек кој бил слеп 40 години.

Со своите чуда предизвикале бес кај неверниците кои ги распнале на крст. Тогаш страшен земјотрес ја отворил земјата и ги проголтала судијата и луѓето околу него. Исплашените луѓе се стрчале да ги спасат мачениците од крстот, Вартоломеј успеале, но за апостол Филип веќе било доцна.

Во последните моменти на овоземскиот живот Филип го молел Бога за оние кои го распнале на крст и за неверниците.

Господ ги услишил неговите молитиви, и веднаш и наредил на земјата проголтаните луѓе да ги извади живи, освен судијата и змиските врачари.

Неговите мошти се пренесени подоцна во Рим.

Верувања за овој ден …

Овој ден го следат обичаи чија цел е да заштита од зли духови.

Димитар Матов забележал обичаи во Велес според кои на денот Свети Филип (14. XI. с.с.) се врзува устата на волкот. Тоа се правело со гребните кои се затворале и така останувале цела недела, за да му е затворена и устата на волкот. Д. Матов сведочи дека на овој ден се правеле и магии со кои од туѓите овци се земало млекото преку летото.

Маестралните кулинарски мајстории на “АНА МАРИЈА ФУД” од денеска и во строгиот центар на Прилеп

Маестралните кулинарски мајстории на “АНА МАРИЈА ФУД” од денеска на прилепчани ќе им бидат достапни и во центарот на градот.

На обострано задоволство, “ФУТУРА” маркети и “АНА МАРИЈА ФУД” ве информираат дека во Футура маркет бр.10 во центарот на градот, во просторот на поранешен КАМ маркет, на паркингот кај кружниот тек “Карпалак”, од денеска, 27.11., вкусно приготвените јадења од кујната на старите мајстори ќе бидат достапни и тука за купувачите.

Една убава идеја која со сигурност ќе значи премногу за сите граѓани. Уживајте во гурманските мајстории на “АНА МАРИЈА ФУД”. Посетете ги уште денеска!

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Од почетокт на следната година општините да започнат да подготвуваат проекти за инфраструктура што ќе се финансираат од новиот пакет од 250 милиони евра, подршка за општините, порача вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој истакна дека од владината подршка од 100 милиони евра, голем дел од општините веќе распишале тендери за поднесените проекти и се очекува истите уште од следниот месец да започнат да се реализираат.

-Најголем дел од општниите кои што добија средства од Владата и тоа најголем дел преку министерството за транспорт веќе ги распишаа јавните набавки и тие се активни во овој момент. Очекуваме на почетокот на декември да имаат избрано изведувачи и доколку не послужи времето да почнат и во декември да работат.

Гледате дека воведуваме иновативни методи за работа, на пример на автопатот Охрид – Кичево ќе се работи цела зима преку таканаречено зимско асфалтирање. Така што со слични иновативни методи очекувам и општините во текот на зимата да работат и да се гледаат брзо резултатите, а веќе од јануари да се подготват за еден голем пакет од 250 милиони евра за проекти, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

(ФОТО) Прилеп се гуши во ѓубре – граѓаните бараат почесто одлагање на отпадот!

Полни контејнери, расфрлан отпад наоколу од бездомни животни, оставени ќеси со отпад од граѓани поради тоа што нема каде да го фрлат ѓубрето. Ова е честа слика во Прилеп, а причината за тоа е што Јавното комунално претпријатие “Комуналец” нередовно си ја врши работата за која зема пари од граѓаните.

Прилепчани бараат отпадот да се собира почесто, велат дека денеска не е како порано, нема производ кој не е запакуван, па поради тоа се семејствата фрлаат повеќе ѓубре.

Граѓаните бараат Комуналец почесто да ги празни контејнерите, да се ревидира годишната програма за собирање отпад и јавното претпријатие да не се базира на програми од пред 5 или 10 години.

Покрај тоа граѓаните реагираат и на дотраеноста на контејнерите и возниот парк на Комуналец. Велат дека камионите се корозирани и испуштаат флуиди, кои потоа со денови им ги засмрдуваат улиците.

За 10 дена започнува фудбалското шоу во Прилеп – Турнирот во мал фудбал Св. Никола оваа година во две школски сали

На 6. декември ќе започне најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024” во Прилеп. Натпреварите ќе се играат во две спортски сали, сениорските во СОУ “Ристе Ристески -Ричко”, а помалите категории ќе играат во ООУ “Добре Јованоски”.

Oрганизаторите се’ уште ги немаат објавено сите детали, за тоа колку екипи ќе земат учество на турнирот, и кои ќе бидат сумите за паричните награди за најдобрите.

На официјалната Фејсбук страна на турнирот пишува само дека деталите ќе бидат познати наскоро.

Како потсетување, минатата година екипата на Теа Андреа/Хајв кафе го освои првото место, второрангирани беа АСП ПАК, а третото место го освои Компанија Атанасовски.