дома блог страница 641

Човек машина! Пред три недели беше на операција, сега ќе игра на Вимблдон – Новак го доби првиот противник

Денеска беше извршена ждрепката за првото коло на Вимблдон, а дел од неа беше и Новак Ѓоковиќ што е потврда дека тој е решен да настапи и на овој грен-слем турнир.

Прв противник на Ѓоковиќ ќе му биде чешкиот тенисер Вит Коприва. Се работи за 27-годишен играч кој во моментов е на 123. место на АТП листата. Негово најголемо достигнување е токму ова, пласман во првата рунда на Вимблдон.

Според проекцијата прв сериозен тест за Ѓоковиќ би бил во четвртото коло кога за противник би можел да има некој од Руне и Качанов. Во четвртфиналето ако нема изненадувања би добил некој од Хуркач, Де Минор и Алиасим, а во полуфиналето некој од Зверев, Рубљов или Циципас.

https://x.com/TheTennisLetter/status/1806627091427066129

Ѓоковиќ е втор носител на овогодинешното издание на Вимблдон, Синер е прв. Турнирот се игра од 1. до 14. јули.

Синоќа локализиран пожарот во Задград: Постоеше опасност пожарот да се доближи до манастирот Трескавец

Големиот пожар кој вчера рано утрото се појави во областа Задград во Прилеп, е ставен под контрола – информираат од општина Прилеп.

-Доцна синоќа беше одржан кризен штаб на кој се разговараше за пожарот кај местото викано Задград и опасноста тој да се приближи кон манастирот Трескавец.

На оваа средба, покрај градоначалникот, присуствуваа и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и претставници од ТППЕ Прилеп.

Пожарот е локализиран и во моментов манастирот не е загрозен, додека на терен постојано има дежурни тимови на ТППЕ Прилеп.

Општина Прилеп, превентивно, испрати барање до ЦУК за воздушна поддршка во случај на влошување на ситуацијата и засилување на пожарот.

Ги известуваме сите граѓани дека во моментов пожарот е локализиран и нема опасност по објектите во близина на местото на пожарот и по манастирот Трескавец. – стои во соопштението.

Не еден, Прилеп добива двајца заменици министри?

По објавувањето на првите одлуки на новата Влада, се очекува следен чекор да биде избор на замениците министри. Според информациите, нивните имиња официјално ќе бидат познати идната недела, кога се очекува да влезат во Собранието.

Според информациите до кои дојде пак “ТВ 24”, Прилеп ќе добие две имиња кои ќе извшуваат заменички министерски места.

Во листата која ја објави телевизијата се споменуваат екс градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, кој се очекува да биде заменик министер за економија и труд, додека пак екс пратеничката Ане Лашкоска, би требало да седне во заменичкото министерско место во Министерството за екологија.

Останатите имиња погледнете ги ТУКА

Прилеп спремај проекти: Владата става на раполагање 250 милиони евра

Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој. Имав работен состанок со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за локална самоуправа Златко Перински, каде што го утврдивме начинот на распределба на средствата за општините. По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец, објави на својата Фејсбук страница премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски.

-Ден 7-ми: Решение за 250 милиони евра за развој и капитални проекти на општините.

Ветивме развој на општините и сега го остваруваме тоа преку обезбедување на 250 милиони евра за инфраструктурен развој.

Имав работен состанок со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и министерот за локална самоуправа Златко Перински, каде што го утврдивме начинот на распределба на средствата за општините. По ребалансот и одлуката на Владата кон крајот на идниот месец,

Министерството за локална самоуправа ќе објави повик до сите општини да аплицираат за овие средства. Средствата се наменети за капитални инвестиции, вклучувајќи училишта, градинки, водоводи, канализации и патна инфраструктура.

На овој начин, реално го подобруваме животот на граѓаните и ја ставаме државата во функција на нивните потреби.

Време е државата да направи повеќе за секој еден граѓанин. Со целата енергија работиме на реализација на ветеното.

Исполнуваме!

За тебе!, пишува во својата објава премиерот Мицкоски.

Tројца малолетници натепале свој врсник во 3 часот по полноќ во Прилеп

На 29.06.2024 во 21.45 часот во Полициската станица Прилеп Б.М.(49) од Прилеп пријавил дека околу 03.00 часот во Прилеп неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Популарниот Кони не запира: Оствари историска победа за Прилеп на голема меѓународна трка во Србија (Фото/Видео)

По 24. пат денеска во општина Шид, се возеше најстариот српски “класик”, меѓународната велосипедска трка “По улиците на Сава Шумановиќ”.

На трката учество зедоја над 300 натпреварувачи од Македонија, Србија, Унгарија, Република Српска, Бугарија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а тука беа и велосипедистите на “Илинден” од Прилеп.

Во конкуренција на кадети, Константин Костоски оствари историска победа за Прилеп. Популарниот Кони кој сезонава во Македонија има три победи од три трки, е на вистински пат да стане македонски спортски амбасадор.

Да му честитаме и да му посакаме уште поголеми успеси во иднина!

Панчевски одличен: Кога ќе одговараат велепредавниците? (ВИДЕО)

Кривичен законик или празно слово на хартија и инструмент за политички пазарлуци.

Погледнете во продолжение за што станува збор:

Да помогнеме кој колку може! Трајче и Горица Темелкоски од Прилеп бараат помош од сите хумани граѓани да го обноват својот дом!

Во пожар кој ноќта на 21 јуни изби во куќа на ул. „Мариовска“ во населбата “Рид” во Прилеп, опожарени беа две куќи, но на Трајче и Горица Темелкоски не им остана речиси ништо од нивниот дом.

Семејството не е во можност целосно да ја санира штетата од пожарот и моли за помош од сите хумани граѓани, кој колку може да помогне во обновување на нивниот дом.

Сите граѓани кои се во можност можат да донираат на следната трансакциска сметка: 320500032982115 на име на Трајче Темелкоски.

Света Архиерејска Литургија во Битола: Канонизирана преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска (ФОТО/ВИДЕО)

Во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче и во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола, викедов со свечени богослужби ќе биде канонизирана преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.

Свеченото вбројување на преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска во диптихот на светителите и исповедниците, започна во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, Демирхисарско, каде што вчера беше отслужена Вечерна богослужба. Моштите на света Стефанида се наоѓаат во манастирот „Св. Јован Претеча“, Слепче, а сестринството на овој манастир ја наслика иконата на оваа новопројавена Божја угодничка и го состави нејзиното житие.

Денеска пак во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“, во Битола, беше отслужена богослужба во 7 часот, а во продолжение и Света архијерејска литургија, на која беше објавена одлуката на САС на МПЦ-ОА, за впишување на Светата преподобномаченичка Стефанида Битолско-Скадарска во списокот на Светите.

Прилепчани падале во лошо друштво: Фатени со дрога заедно со поголема група во велешко

Во периодот од 22.30 часот на 29.06. до 01.20 часот на 30.06.2024, за време на одржување на забава на место викано „Бабуна“, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Ф.И.(33) од Прилеп, И.Ш. (31) од Прилеп, Д.С. (22) од Пробиштип, Б.Б.(51) од село Василево, струмичко, С.А.(22) од Скопје, П.Т.(21) од Велес и С.М.(38) од Велес.

При преглед кај лицата биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци – информираат од МВР.