дома блог страница 628

Атрактивната Теа Таировиќ ги распамети прилепчани (ВИДЕО)

Во петокот на стадионот во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп, свој спектакуларен концерт имаше најатрактивната пејачка од Србија во моментов, Теа Таировиќ.

Концертот предизвика огромен интерес кај прилепчани, но и во соседните градови, па на сатиоднот на Могила вриеше како во кошница.

А имаше и зошто, атрактивната пејачка ја загреа атмосферата до максимум со својот сценски настап, а присутните пееје заедно со нејзе од почетокот до самиот крај на концертот.

117 години од најепохалната битка после Илинденското вocтание – Битката на НОЖОТ кај прилепско Ракле

На денешен ден пред 117 години се одиграла најголема и нajkpвавата битка во периодот после Илинденското вocтание, Битката на Ножот.

На 14 јули 1907, на вториот ден по Петровден, по долга бopба со турскиот аскер на Ножот во близина на прилепското село Ракле, откако ја потрошуваат целата мунициja, пpeocтанатите живи комити легнале врз последните бомби и заеднички се caмоyбиле.

Нивната жpтва и сликите од битката одекнале насекаде во светот.

ЗА БИТКАТА НА НОЖОТ:

По Илинденското востание бугарската, српската и грчката вооружена пропаганда во Македонија се засилуваат. На Рилскиот конгрес што се одржал во септември 1905 година е донесено решение да им се даде решителен отпор.

Од средината на мај 1907 година четата на Тане Николов е по должината на планината Бабуна, а од месец јуни и 50-члената чета на Михаил Чеков и 30-члената костурска чета на Христо Цветков.

На четата на Тане Николов се приклучува и прилепскиот околиски војвода и член на окружниот комитет Петар Ацев. Кон нив се упатуваат и четите на Иван Наумов и една прилепска реонска чета на чело со Мирче Најденов.

Во регионот се концентрираат вкупно нешто повеќе од 150 комити и скоро 150 лица селска полиција од околните села. Главна цел на Обединетата чета под водство на Тане Николов е чистење на селата во Бабуна планина од србоманските шпиони и конечно уништување на српската пропаганда.

Србоманите од своја страна испраќаат агенти во Битола, Прилеп, Воден, Лерин, Тиквеш и Велес за да ги предадат на турските власти македонските чети во селото Никодин. По 10 јули турските војници се распоредуваат во целиот регион.

Донесено е решение главнината да се подели на неколку помали чети, кои заземат позиции околу Никодин. Распределбата е на следниов начин: едно одделение од 40 лица зазема позиција над самото село, друго одделение од 100 лица, кое го сочинуваат главниот дел од комитските сили, се распоредува на падините помеѓу село Никодин и село Содржи. Трета единица од 45 лица од Костурската чета (30 луѓе) на чело со Христо Цветков и комити од четите на Михаил Чеков и Мирче Најдов зазема позиција на скалата Ножот над селото, другите две групи (од 8 лица) комити на чело со локалните војводи Секула Ораовдолски и Велко Попадиски се сместуваат под планината Асенова глава каде треба да го чуваат патот меѓу селото Никодин и село Владиловци, последната група се состои од четите на Тане Николов и Петар Ацев, заедно со селската полиција се височината Попадиските чукари.

На 13 јули војводите се собираат на совет. И покрај одлуката на прилепскиот градски окружен комитет четите да се повлечат, војводите одбиваат и се подготвуваат за отпор на турскиот аскер.

Според комитата Крсте Јанчески, Тано Николов бил присутен во подножјето на Ножот, каде заедно со војводскиот совет во чиј состав биле и Михаил Чаков, Христо Цветков, Петре Ацев и други, решиле да го избегнат судрувањето со турската војска. Пратиле курири да им соопштат истото на 54 четници кои ја завзеле позицијата Ножот предводени од Атанас Попов од Шестово, дека треба да се повлечат, на што овие момци им одговориле, дека таа одлука нема да им ја почитуваат и дека тука дошле да се борат и да загинат достоинствено.

Утрото на 14 јули турски аскер се насочува кон врвот Ножот со цел да го опколи комитите, a друга група турски војници од исток отвора оган во главната команда.

Комитите кои се наоѓаат на Ножот, отвораат оган по турскиот аскер. 18 комити се искачуваат и ги заземаат североисточните падини на самиот врв. Нивната позиција не им дозволува да гледаат што се случува на другите падини. Турските сили почнале да заземаат позиции околу самиот врв и да го обиколуваат.

До пладне пристигнуваат нови турски единици на чело на Енвер бег. Турска чета ги напаѓа другите 18 млади луѓе на североисточните падини, притиснати и од исток од аскер, сите паѓаат убиени, што го отвора патот за силен напад на Ножот.

Со 7 бомби четниците на Ножот се самоубиле. Четата на врв Асенова глава ги одбива нападите од село Смиловци и се повлекува. Четите на Михаил Чеков и Велко Апостолов – Попадиски се повлекуваат од Попадиската река во правец на село Подлес.

Со падот на ноќта четите се повлекуваат и турските војници им ја губат трагата. Во следните неколку дена аскерот наоѓа и убива неколку изгубени и повредени четници.

Вкупниот број на загинатите комити во областа на планината Ножот е 67. Од нив 45 загинуваат на самиот врв, други 10 се убиени во подножјето на планината Асенова глава, 6 лица паѓаат при повлекувањето од врвот, 1 е убиен на Мирчовата ледина, 4 комити се опколени во една плевна – двајцата се убиени, а другите двајца (повредени од претходниот ден) се изгорени живи, еден фатен комита е обесен по два дена во Велес.

По заземањето на Ножот, Турците се изживуваат врз загинатите комити, но Енвер бег го запира сето тоа и наредува почесен закоп во чест на храбрите борци. Телата на комитите по негова наредба се закопани во близина на врвот од локалните селани. Поради каменестата почва и недостатокот на земја тие се затрупани со камења и долго потоа делови од телата на комитите се разнасувани низ околината од диви животни и кучиња.

Прилепчанец и жител од Бонче се степале на градскиот плоштад “Ченто”

На 13.07.2024 во 18.50 час во ОВР Прилеп било пријавено дека на плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп, В.В. од с. Бонче, прилепско и П.Т.од Прилеп го нарушиле јавниот ред и мир по чл.11 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир при што по документирање на настанот против истите ќе следува соодветен поднесок – информираат од СВР Битола.

Обид за атентат врз поранешниот американски претседател, Трамп (ВИДЕО)

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп околу пет минути откако го почна говорот на вчерашниот предизборниот митинг во Батлер, Пенсилванија, се слушнаа неколку истрели, а тој го држеше десното уво кога агентите на Тајната служба се упатија кон бината и го легнаа под бината, штитејќи го со своите тела.

Агентите на Тајната служба го одведоа Трамп на сигурно, а на неговото десно уво беа видливи траги од крв.

Трамп подоцна изјави дека куршум го погодил во горниот дел десното уво.

Пукањето врз Трамп ќе се истражува како обид за атентат врз поранешен претседател.

Медиумите објавија различни информации за бројот на жртви и за позицијата од каде е пукано врз поранешниот претседател на САД.

Еј-би-си њуз (ABC News) јави дека најверојатно врз Трамп е пукано со снајер, од висока зграда во близина. Првично беше објавено дека напаѓачот со снајперски оган бил убиен од тим на Тајната служба.

Подоцна, Еј-би-си њуз јави дека напаѓачот истрелал дури осум куршуми од пушка АР 15, од кров на зграда во близина каде што се одржуваше митингот, но оддалечена од 200 до 300 метри (50 стопи).

Британскиот Би-би-си (BBC) објави изјава на очевидец, кој тврди дека видел човек со пушка како се качува на кровот на зградата и оти веднаш ја известил полицијата.

Забележавме како еден човек се качува на кровот на зградата оддалечена од нас околу 50 стопи. Имаше пушка, јасно го видовме него и пушката. Помислив зошто Трамп сè уште зборува, зошто не е тргнат од бината? Следно што слушнав е пет истрели, изјави очевидецот Грег за Би-би-си.

Медиумите објавија различни податоци за бројот на жртвите, иако сите се согласуваат дека напаѓачот е убиен од Тајната служба. Си-ен-ен (CNN) јави дека загинале најмалку две лица кои присуствувале на митингот, а еден е потешко повреден.

Според Асошијетед прес (Associated Press) напаѓачот, кој беше убиен од американската Тајна служба, не би учеснил на митингот.

Исто така медиумите различно јавија за повредата на Трамп. Според тврдеата на поранешниот американски претседател, куршумот го погодил во десното уво, но според известувачите од митингот, куршум погодил стаклена чаша со вода, а Трамп е повреден од искршеното стакло.

Драма синоќа низ улиците на Прилеп: Полицијата го застанала, а тој го стартувал возилото и ги повредил службениците

На 12.07.2024 околу 16.00 часот во Прилеп, на крстосница на ул. „Прилепски бранители“ и булевар „Гоце Делчев“ полициски службеници запреле патничко моторно возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.Н. од Прилеп, но кога се приближиле до возилото, Д.Н. го стартувал возилото и при тоа ги повлекол двајцата полициски службеници, при што им нанел телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

(ФОТО) Се уништува шумата над вештачкото езеро во Прилеп – МВР на потег, ова е безобразие!

Дрвокрадците во Прилеп удрија и по боровата шума кај вештачкото езеро. Малку им беше пустошењето на дабот и буката, сега на ред дојде и борот.

Пресечени се еден куп стебла во делот од шумата над езерото, а лудилото на пустошење не престанува. Проблемот со дрвокрадството во Прилеп е рак рана со години и никој досега не успеа да стави крај.

Граѓаните постојано фотографираат и снимаат импровизирани автомобили и запрежни коли како натоварени слегуваат по патот кај вештачкото езеро, но ниту една власт досега не најде начин да им се спротивстави на дрвокрадците и да воведе строги контроли и патроли.

Познати учесниците на деветтиот по ред меморијален ракометен турнир “Миле Нешкоски”

Тимот на РК Прилеп ја продолжува традицијата и ова лето ќе го организира меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.

Ова лето ќе се одржи деветтото издание на турнирот посветен на прилепската легенда со учество на домашни и странски екипи.

Од клубот информираа дека годинешното издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе се одржи во периодот од 29.08 до 01.09.2024.

Во првите два дена како и секогаш ќе бидат одиграни натпреварите по групи, додека на последниот ден ќе се игра за пласман.

Организаторите веќе ги објавија имињата на клубовите учесници, каде покрај домаќинот РК Прилеп, ќе настапат: РК Врање, ГРК Охрид, ГРК Тиквеш, РК Куманово и Еурфарм Пелистер 2.

Во ланското издание победник на турнирот втор пат по ред беше екипата на Дубочица од Србија.

Свадбените спомени се бесценети: 9 причини зошто тоа е така!

Свадбените спомени се навистина бесценети и можат да донесат радост и топлина во нашите срца во годините што доаѓаат.

Еве неколку причини зошто свадбените спомени се толку посебни:

Незаборавни моменти: Свадбите се исполнети со уникатни и незаборавни моменти кои се прилагодени на љубовната приказна на парот.

Емоционално значење: Свадбите предизвикуваат силни емоции, од радост и среќа до солзи радосници и благодарност. Овие емоции создаваат траен впечаток во нашите срца, правејќи ги спомените уште поскапоцени.

Семејството и пријателите собрани заедно: Свадбите ги зближуваат саканите, создавајќи чувство на заедница и блискост. Овие спомени не се посебни само за парот, туку и за нивните пријатели и семејството кои учествуваат во прославата.

Трајно влијание: Свадбените спомени можат да ги обликуваат нашите перспективи за љубовта, врските и посветеноста. Тие можат да не инспирираат да ги негуваме нашите сопствени односи и да создаваме трајни врски со нашите сакани.

Безвременски: Свадбените фотографии, видеа и спомени може да се чуваат за генерациите што доаѓаат, обезбедувајќи опиплива врска со минатото.

Емоционална носталгија: Додека се навраќаме на нашите свадбени спомени, се потсетуваме на среќата, возбудата и љубовта што не опкружуваа на тој посебен ден.

Прослава на љубовта: Свадбите се прослава на љубовта на парот еден кон друг, што е прекрасен потсетник дека љубовта е моќна сила што може да ги зближи луѓето.

Создавање нови традиции: Свадбените спомени често стануваат дел од новите семејни традиции, кои се пренесуваат низ генерации, што ги прави уште поскапоцени.

Засекогаш негувани: Свадбените спомени се потсетник дека љубовта споделена на тој ден ќе продолжи да расте и да цвета со текот на времето.

Како заклучок, свадбените спомени се навистина бесценети бидејќи ја доловуваат суштината на љубовта, посветеноста и радоста, создавајќи неизбришлив белег во нашите срца и умови.

Затоа внимателно одберете добри автори (KEROV PRODUCTION / KEROV PRODUCTION INSTAGRAM), кои сето ова ќе го запишат и зачуваат на безвременски фотографии и видеа.

Нова тешка сообраќајка во Прилеп: 18-годишно момче со тешки повреди донесено во прилепската болница

Денеска (13.07.2024) во 01.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на крстосница од ул.„Иво Лола Рибар“ и ул.„Цане Кузманоски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мазда“, управувано од Д.П.(34) од Прилеп и мотоцикл управуван од В.М.(18) од с.Беровци, прилепско, двете возила со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Ристовски го слушна гласот на спортистите од Прилеп: Универзлна ќе се врати во функција до есен!

По долгогодишна иницијатива на спортистите, спортските клубови и општина Прилеп, за враќање во функција на Универзлната сала – или спортскиот храм на прилепчани, денеска конечно некој висок функционер ги зеде работите во свои раце.

Во посета на Прилеп беше министерот на новоформираното министерство за спорт, Борко Ристовски, кој веднаш го слушна гласот на спортските работници и вети враќање на салата до есен.

Универзалната сала не е во функција повеќе години, а веќе видливо е дека времето остава траги врз овој некогаш грандиозен спортски објект.

Ристовски со себе донесе стручни лица и архитекти, кои беа зачудени зошто за толку банална причина, салата зјае празна и не функционира.

Покрај во Универзална, министерот беше и во посета на спортската сала “Македонија”, уште една спортска величина која буди спомени кај прилепчани и каде допрва ќе се прави анализа и ќе се испитува договорот за концесија.

-Морам да кажам дека ја добив петицијата од сите спортски чинители во Прилеп за решавање на големиот проблем со салите и нивната функционалност и воедно се обврзавме како министерство да во најкус можен рок да ги решиме проблемите и да ја ставиме во функција салата “Тутунски”. Во однос на спортската сала Македонија, сакам да нагласам дека приватните концесионери кои управуваат со оваа сала ќе бидат под постојан и внимателен надзор. Нашата цел е да обезбедиме најдобри услови за спортистите и граѓаните кои ја користат оваа сала. Доколку концесионерите не ги исполнуваат своите обврски и не ја одржуваат салата според договорените стандарди, ќе преземеме соодветни мерки и договорите ќе бидат раскинати – напиша Ристовски на ФБ.

Инаку, Спортската сала „Македонија“ е во надлежност ЈП за стопанисување со спортски објекти, а додека Универзалната сала која УЈП му ја одзеде на Тутнскиот комбинат, е во надлежност на ЈП АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

Интересно е тоа што спортската сала “Македонија” била изградена за само 9 месеци во 1978 година, додека пак Универзалната сала била завршена за рекорни 100 дена во 1973година.