дома блог страница 629

Денеска се празнува Светиот великомаченик Меркуриј

Кога царот Декиј еднаш војуваше против варварите, во неговата војска имаше еден војвода над ерменскиот полк наречен Мартензес.

Тој војвода се викаше Меркуриј. Во борбата на Меркуриј му се јави Ангел Божји, му даде меч во рацете и му рече дека тој ќе ги победи непријателите. И навистина, Меркуриј покажа чудо од храброст косејќи ги непријателите како трева.

По оваа славна победа царот Декиј го произведе за прв војвода во својата војска. Но, некои завидливи луѓе го обвинија Меркуриј дека е христијанин, а тој ова пред царот не го скри тоа, туку го објави. Беше мачен долго и тешко: од него со ножеви сечеа каиши, го гореа со оган. Во затворот му се јави Ангел Божји и го исцели.

Најпосле царот изрече пресуда војводата Меркуриј да се убие со меч во Кападокија. Кога го убија телото му стана бело како снег и од него излегуваше мирис на темјан. Од неговите чудотворни мошти се исцелија многумина болни. Овој прекрасен Христов војник пострада меѓу 251 и 259 година.

Ристески со честитка за Скопска Пиварница за огромниот успех во 2023 година (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Пивара Скопје во 2023 година, креираше 139 милиони евра додадена вредност во македонската економија, што претставува 1% од БДП, од кои 71 милиони евра се даноци исплатени во државниот буџет. Над 8700 работни места во земјава на директен или индиректен начин се одржуваат од остварените приходи на Пивара Скопје, за кои годишно се обезбедуваат плати во износ од 37 милион евра. Секое 1 отворено место во Пивара поддржува уште 21 работно место во земјата. На секое потрошено евро од купувачите назад во општеството се враќаат 68%.

Ова се само дел од наодите содржани во новата Студија за социо-економско влијание на Пивара Скопје во Македонија која беше промовирана синоќа во , изработена од независната консултантска куќа „Стјуард Редквин“, преку анализа на податоците на работењето на компанијата во 2023 година. Целта на оваа Студија е на објективен и транспарентен начин, со помош на научен пристап, да се квантифицира и оцени придонесот и значењето на Пивара Скопје за развојот на македонската економија и просперитетот на заедницата.

На промоцијата присутен беше и заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, кој имаше и свое обраќање на настанот.

-Честитки на Скопска Пивара за одличниот настан каде ја презентираа Студијата за социо-економско влијание на компанијата во македонското општество. Студијата покажува дека Пивара Скопје има голем придонес и влијание на развојот на македонската економија, заедницата и животната средина. Оваа компанија е одличен пример за општествено одговорна компнија која инвестира во локалната заедница – напиша Ристески на социјалните мрежи.

Повторно опожарено возило во Прилеп

На 06.12.2024 во 03.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Октомвриска“ во Прилеп било опожарено патничко возило „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Б.T.(32) од Прилеп.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.

Увид бил извршен – информираат од МВР.

Завршен настан од проектот “Денови на Св. Климент Охридски” во Прилеп: Ќе бидат презентирани делата на учениците изработени во чест на македонскиот просветител

По повод празникот посветен на Св. Климент Охридски, македонскиот просветител, Здружението „Платформа за КРЕАТИВНИ КОНЦЕПТИ – Прилеп“ во соработка со Општина Прилеп, Преспанско – пелагониската епархија и Институтот за старословенска култура – Прилеп има чест да Ве покани на завршниот настан од проектот „Денови на Св. Климент Охридски“.

Настанот ќе се одржи на 08.12.2024 година во собраниската сала на Општина Прилеп со почеток од 13:00 часот.

-На настанот ќе бидат презентирани делата изработени од учениците од основните училишта од Прилеп и од основното училиште од с. Долнени, кои во текот на претходниот месец активно учествуваа во различни работилници посветени на Св.Климент Охриски, нашиот најголем просветител и културен деец и неговото влијание во Македонија и пошироко. Со задоволство ја очекуваме Вашата поддршка и присуство на овој значаен настан. – стои во поканата од општина Прилеп.

13 години без кралот на македонската музика

На 6 декември во 2011 година, на 52-годишна возраст почина Гоце Арнаудов, познат македонски пејач на народна музика.

Во 1994 година на Фолк фест – Валандово ги освоил сите награди со песната „Дали чекаш стара мајчице“. Пет години бил прогласуван за најпопуларна личност на Македонија, а учествата на Фолк-фест Валандово му донесле 22 награди.

Неколку пати ја добил наградата за интерпретација „Никола Бадев“ на фестивалот „Гоце Фест“. Редовно учествувал на турнеи во Европа, Америка и Австралија.

Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната”, “Дали чекаш стара мајчице”, “Ќе пијам ќе лумпувам”, “Свири мајсторе”, “Полни бре меанџијо”… Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година.

Трипуновски од Прилеп: Тутунот се откупува во просек од 374ден за кг., тоа е подобро од лани, тутунарите ќе бидат задоволни

-Иако последниот законски рок од 15-ти декември се уште не е на прагот, меѓутоа гледаме дека делот од тутунарите го имаат предадено својот род“ истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој во текот на вчерашниот ден го посети Тутунскиот Комбинат во Прилеп

„Согласно податоците кои што се водат во системот до вчерашниот ден се откупени 1.400.000,00 килограми со просечна цена од 374,30 денари. И истиот е исплатен некаде околу 45% на земјоделците“, појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека Земјоделскиот инспекторат го следи овој процес.

„Ние како Министерство сме во комуникација со сите здруженија. Го следиме целиот процес, и веќе од идната недела очекувам да имаме зголемено предавење на тутунот од оваа реколта“, истакна министерот.

„Тутунарите не треба да бидат загрижени, бидејќи оваа година ќе имаме поголем просек на откупна цена во однос на претходната година“, порача министерот Трипуновски.

Тој посочи дека како Влада, како Министерство постојано се во комуникација со откупувачите, со тутунопроизводителите, со сите здруженија кои што гравитираат во овој сектор. И во текот на изјавата министерот истакна дека нема да има незадоволен тутунопроизводител оваа година. Министерството нема да дозволи разочарувања како што имаше во минатото.

За најлудата ноќ во годината во ресторан “Деспина” во Прилеп – Гурманско мени, одличен амбиент и музичка понуда!

Еден од најдобрите ресторани во Прилеп, ресторанот “Деспина” подготви фантастична музичка понуда за предновогодишни забави. Атрактивни музички имиња, мени по мерка дури и за најпребирливите и најважно цена која ќе одговара за сечиј џеб.

Од ресторанот најавија одлична забава и за Новогодишната ноќ, кога гостите ќе ги забавува “Класико Бенд”.

-Нека оваа Нова Година започне со стил! Придружете ни се на најсветлата ноќ од годината и уживајте во спектакуларен амбиент, вкусна храна и музика која ќе ви го загрее срцето. Прекрасен вечерен мени, пијалоци по избор и незаборавен дочек со пријатели и сакани… Започнете ја 2025та со нас и нека оваа година биде полна со среќа и нови почетоци! Бројките се ограничени – резервацијата е задолжителна. Побрзајте и обезбедете го своето место за најголемата ноќ! Среќна Нова Година од целиот тим на Ресторан Деспина – велат во поканата од ресторанот.

Резервирајте навреме на телефонските броеви: 072 209 996 и 048 403 343

Денеска стартува традиционалниот турнир во мал фудбал во Прилеп, “Св. Никола 2024” – Oва е распоредот за првиот натпреварувачки ден

Денеска започнува најновото издание на турнирот во мал фудбал “Св. Никола 2024” во Прилеп. Фудбалското шоу ќе трае до 22.декември, за кога е закажано големото финале. Натпреварите ќе се играат во две спортски сали, сениорските во СОУ “Ристе Ристески -Ричко”, а помалите категории ќе играат во ООУ “Добре Јованоски”.

Вчера се одржа ждребот за групната фаза. Пријавени се 32 екипи, кои се поделени во 8 групи.

Во првиот турнирски ден ќе се одиграат 5 натпревари, а ова се двојките:

19:00 Водовод Прилеп – Изофас
19:50 Фенербахче – ВИК
20:50 Фенербахче – Outdoorfitness
21:40 Струшка – Слаткарница Шар
22:30 Фенербахче – Ангромеханика First Time

Победникот оваа година ќе подели 300.000 денари, второпласираната екипа дома ќе си замине со 180.000 денари, а третопласираната со 70.000.

Турнирот е поддржан од Министерството за спорт на Република Македонија и компанијата “Комфи Ангел”.

Марјан Ристески во интерес на народот ја објасни Новогодишната кошничка

Од 15 декември до 15 јануари повеќе од 650 производи со пониски цени за граѓаните во рамки на Новогодишната кошница.

Новогодишната кошница е креирана на предлог на стопанските комори, производителите и дистрибутерите на прехрамбени производи и пијалаци, кои излегоа во пресрет на повиците на јавноста да ја покажат нивната општествена одговорност, каде крајниот бенефит ќе го имаат граѓаните на Македонија!

-Концептот за Новогодишната кошница го презентиравме со премиерот Христијан Мицкоски, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши и претставниците на сите бизнис комори и учесници во акцијата, а крајната цел е на полиците во маркетите граѓаните да имаат широка лепеза на производи со попуст од најмалку 10 проценти. Ние како Влада даваме поддршка на мерката и во тек е изготвување на интернет страната – www.mojakosnica.mk на која ќе бидат објавени сите потребни информации поврзани со акцијата.Голема благодарност до сите општествено одговорни компании кои се дел од оваа акција, апел до сите заинтересирани да се приклучат на истата. Министерството за економија и труд и Владата на Република Македонија се грижат за стандардот на народот – напиша на ФБ заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.

Ќе може со референдум да се разреши градоначалник?

“Законот за локална самоуправа е поставен на здрава основа, станува збор за системски закон којшто произлегува од еден исклучително тежок процес за Република Македонија, а тоа е Охридскиот рамковен договор и ова е законско решение кое што е постаро од две декади и нормално е да има потреба од подобрување, модернизирање на законското решение.

Главната иницијација за отворање на овој системски и двотретински закон е од изразеното незадоволство на граѓаните од одредени сегашни градоначалници. Откако ќе го добијат мандатот, не можат да бидат отповикани по ниту еден основ, освен судот ако оцени дека направиле кривично дело или не дај Боже најлошото. Сметаме дека ние треба таа можност да им ја дадеме на граѓаните, и тоа постоело како законско решение во Законот за локална самоуправа од 1995 година. Тоа не е битно, тоа е препорака на Венецијанската комисија во извештајот од 2019 година – вели министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Тој во синоќешното гостување во „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа посочи треба да се даде можност на референдумско изјаснување за отповик на градоначалник, но да се внимава тој механизам да не се злоупотребува.

-Процесот го отпочнавме со УНДП, во него се вклучени 4 домашни експерти и еден интернационален експерт којшто очекуваме да се вклучи во периодот кој што ќе следи. Целата процедура ќе се прави на максимално транспарентен и отворен начин.Планирано е со дополнувањето на Законот да биде овозможено и функционирање на комунална полиција, со цел да се елиминираат девијантни однесувања на групи граѓани, а во законска рамка планирано е да се вметне и дел со кој ќе се овозможи поголемо учество на граѓаните во креирање на локалните буџети – нагласи Перински.