дома блог страница 627

Локализиран пожарот над село Црнилиште – го гаснеле пожарникари од Прилеп

Во последното деноноќие и имаше 26 пожари на отворено, а од нив активни утрово се 9 врз коишто утрово се противпожарно се дејствува по земја и на места со воздухопловна поддршка.

Регионалниот ЦУК Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Прилеп во која се наведува дека пожарот кој започнал на 13.07.2024 година во 22.30 часот, на сртот над с.Црнилиште, Општина Долнени, е локализиран во поголем дел.

-Активен е уште кракот од пожарот кон с.Слепче. Гори сува трева и ниска вегетација на непристапен терен и засега нема загрозени населени места. Во текот на денешниот ден ќе има податоци за зафатената површина. Интервенирале 3 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Прилепо. Од 10.05 до 19.45 часот екипи од ТППЕ Прилеп повторно ќе излезат на терен во раните денешните часови. Известени се Општина Долнени кои што изјавија дека немаат екипа којашто би ја испратиле на терен. ЈП „Национални шуми“ – Подружница „Црн Бор“од Прилеп исто така нема екипи за гасење на пожари – стои во соопштението од ЦУК.

Да ти е страв дете да пуштиш на улица! Три лица со нож се обиделе да ограбат малолетно девојче во Прилеп

На 14.07.2024г. во ОВР Прилеп, Д.Н.(35) од Прилеп пријавила дека на ул. “Борка Левата” во Прилеп, три лица со закана со остар предмет од нејзината малолетна ќерка барале пари, но бидејќи немала пари го напуштиле местото.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Внимавајте, казните се огромни! Од денеска забрана за движење во шума!

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор.

-Целосната забрана за движење во шумите и шумското земјиште се воведува на територијата со која стопанисува ЈП „Национални шуми“, и истата започнува од 15.07.2024 година и ќе трае се до денот на нејзиното отповикување, во терминот од 06:00 до 20:00 часот. Целосната забрана за движење во шумите ќе трае се до проценката дека ризикот од шумски пожари е намален. Движењето во шумите ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“, за подрачјето со кое управуваат, информираат од МЗШВ.

За непочитување на оваа целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште, на физички лица кои ќе се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност.

“Звуците на градот” – Вечер со староградска музика пред платото на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп

Вечер на староградска музика ќе се одржи на 17 јули, среда, од 20.30 часот пред платото на ЦК „Марко Цепенков“.

Ќе настапат Октетот Прилеп, КУД „Пере Тошев“, хорот „Керамија, КУД „Пензионер“, како и пејачката група при здружението „Преродба“, кои ќе се претстават со дел од својот богат репертоар на убава староградска песна.

Концертот е дел од програмата на ЦК „Марко Цепенков“.

Важно соопштение од општина Прилеп до сите граѓани и фирми

Им се соопштува на сите физички и правни лица кои се даночни обврзници по основ на данок на имот и комунална такса, кои што имаат заостанат долг од минати години, задолжително да ги подмират своите даночни обврски заклучно со 15 август 2024 година.

Во спротивно Одделението за администрирање со приходи ќе биде принудено да пристапи кон постапка за принудна наплата согласно Законот за данок на имот.

За да се избегнат непотребни трошоци ги замолуваме граѓаните и правните лица да ја подмират својата законска обврска по основ на данок на имот и комунална такса во предвидениот временски рок.

ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП
ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АДМИНИСТРИРАЊЕ НА ПРИХОДИ
15.07.2024

Од полноќ поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која со која се врши врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,69% во однос на одлуката од 11.7.2024 година.

Од полноќ за еден денар поевтинуваат бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, додека цената на дизелот ќе се намали за 1,5 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 2,00 ден/лит, а на мазутит за 0,716 ден/кг.

Од 16.7.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,00 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 75,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 46,909 (денари/килограм)

Tешка сообраќајка во прилепско: Се судрија автомобил и трактор, четири лица повредени меѓу кои и едно дете

На 14.07.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека помеѓу село Ропотово и село Сарандиново, општина Долнени се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд галакси“, управувано од А.Ч.(44) од с.Дебреште, прилепско и трактор „тафе“ со приколка, управуван од Ж.В.(62) од Прилеп, и двете со прилепски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот Ж.В., а со телесни повреди се здобиле тројца сопатници од возилото „форд галакси“, А.Ч.(71), М.Ч.(74) и една малолетничка, сите од село Дебреште, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Почина Шенoн Доерти, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс, 90210“ – 10 години водеше битка со ракот!

Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс, 90210“, почина на 53-годишна возраст, пишува „Пипл“.

„Со тешко срце ja потврдувам смртта на актерката Шенoн Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста. Посветена ќерка, сестра, тетка и пријателка, таа беше опкружена од нејзините најблиски, како и нејзиното куче, Боуви. Семејството се моли за приватност во овој момент за да можат да тагуваат на мир“, потврди нејзиниот публицист Лесли Слоун.

Доерти беше познатa по голем број улоги, вклучително и серијата „Волшебнички“. Таа стана позната кон крајот на 90-тите откако ја доби улогата на Бренда Волш во серијата „Беверли Хилс, 90210“. Нејзиниот лик беше еден од најнезаборавните, а романсата што нејзиниот лик ја имаше со ликот на Дилан (Лук Пери) предизвика многу контроверзии во првите сезони од серијата. Серијата брзо стана огромен хит, а Шенон глумеше во 111 епизоди. Таа ја напушти серијата на крајот на четвртата сезона, а причината беше кавга со нејзините колеги.

Во 2008 година, Доерти се врати на повторно во хит серијата и глумеше во една сезона, а потоа глумеше во верзијата на серијата од 2019 година, „БХ90210“.

По напуштањето на „Беверли Хилс“, Доерти доби улога во серијата „Волшебниќки“, која беше за три сестри кои откриваат дека се вештерки и заедно мора да го победат злото. Таа ја имаше улогата на најстарата сестра на Пру Халивел. Шенен дури режираше три епизоди од серијата, а ја остави на крајот на третата сезона.

Нејзината кариера започна кога имала само 10 години, кога доби улога во серијата „Татко Марфи“. Една година подоцна, таа се појави во серијата „Мала куќа на преријата“. Потоа доби улога во „Нашата куќа“. Покрај сериите, Шенен глуми и во филмови како „Хедерс“, „Девојките само сакаат да се забавуваат“, „Малратс“ и други.

Во 2006 година, Шенен го режираше реалното шоу во кое им помагаше на луѓето кои сакаа да раскинат со своите партнери, но не знаеја како да го направат тоа.

На актерката во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка, а во 2017 година изјави дека е во ремисија. Меѓутоа, во 2019 година, ракот се врати и се прошири, а минатата година таа откри дека била подложена на зрачење за рак кој се проширил на нејзиниот мозок.

Неодамна, во една епизода од нејзиниот подкаст, таа откри како дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува додека таа се подготвувала за операција на тумор на мозокот.

„Отидов на операција рано наутро и отидов откако дознав дека мојот брак е всушност завршен, дека мојот сопруг имал афера две години“, изјавила Доерти.

Зад неа се два брака со Ешли Хамилтон и Рик Саломон, кои траеја по една година.

Карчески потпиша за Пелистер: Детето на Победа и идната сезона ќе игра прволигашки фудбал

Поранешниот лев бек на Победа, кој минатата сезона го носеше дресот на кавадаречки Тиквеш, Даниел Карчески, идната сезона ќе настапува за битолски Пелистер.

-Со голема чест објавуваме дека Даниел Карчески е нашето најново засилување. Задоволство ни е да го официјализираме и претставиме потпишувањето на ,,Карче”, кој претходната сезона го носеше дресот на ГФК Тиквеш. Од денес сме уште посилни на левата бековска позиција во тимот, на која Карчески треба да придонесе со своето големо искуство и квалитет. Карчески е дете на Победа, а во својата кариера, освен за екипата од Прилеп, во македонскиот шампионат настапуваше и за екипите на Силекс и Тиквеш. Добредојде Карче! – напишаа пелистерци на социјалните мрежи.

Прилеп како Сахара! Погледнете колкава температура била измерена, и тоа под сенка! (ФОТО)

Најпознатиот македонски метеоролог на својот ФБ профил објави фотографија, од како што пишува измерена температура во Прилеп во текот на вчерашниот ден.

Попоски пишува дека температурата е измерена под сенка, а инструментот покажува 44,3 Степени Целзиусови.

Цела Македонија деновиве гори од високите летни температури, а според УХМР ваквото време ќе се задржи до четврток идната недела. Веќе од петок се очекува намалување на дневните температури за неколку степени, а наредниот викенд можна е и појава на врнежи од дожд.