дома блог страница 625

Вечерва концерт на класична музика во храмот Св. Петка во Прилеп – Ќе настапат учениците од музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка”

Почитувани љубители на уметноста, храмот Св. Петка во населбата “Точила” во Прилеп, со особено задоволство ве поканува на концерт на класична музика, кој ќе се одржи денеска (среда) 11. декември со почеток во 18:30 часот.

На концертот ќе настапат ученици од ООМУ “Ордан Михајлоски – Оцка”, кои ќе изведат дела од познати композитори. Оваа музичка вечер ветува доживување исполнето со убавина и хармонија.

Влезот е слободен.

Пратеничката од Прилеп на прием кај шеиците од Катар (ФОТО)

18. Декември е Националниот ден на Катар, ден кога оваа арапска држава во Југозападна Азија го слави обединувањето на државата кое се случило во 1878 година.

По тој повод амбасадата на Катар во Македонија вечерва организираше прием, а таму присуствуваше и собраниска делегација предводена од Претседателот на Собранието, Африм Гаши. Покрај собранискиот спикер, во делегацијата беше и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Билјана Кузманоска.

-Прием по повод Националниот ден на Државата Катар, во организација на Амбасадата. Продолжуваме со меѓусебна соработка и создаваме услови да ги негуваме пријателските односи меѓу двете земји – напиша Кузманоска на Фејсбук.

(Фото галерија) Блеснаа празничните светилки во Битола – Програмата за “Зимската приказна” оваа година ќе биде нешто посебно

На 20 декември започнува празничниот фестивал „Зимска приказна“, кој оваа година ќе трае сѐ до 6 јануари – подолго од кога било досега. Но, магијата веќе започна!

Со свеченото палење на празничните светилки, Битола вечерва се претвори во вистинска зимска бајка. Широк Сокак, плоштадот Магнолија, Офицерскиот дом и Старата чаршија блеснаа во празничен сјај, најавувајќи го духот на радоста и заедништвото што не очекува.

Општина Битола изразува огромна благодарност до сите тимови кои посветено работеа за да ја донесат оваа магија во нашиот град. Нивниот труд и креативност се срцето на блескавата „Зимска приказна“, која ќе биде незаборавно доживување за сите нас.

-Целосната програма ќе ја објавиме оваа недела – следете нѐ и бидете дел од празничната магија – велат од општина Битола.

ВРЕМЕ Е ЗА ВИСТИНАТА! Утре во Универзитетот “Скопје” промоција на книгата “Македонското прашање на Балканот”, од професорката Виолета Ачкоска

Во амфитеатарот “Св. Климент и Св. Наум Охридски” на Универзитетот Скопје, утре (среда), 11.11.2024 со почеток од 18часот, ќе се одржи промоција на монографијата „Македонското прашање на Балканот“, дело на проф. д-р Виолета Ачкоска.

-Голема чест за Универзитетот Скопје е да биде издавач на историското дело на проф. д-р Виолета Ачкоска „Македонското прашање на Балканот“. По тој повод, Ве покануваме на свечена промоција на книгата во Амфитеатарот „Св. Климент и Св. Наум Охридски“ на Универзитетот, во среда 11.12.2024 година, во 18:00 часот. Време е за вистината – напишаа од Универзитетот “Скопје” на социјалните мрежи.

Грешката се повторува! 38 голови без Велески!

Ракометарите на РК Прилеп изминатиот викенд го доживеаја седмиот пораз во Супер лигата, откако со 38:28 беа поразени на гостувањето кај Охрид.

Охриѓани кои сезонава се предводени од македонската ракометна икона, Стевче Алушовски, беа пресилен противник за ракометарите на Прилеп, кои иако целосно парираа во првиот дел и во добар дел од второто полувреме, повторно загубија чекор кога беше најпотребно и забележаа нов убедлив пораз.

Како и цела сезона, добра одбрана во клучните моменти беше она што му недостигаше на Прилеп. Знаат и љубителите на ракометот, а знаат и играчите, дека празнината која ја остави Филип Велески во овој дел од тимот, моментално нема кој да ја надополни.

Во нападот пак, речиси стандардно ефикасни беа Пеце Ратајкоски кој постигна 6 погодоци, а Владан Кастратович и Никола Цветаноски беа прецизни по пет пати.

Во наредното коло Прилеп го дочекува Алкалоид, а потоа им следува гостување кај “фенерџијата” Радовиш.

Над 100 деца од 2 до 16 години ќе пејат во еден глас на иста сцена: Второ издание на концертот “Пејте со нас” во Битола

На 15 декември, во прекрасниот амбиент на Народниот театар во Битола, Школата за музика и пеење „Korunovska music & singing“ со гордост го организира второто издание на концертот „Пејте со нас“. Овој настан е вистинско славење на музиката, љубовта и заедништвото, инспирирано од Светскиот ден на хорското пеење.

На сцената ќе настапат над 100 деца на возраст од 2 до 16 години, носејќи ја магијата на пеењето во секој тон:

„Беби Sвон“ – најмалите пејачи, на возраст од 2 до 4 години, кои ќе внесат радост и нежност на сцената,
„Ѕвончиња“ – хор со 19-годишна традиција, кој претставува гордост на Битола со својата посветеност и извонредни изведби,
„ПопРокет“ – младите тинејџери кои со енергијата и стилот го носат духот на поп и рок музиката.

Особена чест е што оваа година како специјален гостин ќе настапи Ана Ванчевска, ученичка на школата Коруновска, која достоинствено јсо својот партнер Алексеј, ја претстави Македонија на Детската Евровизија 2024 во Мадрид.

“Светскиот ден на хорското пеење се одбележува секоја втора недела од месец декември, но поради чествувањето на Св. Климент Охридски се одлучивме да го одбележиме е на 15 декември.  Минатата година, за првпат во Македонија, овој ден беше одбележан токму во Битола. Со визија за иднината, веќе планираме следната година да создадеме хорски викенд, со учество на хорови од Битола, Македонија и странство,  кој ќе биде збогатен со работилници и повеке концерти, со што би создале традиција која и доликува на Битола”, вели Марина Коруновска

Концертот од 19:00 часот е веќе распродаден, а за концертот од 17:00 часот сè уште има билети. Резервирајте на следниот линк:

Мицкоски: Нема повеќе 13-ти плати во државните институции, нема да растат платите за функционерите, судиите, обвинителите

-Целосно свесен за времето во кое живееме и фактот дека се бориме со последиците од минатото, на денешната седница Владата донесе одлуки со кои:

-Нема да растат платите на именуваните и избраните лица, судиите, членовите на судскиот совет, јавните обвинители и членовите на советот на јавните обвинители и истите преку интервенција во коефициентите за пресметка на платите се замрзнуваат.

-Нема да има исплата на 13та плата во сите органи на државната управа и средствата ќе се пренасочат за развојни проекти.

-Започнува исплатата на К15 за сите вработени во целата администрација.

Македонија ќе биде пристојно место за живеење – напиша премиерот Мицкоски на социјалните мрежи.

Ново намалување на горивата: Овие цени ќе важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 % во однос на одлуката од 2.12.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,463%, кај дизелот за 1,862%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,882% и кај мазутот зголемувањето е за 1,83%.

Од 11.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,775 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,517 ден/кг и сега ќе изнесува 45,775 ден/кг.

Moмироски: “До нова година ќе бидат прибрани 13 апостоли, бизнис арамии со скорни од Прилеп”

Фејсбук статус на новинарот од Прилеп, Зоран МомироскИ:

-13 БИЗНИС АРАМИИ ОД ПРИЛЕП СЕ НА СПИСОКОТ ЗА АПС?!?
33 НОЌЕСКА СЕ ,,ЗАЧИСТЕНИ,, ОД СКОПЈЕ,БИТОЛА, ВЕЛЕС,НЕГОТИНО И КИЧЕВО!
33 осомничени бизнис криминалци со ,,метла се зачистени ,,ноќеска и утрово од Скопје , Битола , Кичево Велес и Неготино.Меѓу нив и мајсторот,би рекол ,,убавецот,, од РЕК БИТОЛА, Васко Ковачески, неговиот послушник Пеце Матевски и други.Ама метлата зафати и луѓе од ТЕЦ ОСЛОМЕЈ и ТЕЦ НЕГОТИНО.Како и екс генерлниот на ЕСМ Васко Стефанов.Вакви ,,еко,, акции за зачистување на загадената околина ќе има и до крајот на годинава.Следен е Прилеп на списокот се 13 ,,чесни апостоли,,. Бизнис арамии со скорни!!!

Тунески: СДСМ безобразно лаже, директорите работат законски (ВИДЕО)

СДСМ продолжува со ширење невистини и лаги за работата на Градоначалникот на Општина Прилеп заедно со директорите на средните училишта – истакна на денешната прес конференција, Христијан Тунески, портпарол на општина Прилеп, за обвинувањата од претседателката на ОО СДСМ Прилеп, Петра Лукареска, дека Градоначалникот на општината и директорите на пет средни училишта биле фатени во криминал со превозот на ученици.

Реакцијата на Тунески во целост ја пренесуваме во продолжение:

-Најодговорно тврдиме дека јавната набавка за организиран превоз на учениците од населените места до средните училишта во општина Прилеп за 2023 година, е законски спроведена согласно со член 119 од Законот за јавни набавки и се запазени сите процедури. За оваа јавна набавка и за сите договори постои уредна документација во училиштата која може слободно да се провери. Потенцираме дека е апсолутно неточно тврдењето дека е зголемена цената на услугата и дека се исплаќани фактури без договор.

Иронично е што ваквите лажни обвинувања за овие спроведени јавни набавки доаѓаат од тие коишто правеа криминали во минатото и нивната желбата да се прикрие незаконското работење на сегашната претседателка на ОО на СДСМ Прилеп, Петра Лукароска, којашто беше директор на СОУ „Ѓорче Петров“ и цело прво полугодие на учебната 2021/2022 сите средни училишта немаа договори за превоз и незаконски ги превезуваа учениците. Доказ за тоа е и судскиот спор којшто го поведоа превозниците против тогашните 5 директори на средните училишта поставени од претходната локална власт на СДСМ.

Поради тоа бараме од Јавното обвинителство да испита како се превезуваа учениците 4 месеци од првото полугодие на учебната 2021/2022 година.

Исто така, бараме од Јавното обвинителство да ги провери стенограмите од седницата на Советот на Општина Прилеп каде што двајца од тогашните директори на средните училишта поставени од СДСМ јавно изјавија дека учениците во првото полугодие од учебната 2021/2022 се превезувале без договор односно со устен договор помеѓу нив и превозниците.

Почитувани сограѓани и медиуми, времето на незаконско работење и сомнежите за криминал завршија, а со сторените кривични дела и со одговорноста оставаме да се занимаваат истражните органи.

Локалната самоуправа на Општина Прилеп предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески работи одговорно, законски, чесно и исклучиво во корист на граѓаните на општина Прилеп.