дома блог страница 620

Работните обврски не биле никогаш полесни, а родендените никогаш позабавни: Ова е местото во Прилеп кое создава спомени што се паметат засекогаш! (Фото галерија)

Сместена на ул.”Aрхиепископ Доситеј” бр.181, во непосредна близина на хотел “Кристал Палас”, игротека КIDS PARTY e вистинско детско царство, кое досега пружи насмевки и забава на стотици и стотици дечиња.

На голем простор сопствениците опремиле супер игрална за дечиња. Трамболина, лизгалка, плејстејшени и разно разни играчки. Арно ама мислеле и на возрасните, па од другата страна имате на располагање супер удобен простор за одмор и разладување, додека вашите малечки уживаат во играта. А што е поубаво од тоа?! Гледате насмевка на лицето на вашето дете, а истовремено уживате на раат пиејќи кафе или друг освежителен пијалок.

Имаат посветен персонал на располагање и млади луѓе кои нема да тргнат око од вашето дете. Па затоа секој ден од 08:16часот, имате можност да го оставите вашето малечко, а вие слободно да ги завршите вашите редовни работни обврски. Не грижете се дали ќе јаде, или ќе спие. Тука секое дете се третира со посебно внимание, со многу љубов и разбирање. Вашето дете ќе биде на безбедно, под постојан надзор и најважно на хигиенски чисто место. Објектот во овие летни жешки денови е идеално климатизиран, па условите за игра внатре се одлични.

И секако, најважниот дел, а тоа се роденденските забави или моментите кога КIDS PARTY го добива својот полн сјај. Веднаш ќе ви кажеме, ако имате роденден за славење, не двоумете се и не чекајте ни миг повеќе, резервирајте веднаш, затоа што терминитe “им одат како алва”.

Понудата вклучува закуп на просторот во траење од 2 часа по цена од 2.800ден, а во во цената добивате и:

-Прекрасно аранжирани маси и комплетен прибор за храна и пијалоци
-Роденденско украсување на просторот
-Грицки за дечињата
-Фотографирање на целиот роденден и сите детски лудории
-Брендирани покани

Еден мајсторски подготвен пакет, на кој ретко кој може да одолее и конкурира, што е и една од главните причини зошто KIDS PARTY е омилена за родителите.

Родендените во игротека KIDS PARTY долго се паметат и прераскажуваат, па затоа пружете им го на вашите најмали најдоброто. Нека блесне детската игра во полн раскош и заедно да се изнагледаме црвени обравчиња.

Посетете ги уште утре, или јавете се на телефонскиот број: 075 848 981

Работно време:

Од 08:00 до 16:00 часот чување на деца и кафе шема

Од 16:00 до 22:00 часот роденденски забави, а доколку нема закажано термин за роденден, игротеката работи со кафе шема до крајот на работното време.

Ако некогаш почнеме војна со Унгарија, “виновникот” барајте го во Прилеп: На ова место се прави дури и подобар гулаш од “маџарскиот” (ФОТО)

На самиот влез во Прилеп од страната за Скопје, во непосредна близина на бензиската пумпа “Макпетрол”, се наоѓа најмераклиското место во градот под Марковите Кули.

За кратко време од отварањето, ресторанот “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите прилепски боеми и вљубеници во добра храна и амбиент.

А зошто е тоа така?! Епа газдите на овој ресторан решија на своите сограѓани и сите гости во Прилеп, да им понудат нешто посебно, нешто направено со многу љубов, со многу труд, квалитетна услуга каква ретко каде има, и секако одлична и првокласна храна.

Ресторанот располага со простор за 40-50 гости и одлично место за раат дружба со вашите најблиски, семејство, пријатели. Внатре се’ е ново и модерно, убави маси, столици, со еден збор грее.

Го имаат едно од најбогатите менија за умот да ви зајде. Разно-разни предјадења и вкусна прилепска скара, специјалитети од месо, богата винска карта и богат избор на пијалоци. Секоја им чест како успеваат се’ да приготват навреме, се’ да им биде пресно во секое време и секако сето тоа убаво да изгледа во тајнир.

Веруваме дека претходно не послушавте и пробавте дел од нивните специјалитети, или се разбудивте рано наутро со вкусна чорба. Е ако е така, тогаш ви останува да го пробате и гулашот, а верувајте ќе има што да пробате и да раскажувате. Рецептот им е така погоден да им позавидат дури и самите Унгарци. Избрано најквалитетно месо, приготвено со тазе зеленчуци…. мх, мх, мх…па во друштво со луто печено пиперче и топло лепче….нема поубаво!

Ваше е уште денеска да ги посетите и да се уверите. Направете и’ добрина на душата и пружете и’ вистинско уживање.

Ресторан “Beer ti & ja” ве очекува!

НАЗДРАВЈЕ!

На влезот во Прилеп се наоѓа најмераклиското место: Еве зошто ресторан “Beer ti & ja” стана главна дестинација за сите гурмани и боеми (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Oд утро до пладне тука во Прилеп “тропа лајца” на секоја маса, а ЗОШТО?! Затоа што тука ја има најдобрата чорба во градот

За потсетување, веднаш од спротива на ресторанот има широк паркинг простор, па не мора да се грижите каде ќе го оставите вашиот автомобил и дали истиот ќе пречи некому.

Последниот МОХИКАНЕЦ: Уште Миле остана во Собрание да го брани СДСМ (ВИДЕО)

ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата измама во поновата изборна историја на нашата држава и ги излажаа граѓаните, во секој сегмент. Нивните ноторни лаги излегоа на виделина уште во првите 30 дена од нивното владеење. Ниту ќе има поголеми плати, ниту пак покачување на пензиите, рече денеска пратеникот Миле Талевски во македонското Собрание – кој остана еден од ретките кој жолчно го брани СДСМ и политиките на претходната Влада.

-Првото што го направија ВМРО-ДПМНЕ, е што ја признаа Република Северна Македонија и признаа дека нема да го променат Преспанскиот договор. Потоа ја прифатија преговарачката рамка, за која правеа најразлични скандали, а исто така прифатија и дека ќе го променат Уставот и дека Бугарите ќе ги внесат Уставот. Бесрамно ги излажаа граѓаните дека ќе им ги покачат платите, а сега слушаме дека ќе има намалување на платите. Ги излажаа просветните работници, здравствените работници, вработените во администрацијата, во МВР, во одбраната, рече Талевски.

-Сите инвестиции за кој зборува и ги најави ДПМНЕ, се проекти кои ги започна и договори СДСМ. Исто така излажаа дека ќе ја намалат администрацијата, но првата одлука која ја донесоа со ДУИ, за која велеа дека е криминална партија, е да се прошири администрацијата со 4 нови министри, обвинуваше на денешната седница за избор на замениците министри пратеникот Талевски.

Ограбени апаратите во спортска обложувалница во Прилеп

На 22.07.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во периодот од 00.55 до 08.00 часот со употреба на сила било влезено во спортска обложувалница на ул.„Војводинска“ и од апаратите за игри на среќа биле одземени пари.

Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

За сума од 18,5 милиони денари, “ИБО ПОД” ќе гради монтажна катна гаража во центарот на Прилеп

За вкупна сума од 18,5 милиони денари (со ДДВ), фирмата “ИБО ПОД” ќе ја гради монтажната катна гаража во центарот на Прилеп, на просторот од паркингот позади поранешно “Игор дракстор”.

Веќе е направен вовед во работите, а рокот на изведба според договорот објавен на Бирото за јавни набавки е 2 години.

Сумата предвидена во договорот ќе се реализира во две рати, а според општината овој проект ќе помогни за растеретување на паркирањето во централното градско подрачје.

Просветарите тонат! Просечна плата во мај 41.252 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесува 41.252 денари и е за 13,1 отсто повисока отколку во мај 2023 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 19,6 отсто, Уметност, забава и рекреација за 19 и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување за 16,3 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 5,7 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,4 и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 4,3 отсто.

Доктор Лазаров сведочи: Со парите кои ги собираат како донации за своите болни деца, родители одат на одмори и реновираат куќи

Доктор Ненад Лазаров кој е еден од основачите на ECrowd.mk – македонска платформа за донации и поддршка за лекување на децa, на својот Фејсбук профил раскажа дека постојат и родители кои ги злоупотребуваат своите деца за собирање донации, а притоа парите ги трошат за друга намена.

– Гледам како родители заработуваат на своите болни деца. На одмори си одат со пари молени за здравјето на дете, си реновираат куќи, им остануваат пари “за не дај Боже” Зарем не плаши карма бе луѓе? Застанавме како ECrowd.mk пред цела јавност со цел свој интегритет за да гарантираме и да направиме да е видливо дека секој денар ќе заврши каде што треба така и ќе продолжиме.Ќе направиме се вакви криминалци од најдолен вид да нема повеќе! – напиша тој.

Доктор Лазаров апелира повторно, да не се донира на лични сметки ниту денар, бидејќи како што вели сега веќе нема потреба никаква од тоа!

Приведен дилер од Битола: Во домот му пронашле марихуана и халуциногени печурки

На 23.07.2024 во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.Т.(37) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, халуциногени печурки и предмети со остатоци од прашкаста материја.

А.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

„Генеза на хроничната мистерија“ – мултимедијалниот проект од уметникот Емил Солески, вечерва пред прилепчани

„Генеза на хроничната мистерија“ е мултимедијалниот проект од уметникот Емил Солески, што ќе се реализира на 23 јули 2024 година/вторник/ од 20.00 ч. во сцена 105 во ЦК „Марко Цепенков“.

За проектот

Се работи за мултимедијален триптих што е алегорија за губењето на идентитетот.

-Во време кога надминуваме одредени предрасуди и се бориме со стереотипи, разгорува распаднатото огниште, се занишува празната лулка, а паланзата, и без тег ќе измери нешто, потамина ако треба. Ликовно-просторниот експеримент е фантастична дијагонала на „архаичниот“ и дигиталниот идентитет. Концептот предвидува просторна видео интервенција и тарнсформација, барање нова визија на веќе виден простор.

Триптихот ќе се формира со проекција на видео-аудио материјал врз просторно поставени архајски форми:

Три архаични форми, ликовни метафори:

Распаднато огниште – ликовна метафора за празен дом, градови, села, земја;

Кантар, паланза без тег – ликовна метафора за строгото критичко оценување на немањето рамнотежа во природните, општествените, социјалните односи, принципи, тежнеења, закони;

Празна лулашка – ликовна метафора за негрижата и изгубеното наследство, природно, национално, културно-историско;
Да се гледа низ призмата на објективното, или да се направи ново, субјективно доживување вели авторот Емил Солески.

„Не ве остава Ѓоко вас” – 23 години од убиството на Ѓоко Лазаревски, херојот кој сам до последен здив го бранеше Лешок од терористите на ОНА

Пред 23 години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 23 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред 23 години, Ѓоко Лазаревски кој беше припадник на МВР, го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија.

Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе. Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски. Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина.

Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина. Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен.

Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност, храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи терористите на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен. По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе не можат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо. Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. На 23 јули 2001 година, во 16 часот попладнето, на полицискиот пункт кај Лешок рафал го покоси Ѓоко Лазаревски. По укажаната прва помош во Тетовскиот медицински центар, тој беше пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Почина наредниот ден. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.

Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, кој во тоа време е освоен од терористите на ОНА, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Општина Ѓорче Петров. По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок терористите на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир. Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка. Последните зборови на Лазаревски „Не ве остава Ѓоко вас”, оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело. Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот”: „Бидете смели, нечесноста не ќе нè плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши”.

Делата на Лазаревски, како и на сите останати вечно ќе се паметат. Херојството на македонските синови и нивната жртва ќе остане засекогаш запишана во македонската историја. Ѓоко зад себе остави сопруга со едно дете, што никогаш не го дочекал. Ѓокица Лазаревски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.