дома блог страница 621

По петти пат, прилепски планинари на првиот ден од Новата година ќе се искачат на Козјак

Во организација на “Прилепски Планинари Авантуристи”, петта година по ред ќе се одржи новогодишната тура искачување на прилепскиот врв Козјак. Турата се одржува на првиот ден од Новата година, а во изминатите пет години бројот на планинарите се повеќе се зголемува.

Турата ќе започне во 09 часот од селото Плетвар, од каде вљубениците во природата ќе се упатат кон 1747м. високиот Козјак и ќе постават ново македонско знаме на јарболот на врвот.

Да им посакаме успешна планинарска тура и оваа година и што поголем број учесници.

Прилепчанец агресивно се однесувал во просториите на ОВР Прилеп, заработил притвор

-На 13.12.2024год. околу 11 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Ф.А. (39) од Прилеп, затоа што во просторија во ОВР Прилеп агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Тој бил задржан во полициска станица, по што бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор – информираат од ОВР Прилеп.

Соопштение од Општина Прилеп: Koристете сушени, а не влажни дрва за затоплување

Согласно Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух предложен од страна на МЖСПП, општина Прилеп преку својот веб сајт на граѓаните им препорачува:

Правилно користење на огревно дрво (домашно греење):

-да се користи само огревно дрво со прегревање/сушење пред ложење,

– да не се употребува пластика, гума, обработено дрво, отпадни материјали

Целта е со сушењето да се намалува влагата присутна во огревното дрво, што го подобрува согорувањето, а тоа ќе доведе до намалување на емисии на загадувачки супстанци во воздух.

Добрите практики за греење на дрва во домаќинствата можете да ги погледнете во брошутата на следниот линк:

Click to access Good-practices-for-residential-wood-burning-%D0%9C%D0%9A.pdf

Прилеп “доби” светски шампион во шах – Со 18 години стана најмладиот светски шампион во историјата

Светското чудо од дете, Индиецот Домараџу Гукеш, е новиот и досега најмлад светски шампион во шах. Со само 18 години ова момче, велемајстор од Индија, кој своевремено настапуваше за Шаховскиот клуб Прилеп, ги надмина рекордите на најпознатите светски имиња во историјата на овој спорт.

Своевремено Гари Каспаров (од Советскиот Сојуз) стана светски шампион на 22 години, исто како и Норвежанецот Магнус Карлсен.

Гукеш за Прилеп настапуваше на 15-годишна возраст кога одигра на Европскиот шаховски клупски куп во Струга.

Мицкоски најави нови 600 вработувања во МВР

Во МВР потребен е човечки кадровен потенцијал и можам да објавам дека веќе овој месец се планирани нови 600 вработувања, изјави денеска премиерот Христијан Мицкски како одговор на новинарско прашање.

-Многу малку се водело сметка за кадровски потенцијал, во рамките на министерството за внатреѓни работи, тоа го согледуваме сега откако изминавме период од 6 месеци, каде што анализиравме истражувавме и дојдовме до заклучоци дека навистина изминативе години би рекол е правен епски криминал, и за да тоа сето се санкционира и да излезе пред правдата ова основано сомневање, потребен е човечки кадровен потенцијал и можам да објавам дека веќе овој месец се планирани нови 600 вработувања во МВР, изјави Мицкоски.

Мицкоски појасни декека дел од кадарот оди во пензија, а дел се поради кадровско зајакнување на МВР.

-Дел поради природно заминување во пензија, дел кадровски да се зајакне министерството, така што МВР веќе следната недела да објави оглас за нови 600 вработувања во рамките на самото министерство, појасни премиерот Мицкоски.

Неодоливата битолчанка во Прилеп сними одлична преработка на легендарната песна од Силвана Арменулиќ (ВИДЕО)

Деновиве во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” во Прилеп, биточанката “Дани Даниела” и групата “Тик-Так” снимија одлична преработка на легендарната песна од Силвана Арменулиќ, “Циганине ти што свираш”.

Проектот е снимен во соработка со WOW Music и ДАНО ПРОДУКЦИЈА, a aранжманот е на Мендо Ташкоски.

Покрај Ташкоски на хармоника, во спотот свој настап имаат и Игор Перканоски на клавир, Илија Чакароски на гитара, Валдо Димоски на бас и Дарко Аврамоски на тапани.

Слушнете и уживајте во продолжение:

Ќе има ли и во Прилеп? Велес станува седмиот град во Македонија кој ќе добие “ЛИДЛ”

Германскиот синџир на маркети “ЛИДЛ” ќе отвори маркет и во Велес – објави на својот Фејсбук профил градоначалникот на оваа општина, Марко Колев.

-Изминатава година напорно работевме за завршување на сите потребни административни процедури кои завршија денес со усвојување на седницата на Советот на Општина Велес, со што овој светски познат бренд на маркети ќе може да ја направи својата инвестиција во Велес. Оваа инвестиција ќе значи нови вработувања и придвижување на локалната економија – напиша Колев.

Teмпературите во Bonatti паднаа длавоко во МИНУС! И до 40% намалување – Изберете ја неодоливата комбинација!

Во срцето на Прилеп, на бул. Гоце Делчев бр. 6-3, наспроти “Ла Страда”, oд неодамна работи продавницата на Bonatti, единствено место каде љубителите на квалитетната и елегантна долна облека можат да го најдат совршениот избор за себе или за подарок на блиска личност.

Bonatti е бренд кој веќе долго време се препознава по својот модерен и иновативен пристап кон дизајнот, комбинирајќи стил, удобност и префинетост. Со врвен квалитет и внимание на секој детал, Bonatti создава парчиња што ги надминуваат сите очекувања. Без разлика дали станува збор за секојдневна долна облека или ексклузивни сетови за посебни пригоди, Bonatti секогаш успева да ги задоволи вкусовите на најпребирливите купувачи.

Новата продавница во Прилеп е совршено место за сите оние што сакаат да се чувствуваат убаво и самоуверено во својата кожа. Со широк асортиман на производи, вклучувајќи долна облека, пижами, аксесоари и други модни детали, посетителите ќе можат да го најдат совршениот избор за себе или за подарок на блиска личност.

А сега е вистинското време! Во Bonatti веќе започна празничната еуфорија со дури 40% попуст на одредени производи.

Празничната акција трае од 13.12.2024 до 11.01.2025

Побрзајте и направете ја неодоливата комбинација, изберете го совршениот подарок и препуштете се на магичните моменти!

Ристески: Новогодишната кошничка ќе достигне 1.000 производи, инспекција ќе врши мониторинг

Се е подготвено за утрешниот старт на мерката новогодишна кошничка која треба на граѓаните да им донесе производи со пониски цени од минимум 10 проценти, уверува Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд. Бројката на производи кои влегуваат во „Новогодишната кошничка“ се очекува да достигне дури 1000.

– Со почетокот на мерката „Новогодишна кошничка“ очекуваме бројот на производи да достигне преку 1000. Оваа општествено одговорна акција произлезе од компаниите и маркетите, а ние како Министерство и Влада ја поддржавме. Опфатени се преку 80 компании, изјави Ристески денеска во Прилеп.

Тој ги повика граѓаните и синдикатите и тие со инспекторатот да вршат своевиден мониторинг на цените на производите и да ја пријават секоја неправилност.

-Ги повикувам граѓаните, синдикатите заедно со пазарниот инспекторат кој ќе биде постојано на терен, да следат и да се уверат дека производите во кошничката се намалени најмалку 10 проценти од најниската цена од претходниот месец пред да започне акцијата. Така што, не верувам дека има некои изигрувања, зашто компаниите и маркетите ја понудија оваа акција и не верувам дека самите ќе ја изиграат.

Во новогодината кошничка се опфатени месо и месни производи, млеко и млечни производи, алкохолни и безалкохолни пијалаци, риба, пекарски прооизводи, тестенини, кондиторски производи, овошје, зеленчук. Овие производи опфатени со мерката ќе се продаваат на преку 300 пунктови во сите градови во земјава.

-Очекуваме овие новогодишни празници граѓаните да ги поминат со пониски цени и да заштедат во домашниот буџет, вели тој.

Ристески објаснува дека од кошничката се изоставени маслото шеќерот, кафето и какаото за да не им се направеле големи штети на компаниите.

-Овие производи не ги ставивме во мерката зашто не сакавме да им наштетиме на компаниите кои зависат од домашниот пазар, но и од цените на суровините на светските берзи, кои во моментов се многу зголемени. Но, има и одговорни компании кои и на овие изземени производи дадоа одредени попусти, нагласува заменик министерот.

Мерката ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

Јанчев: Во Кавадарци интензивно се гради дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост

Интензивно се работи на изградбата на дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост, што ќе располага со капацитет од 40 корисници, се наведува во објавата на страницата на „Фејсбук“ на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Вкупната проценета вредност на проектот е 40.856.910 денари. За да им овозможиме подобар квалитет на живот на лицата со попреченост, се истакнува во објавата на „Фејсбук“.

Како што се појаснува, станува збор за проект што беше дел од изборната програма на градоначалникот Јанчев.