дома блог страница 615

Густи облаци од чад над Прилеп: Гори на голема површина на Маркови Кули (Фото)

Непријатна миризба и густи облаци од чад се кренаа вечерва над Прилеп. Гори на голема површина на локалитетот Маркови Кули.

Граѓаните се загрижени и стравуваат од проширување на пожарот.

Засега нема информации што ги предизвикало огнените јазици, но причината е најверојатно човечки фактор.

ГОРДОСТ НА ПРИЛЕП! Гимназијалците Петар и Марио ни носат два медали од 56-та Светска Олимпијада по хемија во Ријад (ФОТО)

Одлични вести за Прилеп пристигнуваат од светската олимпијада по хемија, од каде нашите ученици се враќаат со два освоени медали.

56-то издание на овој светски натпревар по знаење се одржува од 21-30 јули во Ријад, Саудиска Арабија, а таму беа и ученицитe: Петар Мирчески од Гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп и Марио Ванчоски од штипската гимназија “Славчо Стојменски”.

Притоа Петар освои средбрен, а Марио ни носи бронзен медал. Еден огромен успех за македонското образование воопшто, успех на кој треба да сме горди сите и да им честитаме на овие вредни дечки.

Повеќе информации за покажаното знаење на нашите ученици во наредните денови.

Не сите создаваат вечни спомени и ремек дела! Еве зошто за вашите свадбени моменти да ја изберете “Керов продукција” од Прилеп

“Керов продукција” од Прилеп е една од најдобрите за фотографирање и видео на свадби поради неколку причини:

Позитивни критики и репутација:

Силното портфолио заедно со позитивните препораки на клиентите помага да се воспостави репутација на “Керов продукција”, која ги доловуваат емоциите на денот – радост, љубов, смеа, па дури и солзи. Тие знаат како да ги врамат моментите кои длабоко резонираат со парот и нивните семејства.

Експертиза и искуство:

Тим со долгогодишно искуство во снимање на свадби, кој знае како ефективно да ги предвиди и документира скапоцените моменти.

Креативна визија:

Професионалните фотографи и видеографи кои имаат уникатен креативен стил што ги издвојува.

Најсовремена опрема:

Ова осигурува дека и фотографијата и видеото се со највисоки стандарди, со одличен квалитет на сликата.

Персонализирана услуга:

Оваа персонализација осигурува дека финалниот производ ја одразува личноста на парот и суштината на денот на нивната венчавка.

Внимание на деталите: Ова ниво на детали го подобрува аспектот на раскажување приказни на нивната работа.

Следете ги на FACEBOOK и INSTAGRAM

100 ГОДИНИ „СКОПСКО“ – СЕКОЈ ИМА СВОЈА ПРИКАЗНА СО „СКОПСКО“

„СКОПСКО“ ја лансираше новата кампања со која почнува прославувањето на 100-годишнината од постоењето на нашето најпознато пивско име.
Во 1924 година во „Пивара Скопје“ се точи првото пиво „СКОПСКО“.

Оваа година, еден век подоцна, „СКОПСКО“ слави 100 години. Импозантна бројка и огромен успех, кои се должат на сите вас! Токму затоа славењето на својот 100. роденден „СКОПСКО“ го почнува со вашите приказни. Почетокот на кампањата се фокусира на сите луѓе што нè потсетуваат на главната доблест на нашето најпознато пивско име, неговата моќ 100 години да создава незаборавни приказни.

Големината на „СКОПСКО“ се должи на сите тие што цели 100 години генерациски го пренесуваат неговиот дух . На пиварците што се грижат за неговиот беспрекорен квалитет, на спортистите, чиишто успеси се слават со „СКОПСКО“, на музичарите на чиишто концерти „СКОПСКО“ е најредовен гостин, на диџеите, актерите, водителите, другарите, странците, бабите, дедовците, старите, младите… на сите луѓе, кои со секоја испиена голтка „СКОПСКО“, со пивото создаваат нераскинлива врска, цел еден век!

Сите овие луѓе се главните протагонисти во кампањата и нивните видеа може да се погледнат на телевизиските канали и на социјалните медиуми на „СКОПСКО“.

Бидејќи секој од нас има приказна со „СКОПСКО“ вредна за споделување!

За наредните 100!

100 години „СКОПСКО“ и сè е можно!

ПР oбјава

Мицкоски со одговор за протестите на Ленишки мост кај Прилеп

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со протестот на жителите од прилепските Ореовец, Крстец и Плетвар кои се против отворање на рударскиот коп во близина на селото Ореовец од страна на фирмата „Бехтел и Енка“, најави дека ќе се бара решение за овој случај. Напомена дека досега единственото решение е да се користи варовникот од друго место, но тоа, како што рече, ќе изнесува дополнителни 18 милиони евра.

– Тоа се проблеми наследени од минатото. Претходната влада преземала обврска да ги реши имотно-правните обврски до средината на минатата година, во спротивно, месечно треба да плаќаме три милиони евра пенали. До сега требаше 36 милиони евра само по основ на пенали да плаќаме. Јас сочувствувам со сопствениците на населбата и сакаме да помогнеме. Досега единствено решение е да се користи варовникот од друго место, но тоа значи дополнителни 18 милиони евра, изјави Мицкоски по средбата со претставниците на Стопанската комора на северозападна Македонија.

Според Мицкоски, мора да се најде решение затоа што следниот чекор е арбитража, а доколку се изгуби спорот, ќе треба да се плаќаат финансиски средства.

– Потрошиле 300 милиони евра без никаков прогрес. До вчера протестираа во местото во близина на Гостивар, денеска протестираат во Прилеп, ќе продолжат овие протести, ние сме свесни дека тоа ќе се случи заради тоа што овој проект треба да се реализира затоа што ако не се реализира одиме на арбитража, на арбитража штетата ќе биде огромна, рече Мицкоски.

Утринава беше блокиран патот од Прилеп кон Плетвар поради протест. Активисти од Прилеп изразија незадоволство од отворањето на рударски коп кај Ореовец. Протестот беше одржан на местото Заполошки Мост од 6:30 до 9:00 часот, а сообраќајот во тој период беше во прекин.

Регулаторна одлучи: Поевтинуваат бензинот и дизелот

Од полноќ се намалуваат цените на Еуросупер БС-95 и на Еуросупер БС-98 за половина денар, а на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар.

Согласно новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денар за литар, а Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар. Новата цена на дизелот од полноќ ќе биде 73 денари за литар, а на Екстра лесно масло за домаќинство 71,50 денари за литар.

Се намалува и цената на Мазутот за 0,275 ден/кг и тој ќе се продава по цена од 44,381 денари за килограм.

Фатени на дело двајца прилепчани: Краделе во демирхисарско

На 28.07.2024 во с.Железнец, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп.

Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменолом во атар на с.Железнец.

За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

Вечер на унгарски песни и танци во Прилеп

На платото пред ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 07.08., со почеток од 20 часот ќе се одржи концерт „Вечер на унгарски танци“, што Центарот го реализира во соработка со Здружението на Унгарците во Македонија и Амбасадата на Унгарија.

Свој настап пред прилепската публика ќе имаат оркестарот “Јухас”, еден од најистакнатите оркестри на унгарско тло и фолклорната група “Дуна Танода” од Баја Унгарија.

Во два дена 226 казни на територијата на СВР Битола: Се возело брзо, под дејство на алкохол, без возачка дозвола…

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (26/27/28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Oд руина во ремек дело: Битола се променува! (ВИДЕО)

Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со повеќе спортисти, ученици и млади луѓе од Битола, деновиве го означија пуштањето во употреба на реконструираните спортски игралишта во Основното училиште „Елпида Караманди“.

Без многу зборови, погледнете во видеото во продолжение за што станува збор:

ПРЕКРАСНО!