дома блог страница 614

Србија испраќа хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, јави дописникот на МИА од Белград.

-По одобрение на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи утре ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни ситуации во гаснењето на пожарот што од Северна Македонија се прошири до областа Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, изјави Дачиќ, се наведува во соопштенеито до медиумите на МВР.

Во него се додава дека поради ширење на пожарот во источниот дел на Северна Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ во земјава со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

Во акцијата за гаснење на пожарите во Македонија, по одобрение од нивните колеги учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила, кои дејствуваат во атарот на селото Магленце со што спречуваат понатамошното ширење на пожарот кон територијата на Србија.

-Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ, се наведува во соопштението на српското МВР.

Уште не отворен, пожар во новиот трговски центар во Битола (ФОТО/ВИДЕО)

Уште неотворен, попладнево пожар избувна во новиот трговски центар на влезот на Битола, “BLISS”. Попладнево околу 18:30 часот, пожар избил во објектот, при што интервенирале и екипи од Територијалната противпожарна единица.

Според фотографиите и видео материјалот, предизвикана е материјална штета, а засега не е позната причината што го предизвикала прожарот.

Отварањето на трговскиот центар BLISS првично беше планирано за втората половина на август.

Еве кога ќе легнат парите од МОЈ ДДВ

Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје нема да започне пред да биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата. Затоа е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тримесечје, порача денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.

– Исплатата не може да почне додека не помине ребалансот на Буџетот, бидејќи во буџетот на УЈП за 2024 година не биле испланирани доволно средства за цела 2024 година. Испланираните средства за „Мој ДДВ“ во најголем дел се потрошени и затоа мораме да го чекаме ребалансот на државниот Буџет и потоа да бидат испланирани средства, рече Петрова во интервју за „Република“.

Вчера, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на прес-конференција во Собранието најави дека се очекува ребалансот на Буџетот да биде усвоен во втората недела од август.

– Продолжува дебатата за ребалансот на Буџетот за 2024 година. Планот е да се донесе во втората недела од август по што ќе започне консолидацијата на затекнатите состојби, рече Стојаноски.

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет во тек е амандманската расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се вкупно 58 амандмани.

Утре и другиден на овие места во Прилеп и прилепско ќе се прска против комарци

На 31 јули и на 1 август во периодот од 7 до 13 часот на територијата на општина Прилеп, екипа од Центарот за јавно здравје Прилеп ќе се спроведе втората фаза на ларвицидна теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвените форми на комарци.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени места каде што има идеални услови за раст, развој и размножување на комарците, како што се фонтани, мини езерца, одводни канали, мочуришта, делови по течението на градска река, делови од Дабнички канал, Селечка река, Маркова чешма, област Поводеници, Вештачко езеро, Волковски езера, област Ѓумушица, Сарика како и водени површини во населените места: Беровци, Кадино село, Галичани, Чепигово, Тројкрсти, Мало и Големо Коњари.

Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата се одложува за следниот ден, информираат од Центар за јавно здравје Прилеп.

Фатен крадец кој ограбил фирма во Битола

На 29.07.2024 на ул.„Таку Димитровски” во Битола, по претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода А.М.(28) од Битола.

Тој се сомничи дека во периодот од 26 до 29.07.2024 извршил „тешка кражба“ во објект на правно лице во Битола, при што одзел повеќе предмети. Притоа, во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Вечерва пречек на Илинденската коњаница во прилепско Ропотово – Свој настап ќе има и Андријана Јаневска

Денеска во с. Ропотово – прилепско, ќе се организира свечен пречек на илинденската коњаница. Настанот ќе се одржи на спортското игралиште, со почеток од 18:30часот, а свој настап ќе има музичката група “Нота бенд” и Андријана Јанеска.

Настапот на Андријана е со почеток од 20:00часот.

Заеднички да ги поздравиме учесниците на коњаницата со што помасовно присуство, и да одбележиме 121 година од Илинденското востание.

За многу години! Се празнува Св. великомаченичка Марина, кај народот позната како Огнена Марија

Православната црква и верниците на 30 јули го слават празникот на Светата великомаченичка Марина, во народот позната како Огнена Марија, која е почитувана како борец за христијанската вера и заштитничка на жената.

Покрај православните, Огнената Марија ја почитуваат и католиците и оние од исламска вероисповед, кои ја нарекуваат „српска Упаљуша“. Затоа, внимавајте со какви активности ќе се занимавате денес, за да не ви се случи нешто многу лошо.

Денот на Светата маченичка Марина, во народот познат како Огнена Марија, се смета за многу почитуван празник, особено кај жените, па затоа е обичај на тој ден да не се работи физичка работа или работа на нива. Во црковниот календар 30 јули не е означен со „црвена буква“, но жените на тој ден од почит кон овој празник одбиваат дури и да закачат игла.

Во фолклорот се зачувани примери на оган или молњи кои гореле жито, сено и домови на луѓе кои згрешиле работејќи на празникот Огнена Марија во жешките празнични денови.

Светата маченичка Марина е родена во Антиохија, се крстила на 12 години, а на рана возраст ја изгубила мајка си, а татко и кога дознал дека е христијанка ја избркал од дома. На пат од Антиохија го сретнала епархот Олимбриј, кој отишол да ги прогонува христијаните. Бидејќи таа го одбила понудениот брак и поради нејзината вера во Господ Исус Христос, гневниот епарх наредил да биде изложена на најлошите маки.

Народното верување вели дека Огнената Марија гори и казнува со оган и дека громот на овој свет ден е лош знак. Тоа може да значи дека претстои тешка и сушна година, а постарите тврдат дека ваквите ситуации укажувале на болест и сиромаштија.

Кај православните особена стравопочит предизвикува Огнената Марија (која, инаку, во народната традиција е позната како сестра на Илија Громовник и Света Пантелија). На тој ден (30 јули по нов календар или 17 по стар календар) никој не работи бидејќи се смета дека на тој ден секоја работа е неправилна и грешна, дека секој што ќе ја наруши волјата Божја на тој ден. денот не може да ја очекува неговата милост.

Некои православни семејства го одбележуваат споменот на Огнената Марија како слава за крштевање. Моштите на овој светител почиваат во манастирот Света Марина во Албанија, на планината Лонга над Охридското Езеро.

Потресни моменти од евакуацијата на населението во светиниколско: Луѓе одбиваа да ги напуштат живеалиштата, интервенираше и полицијата (ВИДЕО)

Потресни моменти од евакуацијата на жителите на селото Немањици објавија од Центарот за управување со кризи утрово. Дел од луѓето одбивале да ги напиштат своите домови кои се под закана на пожарот, меѓутоа на крај пожарникарите морале да се осигураат дека нема ниту еден човек кој би можел да настрада од пожарот.

– Фронтот на огнот во светиниколско е многу широк но во овој момент населени места не се во опасност. На терен работат пожарникари а во приправност има доволно припадници на Армијата кои се вклучуваат по барање на локалните командири. Од воздух ќе делува еден армиски хеликоптер Ми 17 и три ер трактори на ДЗС. – соопшти утрово директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Македонски хакери направиле хаос во пребројувањето на гласовите по изборите во Венецуела

Јавниот обвинител на Венецуела, Тарек Вилијам Сааб, најави кривична истрага против лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо, обвинувајќи ја дека со уште две лица координирала компјутерски напад врз Националниот изборен совет (ЦНЕ) од Македонија на вчерашните претседателски избори во земјата.

На прес-конференција Сааб рече дека неговата канцеларија пронашла прелиминарни докази за наводен обид за саботажа на изборниот систем на ЦНЕ што доаѓа од Македонија, а зад која покрај Мачадо стоеле и „бегалците од правдата“ Лестер Толедо и Леополдо Лопез.

Ова предизвика „забавување“ во системот за пренос на податоци и во објавувањето на резултатите од претседателските избори, нагласи обвинителот, објаснувајќи ја со тоа огромната разлика во резултатите што ги објавија двата табора на изборите.

Според власта, со 51 процент добиени гласови реизбран е актуелниот претседател Николас Мадуро, кој ја води земјата веќе 11 години, а кандидатот на опозицијата Едмундо Гонзалез Урутија освоил 44 отсто.

Опозицијата, пак, тврди дека ситуацијата е обратна, односно за Гонзалез Урутија гласале 70 проценти од избирачите што излегоа на гласачките места.

Уште гори во Прилеп, нема да се интервенира со хеликоптери

Пожарот во Прилеп е активен и утрово, но од ЦУК информираат дека бил „во голем дел под контрола“.

– Пожарот над Прилеп во голем дел е ставен под контрола, доцна во ноќта е спасен и манастирот, во комуникација со командирот на ТППЕ Прилеп известени сме дека во моментот позади сртот на Маркови кули пожарот е поделен во два крака, ќе направат напори да го стават под контрола и изгаснат. Има доволен број на луѓе на терен а воздушна подршка во моментот не е потребна. – велат од ЦУК