дома блог страница 605

„Човек – Муза“ – Едукативната изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција – во петок во ликовната галерија на “Марко Цепенков”

Во петок, 22.11., со почеток од 19часот во Ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”, ќе биде отворена изложбата „Човек – Муза“ – Едукативната изложба на уметности генерирани од вештачка интелигенција од прилепчанецот Зоран Тодороски.

Поимот вештачка интелигенција започнува да се употребува уште во почетокот на 50 -тите години, со нејзината појава, кога развојот беше условен од ограничената моќ на компјутерските системи во тоа време.

Забрзаниот развој на компјутерските системи овозможи забрзан развој во оваа област што евентуално ќе ја направи комуникацијата со машините по човечна а со тоа и полесна и подостапна употребата на напредната технологија генерално. Овој забрзан развој доведе до појава на таканаречените “Големи Јазични Модели“ кои станаа популарни пред се поради нивната намена за употреба од обичните корисници без потрбно специјална обука и поради нивната универзалност. Како и да е, самиот поим Вештачка Интелигенција, нејзините можности, достапността и начинот на употреба остана ексклузивна привилегија за оние по упатените во технологијата поради одсуството на информативен медиум што би ја запознал генералната јавност.

Едукативната изложба има за цел да ги презентира некои од можностите на вештачката интелигенција кои се достапни за обичниот корисник, како и да ги запознае присутните со историјата, суштината и достапните алатки и можности на обичниот корисник. Кратко, со присуството на едукативната изложба посетителот ќе се стекни основните знаења, вештини и совети за интеракција со оваа релативно нова алатка.
Планирано се неколку кратки излагања од организаторот и истакнати експерти кои во релаксирана атмосфера ќе ги запознаат со историјата, клучните моменти во развојот како и начинот на функционирање на техничко ниво.

Ќе бидат изложени слики во различни стилови и техники генерирани од вештачка интелигенција пропратено со музика и поезија генерирана од вештачка интелигенција кои ќе ги воодушеват присутните но и ќе предочат недостатоците и неопходноста на инспирација, мотив и човечка емоција во уметността.

Секако дека крајниот збор ќе биде оставен на уметниците кои ваквиот настан го оценуваат како, интересен и потребен.

60-годишна битолчанка измамена за 10.000 евра

На 18.11.2024 во 13.45 часот во СВР Битола, 60 – годишна жена од Битола пријавилa дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, пред околу четири месеци на фејсбук стапила во контакт со лицето, кое се претставило дека е со македонско потекло, дека е вработен во армијата на САД, а моментално на мисија во Сирија и дека сака да ја прекине мисијата.

Како што е пријавено, лицето ја известило дека мора да уплати 10.000 евра доколку сака да ја прекине мисијата и побарало од неа да ги пушти парите на лице во Турција преку брз трансфер на пари, затоа што додека бил на мисија немал пристап до неговата банкарска сметка.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово во Прилеп измерени 3 степени – следуваат врнежи од дожд

Во Берово утрово е измерена најниска температура од нула степени Целзиусови.

Температури над нулата има во Битола каде е измерен 1 степен, 2 степена се измерени во Попова Шапка, Тетово и Скопје-Петровец, 3 во Прилеп и Скопје-Зајчев Рид, 4 во Струмица и Крива Паланка, 5 во Крушево, 6 во Маврови Анови и Кавадарци, 7 во Виница и Гевгелија, 8 во Претор, Охрид и Велес, 10 во Штип и 11 во Демир Капија.

Во текот на ноќата времето беше променливо облачно во северните делови со слаб повремен дожд. Дуваше слаб до умерен променлив ветер кој во првиот дел од ноќта засилуваше во Штип и на Ѓуриште. Утринава ветерот е слаб до умерен, а врнежи од дожд има во Крушево.

Според прогнозата на УХМР, денеска времето ќе биде променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува засилен до силен јужен ветер, наместа над 70 километри на час.

Максималната температура ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Децата се чести минувачи! Опасен за движење мост во населбата “Вишне” во Прилеп (ВИДЕО)

Итно е потребна санација на металното пешачко мовче над Река Дабничка во Прилеп! Мовчето е премногу оштетено и корозирано, па во секој момент некоја од металните плочи може да се откачи, а некој да заврши со тешки повреди во коритото на реката.

Граѓаните апелираат надлежните веднаш да се погрижат за ова мовче, затоа што и децата се чести минувачи преку него!

Двајца прилепчани измамени за работа во Германија: Уплаќале пари во повеќе наврати, виза не добиле

-На 18.11.2024 во 12.00 часот во ОВР Прилеп, две лица од Прилеп на возраст од 39 и 31 година пријавиле дека во август и септември 2024 година биле измамени од едно лице.

Според пријавеното, преку вибер контактирале со лицето за посредување за работа во Сојузна Република Германија и притоа во повеќе наврати уплатиле пари на сметка на лице од Скопје.

Како што е пријавено, до пријавувањето не добиле работна виза, а од пред една недела лицето престанало да комуницира со нив, по што сфатиле дека се измамени. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од МВР.

Од 305 ваги, работат само 19 во цела Македонија, тутунарите засега резервирани – Во Тутунски Комбинат откупот се’ уште не е започнат

Откупот на тутунот од годинашнава реколта почна воздржано. Од 305 откупни ваги, во моментов се отворени 19 ваги на две компании, на „Сокотаб“ и на компанијата „Кавекс“. Од утре пунктовите ќе ги отвори фирмата „Пашоски“, а сѐ уште не се знае кога ќе почнат да откупуваат уште седум компании меѓу кои и прилепскиот Тутунски комбинат зошто отворањето на пунктовите, поради поверениците мора пет дена порано да го најават кај Сојузот на тутунските здруженија.

И со отворени 19 откупни ваги, од кои по две во Прилеп и Битола, па во Пелагонискиот и во источниот регион, тутунарите се воздржани да го носат родот, очекувајќи каква цена ќе биде постигната. Според последните информации, во Прилеп се презеле 150-тина килограми во прва класа по 375 денари за килограм. Од Сојузот на тутунските здруженија најавуваат дека ќе бараат цените да не бидат пониски од 420 денари што би било колку-толку исплатливо за производителите.

-Според нашите сознанија во источниот дел од земјава и во Пелагонискиот регион има однесено тутун за откуп и тие количества се проценети во прва класа која е 375 денари, со напомена дека откупувачите во моментов не го откупуваат влажниот и сувиот тутун. Но, се цени само на две ваги, веројатно откупувачите тактизираат, тутунарите не носат, сакаат да видат по која цена се откупува родот. Имаме разговарано со откупувачите за да не откупуваат по пониска цена. Ние инсистираме просечната цена да достигне 420 денари за килограм, и како лани, ќе бараме да биде како анекс во договорите, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Годинава, 10-те откупувачи имаат склучено договори за околу 26 000 тони тутун, а според Сојузот, реално реколтата е околу 17 000 тони.

-Тутунот е со висок квалитет и реално е тутунарите да бараат повисоки цени за да биде исплатливо производството и да се задржат помладите генерации да ја работат оваа индустриско-земјоделска култура која на државата ѝ обезбедува девизен прилив, вели Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Долненско и член на Сојузот на тутунските здруженија.

Десетте лиценцирани компании откупот на тутунот мора да го почнат најдоцна до 15 декември.

Кузманоска брилијантна! Слушнете што порача најхаризматичната пратеничка во Македонија (ВИДЕО)

„Стратешките приоритети на Владата на ВМРО-ДПМНЕ при подготовка на Буџетот за 2025 година, се насочени кон одржување на макроекономската стабилност и одржување на стабилен и одржлив национален економски развој. Дополнително со ваквите инвестиции ќе се отворат нови работни места и ќе ја зголемат продуктивноста во долг рок, што ќе има позитивен ефект врз економскиот раст и животниот стандард на граѓаните“ , изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Биљана Кузманоска во своето излагање на денешната расправа за предлог-буџетот за 2025 година.

Кузманоска јасно даде до знаење дека веќе условите се променети. Посочи дека ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија секогаш е на страната на домаќинско и одговорно работење. Напомена дека партијата секогаш ќе биде верен партнер на граѓаните кои чесно работат и придонесуваат да изградиме квалитетно општество.

„Сега уловите се променија. Како одговорна партија, домаќинското работење е клучно за ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме партија која ги почитува граѓаните кои со труд, работа и капитал се борат за поквалитетен живот“ , децидна беше Кузманоска.

Кузманоска апелираше СДСМ да започнат да поддржуваат и поздравуваат добри политики и да не се служат со деструктивни критики. Истакна дека време е зрело да се делува во интерес на граѓаните, користа да ја почувствуваат и уживаат и идните генерации.

„Затоа колеги од СДСМ време е да почнете да почитувате, потребно е да почнете да делувате, а не само да критикувате. Да дадеме можност, а притоа да ги користиме сите механизми што ни се на располагање за вршење на задачите и обврски кои ни ги доделиле граѓаните, за добробит на сите, во настојувањето да градиме подобра иднина и да ја развиваме нашата државата на сите полиња, за нашите и идните генерации“ , заклучи Кузманоска.

Мицкоски: Постигнат историски договор за платите на здравствените работници

Денеска во македонската влада двата репрезентативни синдикати на здравствените работници во Македонија постигнаа историски договор со Владата на премиерот Христијан Мицкоски за зголемување на платите на вработените во здравствениот сектор.

-Постигнат е историски договор. Освен корекцијата на коефициентите, зборуваме за зголемување за 10 насто на платите, од март месец следната година имаме зголемување за нови 5 проценти на паричната маса која се издвојува за здравствените работници. Следната 2026-та од 5 до 7 проценти, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот. Се надеваме дека ќе биде во здрава кондиција, работиме на тоа. Истото тоа зголемување од 5 до 7 проценти ќе биде и во следната 2027-ма година, а од 7 до 10 проценти ќе биде во 2028-та година. Кога ќе го земете целиот овој период во низа, добиваме зголемување на паричната маса потребна да се исплатат платите на здравствените работници помеѓу 40 до 50 проценти во следните неколку години, навистина нешто што претставува историско, изјави на прес-конференцијата претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски, кој изрази огромно задоволство што може да биде дел од овој историски настан, како и благодарност до синдикатите кои со свои идеи учествуваа во реализацијата на овој чин.

-За првпат во историјата се постигнува ваков договор кој на долг рок ќе ги корегира платите на здравствените работници, изјави Мицкоски.

Огромно задоволство изразија и двајцата претставници на репрезентативните синдикати на здравствените работници, кој овој историски чин го оценија како резултат на работата на двата синдиката, премиерот Мицкоски, министерката за финансии Димитриеска-Кочоска и директорот на Фондот за Здравство Клековски.

-Договорено е покачување на платите ќе биде силна мотивација за здравствените работници, но и прв чекор во подобрувањето на здравтвената грижа за сите граѓани, изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на Самостојниот синдикат на клинички центар

-Благодарност до премиерот и владата за реализацијата на овој чин, со анексот на колективниот договор се корегираат коефициентите на здравствените работници, со зголемување од 3.650 денари бруто или 2.450 нето на плата, а кај медицинските сестри имаме корекција на платите од 5.700 бруто или 3.850 денари нето на плата, изјави д-р Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на РМ.

Прилепските брендови на семејството Ѕвончар ја освоија меѓународната комисија во Кавадарци: Златен медал за “Љубовна ракија” на “Тиквешка ракијада 2024” (ФОТО)

Во организација на Здружението на производители на алкохолни пијалоци ,,Ж’та,,- Кавадарци, а под покровителство на градоначалникот на Општина Кавадарци и Локалната самоуправа, викендов се одржа традиционалниот Меѓународен фестивал во оценување на ракии “Тиквешка ракијада 2024”.

Производители од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора, се претставија со над 300 мостри на стари ракии, ликери и овошни ракии, па меѓународната комисија која ја сочинуваа сертифицирани од ЕУ членови, имаше тешка задача да ги избере најдобрите.

На настанот се претстави и семејството Ѕвончар од Прилеп со нивните брендови “Прва љубов ракија” и “Љубовна ракија”, при што “Љубовната ракија” се закити со признание Голем златен медал во категорија на лозови ракии постари од три години, а “Прва љубов ракија” доби бронзен медал.

Ова е само уште еден во низата успеси, кои овој прилепски бренд ги нижи на секој саем и секој натпревар. Ракијата на семејството Ѕвончар од Прилеп e мевлем кој ја освојува секоја душа. Станува збор за рецепт кој во ова семејство се негува со децении, се приготвува со многу љубов, трпение и огромно внимение.

Наградите се само признание за квалитетот и напорната работа! Честитки и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Важно известување од општина Прилеп до граѓаните – Ќе се стави ли сега ред во центарот на Прилеп? (ФОТО)

Oпштина Прилеп ги известува граѓаните дека врз основа на Одлука на Советот на Општина Прилеп, бр. 07-1144/6 од 06.05.2009 година улиците:

„Јане Сандански“ –цела, ул. 8 Март- цела и ул. „Републиканска“ од постоечката пешачка зона до спој со ул. „Херој Карпош“, се именувани во пешачка зона и за таа цел оваа одлука треба да се почитува со следната временска рамка за достава на роба:

-за потреба на деловните објекти кои гравитираат: Од 07-09 часот наутро и 17-19 часот навечер.