дома блог страница 573

И оваа година Новогодишен базар кај Градскиот саат во Прилеп – Три дена музика, забава и изненадувања за сите генерации

Општина Прилеп и ова година ќе организира Новогодишен базар на Платото кај Градскиот Саат.

Пријатна атмосфера, каде што ќе се ужива во убаво расположение, добра музика, вкусна храна, греано вино, моменти на смеа и забава, празнично дарување и создавање на спомени што засекогаш ќе ги чуваме, ќе им се понудат на Прилепчани во трите предновогодишни денови.
На 28, 29 и 30 декември, 2024г од 10:00-15:00, на Новогодишниот базар, ќе има различни музички, забавни, гастрономски и други содржини и изненадувања за сите генерации.

Организацијата на овој настан е во соработка со здружението Слоу Фуд Прилеп, чии членови ќе им подготват на прилепчани многу разновидни производи, направени од вредните раце на малите локални производители. Подетални информации за изложувачите ќе добиете доколку континуирано ги следите информациите во овој event.

Базарот ќе биде проткаен со забавна програма презентирана од локалните уметници и интерпретатори.
Среќна Нова Година, добро здравје и убави желби Ви посакува Општина Прилеп !

Програма :

Сабота – 28.12.24г

11.00ч – 12.00ч Oldschool Selector – Christmas party
12.00ч – 13.30ч Оркестар „РОМАНСА “ – староградска музика
13.30ч – 14.30ч Забава за деца со кловнот ЈОЈО
14.30ч – 15.30ч Oldschool Selector – Чалгија во стара чаршија

Недела – 29.12.24г

11.00ч – 12.00ч Забава за деца со пиратот Капетан Морган
12.00ч – 13.00ч Пијан Славеј – електро акустично дуо
13.00ч – 15.00ч DJ Chatle – Македонски антологиски времеплов

Понеделник – 30.12.24г

11.00ч – 12.00ч Oldschool Selector – Чалгија во стара чаршија
12.00ч – 13.00ч Забава за деца со Дедо Мраз
13.00ч – 14.30ч LOCKDOWN -концерт
14.30ч – 15.30ч Oldschool Selector – староградска музика

Д-р Златко од Прилеп и Д-р Владимир од Радовиш, спасуваа животи по тepopистичкиот напад во германскиот град Магдебург

Светот е згрозен од терористичкиот напад кој во петокот се случи во германскиот град Магдебург, кога едно лице со автомобил со голема брзина, влета во толпа луѓе на божиќен пазар. Бројот на загинати се искачи на 5 луѓе, а повеќе од 200 се повредени.

Во спасувањето на животите на повредените учествувале и двајца македонски лекари Д-р Златко Станковски од Прилеп и Д-р Владимир Митевски од Радовиш – објави Македонската амбасада во Германија.

„Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски. Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“, пишуваат од Македонската амбасада во Германија”, напишаа од македонската амбасада на социјалните мрежи.

Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника (ФОТО)

На 21.12.2024, полициски службеници од СВР Битола, со судска наредба, извршиле претрес во Битола во дом на малолетно лице од Битола, при што биле пронајдени 3000 парчиња пиротехника.

Денеска, исто така, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола во Прилеп ги лишиле од слобода А.О.(26) од Прилеп и Ф.И.(36) од Прилеп бидејќи кај нив биле пронајдени околу 2000 парчиња пиротехника.

По документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од МВР.

Мајка му набави 4 автобуси за милион евра, а тој чита прес за набавка на нов автомобил (ВИДЕО)

Новиот претседател на локалниот клуб на млади социјалдемократи од Прилеп, Бојан Цветаноски, одржа прес конференција на која зборуваше за набавката на ново возило за потребите на општина Прилеп.

Според Цветаноски, локалната власт набавила нов автомобил во вредност од 65.000 евра, што било луксузирање со парите на прилепчани.

Веројатно новиот претседател на ЛК СДММ Прилеп, заборави на набавката која ја потпиша неговата мајка, Мери Цветаноска, која за време на претходната владеачка гарнитура управуваше со Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП).

Цветаноска беше секојдневна мета на напади од јавноста и политичките опоненти, за набавката на четирите нови автобуси за потребите на Јавниот градски превоз.

Автобусите кои тогаш беа нарекувани болиди, секој вреден по околу 250.000 евра, беа сомнеж за сторен криминал, а Цветаноска не можеше глава да крене од постојаните обвинувања од тогашната опозиција на ВМРО-ДПМНЕ, и можноста кривично да одговара за оваа милионска набавка.

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ речиси секојдневно потенцираше дека се сторени низа нерегуларности околу самиот тендер за набавка на автобусите, а особено сомнителна беше цената од речиси 1 милион евра. Покрај високата цена, од ОК ВМРО-ДПМНЕ се сомневаа за наместен тендер со единствен понудувач, а подоцна во повеќе наврати информираа и дека автобусите иако нови, се подложни на дефекти и често се носат на сервисирање.

Всушност набавката на четирите автобуси беше една од главните теми, со кои ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп ја убеди јавноста дека постои криминал во работењето на локалната власт предводена од Илија Јованоски.

Изгореа 4 автомобили во пожар во авто сервис во Прилеп! Се запалил еден автомобил, па огнот зафатил уште три други

-На 21.12.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, во авто сервис каде биле паркирани повеќе возила, настанал пожар во патничко моторно возило „фолксваген поло” со прилепски регистарски ознаки сопственост на Т.Ј.(76) од с.Загирани, прилепско.

Од пожарот биле зафатени и други патничко возила: „ауди”со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Б.(38) од Прилеп, патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, сопственост на О.Д.(32)од Прилеп, патничко возило „рено” со прилепски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп, а увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Toварно возило излетало од коловозот на патот Градско-Прилеп – повредени се две лица од Битола

-На 20.12.2024 околу 15.50 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на патот Градско-Прилеп, товарно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(39) од Битола, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(30) од Битола, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

Битола како да не е во Македонија! Започна четвртото издание на “Зимската приказна”, градот блеска од убавина (Фото/Видео)

На Плоштадот Магнолија, со официјалниот почеток со работа на лизгалиштето, беше отворено четвртото издание на „Зимска приказна“.

Стартот на програмата го означија балерини со уметнички танц на мраз, по што следуваше настапот на танцовиот спортски клуб „Експоуз“ од Битола и повеќе музички изненадувања.

default

Водител на настанот беше Мими Марковски, познат како „Мими со југото“, а посебна радост за најмладите беше Дедо Мраз.

default

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, ја најави прекрасната програма, во која битолчани ќе можат да уживаат на повеќе од 10 локации, се до 6 јануари.

ОРИГИНАЛНИ! Дечиња од Прилеп снимија маестрална преработка на спотот од песната “Налеј, налеј” (ВИДЕО)

Дечињата од едукативниот центар ROYAL KIDS HOUSE заедно со “Фан продукција” на Зоран Пилоски, снимија прекрасна преработка на спотот од песната “Налеј, налеј”. Maлите глумци се покажаа во одлично светло, а колку целиот проект е оригинален, погледнете во продолжение:

Од ROYAL KIDS HOUSE за нивниот најнов проект велат:

-Овој месец, со нашите деца, нашите мали, вредни глумци, снимавме спот на песната ,,Налеј Налеј”, чија мелодија е репрезент на македонската култура и традиција. Месецот декември, познат по претпразничната идила што ја носи, вткаена во топлите семејни домови, го дополни ова прекрасно сценарио, кое придава голема важност на народната традиција. Месец кој е симбол на куќните слави, на семејните собиранки, како битно културно обележје на нашиот народ. Во спотот се обработени мотиви на народната култура, чии елементи се пренесуваат од колено на колено. Пријателските дружби во градските кафеани, модата и стилот кои го обележуваат минатиот век, традиционалниот амбиент на кафеаните, се главен фокус на кој се заснова нашата идеја за овој спот. Голема благодарност до ресторанот Македонска Куќа за отстапениот простор, како и за држењето кон духот на староградска кафеана, со чиј придонес ја доловивме смислата на овој проект. А секако, со голема пофалба го наградуваме и трудот на нашите мали, но многу вредни глумци, кои вежбаа и се трудеа за да се појават во полн сјај. Гледајте и уживајте!

Во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” отворена ретроспективната изложба на дела од Илија Миноски (Фото галерија)

Во Ликовна Галерија од ЦК “Марко Цепенков” Прилеп, синоќа 20.12.2024, беше отворена ретроспективната изложба на дела од акварелистит Илија Миноски.

Претставени се 40 – тина дела, работени во различни периоди, од кои некои за првпат се на увид на прилепската и македонската јавност.

Отворајќи ја изложбата Викторија Димеска, историчар на уметност, ќе посочи дека академскиот уметник Миноски изградил сопствен ликовен израз преку експетиментирање со многубројни технички можности што ги нуди акварелот.

-Миноски експериментирал со колоритит, просторот и формата, истовремено ослободувајќи ги облиците од нивните контурни окови и ригорозни структури, создавајќи креативни и неповторливи, односно единствени апстрахирани или флуидни површини што потсетуваат на етерични спомени и сеќавања – рече Димеска.

Верица Миноска, ќерката на уметникот, во името на семејството, заблагодарувајќи се за можноста делата да се на увид пред јавноста посочи:

-За него уметноста, акварелот беше се. Неуморно црташе секој ден.Копнееше да има свое ателје, свое катче за да можи на мир да работи, и чекаше навечер кога дома се одморавне или бевме излезени, на масата да нареди хартија,четки, бои и да твори….Наутро стануваше рано, шеташе низ градот, ја гледаше архитектурата, Селечка, Маркови кули и одново и одново добиваше инспирација за нови дела. Црташе, работеше се додека болеста и возраста, за да четката не му стане претешка.Се надевам дека делата ќе не надживеат, и следните генерации ќе уживаат во нив и ќе го ценат тоа што тој го направи за својот роден град, кој многу го сакаше, како што ја сакаше и уметноста – посочи Верица Миноска.

Изложбата Центарот ја реализираше со поддршка на Министерството за култура и туризам.

Општина Прилеп објави кој ќе ги забавува прилепчани за најлудата ноќ во годината

Општина Прилеп ја објави музичката програма за дочек на Новата година на плоштадот “Александрија”.

Прилепчани за најлудата ноќ ќе ги забавуваат познатото диџеј дуо Cyrillic и “Балканика Бенд” придружувани со вокалот на победникот од шоуто “Никогаш не е доцна”, Сашо Башески.

Забавата во центарот на Прилеп ќе започне во 22:00 часот.

Детска програма:

За најмалите, забавата започнува уште напладне! На Камената Бина, во 12:00 часот, ќе се одржи фестивалот „Весели Ѕвончиња by Jana“ – вистинско уживање за децата и нивните семејства!

Локација: Плоштад „Александрија“, Прилеп