дома блог страница 572

Шок за ,,прогресивна” Америка: Трамп рече дека официјалната политика на САД отсега ќе признава само два пола – машки и женски

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата претседател на САД на 20 јануари, најави серија контроверзни мерки. Говорејќи пред поддржувачи во Феникс, Аризона, тој изјави дека веднаш по инаугурацијата ќе потпише укази со кои ќе се забрани присуството на транссексуалци во војската и училиштата и ќе се ограничи пристапот до медицински процедури за промена на пол кај малолетници.

Трамп нагласи дека официјалната политика на САД ќе биде признавање на само два пола – машки и женски. Оваа тема предизвикува длабоки поделби во американското општество, особено во поглед на трансродовите права и нивниот пристап до спортови и јавни установи.

Покрај тоа, Трамп најави дека ќе започне најголемата операција за депортација на нелегални мигранти во историјата на САД. Тој исто така вети крај на војната во Украина, запирање на хаосот на Блискиот Исток и спречување на Трета светска војна, но не даде детали за начинот на кој планира да ги реализира овие цели.

“20 јануари ќе биде ден за ослободување на Америка”, порача Трамп на собирот.

(Фото галерија) Во Битола вистински празник на боксот – Се одржа 30-то Државно првенство

Битола подготвена го пречека 30-то поединечно Државно првенство во бокс, при што домашната публика во спортската сала „Боро Чурлевски“ и македонската јавност имаше можност да ги види најдобрите боксери од цела Македонија во сите возрасни и тежински категории.

Ова беше празник на боксот каде ги добивме новите државни шампиони, а во исто време е возобновен големиот боксерски турнир „Битолски победник“.

Државното првенство во бокс е во организација на националната боксерска федерација, на чело со претседателот Кристијан Андреевски, а во партнерство со нашиот БК Пелистерски јунак и со поддршка на Општина Битола.

„Домаќините БК Пелистерски јунак го прифатија предизвикот заедно со градоначалникот на општината Тони Коњановски и се надеваме дека и битолската публика уживаше во овој боксерски хепенинг, воедно и почеток на една голема традиција во името на Битолски победник.

Градоначалникот Тони Коњановски истакна дека Битола како спортски град, но и како град на еден од најдобрите боксерски клубови во нашата држава го прифати предизвикот, а уште позначајно е што се возобнови традиционалниот турнир “Битолски победник”, кој своите почетоци ги имаше во 80-тите, а последен пат се организирал во далечната 1996 година.

Џудо федерацијата на Македонија ги избра најдобрите за 2024год. – Прилепските клубови во самиот врв! (ФОТО)

Џудо федерацијата на Македонија на пригодна манифестација ги избра најдобрите за 2024 година.

Најдобар џудист на Макеоднија за 2024 година е олимпиецот Еди Шерифовски, додека признанието кај дамите го понесе Kaтерина Ацевска.

За најдобар клуб во 2024 година е прогласе ЏК Миоки од Скопје, додека во топ три се и прилепските ЏК Сеишин и ЏК Пролетер.

НАЈУСПЕШНИ СПОРТИСТИ ВО 2024 ГОДИНА

1. Најуспешна помлада пионерка – Марија Китевска
2. Најуспешен помлад пионер – Виктор Трчков
3. Најуспешна пионерка – Тамара Илиоска
4. Најуспешен пионер – Амар Бајрамовски
5. Најуспешна кадетка – Ива Богдановска
6. Најуспешен кадет – Михаил Стојановски
7. Најуспешна јуниорка – Борјана Поп Атанасова
8. Најуспешен јуниор – Сергеј Димитриоски
9. Најуспешна ветеранка – Јелена Јовевска
10. Најуспешен ветеран – Марјан Димески
11. Најуспешна сениорка – Катерина Ацевска
12. Најуспешен сениор – Еди Шерифовски

НАЈУСПЕШНИ ЏУДО КЛУБОВИ ВО 2024 ГОДИНА
1. ЏК МИОКИ – Скопје – 1 место
2. ЏК СЕИШИН – Прилеп – 2 место
3. ЏК ПРОЛЕТЕР – Прилеп – 3 место

Д-Р ТАСЕСКИ ЌЕ ИЗВРШИ БЕСПЛАТНИ ПРЕГЛЕДИ

По повод 20-годишнина од постоењето на ПЗУ МЕД ИНТЕРНА Д-Р ТАСЕСКИ, а во пресрет на Новогодишните и Божикните празници, д-р Оливер Тасески извршува бесплатни прегледи за ехо на абдомен. Прегледите се наменети само за пациенти кои боледуваат од разни видови на карциноми, како најранлива група пациенти на кои ваквите прегледи им се најнеопходни. Иницијативата е дел од определбата на д-р Тасески постојано да се грижи за здравјето на своите пациенти. Прегледите ќе се извршат во сабота (28.12.2024). Закажување на телефон 048/410-510.

Три метларки од БРАКО за почисто Кавадарци

,,За почисто Кавадарци” и ,,Произведено во Македонија” се натписите на новите возила метларки кои почнаа да го чистат Кавадарци. Општина Кавадарци набави три метларки-свипери од домашно производство, односно од марката Грин Машинс на БРАКО и со оваа набавка, машинскиот парк на комуналното претпријатие сега е зголемен со три нови возила, кои се ефикасни и економични, а предност е што одржувањето и сервисирањето го обезбедува самиот производител кој се наоѓа во Велес.

Директорот на Грин Машинс, Ангел Анѓушев, при предавањето на возилата на комуналното претпријатие во Кавадарци, се заблагодари на довербата на градот, и потенцираше дека иако Грин Машинс продава во 50 држави низ целиот свет и дека годинава само во еден голем светски град се продадени 40 возила, сепак овие три возила во Кавадарци и значат многу на компанијата и на нејзините вработени затоа што ќе работат и ќе чистат дома, во Македонија.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев нагласи дека општината секогаш вложува во модерни решенија за подобри услуги за граѓаните и дека е прва општина по главниот град која во 2018г започна со машинско метење на градските улици.

Гевгелија ќе добие трговски центар, прилепскиот кај “Салида” долго чека за потпис

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување на камен темелник на изградба на трговски центар во Гевгелија.

„Многу амбициозен е планот на инвеститорот, но не и неостварлив бидејќи до сега како што и самиот инвеститор во својот говор овде кажа во рекордно време благодарение на амбициозниот тим и амбициозната работа на градоначалникот на Општина Гевгелија овој проект доаѓа во оваа фаза во која што е денеска, да можеме да поставиме камен темелник на инвестиција вредна самите слушнавте околу 20тина милиони евра. Од тоа што можев во разговорите да дознаам некој детал повеќе дека ќе имаме околу 350 нови вработувања на почеток до максималниот капациет и 500тини.

Оваа точка е навистина значајна бидејќи околу 15 милиони возила годишно ќе поминуваат тука, тоа значи голема можност за бизнис, голема можност и за ширење и за проширување на инвестицијата.

За Гевгелија ќе значи тоа многу, така што како претседател на Владата ценам дека секогаш кога во Македонија ќе се прават ваков тип на објекти ние сме тука да помогнеме, да го забрзаме овој процес, да го одблокираме ако е закочен за да можат овие инвестиции да бидат реалност.

Нашата цел веќе неколку пати повторена во јавност е да оваа година за прв пат забележиме, ние рекордот го поминавме, но да забележиме бројка на инвестиции која што ќе надмине една милијарда евра, со што како држава ќе бидеме во првите три по глава на жител кога станува збор за странски инвестиции.

Така што уште еднаш честитки на инвеститорот за одлучноста, благодарност до општината, до администрацијата, до сите што помагаа за оваа инвестиција да дојде во оваа фаза во која што е денес“, порача Мицкоски.

Прилеп доби потпретседател на ФФМ

Масар Омерагиќ е нов претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

На денешното Вонредно изборно генерално Собрание, Масар Омерагиќ со акламација е избран за прв човек на македонскиот фудбал.

„Трпение, упорност и многу жртвувања! И јас сум еден од вас, човек од фудбалот. Знам како треба и знам во која насока треба да го развиваме фудбалот во Македонија.

Фудбалот е тимска работа и поединец не може сам. Како и на теренот, треба многу трчање, многу работа, многу пот за да се стигне до победата. Таков е фудбалот во кој се паметат само победите и успесите, а таква е и претседателската работа во федерацијата.

Заедно ќе се радуваме на успесите, заедно ќе тагуваме во поразите. Ова е спорт во кој нема денес за утре, ова е спорт кој бара напорна работа и многу добар тим за да се постигне целта“, рече новиот претседател на ФФМ, кој веднаш по завршувањето на Вонредно изборно генерално Собрание на ФФФМ одржа состанок со членовите на Управниот одбор на федерацијата.

На состанокот, на предлог на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, членовите на Управниот одбор на ФФМ го избраа Марјан Стојкоски од ОФС Прилеп за потпретседател на Фудбалската федерација на Македонија на местото од досегашниот потпретседател, Лазар Ракиџиев.

На седницата, исто така, беше констатирана оставката од функцијата генерален секретар на Наталиа Илиевска Божиновска.

За в.д. генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија е назначен Дрилог Ганиу, досегашен заменик на првиот оперативец во „Куќа на фудбалот“.

На предлог на новиот претседател на ФФМ, македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции.

Дурмиши: Ќе има и велигденска и рамазанска потрошувачка кошничка

Mинистерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, посочува дека не очекува манипулации со новогодишната кошничка, а слична мерка најавува и за Рамазан и Велигден. Тој исто така рече дека не треба да се укине „недела неработен ден“, но некои дејности треба да се ослободат, а зголемување на границата за пензионирање не се предвидува.

Прашан за акцијата Новогодишна кошничка, Дурмиши вели, дека се почитува и е применлива.

– Според податоците што ги имавме од есенската кошница каде ги замрзнувавме цените на 10% на трговија на мало и на големо, таму беа опфатени околу 73 одредени групи на производи, таа мерка ги даде своите резултати. Сега имаме друг вид на мерка која сами ја нудат трговците, производителите и дистрибутерите. На 5 декември кога беше најавена оваа мерка, ние до тогаш имавме повеќе од 10 состаноци и беа опфатени 675 производи од 58 трговци. Сега додека зборуваме, уште повеќе се надополнуваше таа бројка. Стигна до 1.068 и кошницата е отворена до 15 јануари…. Овие акции се акции каде во временски период кога се празниците, ние како Влада задно со бизнис комората излегуваме во пресрет на граѓаните за подобрување на животниот стандард и намалување на цените. Нормално дека ќе има и понатаму, како што е рамазанската, велигденската кошничка итн, посочува Дурмиши.

За одлично неделно расположение: Маестралните прилепчани од “ОК БЕНД” ја промовираа својата авторска песна “Оп са, са, иха ха” (ВИДЕО)

Ни следува период на парзници, на прослава, на делење заеднички моменти и градење спомени, а прилепската петорка од “ОК БЕНД” убаво знае што е потребно во овој период, па токму во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници ја промовираа нивната нова авторска песна насловена како “Оп са са, иха ха”.

Станува збор за една убава македонска певлива мелодија, која сигурно ќе најде свое место во репертоарот на секоја празнична прослава.

Бендот го сочинуваат:

Билјана Петров – вокал,
Рубин Котески – клавијатури и вокал,
Панче Стеваноски – кларинет и саксофон,
Валентин Кочоски – тапани и
Игор Богески – клавијатури

Досега со своето музицирање приредиле незаборавни моменти на голем број прослави и свечености, а сега почнуваат да ја збогатуваат и македонската музичка естрада со свои авторски дела.

Уживајте во продолжение, веруваме дека добро ќе ве расположат:

Јовчески: “Вистинска новогодишна магија во нашиот Прилеп” (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Светнаа новогодишните светулки во центарот на Прилеп. Украсени се плоштадите “Александрија” и “Методија Андонов-Ченто”, како и платото пред Градскиот Саат.

-Вистинска новогодишна магија во нашиот Прилеп! Посакувам празниците да ви донесат радост, среќа и топлина во вашите домови – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на социјалните мрежи.

Дали ви се допаѓа како е украсен оваа година нашиот град?