дома блог страница 571

“Губат од инает”, а го имаат најдобриот одбранбен на клупа! Нов пораз на РК ПРИЛЕП!

Ракометарите на РК Прилеп полека, но сигурно го губат чекорот со екипите од горниот дел на табелата, а со тоа ги губат и шансите за пласман во плеј-оф разигрувањето.

Синоќа во “Ричко”, по вторпат сезонава беа поразени од Бутел, што беше деветти пораз сезонава за прилепчани. Крајниот резултат на семафорот 28:33.

И покрај одличниот почеток на натпреварот, и водството во неколку наврати со 3 гола разлика (7:4, 9:6), избраниците на Божидар Мојсов повторно не се снајдуваа како што треба во одбраната, па Бутел на полувреме замина со минимална предност од 16:17.

Во вториот дел прилепчани како да беа друга екипа. Не реализираа во нападот, одбраната им беше како швајцарско сирење, па Бутел ја зголемуваше разликата. По 10 минути игра резултатот на семафорот беше 24:17. До крајот гостите од Скопје рутински го приведоа кон завршеток натпреварот и запишаа вредни бодови.

Веќе неколку пати пишувавме дека потребни се засилувања во тимот, особено во одбраната, се разбира доколку прилепчани целат кон висок пласман и создавање на екипа која ќе брка излез на меѓународна сцена. Мислењето на вљубениците во ракометот во Прилеп е дека сезоната во одбраната може да ја спаси поранешниот капитен Филип Велески, кој сега има менаџерска улога во клубот. Ако Велески реши да се врати од “спортска пензија”, тоа со сигурност ќе значи цврстина во одбраната и поголема сигурност кај останатите играчи од тимот на теренот.

ТАБЕЛА:

Во наредното коло Прилеп гостува кај Вардар…

Ќосето скршил три ребра во затворот во Прилеп, судот во Велес не му дозволува прекин на казната за да се излечи

Фејсбук статус на адвокатот Драган Стари ПЕШЕВСКИ:

Во денов исполнет со мешавина на тага и гнев сакам да ви пренесам уште една информација, а од денес па натаму баш и немам намера да бидам средечен и пријатен…

Како што во затворот Прилеп се дознало за смртта на Игор Југ, директорот на затворот го повикал Горан Ангелов-Ќосето кој беше негов најдобар другар, затворски сомаченик, соборец за Македонија уште од војната 2001 и му дал можност да искористи годишен одмор како би можел да го испрати својот најблизок!!! Ова не е спорно и е за поздравување!!!

Спорно е што Горан, пред кратко време крши три ребра во затворот по што е хоспитализиран на хирургија. Пуштил молба за прекин на извршувањето на казната до одреден судија за извршување санкции до Велешки Суд како би ја санирал состојбата. Замислете ОДБИЕН Е!!! Со цел памет и на цела мака е ОДБИЕН. По препорака на хирурзи, специјалисти за домашно лекување ОДБИЕН Е!!! Истиот има проблеми со дишењето, со спиењето, со движењето и без срам ке ви кажам со одењето во ВЦ. Во затворот има исклучително чучавци, со скршени 3 ребра човекот треба да го држат тројца да изврши нужда!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!

Сабајлево како го ослободиле иако во тешка состојба не отиде ни до дома, ми се јави ми вика брат неможам да дишам ама морам да одам до кај фамилијата на Игор, да не им треба нешто да помогнам и така стори!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!

Пред некој ден од моја страна беше пуштено официјално барање за прекин на издржувањето на затворската казна додека се санира последицата. Сега е на ред управата и нејзиниот директор Александар Пандов. Они се на потег да го исправат овој СРАМ!!!

Денеска изгубивме еден голем човек заради неправди, сплетки и ујдурми. Нека му е лесна земјата, утре во Куманово ке го испратиме, уште неможам да си дојдам на себе… Да не изгубиме уште еден на срамен начин!!!
СПОДЕЛУВАЈТЕ!!!

Joвчески: Имаме готови 14 проекти, со сите ќе аплицираме на повикот од Владата

Со повеќе од 14 веќе готови капитални, инфраструктурни проекти, општина Прилеп ќе аплицира за престојната владина финансиска помош од унгарскиот кредит, а наменета за општините. Станува збор за вкупна сума од близу 9 милиони евра со кои ќе се реализираат витални проекти за граѓаните, како во градот, така и во населените места.

„Но, го чекаме повикот и условите за аплицирање. Ние сме потполно спремни, ги бираме приоритетните проекти кои што ќе бидат презентирани транспарентно и пред нашата јавност…Опфаќаат реконструкции на водоводна инфраструктура, патна инфраструктура…Не се занемарени и населените места во општина Прилеп. Секаде онаму каде што макотрпно работевме и брзавме да имаме што повеќе сработени проекти, ќе бидат аплицирани во првиот повик кој што ќе го имаме од Владата“, – изјави Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Во меѓувреме, веќе интензивно се работи и на еден од трите проекти со кои општина Прилеп аплицираше на ланскиот прв Јавен повик од Владата. А додека на останатите два, Кружниот тек „Табана“ и улицата „Победа“, ќе започне да се работи во најскоро време. За овие три проекти ќе бидат потрошени вкупно одобрените околу 3,2 милиони евра, уверуваат локалните власти.

„Проектот „Реконструкција на водоводната линија“ во овој дел од градот од централното градско подрачје, викано „Карабдалица“ е прв запопчнат проект, со средства одобрени од Владата каде што имаме замена на 1.024 метри водоводна мрежа, линија која што не е реконструирана повеќе од седум децении, што значи дека азбестните и цементните цевки ќе бидат заементи со полиетиленски, модерни, со поголем капацитет…Ќе се постават 124 приклучоци, 7 нови хидранти со зголемена безбедност и ќе се изведат 18 јазли“ – објаснува Јовчески.

Новиот Јавен владин повик на кој општините ќе можат да аплицираат со проекти за тековнава година, треба да биде распишан до крајот на неделава, а до крајот на месецов треба да помине и на Владина седница. На првиот Јавен повик учествуваа 80 општини со дури 375 проекти што потврдува дека овие 250 милиони евра се оправдани средства кои ќе придонесат за исторски највисоко ниво на инвестиции во сите локални единици со поддршка од Владата.

Само со Минт Инс, регистрирај го твоето возило до 12 рати БЕЗ КАМАТА

Само со Минт Инс ⚪ Регистрирај го твоето возило до 12 рати БЕЗ КАМАТА ✔

🟢 Технички преглед
🟢 Осигурување од автомобилска одговорност
🟢 Зелен картон
🟢 Каско

📲 Преземи ја Mint App и осигурај се во минута!
👉 https://play.google.com/store/apps/details…
.
➡ https://www.mintins.mk/
📞 15 107

Тројца млади битолчани уапсени кај прилепско Беровци

-На 07.02.2025 во 22.30 часот на стариот пат од Прилеп за Битола, кај с.Беровци, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Старавина ги лишиле од слобода С.И.(27), С.С.(20) и М.М.(20), сите од Битола. При преглед кај нив, кај С.И. и С.С. била пронајдена и одземена марихуана, додека при преглед во патничкото возило „пежо” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал С.И., биле пронајдени неколку шишиња исполнети со жолтеникава течност. По целосно документирање на настанот, против лицата ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Приведен лихвар од Битола

На 07.02.2025 во 17.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.С.(50) од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени повеќе банкноти во различни апоени.

Имено, на 05.02.2025 во СВР Битола, С.К.(45) од Битола пријавил дека во периодот од мај 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил неговата тешка имотна состојба и во повеќе наврати му дал пари на заем, а за услугата му наплатувал несразмерна камата.
Исто така, на 07.02.2025 во СВР Битола, В.Р.(58) од Битола пријавила дека од октомври 2024 до февруари 2025 година, К.С. ја искористил нејзината тешка имотна состојба и во повеќе наврати ѝ дал пари на заем, а за услугата ѝ наплатувал несразмерна камата. По целосно документирање на настанот, против К.С. ќе следува соодветна пријава.

„Џо, отпуштен си“ – објави Трамп и му забрани на Бајден пристап до класифицирани информации

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации.

Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа.

– Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме неговите дневни разузнавачки брифинзи. Секогаш ќе ја штитам националната безбедност – Џо, отпуштен си. Ќе ја направиме Америка повторно голема, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.

Трамп го цитира извештајот на специјалниот советник Роберт Хур, кој минатата година го опиша Бајден како „добронамерен, постар човек со лоша меморија“.

Портпаролот на Бајден одби да ја коментира одлуката на Трамп.

Новиот претседател на САД, исто така, го обвини Бајден додека бил во Белата куќа направил преседан, и дал инструкции на разузнавачката заедница да го блокира пристапот на Трамп до информациите за националната безбедност.

Во 2021 година, веднаш по преземањето на функцијата, Бајден изјави за Си-Би-Ес дека не е добро Трамп да има пристап до разузнавачките информации поради неговото „непредвидливо однесување“ и загриженоста дека може да сподели доверливи податоци.

Момироски: “Каде исчезна камионот со помош за прилепската болница?”

-ДАЛИ Е ТОЧНО ДЕКА АВТОРИТЕТНА ДОКТОРКА ВКЛУЧЕНА ВО КОВИД ЦЕНТАРОТ Е ЗЛОУПОТРЕБЕНА НА КРАЈНО МИЗЕРЕН И КРИМИНАЛЕН НАЧИН. ТАА НА ПОЧЕТОКОТ ОД КОВИД КРИЗАТА НАВОДНО ИМА ИТНО ПОБАРАНО ПОМОШ ОД СООДВЕТНА ОПРЕМА ОД СТРАНСКА ОСИГУРИТЕЛНА КОМАПАНИЈА!!! ИСТАТА ТАА КОМПАНИЈА УШТЕ ПОИТНО ИМАЛА ОБЕЗБЕДЕНО И ИСПРАТЕНО ПОЛН КАМИОН СО СООДВЕТНА НОВА ОПРЕМА. АМА КАМИОНОТ НАМЕНЕТ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ Е ДОЧЕКАН НА ПАТ ЗА ПРИЛЕП И НИКОГАШ НЕМА СТИГНАТО ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА?!? А, САМИТЕ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ БЕА ПРИНУДУВАНИ САМИ ДА КУПУВААТ ИЛИ ДА ГИ ПЕРАТ И ПОВЕЌЕ ПАТИ ДА ГИ УПОТРЕБУВААТ ЗАШТИТНИТЕ МАСКИ И ДРУГАТА ОПРЕМА?!? АКО Е ОВА СЕ ТОЧНО ИМА НЕКОЈ ДА КАЖЕ КОЈ И КАДЕ ГО ,,ПОТОМОРИ ,,ОВОЈ КАМИОН СО ЗАШТИТНА ОПРЕМА, КАКО ШТО ТОА СЕ СЛУЧИ И СО ДЕЛ ОД БРОЈНИТЕ ДОНАТОРИ КОИ ДОБРОВОЛНО ДАВАА РАЗЛИЧНА ПОМОШ?!? – прашува во дел од најновата колумна новинарот од Прилеп, Зоран Момироски?

“ФОКУС”: И Марјан Ристески влегува во битка за градоначалник

Партиите почнаа да ги мерат рејтинзите на идните кандидати за градоначалници кои ќе истрчаат на локалните избори во октомври. Кај владеачката ВМРО-ДПМНЕ, иако се’ уште не јавно, но веќе се познати дел од имињата, особено на оние кои ќе ја бараат довербата на граѓаните во поголемите општини.

ФОКУС дознава дека партијата за нов мандат во Битола, Охрид, Штип и Кавадарци ќе ги предложи актуелните градоначалници, но и тоа дека во Велес и Прилеп, владеачката партија ќе настапи со нови имиња.

Особено интересно ќе биде во Прилеп, каде две имиња влегуваат во трка за градоначалничката функција, актуелниот заменик министер за економија и труд и екс градоначалник на општината, во чие време градот доживеа процут, Марјан Ристески и пратеникот Проданоски.

МАРКУКУЛЕ дознава дека партијата веќе ги мери рејтинзите. Според нашите истражувања пак, најголем дел од граѓаните го бараат Ристески да се врати на чело на општината.

“Најдобар градоначалник од осамостојувањето” – Ристески би бил сигурен победник: Еве што мислат прилепчани!

Македонија се разбуди со минусни температури: Во Прилеп утрово измерени -4, во Битола и Крушево -6

Најстудено утрово е во Берово со -9, во Крива Паланка се измерени -8, -7 во Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Крушево и Битола, -5 во Скопје, Штип и Велес, -4 во Гевгелија, Кавадарци, Тетово, Прилеп и Виница, а -3 во Струмица и Охрид, соопшти УХМР.

На Попова Шапка има снежна покривка од 30 сантиметри, а во Маврови Анови 12.

Времето денеска наутро ќе биде студено со услови за појава на магла по одделни котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.