дома блог страница 569

Teшко на родители со вакви деца! Вандали се „бореле“ со клупите синоќа во парк (ФОТО)

Вака утрото изгледаше „Жена парк – Борец“ во центарот на Скопје – скршени и откорнати клупи, расфрлан отпад…

Повторно излив на грд и нископриземен вандализам во главниот град. Фотографиите деновиве ги споделуваат по социјалните мрежи граѓани на Скопје со повик конечно да се преземе нешто за зачувување на општите добра. Граѓните бараат итни мерки од Општина Центар.

Странски земји потрошија три милијарди евра за да ме соборат, вели Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, гостуваше во дневникот на телевизијата „Пинк“, едно од неговите најомилени студија, жалејќи се дека „странски служби“ упорно трошат големи суми пари обидувајќи се да го соборат од власт, пренесуваат српските медиуми.

Тој зборуваше за студентските протести ширум земјата.

„Ако треба да кажам кој е губитник во оваа ситуација, тогаш тоа сум јас, како и сите ние што се занимаваме со оваа земја. Никогаш нема да кажам дека студентите се губитници, бидејќи тоа би било погубно за нашата земја. Ако некому му е важно кој победи, тогаш тоа се студентите, ако треба да кажам кој загуби, нека бидам јас“, рече Вучиќ и го повтори своето тврдење дека „сите барања на студентите се исполнети“, додавајќи и дека „добиле многу повеќе“.

Потоа Вучиќ се осврна на одлуката на училиштата кои се приклучија на средношколскиот бојкот, велејќи дека тоа е „многу неодговорна одлука“.

„Ве прашувам, наставници. Целата плата ја добивте за јануари, за февруари ќе земате колку што работевте. И како децата ќе надоместат? За нас прашањето е што сакаат да знаат овие деца, а не каква оценка ќе им дадете. Ќе се вратам на студентските блокади, повеќе им верувам на студентите отколку на нивните професори, бидејќи за некои е срамота да се каже дека се професори“, рече Вучиќ.

Тој се пожали дека „странски земји“ вложиле огромна сума пари за да го соборат од власт.

„Иако вложија многу пари во нашето уривање, не успеаја. Не рекоа тие: Вучиќ да даде отказ, туку ставија крвави раце врз луѓе кои немаат врска со нив и им рекоа дека се „убијци“. Буквално ме фасцинира колку пари се вложени за моето рушење. Мислам, секоја од странските земји вложи толку пари, во последните 10 години милијарда и пол, а кога почнав да бројам, тоа се три милијарди евра“, рече тој.

Дончиќ дебитираше за Лејкерс, „езерџиите“ запишаа шеста победа по ред (ВИДЕО)

Лука Дончиќ заврши со 14 поени, 5 скока и 4 асистенции, а Леброн Џејмс додаде 24 поени, 7 скока и 8 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Јута Џез со 132-113 во дебито на словенечката ѕвезда за тимот. Дончиќ одигра 24 минути.

Остин Ривс постигна 22 и забележа 9 скока, а Руи Хачимура додаде 21 поен за Лејкерси, кои ја забележаа шестата последователна победа.

Џордан Гудвин постигна 17 на својот втор натпревар за Лејкерс.

Лаури Марканен и Џон Колинс постигнаа по 17 поени, а Џордан Кларксон додаде 16 за Јута, која сега запиша деветти пораз по ред на гостувањата.

Останува уште малку време! Побрзајте во АВТО КОНТРОЛ и земете учество во вредната наградна игра! (ВИДЕО)

Уште малку време останува до 28.02.2025, а со тоа и малку време за да учествувате во вредната наградна игра на АВТО КОНТРОЛ.

По првиот доделен скутер, следува уште еден и бројни други награди и ваучери. За тие кои подзаборавиле, да ве потсетиме што треба да направите за да учествувате во извлекувањето на 01.03.2025.

-Во времетраењето на наградната игра извршиле технички преглед при регистрација на возило во нашата станица за технички преглед;

-Добиле 2 (два) идентични наградни купона кои содржат единствен сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрација на возила на шалтерите во нашиот технички преглед;

-Едниот од наградните купони го оставиле во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во нашата влезна просторија со шалтери за клиенти за време на траењето на наградната игра;

– Вториот награден купон го чувале кај себе како доказ за учество во наградната игра. Во случај на извекување, вториот примерок од наградниот купон ќе треба да биде презентиран од страна на добитникот на наградата. ИЗВЕЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДАТА Извлекувањето на добитникот на наградата ќе се изврши во вторник на 01.03.2025 година.

Времето на извлекување ќе биде дополнително објавено на FACEBOOK страната на компанијата: https://www.facebook.com/AvtoKontrolPrilep

Дел од горивата поскапуваат од полноќ

Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ поскапува за половина, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар по литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 79,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 73 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС – 98 и понатаму ќе се продава за 81,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,542 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 48,011 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,198 отсто, кај екстра лесното масло за 1,055 и кај мазутот за 1,452 отсто, додека кај дизелот има намалување за 0,043 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот, пак, по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0815 отсто.

Прилеп ја очекува, а таа ветува забава за паметење! Влезниците се бројат на прсти! Побрзајте!

Над 30 години на сцената и се’ уште спектакуларна и единствена. Порано како Funky G, а денеска самостојно ја гази сцената и воопшто не се променила. Анабела е секогаш синоним за одлична забава и жешка атмосфера, а така ќе биде и овој 15. февруари, кога популарната пејачка гостува во клуб Déjà Vu во Прилеп.

За нејзините настапи во Прилеп секогаш се барала карта повеќе, а ништо поразлично нема да биде ниту сега, па наш совет е да побрзате и навреме да си купите влезници.

Бидете дел од најдобрите ноќни забави во Прилеп! Клуб Déjà Vu како и секогаш ве очекува заеднички да градиме вредни спомени.

Картите се веќе во продажба по 400 денари! Резервирајте навреме на телефонскиот број: 070-304-967.

Анабела на “Пиво Фест 2017”

 

Градежните активности за изградба на влезот во Битола од Прилеп продолжуваат според планираната динамика (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, денес извршија увид на работните активности за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп, каде во тек е реконструкција на линиската инфраструктурна градба на улица „8 Септември“.

При увидот беше констатирано дека, работите се изведуваат согласно договорот, а во моментот се врши реконструкција со дислокација на мешовита канализација од која 550 метри веќе се изведени, што вклучува: машински ископ на каналски ров, поставување на песок, поставување на коругирана ПЕ канализациона цевка и насипување; како и изработка на армиранобетонски потпорен ѕид, односно: ископ, вградување на бетон, армирање и бетонирање на темели во должина од 27 метри.

Во досегашниот период реализирани се околу 20% од вкупниот договор за проектот и тоа: изградена е атмосферска канализација со должина од 735 метри, мешовита канализација во должина од 550 метри, водоводна мрежа во должина од 270 метри и изградба на коловоз – 8,5 % од вкупниот договор за реконструкција и доградба на коловоз.

До средината на летото, планирано е да се изврши асфалтирање на едната (левата) коловозна лента, при што ќе може да се пренасочи сообраќајот по новоасфалтираната коловозна лента со цел побезбедно спроведување на градежните активности на десната лента, а притоа и непречено одвивање на сообраќајот.

Вандалите во Македонија ќе извршуваат општокорисна работа за направената штета – Владата ќе го даде конечниот збор!

Како ЗЕЛС, на последната седница на Управниот одбор, едногласно ја прифативме иницијативата на градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски и денес официјално ја доставуваме до Владата. Се залагаме за воспоставување меѓуинституционална соработка со цел воведување на општокорисна работа како мерка за малолетни сторители на вандализам, истакна претседстелот на ЗЕЛС Орце ​Ѓорѓиевски.

-Вандализмот и уништувањето на урбаната опрема, јавните површини и јавните добра се проблем кој бара системско решение. Поради тоа, предлагаме формирање на стручна работна група составена од претставници од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Оваа работна група ќе има задача да подготви дополнување и измена на повеќе закони.

Конкретно, иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците. Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку можност за заедничка општокорисна работа.

Со оваа иницијатива не сакаме само да санкционираме, туку и да превенираме. Важно е да ја подигнеме свеста кај младите, да ги едуцираме за значењето на јавните добра и да создадеме механизми за нивна ресоцијализација. Општокорисната работа има двоен ефект: од една страна, им помага на младите да стекнат чувство на одговорност и почит кон заедницата, а од друга, спречува повторување на ваквите негативни појави.

Секој чин на вандализам е аларм кој мора да се сфати сериозно. Дури и едно спречено насилство или уништување на јавен простор значи создавање побезбедна и поуредена заедница за сите граѓани.

Затоа, очекуваме Владата и сите надлежни институции да ја поддржат оваа иницијатива. Нашата цел е заеднички да изградиме правна рамка која ќе донесе вистински промени и ќе им помогне на младите да станат одговорни граѓани, истакна ​Ѓорѓиевски.

Поетскиот перформанс “Љубење со стихови” по петти пат во Прилеп

На 14 февруари, од 19.30 часот во кафе-галерија Лувр, ќе се одржи петтиот по ред поетски перформанс „Љубење со стихови“ на поетите Филип Димкоски и Лина Димоска.

Станува збор за настан кој вклучува поезија од Димкоски и Димоска, но и од македонски поети од разни генерации и во секое издание поетите рецитираат различна поезија, според мотивскиот и според авторскиот сензибилитет.

Овојпат, освен стиховите на Лина и Филип ќе прозвучат и стиховите и на светските поети на љубовта како Калил Џибран и Жак Превер, љубона поезија на Блаже Конески, на Билјана Велковска, како и поезијата на прилепските автори Сузана Ѓорѓиевска, Звонко Димоски, Далибор Ивановиќ, Андриана Ристеска и Цане Гарески.

– Покрај тоа, ќе ви прочитаме дел од љубовните писма на големите уметници за нивните музи, ќе ве запознаеме со ликот и делата на нашите омилени поети. Во име на виното и љубовта, се гледаме на 14.2.2025, во Лувр-велат организаторите.

Настанот е од отворен тип и влезот е слободен.

(Фото галерија) “Ронин” донесе грст медали во Прилеп од Државното првенство во кик бокс – Илчо Костовски пак стигна до сребро во Белград

Заврши Државното првенство во кик бокс 2025. организирано од КМФМ за сите возрасти и дисциплини. Кик бокс клубот “РОНИН” oд Прилеп после 4 години постоење конечно успеа да добие членство во федерацијата, а со тоа и рамноправност во истата.

На првенството прилепчани настапија со 10 натпреварувачи и освоија дури 8 медали. Постигнати се следните резултати:

Емил Степанулески и Мартин Маркоски освоија златни медали, Наумче Трајкоски и Мите Дамјаноски се закитија со сребро, а Марко Аврамоски, Јоаким Рутески, Лео Михајлоски и Симеон Сталески стигнаа до бронзени медали.

Покрај успесите од Државното првенство, од РОНИН се пофалија и со учество на нивниот член Илчо Костовски, кој боксуваше финале на престижниот турнир “БЕОГРАДСКИ ПОБЕДНИК” во Супер тешка категорија. Иако тоа не е негова категорија, Костовски во финалето боксуваше против искусен репрезентативец на Казахстан и го освои сребрениот медал.

-Јас како тренер сум повејќе од ЗАДОВОЛЕН! Следен предизвик ни е Пловдив, Бугарија, но таму одиме доколку обезбедиме барем дел од финансиските средства. Голема благодарност до Кандо Ристески, кој ни обезбеди поручек без никој да му побара – истакна тренерот на клубот Филип Сливјаноски.