дома блог страница 567

БИБИ и БОБИ денеска гости пред Офицерски во Битола

Најдобрите другарчиња на најмладите, „Биби и Боби“, денес доаѓаат во Битола. Во 19:00 часот пред Офицерскиот дом, празничната убавина ќе биде исполнета со настан полн со танци и игри што ќе ги стоплат срцата на сите – мали и големи!

„Зимска приказна“ и со овој настан ќе создаде незаборавно искуство и прекрасно доживување.

Празниците живеат во Битола на Зимска приказна!

Да ја помогнеме доизградбата на манастирот Св. Троица во прилепско Тројаци

На иницијатива од неколку поранеши жители од с.Тројаци – Прилеп формиран е Иницијативен одбор, кој потоа се организира како здружение на граѓани со назив: Одбор за обнова и изградба на манастирот “Св. Троица” с.Тројаци – Прилеп.

Основни цели и задачи на Здружението се:

Да ја обезбеди обновата и изградбата на манастирот “Св. Троица” с.Тројаци – Прилеп;
Да ја обезбеди потребната документација за регулирање на имотно – правните односи во врска со земјиштето на кое постоел манастирот;
Да ја обезбеди потребната документација за изградба на манастирот;
Да го организира месното население од с. Тројаци во давање на помош во работна рака;
Да го организира обезбедувањето на финансиски средства за обнова и изградба на манастирот;
Да се грижи за обезбедуваwето на потребната инфраструктура во врска со обновата, изградбата и понатамошната функција на манастирот; и
Да се залага за развивање и задоволување на верските потреби на членовите на здружението и пошироко на граѓаните.

За остварување на овие цели на здружението се’ уште му се потребни финансиски средства, а целта е благородна, да се изгради храм кој ќе биде од сите граѓани.

Сите граѓани и компании кои се во можност, за доизградба на овој свет храм можат да донираат преку платформата ecrowd.mk

Сметка: 240280111468341

Даночен број: 4021019539131

Назив на правното лице: Одбор за уредување и одржување на манастирот СВЕТА ТРОИЦА НОВА с. Тројаци Прилеп

Депонент: Универзална инвестициона (УНИ) Банка АД Скопје

Прилеп: Удрил со автомобил во 73-годишна жена и избегал!

-На 26.12.2024 во 21.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во В.М.(73) од Прилеп и го напуштило местото на настанот. В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од СВР Битола.

Се превртел на кров: Прилепчанец заврши со тешки телесни повреди, итно пренесен во болница (ФОТО)

-На 26.12.2024 во 22.11 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Браќа Миладиновци” во Прилеп се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „опел” со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.М.(50) од Прилеп, излетало од патот. Од страна на Итна медицинска помош Прилеп С.М. бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп – информираат од СВР Битола.

Според очевидци автомобилот со поголема брзина удрил во објектот кај тесното грло на улицата “Браќа Миладиновци”.

(ВИДЕО) Ана и Вукашин се најновите херои од Детска клиника! Лавовски ја победија битката со ракот и заѕвонија на среќното ѕвонче

Најновите херои од Детската клиника кои лавовски ја болеста и заѕвонија на ѕвончето се Вукашин и Ана.

На Фејсбук профилот на Бранка Столиќ се споделени емотивни фотографии и видеа од среќниот момент.

Според информациите, нејзиниот син Вукашин, заедно со својата пријателка Ана, заѕвонија на ѕвончето во клиниката, што е симбол за успешно завршената борба против ракот.

“ГОСПОДЕ, СЛАВА ТИ

Денес за нас е ГОЛЕМ ден, на Детската Клиника ѕвоното ѕвонеше два пати најсилно, Суперхероите Вукашин и Ана се изборија лавовски, го пребродија цел период храбро и достоинствено!!!

Благодарност до целиот медицински персонал на Одделението за Онкологија и Хематологија луѓе со големо срце. Благодарност и до нашите најблиски, роднини, сите пријатели ,колеги … вашата молитва и поддршка ни беше многу значајна.Бура од емоции, солзи, насмеани лица, најголем аплауз

Дај Боже секое детенце кое се бори со ваква состојба (нема да ја наречам болест) на крај да биде победник и да ѕвони најсилно!!! Сите дечиња да се здрави и живи во целиот свет!!!

ДЕНЕС ИЗЛЕГОВМЕ ПОБЕДНИЦИ И НИЕ ГО ОГРЕАВМЕ СОНЦЕТО.

Уште еднаш ГОПОДЕ СЛАВА ТИ”, напиша мајката на Вукашин

(Фото галерија) Модна бајка за вашите најмили во BABY BOOM на цветната улица во Прилеп

Во Старата прилепска чаршија на цветната улица, се најдува бутикот BABY BOOM, едно од најубавите катчиња каде ќе најдете се’ за вашите најмали.

Квалитетна облека изработена од убедливо најквалитетни материјали, облека во која вашите дечиња ќе се чувствуваат удобно, заштитено и што е најважно топло во овие зимски денови.

И за момчиња и за девојчиња, од најмали нозе, па се до школска возраст. Најмодерни блузи, кошули, огромен избор на зимски вентијаги, палтенца, шпикозни, фустанчиња…

Во BABY BOOM ќе најдете и преубав избор на меки шалчиња и капчиња, како и богата бебешка колекција. Убавиот глас се слуша надалеку, па не случајно нивниот дуќан често го посетуваат и жители на други градови.

Со еден збор BABY BOOM е бренд на прилепската чаршија кога станува збор за детска облека!

Посетете ги уште денеска, во BABY BOOM имаат подготвено одлична новогодишна понуда, по најниски цени за вашите најмали.

За една секунда еуфорија од пyкање, се плаќа со ОВА, а потоа збогум на возењето, работата…. (ФОТО)

Звјездана Клариќ е медицински работник и автор на краток текст кој се појави на социјалните мрежи. Но, ова е една од оние приказни каде што сликата што таа ја објави зборува повеќе од зборови.

“Десет години јас и сопругот работиме во брза помош. Со нетрпение го очекуваме распоредот на дежурства, затоа што ниту еден здравствен работник не се радува на тоа дежурство. И тогаш доаѓа 31.12.

Обично дланката е во најлонска кеса и крпа од која тече крв и паѓаат парчиња коски и кожа низ чекалницата поради незграпното придржување на уплаканите родители или пријатели. Несреќникот е комплетно бел од шок и болка и обично е на раб на онесвестување.

Морам да ви кажам дека во живо и во боја е илјада пати пострашно, плус болката е неиздржлива, следува брз транспорт и комплицирани операции за бар некој прст да се спаси.

За една секунда еуфорија од пукањето, се плаќа со инвалидност цел живот. Збогум на спортот, збогум на возењето, друштвото, девојките, работата. Најчесто таткото е заслужен што во рацете на детето се нашла петарда.

Затоа, ако се сакате себе и останатите, сакате да уживате во животот и имате супер планови, пријатели и среќен и безгрижен живот, оставете им ги петардите на оние кои решиле да бидат неповратно несреќни”, порачува Звездана Клариќ

Опожарено уште едно возило во Прилеп

-На 25.12.2024 во 09.25 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(38) од Прилеп пријавила дека во Прилеп било опожарено нејзиното патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – стои во краткото известување од МВР.

Приведен прилепчанец – полицијата му пронајде над 3.700 парчиња пиротехнички средства

-Денеска (26.12.2024) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола со судска наредба извршиле претрес во домот и други простории кои ги користи М.А.(22) од Прилеп, при што пронајдени биле 3719 парчиња пиротехника.

М.А. е приведен во полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Реализирана донацијата од 2 милиони денари за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје од Спорт Лаиф обложувалници

Спорт Лаиф обложувалници успешно ја реализираа донацијата од 2 милиони денари за обнова на Одделот за абдоминална хирургија на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“. Проектот, опфати комплетно реновирање на делот за постоперативна нега на пациентите на површина од скоро 400 м2.

Обновата вклучуваше поставување на нови подови и тавани, како и целосна модернизација на електричните и санитарните инсталации во болничките простории. Со оваа интервенција, капацитетот на одделот е зголемен за 4 легла, со што сега одделот може да обезбеди соодветни услови за постоперативно лекување на 28 пациенти.

„Спорт Лаиф обложувалници се гордеат што имаат можност да дадат придонес во подобрувањето на условите за здравствена грижа во нашата заедница. Веруваме дека оваа донација значително ќе го подобри квалитетот на услугите што ги добиваат пациентите во одделот за абдоминална хирургија и ќе придонесе за нивното побрзо закрепнување“, истакнува Петар Поцков, маркетинг директор на Спорт Лаиф.

„Со поддршката на Спорт Лаиф Треид и нивната значајна донација, го реновиравме делот за постоперативна нега, овозможувајќи пристојни услови за третман и нега на хируршките пациенти. Проектите за реновирање и подобрување на условите за лекување по повисоки стандарди и понатаму претставуваат предизвик за во иднина. Во име на сите вработени, искрено ја изразуваме нашата благодарност кон Спорт Лаиф за оваа значајна поддршка“ изјави д-р Небојша Настов, в.д. директор на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

Спорт Лаиф обложувалници остануваат посветени на својата мисија за поддршка на заедницата преку проекти кои имаат реално и позитивно влијание врз животите на луѓето.

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, традиционално, од страна на тимот на Спорт Лаиф, беа израдувани со новогодишни подароци, децата во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје и лицата од Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.