дома блог страница 565

Дедо Мраз и градоначалникот на Битола поделија 1.700 новогодишни пакетчиња за најмладите (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во придружба на Дедо Мраз, денес ги посети дечињата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и од паралелката за ученици со попреченост во ОУ Ѓорги Сугарев, каде најмладите беа израдувани со новогодишни пакетчиња.

Во желбата да им се разубават празниците на сите деца, општина Битола обезбедува вкупно 1400 новогодишни пакетчиња, а компанијата „КАМ“, како општествено одговорна компанија и оваа година учествува со донација од 300 пакетчиња за децата од социјално ранливи семејства или за оние дечиња кои се соочуваат со попреченост.

Целта на заедничката акција е да се овозможи новогодишната радост да стигне до секое дете и секој дом.

Регулаторна донесе одлука: Ова се новите цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 23.12.2024 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,039 ден/кг и сега ќе изнесува 45,784 ден/кг.

Од 31.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,784 (денари/килограм)

Јанкуловска: Празниците се мигови на споделување, влогот во осигурување е влог во иднината на оние кои ни значат

Празниците се најубавите моменти за споделување, за дарување и покажување на внимание на оние кои најмногу ни значат. Тоа е период кога најчесто се прашуваме што да им подариме на нашите најдраги. Убаво е тоа да биде подарок со подлабоко значење, вели Билјана Јанкуловска од СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Влогот во осигурување е влог во иднината на оние кои ни значат. Тоа е начин да се изразат нашите најубави желби кон најблиските. За оние кои се уште не избрале подарок останува можноста да ја искористат акцијата Касичка и да добијат ПОДАРОК дополнително детско осигурување со штедење. За секоја склучена полиса за детско штедно осигурување предвидено е гратис дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај (незгода) склучено кон детско штедно осигурување, согласно избраниот пакет, за првата година од траењето на договорот за осигурување.“-вели Јанкуловска.

Таа појаснува дека оваа полиса е одлична можност за осигурување на живот со штедење со бројни предности и погодности кои овозможуваат финансиска безбедност за најблиските во случај на несакани животни ситуации.СН Осигурителен Брокер А.Д Битола во соработка со Триглав Осигурување Живот АД Скопје за секоја склучена полиса за детско штедно осигурување во период од 01.10. – 31.12.2024 година, подарува дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај (незгода) склучено кон детско штедно осигурување, согласно избраниот пакет, за првата година од траењето на договорот за осигурување.

„Сигурноста на детето е највисок приоритет за секој родител. Поседувањето на полиса за осигурување на живот е еден од најдобрите начини да се намали ризикот од непредвидени финансиски оптоварувања предизвикани од несакани случувања. За да се заштитат во вакви случаи сега на родителите на располагање им е полисата Касичка која овозможува детско осигурување со штедење.“-вели Јанкуловска.

Но осигурителните продукти не се добар подарок само за децата, туку за целото семејство. Животното осигурување е нешто од што бенефит имаат сите членови на семејсвото. „Животното осигурување е продукт кој што нуди долгорочна заштита и сигурност. Наједноставно кажано тоа е продукт со кој вие штедите за себе, а од друга страна ви овозможува помирно да спиете бидејќи знаете дека што и да се случи, веќе сте ги обезбедиле вашите најдраги. Постојат различни пакети и секој може да избере она што е соодветно за него во однос на неговите потреби и финансиски можности.“-вели таа.

„Имаме и одлични производи со кои клиентот покрај тоа што е животно осигуран, тој во исто време и инвестира со што има можност за принос многу поголем од оној кој би го остварил при традиционално вложување на средствата. Исто така имаме и производ наменет за лица кои имаат слободни или орочени парични средства, а воедно сакаат да имаат и животно осигурување. Со него покрај добивката, односно бонусот за еднократната уплата, добиваат и животно осигурување, како најсигурна заштита на семејството од несакани последици.“-појаснува Јанкуловска.

Таа вели дека преку празничните акции СН Осигурителен Брокер АД Битола сака да им ја честита новата 2025, посакувајќи им успешна и сигурна година исполнета со среќа и радост.

Појаснува дека сите тековни понуди и акции граѓаните може да ги следат на веб страната на СН Осигурителен Брокер АД Битола http://www.snbroker.mk како и на телефонот 15 770.

Ова се наградените ученици и професори од конкурсот на поетски прозни творби “Св. Никола 2024” (Фото)

Уште еден успешно организиран настан во организација на Клубот на литературни творци Прилеп, a со поддршка на ЈОУ Градска библиотека “БОРКА ТАЛЕСКИ”.

Во саботата, во салата на градската библиотека беа доделени наградите и признанијата на учениците и менторите од средните општински училишта во Прилеп, учесници на Традиционалниот конкурс за поетски и прозни творби “Св.Никола 2024”!

Наградени во категоријата поезија:

1 место-Леона Аврамоска, СОУ “Ристе Ристески-Ричко”; Ментор: Елена Ковилиска
2 место- Теодора Тунеска, СОУ “Ристе Ристески -Ричко”; Ментор: Елена Дамјановски
2 место-Марија Илијоска, СОУ “Орде Чопела”; Ментор: Лидија Тошеска
3 место-Даниел Главчев, СОУ “Ѓорче Петров”; Ментор: Билјана Тинтоска.

Наградени во категоријата проза:

1 место-Исидора Николоска-
СОУ „Ѓорче Петров“;
Ментор: Билјана Тинтоска
2 место-Лаура Кајџаноска
СОУ Гимназија „Мирче Ацев“;
Ментор: Филип Ристески
3 место- Андреа Петреска
СОУ „Орде Чопела”;
Ментор: Лидија Тошеска

-Ја користам можноста да им честитам на сите млади литературни надежи, учесници на Традиционалниот конкурс: “Св.Никола 2024” и да им се заблагодарам на сите ментори кои посветено работат на развивање на творечкиот потенцијал кај младите! Драги ученици и ментори, Ви посакувам Среќни Новогодишни празници и се надевам дека наредната година ќе се видиме во уште поголем број на сите конкурси во организација на Клубот на литературни творци Прилеп и на ЈОУ ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА „БОРКА ТАЛЕСКИ“ – ПРИЛЕП, напиша на ФБ, Андриана Ристеска, Претседател на Клубот на литературни творци Прилеп и Директор на ЈОУ Градска библиотека БОРКА ТАЛЕСКИ-Прилеп!

Ресторан во Неготино ќе подготви вечера за 300 сиромашни за Бадник

Ресторанот „Ја, Тате и Бате“ од Неготино реши да подготви вечера од гравче и риба за 300 сиромашни за Бадник.

Ресторанот е во сопственост на семејството Ганчеви, односно таткото Дуле работи со синовите Христијан и Блаже, објави „Tv Star – Телевизија Стар“.

„Подготвуваме оброк за социјалнозагрозени семејства, за деца со посебни потреби, кој сака може да дојде во гостилница или да ни се јави на телефон за да му доставиме храна до домот“, вели Дуле во разговор за „Tv Star – Телевизија Стар“.

Teпачка во угостителски објект во Ропотово

На 28.12.2024 во 21.00 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Ропотово во угостителски објект бил нарушен јавниот ред и мир со учество во тепачка помеѓу Р.Т.(25), М.Т.(31) и Б.И.(32), сите од с.Ропотово, при што си нанеле повреди.

По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Eве какво време ќе имаме за новогодишната ноќ и во првиот ден од Новата година

За време на новогодишната ноќ 31 декември 2024 ноќта кон 1 јануари 2025, како и на првиот ден од новата 2025 година, односно на 1 јануари (среда) и официјално ќе имаме стабилно, суво, ведро и сончево време насекаде во Македонија, особено на повисоките населени места и на планините, како и на Скијачките центри, додека по котлините, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови, па така во местата со магла и со ниска облачност температурата преку ден ќе остане пониска.

И во Скопскиот регион во истиот период ќе имаме ведро и сончево време. Ќе биде претежно тивко, па така особено во ниските предели од котлината ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Токму ова ќе услови на планинските места и на скијачките центри снежната покривка постепено да се намалува.

Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: ВМРО-ДПМНЕ има 31%, СДС 8,5%, довербата на граѓаните не обврзува на резултати

„Ние како политичка партија генерално најмалку 2 пати, а некогаш и 3 пати месечно го мериме јавното мислење. Најмалку еднаш месечно телефонски го мериме тоа јавно мислење, нормално на стратифициран кредибилен пример користиме услуги на надворешни агенции. Најмалку еднаш месечно имаме и теренска анкета исто така стратифицирана за која исто така користиме надворешни услуги. Реално во декември месец кога би се споредил оној период од нова Влада можеби за нас е месец кога го имаме историски најсилниот пик како политичка партија“, истакна Премиерот на Република Македонија и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ насловен Македонија повторно твоја.

Мицкоски потенцираше дека разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е повеќе од 3 пати.

„Последната теренска анкета која ја правеше за нас агенцијата ИПСОС, агенцијата со која имаме долгогодишен договор и оваа теренска анкета на агенцијата ИПСОС покажува навистина драматични разлики помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ се движи помеѓу 30-31%, СДСМ е помеѓу 8,5-9% отприлика таа е разликата и динамиката со која се формира разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ таа е повеќе од 3 пати, 30-31% наспроти 8,5-9% каде што се движи СДСМ и таа доверба од граѓаните тие нас не обврзува и таа треба да ја оправдаме“, заклучи Мицкоски.

ВНИМАВАЈТЕ! Во два дена два пожари во оџаци на куќи во Прилеп и Битола, за среќа нема повредени

-На 27.12.2024 во 09,22 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во куќа сопственост на К.М.(59) од Прилеп лоцирана на ул„Питу Гули”, настанал пожар во оџак при што истиот бил изгаснат од страна на Територијалната против пожарна единица Прилеп. Од пожарот повредени лица нема, причинета била само материјална штета. Увидот го извршил ла увидната екипа на ОВР Прилеп.

-На 28.12.2024 во 09,35 часот во СВР Битола било пријавено дека во куќа на ул „Штипска” во Битола сопственост на Љ.Т.од Битола се запалил оџакот од неговиот дом. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола при што повредени лица нема причинета била само материјална штета. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Повторно апсење во Прилеп за петарди: Прилепчанец фатен со 3460 парчиња пиротехника

-На ден 28.12.2024 полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола со судска наредба извршиле претрес во домот на Б. Ш.(27) од Прилеп. При претресот пронајдени биле 3460 парчиња пиротехника.

По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Битола.