дома блог страница 564

Првото бебе во болницата “Плодност” се роди 7 минути по полноќ

Само 7 минути по полноќ, во Болницата Плодност во Битола спонтано се роди првото бебе во 2025 година.

Машко новороденче, со родилна тежина од 3540 грама и 50 сантиметри должина.

Честитки до среќните родители, а според првото породување, очекуваме бериќетна и силна 2025 година – напишаа од болницата на социјалните мрежи.

Ристески: “Посакувам година на постигнати цели, големи остварувања и многубројни значајни достигнувања”

Новогодишна честитка до граѓаните од заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески:

Среќна Нова 2025 година!

Оваа година нека нѐ води моќта на успехот!

Посакувам да биде година на постигнати цели, големи остварувања и многубројни значајни достигнувања… економски просперитетна, стабилна и напредна Македонија… држава на среќни и задоволни граѓани!

Во 2025 година ќе продолжиме да работиме посветено и одговорно, создавајќи подобра иднина и поквалитетен живот за сите граѓани.

На секој нов предизвик мудро ќе одговориме.

Новата година нека биде благословена со здравје, среќа и љубов, година на остварување на сите Ваши желби.

Среќата да Ве следи секој миг, мирот да Ве опкружува секаде, а позитивните мисли со кои се исполнети празничните денови да Ви носат ведрина во текот на целата година.

https://www.facebook.com/share/p/12FWWZZET2c/

По успешната година, честитка од градоначалникот Јовчески (Видео)

Новогодишно обраќање до граѓаните од градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески

https://www.facebook.com/reel/960865472616910/?mibextid=rS40aB7S9Ucbxw6v

Видео кое задолжително треба да го погледнат сите возачи во пресрет на Новогодишна ноќ

“Уште една чашка е уште една лоша одлука! Не пиј додека возиш!”

Видео кое треба да го погледнете повеќе пати пред прославите за Новогодишна ноќ и празниците кои доаѓаат во деновите потоа.

Учениците од денеска на распуст, второто полугодие ќе започне на 20. јануари

За учениците во основните и средните училишта почнува зимскиот распуст од учебната 2024-2025 година. Наставата од второто полугодие ќе продолжи на 20 јануари.

Учебната 2024-2025 ќе заврши традиционално на 10 јуни. Нема да биде продолжена како минатата учебна година, кога за основците заврши на 17 јуни, бидејќи ќе нема пролетен распуст кој беше воведен лани (29 април – 6 мај 2024).

За оваа одлука Министерството за образование и наука во оваа учебна година анкетираше наставници, родители и ученици од повисоките одделенија и, како што информираше, мнозинството се изјасниле дека не сакаат пролетен распуст.

Денеска бесплатно возење со вовчето Мечо за најмалите во Битола

Денес, на 31.12.2024 од стартната станица пред Офицерскиот дом во периодот од 12 до 16 часот бесплатно возење со вовчето Мечо

-Ги очекуваме најмладите во што поголем број на насмевки и радост да ја испратиме старата и дочекаме новата 2025 година.

Да продолжиме да уживаме во прекрасниот амбиент на Зимската приказна.

Празниците живеат во Битола на Зимска приказна – стои во соопштението од општина Битола.

Мицкоски: 2025-та ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со видеообраќање објавено на неговиот фејсбук-профил им ја честитка Новата 2025 година на граѓаните на Македонија.

Во обраќањето Мицкоски вели дека изминатата 2024-та била година на предизвици, но и на нови почетоци, а дека претстојната 2025-та „ќе биде година на раст, ред и интеграција“, вложување во економијата, инфраструктурата и образованието „со фокус на подобар живот за сите“.

-Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3 проценти, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој, вели меѓу другото Мицкоски.

Премиерот истакнува дека во 2025-та Владата ќе работи посветено и одгвоорно за поквалитетен живот на сите граѓани.

-2025-тата ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа. Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие, граѓаните, ја посакувате и каква што сите ние заедно ја залужуваме. Македонија која ќе биде повторно ваша. Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов. Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани, истакнува Мицкоски во новогодишното обраќање објавено на Фејсбук.

Имаме нов бегалец од државата, овојпат од Битола – МВР распиша потерница!

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го прими Решението на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје, со кое предлогот за определување мерки за претпазливост против осомничен во предметот „Адитив“ се отфрла. Според обвинителството, осомничениот не е достапен на органите на прогонот.

Васко Ковачевски е еден од осомничените во овој предмет, а потерницата е издадена откако тој не беше пронајден од страна на органите на истрагата.

Дедо Мраз и градоначалникот на Битола поделија 1.700 новогодишни пакетчиња за најмладите (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во придружба на Дедо Мраз, денес ги посети дечињата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас и од паралелката за ученици со попреченост во ОУ Ѓорги Сугарев, каде најмладите беа израдувани со новогодишни пакетчиња.

Во желбата да им се разубават празниците на сите деца, општина Битола обезбедува вкупно 1400 новогодишни пакетчиња, а компанијата „КАМ“, како општествено одговорна компанија и оваа година учествува со донација од 300 пакетчиња за децата од социјално ранливи семејства или за оние дечиња кои се соочуваат со попреченост.

Целта на заедничката акција е да се овозможи новогодишната радост да стигне до секое дете и секој дом.