дома блог страница 560

Проверете си ги сметките: Започна испатата на мој ДДВ

До крајот на месецов граѓаните на своите сметки треба да ги добијат парите од „МојДДВ“. Од Управата за јавни приходи денеска информираа дека исплатата е во тек и дека заклучно со денеска исплатени се средства на 344 илјади корисници, а за обработка остануваат уште 152.543 корисници.

– Исплатата на МојДДВ е во тек и заклучно со денешен датум 19.02.2025 година, од вкупно 496.543 корисници на МојДДВ исплатени се средства на 344.000 корисници. Во наредните денови па се до крајот на месец февруари, кога е и крајниот рок за исплата на средствата за последниот квартал од 2024 година, ќе бидат обработени податоците и за останатите 152.543 корисници и средствата ќе бидат исплатени на нивните сметки. За скенирани сметки во период октомври – декември 2024 година кон корисниците на МојДДВ ќе се исплатат над 870 милиони денари по основ на МојДДВ, велат од УЈП.

Промена на податоците во однос на ажурирање на трансакциска сметка треба да извршат само оние корисници на „МојДДВ“ кои немаат исплатено средства за скенирани сметки во претходни исплати, односно во претходни тримесечја не им биле исплатени средствата.

Од денеска поевтинуваат над 1000 производи

Од денеска се очекува да поевтинат над 1000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде изразија загриженост и побараа повторно средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши за да ги разгледаат последиците од овие одлуки.

Владата во вторникот на седница донесе одлуки за ограничување на бруто профитната маржа и за утврдување на највисоките цени на одделни производи со што треба да бидат опфатени 102 групи на производи или на над 1000 прехранбени и непрехранбени производи.

Според Комората, со владините одлуки нема да бидат опфатени 1000 производи, туку од 3000 до 4000 производи, вклучувајќи ги сите видови млеко, како и производите како што се детергентите и сапуните.

-Целиот сектор ја дели загриженоста, иако до Владата, Министерството за економија и труд и Државниот пазарен инспекторат достави конкретни предлози, кои се одраз на реалната состојба. Овие предлози беа на барање на Владата. Тие имаат за цел да се обезбедат ефективни мерки за намалување на цените, а истовремено да не го загрозат опстанокот на трговските претпријатија. Затоа предлагаме Владата посериозно да ги земе предвид нашите аргументирани предлози, кои се во согласност со Уставот и законите на државата, пред да донесува вакви сериозни одлуки, кои можат да нанесат голема штета на сите стопански субјекти вклучени во трговската дејност, информираа од Комората.

Одлуките на Владата ги оценија како избрзани и посочија дека со нив се нанесува значителна штета на голем број стопански субјекти.

Одлуките на Владата веќе се објавени во „Службен весник“ што практично значи дека треба да стапат на сила, а ќе траат до 30 април.

-Нашите очекувања се дека со овие две одлуки цените на основите прехранбени производи кои се содржани во одлуката ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, освен осумте основни прехранбени производи – млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко за кои се очекува да останат на исто ниво, односно да не се зголемуваат или да има минимално намалување, рече на прес-конференција во вторникот заменик-министерот за економија Марјан Ристески.

Со владината одлука, на пет проценти се ограничува бруто профитната маржа на млекото, лебот, брашното тип 400 и 500, јајцата, маслото за јадење, јогуртот и киселото млеко, на 10 отсто месото и преработките од месо, шеќерот, млечните производи, маргаринот, путерот, конзервирниот зеленчук и овошје, гравот, оризот и тестенините, а на 15 отсто средствата за хигиена, свежото овошје и зеленчукот, детергентите, бебешката храна, пелените, сапунот, тоалетната хартија и слично.

-Анализата на ДПИ покажа дека трговците на големо и тровците на мало пресметуваат БПМ од 20 до 25 осто за основните производи во трговијата на мало, а од 20 до 50 отсто во трговијата на големо. Со оваа одлука се задолжуваат сите кои се учесници во трговијата на големо и во трговијата на мало, сите овие 102 групи на производи, најмалку 70 проценти да бидат присутни на рафт, рече министерот Ристески.

Одлуката за утврдување на највисоки цени ќе се однесува на осум групи основни прехранбени производи при што како највисока цена ќе се земе онаа што важела на 1 февруари годинава.

Со оценка за владините мерки излезе и опозициската СДСМ според која мерките се задоцнети.

Според пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи, требало да се оди со порадикални мерки и наместо 102 категории на производи да бидат опфатени 238 групи на производи што се со повластена даночна стапка од пет отсто.

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднесе и измени на Законот за ДДВ со кои предлагаат намалување на данокот за електрична енергија од 18 на 5 отсто, како и укинување на ДДВ за основните прехранбени производи. Со оваа мерка, како што посочија од СДСМ, значително ќе се намалат сегашните високи сметки за електрична енергија, а укинувањето на ДДВ за основните прехранбени производи, ќе доведе до нивно намалување за пет проценти.

Пред Владата да ја донесе одлуката, новоформираната Комора на трговци на големо и на мало на нивно барање имаше средба со министерот за економија по што достави предлог решенија со кои предложи поевтинување на 100 до 200 производи кои се најнеопходни за живеење во периодот од 22 март до 22 април со што, според нив, би биле опфатени двата големи празника Велигден и Рамазан.

Ваквите чекори на Владата уследија по зголемувањето на цените на основните прехранбени производи и по двата бојкота за време на кои граѓаните беа повикани да не пазарат во маркетите.

(ФОТО) Вака се гради доверба: Граѓаните си ги кажаа маките, градоначалникот и раководителите запишуваа и веднаш постапуваа

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, согласно воспоставениот принцип за редовна соработка со граѓаните и отвореност на локалната самоуправа, денеска организираше отворен ден на општината. На истиот присуствуваа и дел од раководителите на општинските одделенија и сектори, кои беа значајна поддршка за согледување на проблемите со кои се соочуваат граѓаните, советодавно делување и изнаоѓање на конкретни решенија.

Најголемиот дел од прашањата за кои побараа решение граѓаните се однесуваат на прашања од комуналната сфера, но и други области поврзани со образование и социјална заштита.

На денешниот отворен ден, беа доставени и предлози и иницијативи за организација на нови и дополнување на постоечките програми со нови содржини, како и предлози за уредување на повеќе локации, но и прашања поврзани со економската состојба во општината и можностите за нови вработувања.

Градоначалникот Тони Коњановски и во следниот период, продолжува со одржување на отворени денови, а доставените барања се решаваат тековнo или согласно надлежноста се вклопуваат во плановите и програмите на општината.

Николоски: Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме ЕДНА МИЛИЈАРДА ЕВРА

Минатата година ќе биде рекордна по инвестиции, ќе надминеме една милијарда евра, пренесе во Охрид при посетата на „Костал“ вицепремниерот и министер за транспоорт Александар Николоски.

„Според информациите кои ги имаме од Државниот завод за статистика – минатата година ќе биде рекордна за Македонија по инвестиции, ќе надмине една милијарда евра. Не само со нови инвестиции, туку и со проширување на веќе постојните. Тоа е нешто што ќе продолжиме да го протежираме како влада и ќе се трудиме оваа поддршка да продолжи“, посочи Николоски.

Заменик претседателот на Владата и министер Николоски, во охридски Костал присуствуваше на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.

(ВИДЕО) Прилеп се сака со дела

Како изгледаше предизборната кампања пред десетина години во Прилеп:

Доделени признанија за најдобрите млади спортисти од Прилеп (Фото галерија)

Во организација на Сојузот на училишен спорт – Прилеп, вчера во собраниската сала на општина Прилеп, беа доделени признанија на најдобрите млади спортисти, кои со својата упорност, дисциплина и посветеност го покажаа вистинскиот дух на спортот преку натпреварите помеѓу училиштата.

-Вашите успеси не се само лични достигнувања, туку и гордост за нашиот град, за Сојузот на училишен спорт и за вашите училишта и ментори кои секојдневно вложуваат во вашиот напредок. Општина Прилеп останува посветена на создавање подобри услови за спорт и за поддршка на младите. Ќе продолжиме да го поддржуваме Сојузот на училишен спорт-Прилеп и да инвестираме во спортската инфраструктура, да поддржуваме вакви манифестации и да ви даваме мотив уште посилно да чекорите кон нови победи. Нека ова признание ви биде поттик за уште поголеми успеси! Ви посакувам многу спортски триумфи, исполнување на вашите соништа и продолжување на патот кон успехот. Честитки за сите вас – порача градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Танцовото студио NEW GENERATION од Прилеп стана членка на најспрестижната светска денс организација – IDF

Taнцовото студио NEW GENERATION oд Прилеп стана членка на IDF – Светската денс организација, која е една од најдобрите федерации на светско ниво.

Веста ја сподели Оливер Богојевски, под чие менторство NEW GENERATION изминатите години прерасна во вистински репрезент и бренд на Прилеп и Македонија.

Ова членство на прилепскиот клуб ќе му овозможи да се натпреварува на Светското првенство во Полска, кое ќе се одржи во октомври оваа година.

Да им честитаме за најновиот успех и да им посакаме уште многу подиуми во оваа 2025 година.

Николоски денес ќе присуствува на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника

Денеска (среда 19.02.2025 година), заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, ќе присуствува на глобалниот состанок на добавувачи и логистика на дивизијата за автомобилска електроника.

Состанокот ќе се одржи во компанијата Костал во Охрид.

Изјави за медиуми се предвидени во 11:00 часот.

Изјавата ќе можете да ја следите во живо на линкот во продолжение:

Владата ПРЕСЕЧЕ, Ристески им соопшти на трговците, отсега ќе биде вака (ВИДЕО)

Владата на Република Македонија и Министерството за економија и труд го заштитуваат стандардот на граѓаните – истакна на денешната прес конференција заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Прес конференцијата на Ристески во целост ја пренесуваме во продолжение:

По опсежни анализи на ценовните текови на основните производи изминативе 4 месеци, како и по извршени меѓусекторски консултации и повеќе средби со претставници на бизнис секторот (производители, добавувачи и трговци), на денешната седница Владата на Република Македонија донесе две одлуки кои треба да придонесат на намалување на инфлацијата и ефектите од ценовните шокови на семејните буџети на граѓаните.
Со мерките се опфатени 102 групи на основни прехранбени и хигиенски производи или над 1000 производи, каде имаме три категории и тоа:

1. Во првата категорија, која опфаќа 8 групи основни прехранбени производи, се замрзнуваат цените од нивото од 1 февруари и на истите се определува највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 5 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 5 % во трговијата на мало.

Тука влегуваат:

– Бел и полубел леб, векна, индустриски тип од 350 гр. до 500 гр..(цел и на парчиња), со исклучок на свежо печен леб во маркетите;
– брашно пченично, тип 400 во пакување од 1кг до 2кг;
– брашно пченично, тип 500 во пакување од 1кг до 2кг;
– трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 л;
– јогурт од кравјо млеко обичен, без додатоци, со масленост од 2,8% до 3,2%, во пакување од 1 кг и 1,5 кг ;
– кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2 %, во пакување од 300 г до 500 г;
– свежи јајца од кокошка и
– масло за јадење од сончоглед

2. Во втората категорија, која опфаќа 55 групи на производи се определува највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 10 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 10 % во трговијата на мало. Тука влегуваат млечни производи (сирење, кашкавал…), свежо месо, замрзнато месо, преработени месни производи, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, шеќер, путер, кондиторски производи (чоколадо, бисквити…), кечап, мајонез, кафе и безалкохолни пијалаци…

3. Во третата категорија, која опфаќа 39 групи на производи се определува највисоката бруто профитна маржа во вкупен износ до 15 % во трговијата на големо и во вкупен износ до 15 % во трговијата на мало. Тука влегуваат дел од свежото овошје и зеленчук, дел од основните хигиенски производи (течен сапун, гел за туширање, детергенти, паста за заби…), како и неколку бебешки продукти (бебешки пелени, кашички и сокови).

Како и во претходните мерки, трговците се обврзани истите јасно да ги обележат со ознаката „Помалку трошоци, повеќе за нас“, а истата ќе се применува до 30 април 2025 година.

Со оваа мерка очекуваме намалување на цените на поголемиот дел од производите, а на останатите да се спречи нивно понатамошно зголемување и задржување на ова исто ниво.

Екипите на Државниот пазарен инспекторат ќе бидат на терен и ќе го контролираат спроведувањето на оваа мерка, а сите кои нема да се придржуваат до истата ќе бидат ригорозно санкционирани.

Во Крушево ќе се организираат меѓународни турнири во фудбал за најмладите

Општина Крушево и спорстките работници од Прилеп Благоја Гешоски и Миле Гаврилоски, денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Предмет на овој меморандум е организирање на меѓународен турнир во фудбал за деца на возраст до 12 години, со цел турнирот да се одржува еднаш во годината во следните десет години на територијата на Општина Крушево.

-Овој меморандум ќе придонесе за развој на фудбалот, особено на децата до 12 години во Република Северна Македонија, значителни економски и туристички придобивки за Општина Крушево, зголемена видливоста и препознатливоста на Општина Крушево како значајна спортска и туристичка дестинација, привлекувајќи голем број на учесници и посетители, развој на локалната економија преку активирање на сместувачки капацитети, ресторани и други услуги, засилување на инфраструктурните инвестиции – напиша на ФБ градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.