дома блог страница 559

Крис Павловски за Мицкоски: Еден од најдобрите лидери во Европа (ВИДЕО)

Крис Павловски, основач и сопственик на платформата „Rumble“ и еден од блиските поддржувачи на претседателот на САД Доналд Трамп и дел од тмот Трамп, вечерва се огласи за говорот на премиерот Христијан Мицкоски на CPAC, Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон.

-Еден од најдобрите лидери во Европа и еден од единствените момци кои ракоплескаа на говорот ба Џеј Ди Венс минатата недела во Германија, напиша Павловски на Х.

Уапсен прилепчанец кој се барал со потерница за издржување затворска казна

-На 19.02.2025 во 14.20 часот на ул.„Трајко Николоски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода О.Т.(32) од Прилеп, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од една година и шест месеци.

Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на назната – информираат од ОВР Прилеп.

Во Битола се одржаа превентивни работилници на темите: „Превенција од малолетнички бракови“ и „Заштита од родово и семејно насилство“

На 20.02. во Битола, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со граѓанското здружение „Сумнал“ од Битола реализираа превентивна работилница на темите – „Превенција од малолетнички бракови“ и „Заштита од родово и семејно насилство“.

Работилницата беше одржана со цел да се подигне свеста за штетноста од рано стапување во брак и генерално околу малолетничките бракови, потоа за ризиците коишто доаѓаат од рано влегување во таква институција, како и подигнување на свеста за поголема едукација кај ранливите категории граѓани и помеѓу етничките заедници.

Целта на активноста, исто така беше насочена и кон подигнување на свеста кај граѓаните кон крајно девијатни појави како што се родовото и семејното насилство, препознавање на формите на родово и семејно насилство, и информирање за надлежностите на полицијата и за мерките што се преземаат за заштита на жртвите од овие видови кривични дела.

Има надеж за Прилеп! Уште еден млад бизнисмен влегува во трка за градоначалник

По магистер Диме Бозоски актуелен заменик градоначалник, Ирена Стерјоска Локвенец, Марјан Ристески, дознаваме дека неофицијално уште еден млад бизнисмен има амбиции да седне на најатрактивната фотелја во Прилеп.

Позициите и рејтинзите ќе варираат до октомври, но едно е сигурно дека овојпат изборот за кандидат ќе биде посодржаен и од квантитетот ќе произлезе квалитетот.

Позитивно во сето ова е што сепак има надеж за Прилеп и жителите што одлучиле да живеат во него. Време е Прилеп да се врати на старите патеки и да биде лидер како порано.

Економистите, правниците веќе се будат во амбициите и несебично ќе се вложат за подобро утре на младите генерации.

(ВИДЕО) Прилепските гимназијалци со одличен перформанс за Денот на мајчиниот јазик

21 февруари е Меѓународен ден на мајчиниот јазик. Од 2000 година, овој ден е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Веќе тринаесет години со ред, прилепските гимназијалци на најразлични начини го одбележуваат овој ден, со што даваат значаен придонес кон подигнувањето на свеста кај младите луѓе за важноста на мајчиниот јазик.

Оваа година дванаесет ученици од прва година под менторство на проф. Емона Јованоска ја продолжија оваа долгогодишна традиција. Под мотото „Говорете македонски – пишувајте со кирилица“, тие, посетувајќи го секој клас во училиштето споделија поважни факти за нашиот мајчин јазик и им укажаа на своите соученици на најчестите јазични грешки.

Нивниот настап беше динамичен, информативен, интересен и го задржа вниманието на учениците, а и на професорите.

Момироски:Ако Мацио биде кандидат за градоначалник, народот вели другите немаат што да бараат

Во најновата петочна колумна, новинарот од Прилеп, Зоран Момироски пишува за партиските комбинаторики околу потенцијалните кандидати за градоначалници.

-Изборни игранки и мали циркузи ќе гледаме толку колку што има интерес и кандидати и за градоначалници и за советници. Од самиот почеток може да се забележи ,,НАВАЛИ НАРОДЕ – ОВДЕ ИМА ДОМА НЕМА,,. Допрва ќе има ,,играорци,, кои ќе се фаќаат на орото, особено кога и СДСМ ќе ја отвори постапката за предлози и анкетирање како што тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ.

Но,тука не запира играта. Откако дојде насоката од Централата во Прилеп да биде евидентиран актуелниот Борче Јовчески, повеќе како про форма и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Дејан Проданоски како сигурен можен иден кандидат за градоначалник, Мицкоски се предомисли и побара право и тој да си предложи свое кадровско решение.

Суптилно, повеќе како самопромовирање ама не верувам дека без да добие премолчена согласност преку портали се појави и сегашниот заменик градоначалник Диме Бозоски. Само неколку дена како можна кандидатка своите амбиции ги афирмира и претседателот на советот Ирена Стерјска-Локвенец, но и екс градоначалникот Маријан Ристески, актуелен заменик министер за економија.Инаку во последно време во Прилеп почнаа да го викаат ,,ПОТРОШУВАЧКА КОШНИЧКА,,.

Многумина па и од противничките партиски табори се со став дека ако евентуално Мацио биде кандидат, што е многу тешко тогаш нема што другите партии да очекуваат, иако позициите на партијата се дека кој и да биде победата е во владеачката партија. И додека тапанот си врти, чаршијата нагаѓа, упатени преку контакти тврдат дека за некои општини ќе има сериозни договори и меѓусебна подршка на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ.

Во овие комбинаторики се претпоставува дека во Општините Кривогаштани и Долнени градоначлниците да бидат од СДСМ.За возврат во Крушево да биде од ВМРО-ДПМНЕ и така натаму. Колку од овие претпоставки и наѓања има вистина ,,пазарот,, допрва ќе покаже – пишува Момироски во дел од колумната.

Два милиони деца во светот учат по оваа програма, а сега е достапна и во Прилеп: Искористете го попустот и пружете му го на вашето дете најдоброто!

Со задоволство го најавуваме отворањето на новиот Бреинобреин центар во Прилеп – дел од светски познатата програма која е револуција во образованието и личниот развој на децата! Бреинобреин е програма која е присутна 21 година во над 40 земји и е призната за својот револуционерен пристап кон образованието. Со повеќе од 2 милиони ученици ширум светот, оваа програма ги менува животите на децата, правејќи ги посамоуверени, пофокусирани и креативни.

Зошто БРЕИНОБРЕИН е уникатена програма?

Бреинобреин е специјално дизајнирана програма за деца на возраст од 4 до 14 години која комбинира:

Ментална аритметика со абакус – развива брзо пресметување, концентрација и меморија.
Невролингвистичко програмирање (НЛП) – техники кои ја зајакнуваат самодовербата, позитивниот став и комуникациските вештини.
Програми за личен и интелектуален развој – поттикнување на креативност, лидерство и критичко размислување.

Награди и признанија – БРЕИНОБРЕИН е глобално водечка програма

Гинисови рекорди: Бреинобреин ги држи Гинисовите рекорди за најголем број ученици кои истовремено решаваат ментална аритметика, што ја покажува силата и ефикасноста на програмата.

Best Kids Academy Award: Бреинобреин е прогласена за најдобра академија за деца благодарение на иновативниот пристап и резултатите што ги постигнуваат учениците.

Меѓународни натпревари: Нашите ученици редовно освојуваат врвни места на светските натпревари, покажувајќи супериорни способности во математика, лидерство и креативно размислување.

Што добиваат вашите деца?

-Подобрена концентрација, меморија и аналитички способности
-Зголемена самодоверба и позитивен став
-Развиени лидерски и комуникациски вештини
-Основи за академски успех и животни предизвици
-Самодоверба за јавно изразување
-Способност за брзо носење одлуки
-Баланс помеѓу когнитивните и емоционалните вештини

Достигнувања и квалитет на програмата

Интернационални награди: Нашите ученици редовно освојуваат награди на меѓународни натпревари, покажувајќи ги своите извонредни математички и когнитивни способности.
Квалитет на програмата: Бреинобреин ги следи највисоките стандарди за едукација, што ја прави една од најдоверливите програми за детски развој. Нашите ментори се специјално обучени да работат со деца, креирајќи пријатна и поддржувачка средина за учење.
Резултати: Децата кои посетуваат Бреинобреин стануваат подобри ученици, ја подобруваат својата концентрација, креативност и лидерски способности, а со тоа добиваат основа за успех во сите животни аспекти.

Специјална понуда за отворањето – 50% попуст на уписите!

Во чест на отворањето на центарот во Прилеп, за сите уписи до крајот на месецот овозможуваме 50% попуст на првата членарина! Не ја пропуштајте можноста вашето дете да биде дел од оваа уникатна програма.

Дозволете им на вашите деца да бидат дел од глобално признатата Бреинобреин програма, која го обликува идниот успех со секој поминат час!

Koнтактирајте на социјалните мрежи:

ФЕЈСБУК: https://www.facebook.com/brainobrainprilep

ИНСТАГРАМ: https://www.instagram.com/brainobrainprilep/

или на телефонскиот број: 075 504 509

Бреинобреин центарот во Прилеп се наоѓа на улица “Сотка Џигиџик” бр.38.

Ахил Јаков: “Изгоре домот на наш ученик, како заедница да покажеме дека сме тука еден за друг”

Драги пријатели, родители и членови на нашето училиште. Денес се обраќаме до вас со искрена молба за помош. Еден од нашите ученици, дел од нашето училишно семејство, се соочи со незамислива трагедија – пожар кој целосно ја уништи неговата куќа и остави семејството без покрив над главата. Во еден миг, сè што го граделе со години исчезна во пепел – напиша директорот на ООУ “Климент Охридски”, Ахил Јаков, по пожарот во куќа на улица “Егејска”, кој пред три дена остави без кров над глава семејство од Прилеп.

-Ова не е само нивна борба. Ова е момент кога сите ние, како заедница, треба да покажеме дека сме тука еден за друг. Сега е време да ги отвориме срцата и да подадеме рака на оние кои најмногу имаат потреба од нас.

Од утре, во нашето училиште започнуваме акција за собирање донации. Секој ваш придонес ќе значи многу за ова семејство кое се обидува да се издигне од оваа трагедија.

Сите информации ги имате кај класните раководители.

Да покажеме дека сме повеќе од само соседи и пријатели – дека сме вистинска заедница која стои рамо до рамо во најтешките моменти. Заедно можеме да направиме разлика. Заедно можеме да им помогнеме повторно да изградат дом и надеж.

Ви благодариме од срце што сте дел од оваа хумана мисија – стои во статусот на Јаков.

Мицкоски со остри пораки до европјаните од Вашингтон

„Ние како нација направивме се што можевме, претрпевме многу понижувања и прифативме многу лоши договори заради нашата европска перспектива и заради членството во НАТО- изјави премиерот Христијан Мицкоски на обраќање на настанот на Атлантскиот совет во Вашингтон посветен на иднината на транс-атлантските релации на Западен Балкан.

Фрустрациите помеѓу граѓаните на мојата земја се екстремно големи. Сведочам дека во време кога бевме во опозиција во 2018 многу луѓе од целиот свет, високи функционери од ЕУ, премиери од многу моќни НАТО земји, претседатели, членови на Европската комисија, не посетуваа и велеа само сменете го името овој пат веднаш ќе станете членови на НАТО, ќе почнете преговори со ЕУ и ќе ги завршите во период од 4-5 години и ќе станете дел од ЕУ. Тие 4-5 години поминаа пред 2 години и ние сме во иста ситуација како пред 20 години, но во меѓувреме го променивме знамето, валутата, името и се.

Премиерот истакна дека сега пред нас е ново барање за промена на Уставот и тоа не гарантира извесност не евроинтегративниот пат.

Кажете ми втор случај во Европа кој е барем од далеку сличен со нашиот, не зборувам за приближно сличен. Овој пат рековме, ако Pacta sunt servanda се применува за нас тогаш нека се применува за сите, ако ние испорачуваме тогаш очекуваме и другите да испорачаат“, рече Мицкоски и дополни: „затоа сега патувам нив светот сега да ја раширам приказната за македонската судбина, која е типичен пример за двојни стандарди.“

„Ние сега треба да ги внесеме неколку стотина наши сограѓани во уставната преамбула, што е опис на нашиот Устав. Зборуваме за бугарската заедница. Во нашиот устав ние имаме Македонци, Албанци, Срби, Турци, Бошњаци, Власи итн., па ако ги анализирате работите од таа перспектива тоа не е голема работа. Но зошто да ги внесеме во преамбулата? Можеби зборуваме за човековите права, можеби некој им ги крши човековите права на бугарската заедница? Кои сме ние политичарите да судиме дали нечии човечки права се нарушени? Има институција во Европа наречена Судот за човековите права во Стразбур која е одговорна да суди дали нечии човекови права се прекршени или не. И што вели таа институција во последните години? Тие беа јасни, 14 пати човековите права на македонската заедница во Бугарија биле прекршени, и 0 пати на бугарската заедница во Македонија. Четиринаесет наспроти нула. Како да им го појасниме ова на граѓаните, зошто го правиме ова, а не добиваме ништо. Затоа велиме бидејќи ова не е суштинско, бидејќи преговорите значат зајакнување на институции, подобрување на капацитетите на институциите, а не решавање на билатерални прашања. Ние рековме ќе го завршиме ова но кога ќе ги завршиме нашите преговори, затоа што се плашиме дека ова може да се претвори во бескрајна приказна и ќе следат нови и нови барања и никој не знае кога тоа ќе заврши“, истакна премиерот Мицкоски на настанот во Вашингтон во организација на Атлантскиот Совет.

Премиерот Мицкоски посочи дека кога се зборува за европската иднина треба да се зборува за заеднички вредности, за вештачката интелигенција, за добрата животна средина, за економијата, за подобро образование, а не за нешто кое се случувало во средниот век. Балканизацијата на Европската унија според него е проблем, затоа што ако се злоупотребуваат институциите во Брисел за решавање на билатерални прашања, тоа е различно од идејата на Де Гаспер, Шуман и Аденауер, основачите на европската заедница.

Кога се сака, се може! Два нови апарати во прилепската болница (Видео)

Министерството за здравство набави два медицински апарати за потребите на болницата во Прилеп. Станува збор за лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедското одделение со 4К резолуција.

Вредноста на двата апарати е околу 20.000.000 денари.

-Станува збор за лапароскопски столб од фирмата Olympus, со кој ќе се работат два типа на операции: лапароскопски и ендоуролошки. Лапоароскопија е минимално инвазивна метода, каде што, преку неколку отвори на преден стомачен ѕид, се внесуваат инструменти во абдоминалната празнина. На овој начин би се оперирале тумори на бубрег (радикална нефректомија), афункција на бубрег (симплекс нефректомија), цисти на бубрег (редукција ), варикоцела (проширени вени на лев тестис ).

Ендоуролошкиот пристап подразбира TURT (transurthral resection of the bladder tumor ) и TURP (transurethral resection of the prostata). Столбот има можност за ресекција со монополар и биполар. Биполарнарата ресекција е многу корисна, бидејќи во исто време и ресецира и коагулира, така да има минимална крвозагуба. Треба да се напомени дека досега TURT се работеше рутински со стар лапароскопски столб, а TURP ќе биде новина

Артроскопски столб е од фирмата Smith & Nephew, со LCD екран, и е направен по највисоките стандарди за артроскопски интервенции на колено, рамо и скочен зглоб. Со добивањето на овој современ апарат артроскопските интервенции ќе станат рутински операции во прилепската болница. Досега редовно се извршуваат артроскопски интервенции на колено 50-70 во една календарска година, а наскоро се планира артроскопски интервенции на скочен и рамен зглоб – појаснуваат од прилепската болница “Борка Талески”.

Денеска во посета на болницата беше и министерот за здравство Арбен Таравари, кој заедно со директорот на болницата, Кире Јоноски, ги ставија во употреба двата нови апарати.