дома блог страница 558

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

Најостро ја осудуваме тешката навреда на СДС кон македонските граѓани дека се цитираме: “будали”. Ваквата тешка навреда изречена од некогаш сериозната партија СДС е само отсликување на состојбите внатре во партијата и нивната тотална безидејност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Внатре наместо разумот владее интересот за спас и бегство од одговорност од криминалите. Не е ни чудно што 30 посто според најновите анкети незнаат кој е лидер на СДС.

Таму владеат децата на Заев, а пак Филипче не ја игра ниту улогата на статист. Затоа СДС има рејтинг кој е на ниво на стратистичка грешка, и 4 до 5 пати помал споредено со ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ликуваат и се радуваат што Македонија на патот кон ЕУ ја раздвоија од Албанија и тоа е нивната најголема награда и успех за работењето против својата држава. Откако го искрадоа народот сега го навредуваат дека е будала.

СДС имаат криза на идентитет. Која се пресликува и во соопштенијата. Предавствата ги покажуваат како успеси, а кражбите за реформи.

Ваква навреда за народот не се случила историски ниту во времињата на Марија Антоанета или Луј 14ти или Хитлер и Мусолини. Бараме итно повлекување и јавно извинување од СДС“, велат од партијата.

Кој е играчот што на РК Прилеп му даде 17 голови?

Винисиус Де Соуза Мораеш е големото засилување на МРК Куманово и од него доаѓа најголемата опасност за противничките одбрани и голмани.

Голем брз индивидуалец, кој знае да постигне и над 10 голови по утакмица.

Игра на позиција десен бек, токму кај “број 5” или халф во противничката одбрана.

На таа позиција во одбраната на РК Прилеп беше неприкосновен капитенот Филип Велески.

Токму затоа љубителите на ракометот во Прилеп и навивачите, бараат и очекуваат “кам-бек” на Велески, за да се среди одбрана која не е на завидно ниво во новата сезона, откако тој ја превзеде директорската позиција во клубот под Марковите Кули.

КК Мега Баскет има иднина во овие млади кошаркари (Фото галерија)

Благодарение на неколку ентузијасти од бизнис секторот денес младите кошаркари на МЕГА БАСКЕТ беа домаќини на нивните врсницинод Охрид.

Прекрасна атмосфера, полни трибини и пресреќни деца и родители.

Останаа само празните апели до Гентерм, ВИК, Мермерен Комбинат и другите гиганти, кои не ги слушнаа молбите на овие деца, кои не сакаат да бидат препуштени на пороците, улицата и социјалните мрежи.

Огромни добивки, илијадници вработени, но ни малку општествена одговорност… Тие покрај милионите евра одлучија и оние 4. 000 евра што беа потребни за натпреварување да ги изнесат од Македонија…

Се надеваме дека ќе биде подобро.

Подгответе се: Доаѓа невреме, ќе дува ветер со брзина од 70 км на час

Времето денеска ќе биде променливо облачно, од утринските часови најпрвин во северните, а во текот на денот и во останатите делови со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Ќе дува засилен северен ветер, наместа со брзина над 70 километри на час. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 22 степена.

-Во понеделник ќе продолжи да дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови силен северен ветер со брзина над 70 километри на час. Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд, соопшти УХМР.

Кривична за прилепчанец: Во домот полицијата му пронашла марихуана, таблети и кокаин

-СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Н.(35) Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 20.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, МДМА таблети и кокаин – информираат од СВР Битола.

Николоски: Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење, еве како се одвиваат работите на автопатот Скопје-Тетово (ВИДЕО)

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкција на автопатската делница Скопје-Тетово.

Инвестицијата е вредна 9,1 милиони евра.

Тој на својот профил напиша:

“ Продолжуваме со засилено темпо на работа. Видео од реконструкцијата на автопатот Тетово – Скопје на делот пред Скопје, проект на Јавното претпријатие за државни патишта. Ќе ја направиме Македонија поубаво место за живеење.”

Приведен 30-годишен прилепчанец кој се барал со потерница

-На 28.09.2024 во 17.30 часот на плоштад „Методија Андонов Ченто” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Н.Е.(30) од Прилеп, кој бил баран со потерница по издадена судска наредба од Основен суд Прилеп. Н.Е. бил баран за издржување на казна затвор во траење од една година.

Лицето е спроведено во Казнено поправната установа Затвор Битола – информираат од МВР.

Грмна гајда и тапан! Верниот прилепски народ за Крстовден се собра кај манастирот во изградба Св. Василиј Острошки (ФОТО/ВИДЕО)

Во прилепското село Чумово во тек е изградба на манастир кој ќе го носи името на Св. Василиј Острошки. Управата прави надчовечки напори и успева да ја турка оваа убава идеја, а се со цел на прилепчани да им подари уште едно свето место во убава природа.

Прв пат по осветувањето на местото, вчера се празнуваше големиот христијански празник Крстовден, па голем број верници го посетија и со свои прилози дадоа придонес во изградбата на овој свет храм.

Утрото започна со света служба, па грмнаа тапанот и гајдата. Верниците уживаа во топлиот празничен ден, се помолија за здравје за себе и своите ближни и посакаа што поскоро, со Божја волја, овде да блесне убав манастир.

Нека е за многу години!

СН Осигурителен Брокер на Преспански јаболкобер во Ресен

-На штандот на компанијата посетителите на манифестацијата во Ресен имаа можност да се информираат за сите типови осигурување кои ги нуди ова брокерско друштво, со посебен акцент на земјоделското осигурување како најбезбеден и најисплатлив начин да се заштитат вложувањата и трудот на земјоделецот.

Со симболично откинување на првото јаболко во рамките на манифестацијата „Преспански јаболкобер“ секоја година традиционално на големиот верски празник Крстовден официјално почнува бербата на преспанското јаболко.

Како лидер во областа на земјоделското осигурување “СН Осигурителен Брокер“ АД Битола и оваа година ја претстави својата понуда во рамките на штандовската презентација во центарот на Ресен која се организираше по повод Преспанскиот јаболкобер. Воедно, од компанијата упатија честитка по повод големиот празник Крстовден, а на сите земјоделски производители им посакакаа богат род и бериќетна сезона.

На штандот на компанијата посетителите на манифестацијата во Ресен имаа можност да се информираат за сите типови осигурување кои ги нуди ова брокерско друштво, со посебен акцент на земјоделското осигурување како најбезбеден и најисплатлив начин да се заштитат вложувањата и трудот на земјоделецот. Земјоделството во Македонија претставува значајна стопанска гранка, а пелагонискиот регион има стратешко значење од аспект на земјоделието. Заштитата на земјоделието пред се од последиците кои ги нанесуваат климатските промени е меѓу приоритетите на секој земјоделец од овој регион.

Токму затоа СН Осигурителен Брокер АД Битола во континуитет работи на советување на земјоделците со цел да обезбеди најдобра заштита на земјоделските посеви, а со тоа работи и во правец на подигнување на свеста на земјоделците за важноста на земјоделското осигурување.
Оттука расте свеста дека земјоделското осигурување претставува единствен трансфер на ризик со надокнада за земјоделецот. Го намалува ризикот и го стабилизира доходот на земјоделецот. Ја намалува неизвесноста и му дава можност на земјоделецот да планира на подолг рок.
Со оглед на тоа што преспанскиот регион спаѓа во ризичните региони кои осигурителните компании ги избегнуваат, СН Осигурителен Брокер АД Битола сепак останува посветен партнер на земјоделците докажувајќи преку својата работа на терен дека осигурителните брокери се вистинскиот начин земјоделците да дојдат до добро осигурување особено кога нивните посеви се наоѓаат во таквите ризични региони.

Дури 80% од полисите во ризичниот регион – Преспа се изработени од страна на СН Осигурителен брокер Битола, со што нескромно можеме да истакнеме дека сме лидери меѓу брокерските друштва и активно се вклучуваме во изнаоѓањето на најоптимални решенија за земјоделците во однос на сите прашања од областа на осигурувањето, велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.

Искуството во изминатите години, кажува дека имаме традиционални осигуреници наши следбеници и соработници или веќе и наши деловни партнери. Ние како осигурителен брокер нудиме и бесплатна правна помош во случај на штета како и во делот на склучување на договорите. Во нашето брокерско друштво постои тим кој врши процена на штети и истиот е вклучен во сите комисии за обештетување. Тоа значи дека кај нас земјоделецот не е сам, туку има деловен партнер кој заедно со него го штити неговиот интерес. Тој партнер е СН Осигурителен брокер АД Битола, посочуваат од компанијата.

Победа во три дена врза два порази пред своја публика

По поразот во средата од Арсими со 1:2, Победа попладнево забележа нов пораз на домашен терен од екипата на Охрид, иако домаќините во пресрет на натпреварот беа фаворити.

Крајниот резултат денеска беше 0:1, а го постави Дуков во 61-та минута од натпреварот, а црвено-белите не се заканија ниту малку сериозно кон гостинскиот гол.

Со овој резултат прилепчани се заковани речиси на самото дно од второлигашката табела со 4 бода, а зад нив се само Борец со 3 и Вардарски со 2 освоени бода.

И ако од овие два врзани домашни дуели се очекуваа барем 4 освоени бода, Победа остана на истото бодовно салдо, а тешко дека нешто ќе се промени и во наредното коло, кога црвено-белите имаат тешко гостување кај Башкими.