дома блог страница 557

Владиката Петар утре на ТРЕТ ДЕН БОЖИК ќе чиноначалствува со Света Златоустова литургија во храмот Параклис во Прилеп

На ТРЕТ ДЕН БОЖИК, кога се празнува Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан, во храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис ќе се одржи Света Златоустова литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот преспанско – пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. ПЕТАР.

Литургијата ќе започне во 7:00 часот.

Нека Христовото раѓање ни донесе мир и љубов во нашите животи.

За една недела стартува ракометната треска! Ова се термините за натпреварите на Македонија!

МРТ ќе ги емитува натпреварите на македонската репрезентација на претстојниот Мундијал во Хрватска, Данска и Норвешка.

Оваа информација денеска ја пренесе порталот 24ракомет, што е одлична вест за сите љубители на ракометот. Натпреварите на Мкаедонија, но и други одбрани од првенството ќе бидат достапни со коментар на македонски јазик.

Мундијалот почнува на 14 јануари, а првиот натпревар на избраниците на Кирил Лазаров е ден подоцна против Унгарија. Македонските ракометари натпреварите од групата Д ќе ги играат во хрватскиот град Вараждин.

Распоред на Македонија:

15 јануари, 20:30 ч.
Унгарија – Македонија

17 јануари, 18:00 ч.
Холандија – Македонија

19 јануари, 18:00 ч.
Македонија – Гвинеја

Останува МРТ да објави програма за гледачите да знаат кои останати натпревари ќе одат во директен пренос, како и тоа кои од нив ќе бидат на спортскиот канал МРТ3.

Од полноќ поскапуваат цените на горивата

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 80,50, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 72,50, а Екстра лесното масло за домаќинство за 72,00 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,073 денари и еден килограм ќе чини 45,711 денари.

Еве кога ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник за Прилеп

-Имињата на кандидатите за градоначалници од владејачката Коалиција „Твоја Македонија“ за годинашните локални избори ќе бидат објавени во втората половина од мај, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски во Штип на пуштањето во употреба на детската градинка „Вера Циривири Трена“ и спортската балон сала во рамки на подрачното училиште ОУ„Гоце Делчев”.

Конечна одлука за тоа кои ќе бидат имињата на кандидатите за градоначалници, Мицкоски вели сè уште не е донесена, но, како што рече, во тек е внатрепартиска дебата и од страна на општинските комитети веќе се пристигнати предлог-имињата кои треба да се најдат на претстојните анкети и мерења.

-Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов направи голема разлика, кога би се споредило со неговите претходници и тука очекувам така да продолжи во периодот пред нас. Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини низ Македонија, сè уште како партија и коалиција не сме донеле конечна одлука кои ќе бидат имињата. Во моментот во тек е внатрепартиската дебата и од страна на општинските комитети се пристигнати предлози и имиња кои што треба да се најдат на анкетите и мерењата, посочи Мицкоски.

Анкетите, додаде, ќе започнат да ги спроведуваат во втората половина од месецов и како што рече, очекувањата се во мај да бидат соопштени до 90 отсто од мерењата.

-Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам во втората половина од мај 85 до 90 отсто од мерењата да ги соопштиме на граѓаните за тоа кои ќе бидат кандидатите за градоначалници, додаде Мицкоски.

Фејсбук и Инстаграм ќе претрпат драстични промени, еве за што се работи

„Мета“, компанијата што е сопственик на „Фејсбук“ и „Инстаграм“, најави дека драстично ќе ги промени правилата за прегледување на содржината на овие две социјални мрежи.

Накратко, социјалните мрежи се ослободуваат од проверувачите на факти (тимовите што ги проверуваа фактите) и тие ќе бидат заменети со таканаречени „белешки на заедницата“, генерирани од корисници. Овој систем се користи на „Твитер“.

Така, најавените промени значително ќе го променат и начинот на модерирање на објавите, видеата и другите содржини на „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Промените беа објавени непосредно пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата. Трамп и другите републиканци ги критикуваа Закерберг и „Мета“ за она што тие го гледаат како десничарска цензура.

– Проверувачите на факти беа политички пристрасни и ја уништија довербата наместо да ја создадат – изјави Закерберг и додаде дека сега на платформата ќе се појави повеќе штетна содржина како резултат на промените во модерирањето на содржината.

Џоел Каплан, шеф за глобални прашања на „Мета“, неодамна изјави дека партнерството на „Мета“ со проверувачите на факти било добронамерно на самиот почеток, но едноставно имало премногу политичка пристрасност во целиот процес.

Најавата доаѓа во време на поширока идеолошка промена надесно, и со тоа се смета дека Закерберг се обидува да ги подобри односите со Трамп пред да ја преземе функцијата.

Значителен пресврт

Промените на модерирањето на содржините означуваат зачудувачки пресврт во начинот на кој „Мета“ се справува со лажните и погрешните тврдења на платформата.

Во 2016 година компанијата започна независна програма за проверка на фактите, по тврдењата дека не успеала да ги спречи луѓето да ги користат нејзините платформи за да шират дезинформации и да сеат раздор меѓу Американците. Во годините потоа продолжи да се бори со ширењето контроверзни содржини на својата платформа, како што се дезинформации за избори, приказни против вакцините, насилство и говор на омраза.

Иако партнерите на „Мета“ за проверка на фактите постојано велеа дека ги проверувале тврдењата и од десницата и од левицата, поддржувачите на Трамп и другите конзервативци долго време тврдат дека системот им го ограничил гласот.

Но сега Закерберг ги следи стапките на Маск, кој откако го купи „Твитер“ во 2022 година, ги растури тимовите за проверка на факти и направи „белешки на заедниците“, што е единствениот метод на оваа платформа за коригирање на лажните тврдења.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) “ЗИМСКА ПРИКАЗНА” – Maгија што ја направи Битола центар за празниците

Заврши уште една успешна “ЗИМСКА ПРИКАЗНА” во Битола!

Тоа беа 18 денови, со 150 настани, 400 часа програма и над 50.000 посетители. Лизгалиштето на Магнолија, празничниот плоштад кај Офицерски, возот „Мечо,“ пајтонот со Дедо Мраз и Новата Година во него, парадата на моторџиите Дедо Мразовци и Баба Мразици, пладневните концерти во Старата чаршија и куќарките со локални вкусови, првото изгрејсонце на Пелистер… го претворија градот во сцена што не се заборава.

Оваа приказна не беше само празничен момент – беше гласен доказ за моќта на заедништвото, поддршката на локалната економија и визијата за културен туризам.

-Додека Битола ги броеше насмевките на своите жители и бројните гости, сите ние напишавме ново поглавје во историјата на градот – она што останува да инспирира. „Зимска Приказна“ е зад нас, но духот што го создаде останува. До следната, уште поголема и повпечатлива ЗИМСКА ПРИКАЗНА – порачуваат од општина Битола.

На втор ден Божик во Прилеп се пpaзнyва и Cветецот чија икона стана чyдо пред 8 години

Денеска православните христијани го празнуваат вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ. Денеска исто така православната црква го слави и Соборот на Пресвета Богородица како и споменот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански.

Пред 8 години, на 31 март 2015 година во Прилеп, според православната црква, токму во храмот „Св. Благовештение“, се случи чудо, бидејќи иконата на Св. Никодим Прилепски, која сега стои во средината на црквата започна да мироточи.

Капките од мироточењето и денес се познаваат на иконата.

ВТОР ДЕН БОЖИК: Денеска е Сoбop на Пpecвета Богopoдица

Денеска е Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува.

Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса.

Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено.

Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

По 19-ти пат, 400 деца во Прилеп на заедничка трпеза го празнуваа Христовото раѓање – Божик (Фото галерија)

По 19-ти пат, традиционално, во организација на “Детската амбасада за сите деца во светот”, 400 деца денеска се дружеа на заеднички свечен Божикен Ручек, во х.„Салида“ во Прилеп, каде го славеа Христовото раѓање.

На оваа прослава Детската амбасада го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност – “ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ”. Оваа година ова меѓународно признание беше доделено на реномираната компанија “Млекара А.Д. Битола”.

И оваа година гости традиционално беа деца од целата територија на нашата држава, кои на заедничка трпеза го прославуваа Божик, денот на Христовото раѓање и на таа заедничка трпеза седнаа деца од различни целни групи, како и истакнати деца – членови на Детската амбасада, деца од Прилеп, Скопје, Битола, Куманово, Крушево, Струмица и од другите градови и општини ширум државата.

Божикниот Ручек традиционално го благослови неговото високо преоствештенство, Митрополитот Преспанско-Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски, Господин Петар, а на сите деца им беа доделени пакетчина за слатки сеќавања на Божикниот Ручек, за кои пак се погрижи градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Како до сега, така и оваа година за збогатување на свеченоста се погрижија членовите од танцовото студио „Зодијак“ од Прилеп, а оваа година забавниот дел со свои настапи го збогатија и малите ангелчиња, Димитар Иваноски од Прилеп и Јована Ристановска од Битола.

И оваа година, покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, беше доделена и ПЛАКЕТИ ЗА ПРИЈАТЕЛ НА ДЕЦАТА, за кои Детската амбасада одлучи да ги додели на: Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески и Каролина Јовеска, истакната соработничка на детската амбасада од Прилеп.

Пожар во викендица во Битола – за среќа нема повредени

-На 06.01.2025 во 14.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на место викано „градско поле” во Битола настанал пожар во викенд куќа, сопственост на И.К.(71) од Битола.

Пожарот бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, при што повредени лица нема.

Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола – информираат од СВР Битола.