дома блог страница 555

Прилепските девојки тргнуваат по медали на Балканското првенство во Скопје

После успешно завршените припреми организирани од боречката федерација на Македонија, прилепските борачки ја стартуваат мисијата BALKAN WRESTLING CHAMPIONSHIP SKOPJE 2024.

Марија Вејлноска, Ангела Трајкоска, Анабела Стојаноска и Тамара Цветкоска, се четирите девојки од Прилеп кои ќе ги бранаат боите на Македонија на Балканското првенство.

Во разговор со тренерите Теодора Димеска и Стојанче Тушески кои целиот процес на подготовки будно го следеа, се задоволни и се сигурни дека девојките се 100% подготвени и дека од 3. до 6. октомври ќе го дадаат свој максиум за во најдобро светло го претставаат македонското борење.

На нас останува само да им посакме среќа!

Приведена прилепчанка поради извршена кражба, одземеното вратено на сопственикот

-На 01.10.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Е.М.(42) од Прилеп поради сомнение дека од домот на И.М.(74) од Неготино одзела пари. Е.М. била приведена во полициска станица, а парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Битола.

Донатори ја помагаат прилепската болница – Нова вредна донација за детското одделение (ФОТО)

Уште една донација во детското одделение во прилепската болница. Се работи за фриждери, печатачи и електричен панел за греење кои им беа од голема потреба на одделението каде се згрижуваат најмладите пациенти. “НЕПТУН МАКЕДОНИЈА” како општествено одговорна компанија со оваа донација хуманоста ја докажува на дело!

-Како институција им се заблагодаруваме за тоа што помагаат во донесувањето на позитивни промени во здравството – велат од прилепската болница “Борка Талески”.

По првиот, следува уште еден скутер! Наградната игра во “АВТО КОНТРОЛ” Прилеп продолжува (ВИДЕО)

По првиот, следува уште еден скутер! Наградната игра во “АВТО КОНТРОЛ” продолжува!

Право на учество во наградната игра имаат сите клиенти на компанијата кои:

-Во времетраењето на наградната игра извршиле технички преглед при регистрација на возило во нашата станица за технички преглед;

-Добиле 2 (два) идентични наградни купона кои содржат единствен сериски број внесен во дневникот за евиденција на техничките прегледи при регистрација на возила на шалтерите во нашиот технички преглед;

-Едниот од наградните купони го оставиле во кутијата за собирање на наградни купони, која ќе биде поставена на видно место во нашата влезна просторија со шалтери за клиенти за време на траењето на наградната игра;

– Вториот награден купон го чувале кај себе како доказ за учество во наградната игра. Во случај на извекување, вториот примерок од наградниот купон ќе треба да биде презентиран од страна на добитникот на наградата. ИЗВЕЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДАТА Извлекувањето на добитникот на наградата ќе се изврши во вторник на 01.03.2025 година.

Времето на извлекување ќе биде дополнително објавено на FACEBOOK страната на компанијата: https://www.facebook.com/AvtoKontrolPrilep

За потсетување, првиот скутер oд марката Yuki Margherita 50, во првото извлекување вчера, го доби Зеќирија Мустафоски од село Пласница.

Покрај главната награда, популарниот Бубо Каров – Цацко, извлече и повеќемина добитници на вредни ваучери:

-Добитници на ваучери за промена на масло и филтри на патничко возило:
1. Веселин Шаркоски, с. Обршани (108850)
2. Горан Рујаноски, Димче Бањарот 24, Прилеп (108736)
3. Тони Секулоски, В. Јанкулоски Стариот 7, Прилеп (110237)

-Добитници на ваучери за хемиско чистење на патничко возило:
1. Горан Јованоски, Панко Брашнаров 11, Прилеп (109164)
2. Дарко Николоски, Ладо Лапецот 27, Прилеп (108770)
3. РОМАН ДООЕЛ Прилеп, Илија Василески 12, Прилеп (108796)

-Добитници на рачен smart часовник:
1. Раде Димитриоски, Мечкин Камен 34, Прилеп (109832)
2. Јове Стојаноски, Василе Павлоски Џгуре 18, Прилеп (110380)
3. Благоја Стојаноски, Партизански Одреди 9, Прилеп (108997)

Учествувајте и вие во наградната игра! Тимот на АВТО КОНТРОЛ ве очекува!

Пожар утрово во општинската зграда во Прилеп! Вработените евакуирани, брзата интервенција на пожарната и техничкиот персонал спречи катастрофа (ВИДЕО)

Aларм за пожар утрово ги вознемири вработените во општина Прилеп, откако пожар изби во парниот котел, при што беше наредена општа евакуација од објектот.

Брзата интервенција на Противпожарната единица и присебноста на техничкиот персонал во општината, спречи поголема катастрофа и ширење на пожарот.

Според информациите со кои располагаме, едно вработено лице е пренесено на укажување медицинска помош, поради вдишување на чад.

Ексклузивно! Еве кои се предлози од Влада за директори во Тутунски Комбинат Прилеп

По неколку месеци очекување Владата ги доставила предлозите за извршни и неизвршни Директори во Тутунски комбинат.

Зоран Петрески актуелен директор на основно училиште, Александар Алексоски вработен во Гентерм и актуелен советник во Советот на општина Прилеп, Гоце Николоски и Сашко Велјановски.

Во исчекување сме на новиот генерален директор. Досега многу од директорите во комбинатот од минатото седнувале на обвинителна клупа и одлежувале долгогодишна казна затвор.

Инаку, се’ уште актуелен директор на прилепскиот комбинат е доскорешниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.

Прв академски час за новите бруцоши и на Економскиот факултет во Прилеп – Претседателката на Советот на општина Прилеп додели стипендии (ФОТО)

И во Економскиот факултет во Прилеп денеска се одржа првиот академски час за новите студенти.

На настанот беа доделени стипендиите коишто Факултетот ги обезбеди во соработка со бизнис секторот и Општина Прилеп, а бруцошите ги добија и своите индекси.

Свое обраќање на настанот имаше и претседателката на Советот на општина Прилеп, Ирена Стерјовска Локвенец, која им посака успешни студии на сите студенти – бруцоши, истакнувајќи ја важноста на образованието како основен двигател на развојот на општеството и економијата.

Витаминка го заслади првиот академски час на бруцошите (ФОТО)

-Денес е свечениот и важен ден за повеќе од 5000 студенти од нашата земја.Заедно со нив бевме дел од настанот „Добредојдовте Бруцоши – Прв Академски Час на УКИМ“, каде се дочекаа новите студенти, а ние им поделивме Loop колачи, за бескрајна среќа. Нашата компанија се заблагодарува на УКИМ за соработката, а на идните студенти им посакува успешна академска година – напишаа од компанијата на социјалните мрежи.

На 5. октомври сите во Крушево: Да ги испееме сите заедно безвременските хитови на Тоше и да направиме ѕвездено небо

На 5 октомври од 18 часот, во Градскиот парк во Крушево ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески, како одбележуваање на 17 години од неговиот последен концерт, што се случи на Градскиот стадион во Скопје.

Најголемите хитови на Тоше ќе ги пеат неговите колеги Ламбе Алабаковски, „Некст тајм“, Антониа Гиговска, Ребека, Немања Радошевиќ, Анѓела Нинковиќ, Мартинијан Кириловски, „Инвиктус бенд“, Славица Ангелова, Тамара Стојкоска, Јасмин Алиевски и Кирана Ивановска.

Од 2008, на овој ден се одржува настанот „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ со концерти, крводарителски акции и собир на фановите на Тоше.

Еве кој го доби скутерот од наградната игра на “АВТО КОНТРОЛ” – За останатите ќе има нова шанса! (ВИДЕО)

Популарниот Бубо Каров денеска во 10 часот, го извлече скутерот од наградната игра која ја организираше компанијата “АВТО КОНТРОЛ”.

Станува збор за скутер oд марката Yuki Margherita 50 CC, а учество во наградната игра имаа обезбедено сите клиенти, кои при регистрација на возилата од 10. јули до 30. септември, извршија технички преглед на истите во Станицата за технички преглед “Авто Контрол”.

Добитник на преубавиот скутер е Зекрија Мустафоски од Пласница. Извлекувањето беше проследено со оригинални шеги од Цацко, кој исто така најави дека “АВТО КОНТРОЛ” ќе продолжи со наградната игра и во наредниот период, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.