дома блог страница 552

Битолчанец со автомобил удрил во малолетник на велосипед

-На 04.10.2024 во 19.12 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул„Генерал Васко Карангелевски“ во Битола патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(53) удрило во велосипед управуван од малолетник, двајцата од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констаирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.

Авто школа “Прилепец” со ново изненадување

Премногу опции, а само на едно место ќе го направите вистинскиот избор. Авто школа “АМД Прилепец” прерасна во вистински лидер во градот под “Марковите Kули” и најдобра опција за да се стекнете со возачка дозвола.

Зошто да ги изберете АМД Прилепец?

Супер удобни и нови возила

Располагаат со супер модерни автомобили за оспособување на возачи за сите категории (АМ, А2, А1, А, Б, Ц, ЦЕ, Д).

Трпеливи, внимателни и искусни инструктори

Нема некој кој не си ја знае работата, па затоа нивните кандидати брзо и лесно ги совладуваат вештините за возење и почитување на правилата во сообраќајот. Тука мора да ги пофалиме инструкторките кои рамо до рамо со машиот пол, а некогаш дури и поуспешно го пренесуваат знаењето на идните возачи.

Обуки за А, А1, А2 и АМ категорија со нови и супер модерни мотори

Одлични услови за теоретска обука и гарантирано знаење за полагање на тестови

НАЈНОВО! СОПСТВЕН ПОЛИГОН во Старо Лагово, кој сега е ревитализиран и осовремен по најнови стандарди за обука за сите категории на возачки дозволи. Она што е најважно е дека НЕМА дополнителни трошоци за користење на полигонот.

Едноставно професионалност, поветеност, квалитет и над 50-годишно искуство. Тимот на АМД Прилепец ве очекува!

Битолскиот народен театар со ,,Хамлет-денот на убиствата“, гостува на фестивал во Полска

На 06.09.2024 со претставата ,,Хамлет-денот на убиствата“, според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, Битолскиот народен театар ќе земе учество на Интернационален фестивал во Бјалисток, Полска.

Оваа претстава ја доби престижната наградата за најдобра претстава на Фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад, Србија, а беше дел и од програмата на 32-от Интернационален фестивал на Камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица.

Режисер и автор на музиката е Марјан Неќак. Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш; стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон, Борис Пастернак.

Фестивалот во Полска „Direction east“, започна на 30.09 и ќе трае до 07.10.

Четирите клучни ликови на Шекспировата безвремена пиеса „Хамлет“, Хамлет, Офелија, Клаудиј и Гертруда, поместени во простор лишен од историски и културолошки контекст, во атмосфера во која секој морален императив губи смисла, во услови на беспоштедна игра за преживување, ги живеат последните часови од својот животот. Денот на убиствата! Ставен во такви екстремни услови, овој извонреден квартет од ликови и актери, кои им соживуваат на тие ликови со секоја фраза од кажаната реплика, ги испитува границите на човековата природа, поставувајќи ги прашањата за човековата ранливост, кршливост, за кревкоста на неговите ставови и убиственоста на неговите мисли, за несигурноста на неговата позиција во светот. За тоа – да се биде или не.

Сценографијата ја изработи Валентин Светозарев, драматург е Оливера Павловиќ, а костимите се дело на Андреј Ѓоргиевски. Во претставата играат: Никола Стефанов, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Викторија Степановска Јанкуловска.
Суфлер: Мирјана Христовска, инспициент: Димитар Михајловски.

Дизајнер на видео: Сашо Илковски, светло-мајстор-Горан Петровски, тон-мајстор-Александар Димовски, автори на плакатот-Марјан Некаќ и Сашо Илковски, консултант за билијард: Игор Радичоски.

Уживајте во саботното чаршиско кафе, а за семејниот ручек нека се погрижат од “АНА МАРИЈА” – Eве што се’ има на менито денеска!

На добро познатата локација, улица “Мице Козар” бр.91, “АНА МАРИЈА ФУД” и денеска приготви царска трпеза со јадења. Умот да ти зајде што да одбереш.

✅телешка чорба
✅телешки гулаш
✅телешка јанија
✅бегова тава
✅полнет пилешки стек
✅️селско месо-ана марија
✅половина пиле печено со прилог
✅свински медаљон во сос
✅ребро во фурна
✅пилешко на скара во сос со печурки
✅пилешко во тава со крем сос
✅пилешко со кари сос
✅пилешко со 4 сирења👨🏻‍🍳👨🏻‍🍳
✅пилешки похован стек
✅лазања
✅мрсна сарма
✅мусака во тава
✅бурито /тортиља
✅ориз/компир/пире
✅салати

☎️Фаст фуд – Точила – 073/44-44-33
☎️Fast Food – Мице Козар 072/267-000
☎️Готвени јадења 075/234-190

Кузманоска немилосрдно удри по Судскиот совет (ВИДЕО)

Пратеничката од Прилеп, Билјана Кузманоска, со остри пораки кон Претседателката и членовите на Судскиот совет, при вчерашните дискусии во Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Кузманоска побара оставки од сите членови на советот поради како што рече непостапувањето и неспособноста да ги спроведе препораките, неспособноста судскиот совет да се заштити од несоодветни влијанија, неспособноста да се унапреди професионалноста на самите членови на судскиот совет и погрешното работење и молкот.

Во храмот Св. Петка во Прилеп, утре ќе се отслужи заупокоена литургија за загинатите лекари

Почитувани прилепчани,

Ве известуваме дека утре, сабота, на 5 октомври, со благослов на нашиот епархиски архиереј, митрополитот Петар, во храмот Св. Петка ќе се отслужи Заупокоена Литургија за покој на душите на нашите несреќно загинати сограѓани, доктори, кои својот живот го посветија на помагање на ближните – информираат од прилепскиот црковен храм во населбата “Точила”.

-Ги покануваме сите жители на Прилеп да ни се придружат во заедничка молитва за новопретставените наши сограѓани, молејќи го Господ да ги всели нивните души во рајските населби и да им дарува вечен мир – стои во известувањето од храмот.

Најнова вест! Познат уште еден кандидат за бордот на директори при “ТУТ- КОМ” Прилеп

По неколку месеци очекување Владата ги доставила предлозите за извршни и неизвршни директори во прилепскиот “Тутунски Комбинат”.

Покрај веќе споменатите, за кои Маркукуле објави во минатите денови, Зоран Петрески актуелен директор на основно училиште, Александар Алексоски вработен во Гентерм и актуелен советник во Советот на општина Прилеп, Гоце Николоски, Ѓорѓи Дончев и Сашко Велјановски, од денеска е познато уште едно име.

Станува збор за Саше Вељаноски, поранешен директор на комуналното претпријатие во општина Долнени и актиелен претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ во оваа општина.

Инаку засега останува енигма кој ќе застане на челната позиција во компанијата, каде се’ уште директорува Зоран Пачешкоски.

Во болницата “Плодност” се одржа комеморативен настан за трагично загинатите медицински лица од Прилеп (Фото галерија)

Денеска во 12 часот напладне, во Болницата Плодност се одржа комеморативен настан за трагично загинатите наши медицински лица, примариус д-р Александар Ристески, врвен македонски радиолог, спец. гинеколог д-р Никола Василески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска, кои вчера го загубија животот во сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола, доаѓајќи на своите работни места. Комеморацијата започна со едноминутно молчење во чест на загинатите колеги.

Главната медицинска сестра Ребека Алексовска говореше за ликот и делата на загинатите, поединечно за сите, истакнувајќи ја нивната професионалност во работата, но и приватниот дел како одлични родители, татковци, сопрузи, ценети кај сите вработени во болницата.

„Ние загубивме колеги, пријатели, блиски, стручни и ценети професионалци, загубивме дел од нашето Плодност семејство. Тројцата наши соработници од Прилеп, кој секојдневно патуваа на своите работни места во нашата болница, за жал прерано ги згаснаа животите“, рече Алексовска.

Таа прочита дел од стотиците телеграми, писма и пораки кои пристигна во болницата, од Битола, Прилеп, Македонија, Европа, од поранешни вработени, пациенти, пријатели на загинатите.

Синот на д-р Александар Ристески, преку порака и се заблагодари на Болница Плодност за најсреќните работни години кои неговиот татко ги поминал во болницата опкружен со љубов од колегите и пациентите, така што за него воопшто не било терет секојдневното патување до Битола.
Примариус д-р Таше Трпчевски, не успеа да ги надвладее емоциите и низ солзи се прости од своите колеги.

„Ми се чини дека во мојот живот не сум имал ваква тешка задача да го одржам овој мемоморијал говор и не би салал да се повтори никогаш. Претрпевме тешка загуба од прераната смрт на нашите колеги, а ова го зборувам во името на сите вработени. Немаме зборови да ја искажеме нашата тага. Велат дека смртта не боли, но боли празнината, тагата и болката за згаубениот. Боли тоа што никогаш повеќе нема да ги видиме. Ова огромна штета за нивните семејства, огромна штета за нас, огромна штета за нашите пациенти. Тие си отидоа, но нивните племени души ќе останат во нашите срца, ќе бидат со нас и ќе запаметиме во нивнита огромна грижливост во работата. Иако ги загубивме, мислам дека беше привилегија и искажувам благодарност што бевме дел од нивните животи. Нивните души нека останат во мир, а ние ќе ги чуваме во нашите срца“ рече примариус д-р Таше Трпчевски.

На комеморација присуствуваше и зборуваше градоначаникот на Прилеп, Борче Јовчески, кој како доктор, постети на неговото пријателство и соработка на професионален план со Александар Ристески.

Уште еден хуман гест на Универзитетот “СКОПЈЕ”: Предизвикаа искрени насмевки на дечињата во Дневниот центар во Крушево (ФОТО)

Претставници на Универзитет Скопје, денескa во Крушево, заедно со заменик министерот на Министерството за социјална политика, демографија и млади, г-дин Ѓоко Велковски, го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби.

Целта на оваа посета е помош и поддршка за сите деца од згрижувачките семејства во Крушево. Иницијативата на Универзитет Скопје за донација на 20 училишни ранци, претставува гест кој покажува како треба да сме сите социјално одговорни, а Универзитет Скопје уште еднаш ја докажува својата општествена одговорност.

-Денес, ние успеавме да предизвикаме искрена насмевка на лицата на овие дечиња и нашата мисија продолжува и во наредниот период – велат од Универзитетот Скопје.

Тачи излезе од коалицијата која се распаѓа

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, ја официјализира својата одлука за напуштање на Европскиот фронт, соопшти порталот „Тетова сот“. Оваа вест е потврдена од партиски извори кои истакнуваат дека отсега ДПА ќе остане во комуникација само со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Од ДПА изјавија дека Тачи го напушти Европскиот фронт и веќе нема да учествува во активностите на оваа коалиција. Сепак, причините за оваа одлука ќе бидат објаснети од страна на Тачи во блиска иднина. Од партијата додаваат дека лидерот на ДПА ќе остане во комуникација само со Али Ахмети.

„Нашиот лидер го напушти Европскиот фронт. Оваа одлука е конечна и нема да учествуваме во идните активности на коалицијата, освен во директна комуникација со Ахмети,“ изјавија од партијата. Причините за овој чекор ќе бидат детално објаснети од Тачи во блиска иднина.