дома блог страница 546

Бензините и дизелот поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,81% во однос на одлуката од 30.9.2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,108 ден/кг и сега ќе изнесува 42,780 ден/кг.

Од 8.10.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 68,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,780 (денари/килограм)

Интервју со Марија Дулеска: Доктор на науки по англиски јазик и неисцрпен извор на инспирација за учениците

Повеќе од две децении во образование, инспиративен професор по англиски јазик, учениците ја обожаваат, а англискиот јазик им станува втор мајчин јазик. Девет години менаџер на ООУ “Блаже Конески”, образована институција која во тие години доживеа вистинска ренесанса. Еден од ретките доктори на науки по англиски јазик од нашиот град, жена која постојано се надоградува и вложува макотрпен труд во што и да работи. Марија Дулеска е пример од професор со кого ни беше чест да разговараме и да ја пренесеме нејзината реализираност и успешност. Во продолжение проследете го интервјуто во кое разговаравме за повеќе прашања на приватен и професионален план.

Повеќе од 20 години работите во образование. Кои се клучните моменти кои влијаеле во оформувањето на вашата кариера, од почетокот па до денеска?

-Најраните почетоци – иницијалната каписла е од мајка ми Дора Аџиовска. Во 70-тите таа живееше во Торонто, Канада кај сестра и’, која и покрај сите несогласувања на останатите од семејството каде што растев, ме запиша во тогашниот пионерски дом “Мирче Ацев”, тогаш единствен за англиски јазик, со нејзина визија дека aнглискиот ќе ми треба. Тоа стана моја определба. На мои 11 години сонував да бидам професор по англиски јазик. Поддршката понатаму од сите, oсобено од татко ми, вработувањето прво во ООУ “Гоце Делчев” Прилеп како професор по aнглиски јазик во 2001.година, и се разбира понатаму се вложуваш и постојано се усовршуваш.

Вие сте еден од ректките доктори на науки по англиски jaзик од нашиот град. Како успеавте да го достигнете тоа ниво и постојано да инвестирате во своето образование, и покрај домашните обврски, обврските околу наставните часови и улогата на мајка?

– Сонот ми беше да станам професор доктор. Магистрирав на УКИМ со 10.00 просек и докторирав на факултетот на Југоисточна Европа со просек 9.40. Ќе бирав да докторирам на некој од државните факултети, но местата не ги даваа и ги чуваа за свои луѓе. Вложив многу интелектуален труд, знаења, учества по конференции материјални средства – се’ што е потребно да се добие на регуларен начин највисoката титула професор доктор. Во настава сум постојано, постојано со часови, работата ја работам нa највисоко ниво, која постојано се продлабочува и усовршува. Околу домашните обврски мајка ми претходно и сега свекрва ми се секогаш тука за помош. Сопругот Гоце околу домашните обврски е секогаш тука. Синот Стефан има 19 години и е студент во прва година на Електротехнички факултет во Скопје – отсек автоматика и роботика. Докторатот ми е посветен на моите двајца покојни родители Василе и Дора, заради нивната пожртвуваност за јас денеска да сум тоа што сум.

Постои ли разлика во нашиот образовен систем? Дали работите се променуваа на подобро во изминатите две децении, или се’ уште недостига вистинска реформа?

-Кога надлежните институции ќе се одважат да примат мислење од т.н база – т.е. од нас, кои го работиме нештото и сме по највисок степен рангирани како еминентни професори по Англиски јазик, тогаш ќе добијат сознанија кои се најголемите слабости. И кога уште еднаш ќе се одважат да побараат стручно мислење пак од нас, ќе може да се направи квалитативна промена во обраование. Мислењето се црпи од базата од кредибилни на струката долгогодишни професори.

Oд учениците сте избрани како еден од најинспиративните педагози. Низ “ваши раце” поминале голем број ученици на кои англискиот јазик им станал како мајчин, а со тоа подоцна изградиле успешни кариери во различни општествени сфери. Дали класичниот метод на предавање лекции од учебник е клучно за успешно пренесување на знаењето, или користите и други методи?

-Во наставата импровизација е дозволена само ако немаш материјали, средства за работа. Но и тогаш не е дозволена. Предавам темелно, стручно. Од моето знаење создавам нови шеми табели, покажувања – типс – за учениците полесно го сфатат материјалот. Работам 23 години и сега им предавам на децата на моите први ученици. Ја предавам основата и потоа само надоградувам систематски, знаејќи кој до каде е. Ги водам и систаматски усовршувам. Секако тоа е реверзибилен процес. Но, нема можност ученикот кај мене да не научи ако сака да научи, т.е да има волја, а и тоа го развивам поттикнувам, инаку сум многу строг професор. Барам работна дисциплина.

Во Прилеп сте познати и по вашето приватно училиште “Англиски кај Марија”. Десетици илјади неделно ги гледаат и учат од вашите видеа на социјалните мрежи, се восхитуваат на постигнатото на учениците и се бара место повеќе, особено од најмалите. По што е посебно “Англиски кај Марија” и што го издвојува од другите школи за странски јазици во нашиот град?

-Јас својата енергија морам да ја вложувам некаде – морам да се чувствувам корисна. 9 години вложував во логистика, инфраструктура, како раководител на ООУ “Блаже Конески” – напорна работа полна со замки предизвици и водство. Сега од 2019. годina постои “Англиски кај Maрија” кое е основано во спомен на мајка ми. Едукативниот центар е посебно место, затоа што кон секој ученик пристапувам со индивидауален пристап и веднаш знам кој е, што недостасува, каде треба да се обрне внимание. Не работам групна настава, поради поголемиот ефект на индивидалната работа. Така ми е многу потешко, водам комбинирана настава, но од моето училиште излегуваат прекрасни, посебни ученици. Секој ученик си е свој производ. Јас ги викам пакетчиња, и знам кај кого поединечно што сум сработила и до каде е стасано.

Со што можат да се стекнат вашите ученици после успешно завршените курсеви и колку пати неделно се одржува наставата?

-Учениците добиваат беспрекорно стекнато индивдуализирано знаење и дипломи, но дипломите не вредат ако нема знаења. Применливото знаење е она што е бесценето според петте компетенции на Европката јазична референтна рамка за изучување на јазиците. Говорната интеракција е крајната цел за изучување на јазикот, секако тоа е процес кој не запира.

Дали часовите ги посетуваат само основци и средношколци, или можат да се запишат и повозрасни слушатели?

-Ги има од сите возрасти, од 5 до 70. И возрасните се доволно храбри и немаат, и не треба да имаат предрасуди за изучување на англискиот јазик. Англискиот денеска треба да е, и е, како џебен додаток, кој постојано го користиш како дел од секојдневниот живот. Сите оние празнини кои возрасните ги имаат додека растеле, и не им било обрнато доволно внимание заради разни причини, сега со зрелоста ги надопоплнуваат и учат. За возрасните работам по програма на Hamilton House Publishers – Академска книга Скопје.

Новите технологии, западно-европската култура, англиските филмови и серии, во поново време предизвикаа еден феномен децата да разговараат на англиски јазик. Каде и да се завртиме ќе видиме деца на четири, пет, шест годишна возраст… како меѓусебе комуницираат само на англиски јазик. Дали овој феномен е загрижувачки, од аспект дека би можел да се девалвира нашиот македонски јазик, или пак ваквиот тренд е од корист на новите генерации?

– Како што влијанието е големо од странскиот јазик, кој е потреба, така треба да се учи македонскиот јазик. Не можеш да знаеш англиски ако не го владееш својот мајчин јазик. Значи македонскиот е базата и е прв јазик, а англискиот е втор. И секогаш ќе биде втор. Е сега работата на мајчиниот јазик паѓа на другите надлежни институции. Исто така потребни се реформи во наставниот план и програма за ставање на посебни акценти на одредени аспекти од изучување на јазикот, идентитетот, припадноста. Ние сме Македонци и тоа остануваме. Секој својот дел треба да го работи. Англискиот никогаш не може, не смее и нема да биде пред македонскиот јазик, но има одредени аспекти кои можеби би имале можност да се дискутираат во следна прилика. Се зависи од мотивацијата, посветеноста, желбата и прогресивноста.

Повеќе години бевте директор на ООУ “Блаже Конески”, период во кој ова училиште доживеа вистинска ренесанса. Училиштето заблеска од убавина, се уредуваше секое ќоше, учениците редеа успеси каде и да се појавеа. Што ве инспирираше да диктирате такво темпо на работа, што беше вашата крајна цел и дали се гордеете со тоа што го постигнавте?

– Јас сум генетски водач и постојаниот напредок е она што ме храни, дополнително мотивира и инспририра. Оперативниот менаџмент е мојот стил на функционирање. Создадов царство во тие 9 години, со многу жртва, пот, љубов, откажувања и сум горда на ООУ “Блаже Конески” за тоа време од 2008-2017. Вложив многу, се вложив себе си, семејството го ставив на втор план. Работев со многу љубов 25/7, и тоа е огромно животно искуство. Гo решив статусот на 50 вработени таму и постојано инвестирав. Сите капитални проекти од ограда, ПВЦ дограма, котлара, оградување, санитарии, парк, врати, плочки, балон сала, внатрешен инвентар, автомобил, кино сала, машини за перење, подрачното училиште во Варош – секоја година по минумум еден или два капитани проекти – се’ баш се’ – беше сработено. Огромен влог, и материјално, и по учества, и логостички, и духовно… Сетo тоа со рокови, и под главно водство на Марјан Ристески.

За крај една инспиративна порака до сите млади и ваши ученици

– Секогаш останете свои и борете се за што верувате, макар и да стоите сами. Integrity is all.

Наскоро преминуваме на зимско сметање на времето! Еве кога да ги поместите стрелките на часовникот

Кон крајот на октомври преминуваме на зимско сметање на времето, познато и како стандардно сметање на времето. Како и обично, промена на времето се случува во последната недела од октомври.

Вечната дилема – дали стрелките на часовникот одат напред или назад?

Го враќаме часовникот назад: Што носи зимското сметање на времето?

Зимското сметање на времето, познато и како стандардно време, го следи средноевропското време (CET), кое е еден час понапред од универзалното време (UTC+1). Во летниот период часовниците се поместуваат за еден час нанапред, па затоа се користи летно сметање на времето на Централна Европа (CEST), што е два часа понапред од универзалното време (UTC+2).

Секоја година, многу луѓе прашуваат: „Дали часовникот оди напред или назад?“. Кога ќе се префрлиме на зимско сметање на времето, одговорот е – часовникот се враќа еден час назад. Овој момент го претставува враќањето на „изгубениот“ часовник што го придвиживме напред при префрлањето на летното сметање на времето во пролет.

Оваа година часовниците ќе ги вратиме назад ноќта помеѓу сабота 26 октомври и недела 27 октомври 2024 година. Точно во 3 часот по полноќ стрелките ќе ги поместиме еден час наназад, што значи дека времето повторно ќе биде 2 часот по полноќ. Оваа промена носи дополнителен час спиење, што на многумина им носи олеснување и можност за одмор.

Искористете ја оваа прилика да отспиете и да се прилагодите на новиот зимски ритам на денот.

ФОТО КИНО КЛУБ го организираше првиот “ПРИЛЕП ФОТО ФЕСТ”

Во саботата , во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, свечено беше отворен првиот Прилеп Фото Фест, организиран од Фото Кино Клуб „Прилеп“, со поддршка на Министерството за култура.

Фестивалот започна со две самостојни изложби на фотографии од авторите Димитар Ристески и Мери Бошкоска кои се најголемите иницијатори за реализација на овој настан. Двете колекции вклучуваа по 20 фотографии, но секоја се истакнуваше со различни техники на изразување – едната фокусирана на современите дронски снимки кои го откриваат светот од необични агли, додека другата ги претстави урбаните пејзажи преку моќни црно-бели композиции, создавајќи контраст во стилот и перспективата.

Димитар Ристески е член на Националната фото унија на Македонија и со уметничка фотографија се занимава повеќе од 15 години. Тој е добитник на бројни награди и признанија на домашни и меѓународни конкурси. Како поранешен претседател на Клубот, значително придонесол за рестартирање и обновување на сјајот на Клубот. Неговото искуство и авторитет во полето на фотографијата се препознаени и преку неговата улога како жири член на многу меѓународни изложби. Пред околу две години, Димитар започна да фотографира со дрон, што го обогати неговото уметничко портфолио, овозможувајќи му да ги открие и прикаже просторите од сосема нова перспектива. Со вешто користење на дронот, а во исто време воден од неговото уметничко око, тој создава уникатни визуелни приказни кои публиката имаше можност да ги погледне на самата изложба. Неговата колекција „Светот одозгора“ е составена исклучиво од дронски фотографии кои покажуваат како промената на аголот на гледање може да влијае на нашата перцепција на просторот.

Мери Бошкоска, исто така член на Националната фото унија на Македонија, како проектен координатор во Фото Кино Клуб „Прилеп“ активно работи на координација на проекти од областа на културата, со посебен фокус на фотографската уметност. Од 2019 година, па се до денес, таа има освоено повеќе од 100 награди на национални и меѓународни конкурси, а воедно била член на жири комисии на меѓународни изложби. Посетителите имаа можност преку нејзината колекција „Црно бели фрагменти“ да го доживеат урбаниот свет на еден поинаков начин – претставен преку геометриски форми и линии кои го дефинираат просторот околу нас, а кои често остануваат неприметени во секојдневниот живот. Заедничка карактеристика на сите 20 фотографии е присуството на човекот што создава чувство на интроспекција и самотија во динамичниот градски пејзаж.

Целта на фото фестивалот е да се продлабочи соработката, едукацијата и споделувањето на знаења и искуства меѓу фотографите од регионот, за поголема афирмација на фотографијата како уметност, но и на промоција на Прилеп и Крушево како атрактивни туристички дестинации.

Фестивалот продолжи со фото работилница во салонот на Градската библиотека „Борка Талески“ под водство на фотографот Александар Томовски, мајстор на фотографија на Национална фото унија на Македонија. По завршувањето на работилницата, присутните имаа можност да уживаат во дигитални проекции од пет македонски и странски автори. На проекцијата беа преставени колекција на фотографии од авторите Ozgur Secmen од Турција, Fadhel Almutaghawi од Кралството Бахраин, Слободан Чавиќ од Србија, како и на домашните автори Владимир Јованоски од Фото Клуб „Куманово“ и Горан Попоски од Фото Кино Клуб „Прилеп“. На крајот, посетителите ја разгледаа и групната изложба на фотографии во истиот простор.

Прилеп Фото Фест заврши денес со еднодневно фото сафари во Крушево, каде учесниците имаа уникатна можност да ја истражат природната и културната убавина на овој град. Под водство на организаторите, учесниците беа водени по најзабележителните локалитети, каде што фотографираа идилични пејзажи, традиционални архитектонски објекти и автентични сцени од секојдневниот живот на локалното население.

Во текот на фото дружбата, учесниците се запознаа со техниките на фотографирање на отворено, вклучувајќи ја употребата на природната светлина и различни агли на гледање за постигнување на најдобри резултати. Специјален акцент беше ставен на креативноста и индивидуалниот стил на секој фотограф, што дополнително ја обогати атмосферата на настанот.

На крај, учесниците се собраа на заедничка анализа на направените фотографии, разменувајќи идеи и искуства, што создаде дополнителна инспирација и мотив за идни фото дружби. Сите присутни изразија големо задоволство од искуството и се согласија дека ваквите настани придонесуваат за афирмацијата на фотографијата како уметност и за поврзување на локалната фотографска заедница.

Прилеп Фото Фест остави силен печат, поттикнувајќи креативност и создавајќи нови можности за соработка меѓу фотографите. Сите учесници се вратија дома полни со нови инспирации и незаборавни спомени од овој фестивал.

Работни обврски и готвење не одат заедно, затоа МАНЏА БАР со богато мени и денеска за вас!

Локација: Булевар “Александар Македонски” до Мотел “Бреза” во поранешниот дуќан на “Еуротерм” – мајсторите во “МАНЏА БАР” на денешното мени ви приготвиja еден куп различни јадења. Посетете ги или нарачајте на телефонскиот број: 078 86 71 71.

☑️ Гулаш со телешко
☑️ Чорба со телешко
☑️ Турлитава > 10 час
☑️ Ребро во фурна
☑️ Свинско на селски начин
☑️ Свинска мучкалица
☑️ Бегова
☑️ Свинско со грашак > 11 час
☑️ Натур свинска шницла
☑️ Плескавица
☑️ Пилешко со 4 сирење
☑️ Пилешко во кари
☑️ Стек на скара
☑️ Криспи стек
☑️ Похован стек
☑️ Копан на скара без коска
☑️ Мусака
☑️ Полнети тиквички
☑️ Тортиља
☑️ Ориз,компир,пире
☑️ Салата

Репертоар на прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” за оваа недела – на програмата две претстави

Репертоар на театарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп за оваа недела:

вторник/ 8.10.2024 – 20.00 ч.
„ГРЕТА„ – гостување на Златен Елец

среда
9.10.2024 – 20.30 ч.
„БУРА“, режија Џон Блондел,
театар „Војдан Чернодрински“

Влезници на телефонскиот број: 076 442 378

Успешен старт на сезоната за прилепскиот вицешампион – екипата на ППК Младост96

Викендов во Скопје во СЦ “Јане Сандански” започна пингпонгарското првенство, каде се одигра првото коло од Супер лигата и Прва лига.

Вицешампионот од минатата сезона, eкипата на Младост96 од Прилеп имаше успешен старт на првенството, и со резултат 4-2 извојува победа над екипата на Радовиш.

Настапија: Лашкоски кој забележа две победи, Стомнароски една победа и новиот играч на клубот Нико Доага, кој извојува една победа. Резерва на натпреварот беше Александар Рикалоски.

Иако ослабени за натпреварот без странците, браќата Влада и Ѓорѓе Борчиќ, како и без Петар Костовски, екипата покажа дека и оваа година главна цел ќе биде титулата. Наредниот турнус се игра на 20. Октомври во СЦ “Јане Сандански” со екипите на Телеком Нец 2 и Берово.

ПОСТИГНАТИ РЕЗУЛТАТИ

СУПЕР ЛИГА 1 коло:

1.ППК Шампиони ФА -ППК Младост 4-1
2.ППК Младост96 – ППК Радовиш 4-2
3.ППК Кр.Паланка – ППК Вардар 4-1
4.ППК Астраион ППК Телеком Нец 2, 3-4
5.ППК Пелагонија ППК Берово 4-0

ПРВА ЛИГА 1 коло

1.ППК Кр.Паланка 2007- ППК Берово2 4-1
2.ППК 1060 АС Ѓ.Петров-ППК Куманово 4-1
3.ППК Дебар Маало- ППК Работнички 1-4
4.ППК Борец-Тим ППК Рисови 4-0
5.ППК Студент ППК Кочани 4-3

Мицкоски: Проект за 250 евра ваучер за таблети за сите студенти и до 10.000 евра за бизнис за млади

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски презентираше мега проекти за младите.

-ВМРО-ДПМНЕ го прави тоа за младите кои се сила, иднина и нашата надеж, нешто во што мора да се инвестира. ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија ќе реализира низа на мега проекти. Прво, ќе поддржи со новиот буџет кој е во изработка, ваучери во вредност од 250 евра за електронски уреди за сите, за сите студенти во Македонија, за сите до еден, истакна Мицкоски.

Второ, ќе обезбеди фонд од 10 милиони евра за развој на бизнис за млади од 18 до 29 години со новиот буџет, во зависност од бизнисот и планот.

-Посебна комисија под строги критериуми во која ќе членуваат претставници на неколку институции, ќе издвојува средства и ќе ја одредува висината на помошта. Ќе има реален надзор, дали вистински се трошат средствата за таа намена. Вредноста ќе биде од 1000 евра до 30 илјади евра за проект. ВМРО-ДПМНЕ верува во младите и во нивниот потенцијал затоа презема вакви мерки. Ова ќе помогне во развивање на државата“, рече Мицкоски на вчерашната Годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Идејата дека Македонија е жива преживеала во сите премрежја!

Со добар лидер во одбрана РК Прилеп ќе го победеше РК Бутел

Скоро цел меч беше неизвесен, а еден блесок на домашниот тим предводен од тренерот Горан Кузманоски ги задржа бодовите во Бутел. Паднаа мал број на голови за разлика од останатите суперлигашки дуели.

Во крајно неизвесен натпревар, но со еден блесок на домаќините, РК Бутел – тимот предводен од прилепската ракометна легенда, Горан Кузманоски – Таста, вечерва му нанесе нов пораз на Прилеп.

Крајниот резултат беше 25-18, но иако убедлив, противниците имаа свои моменти во текот на 60-те минути. Најпрво при резултат 7-8 во првиот дел, Бутел направи серија и стигна до 11-8 на полувремето. Во вториот дел следуваше притисок на прилепчани, кои во еден момент израмнија на 16-16. Сепак, потоа следуваше нова серија на скопскиот тим за 20-16.

До крајот Бутел не дозволи ново изненадување и лесно го приведе натпреварот во своја корист.

Со овој триумф, тимот предводен од Кузманоски го презеде петтото место на табелата од Прилеп и му им го нанесе третиот сезонски пораз на избраниците на Божидар Мојсов.

Веќе неколку натпревари е јасно дека на Прилеп му недостига лидер во одбраната, како капитенот Филип Велески, кој минатата сезона стави крај на кариерата..

БРАВО ДЕВОЈКИ! Вие сте гордост на Прилеп! Три медали за нашите борачки на Балканското првенство во Скопје (ФОТО)

Заврши Балканското првенство, кое викендов се одржа во Скопје, а прилепските борачки покажаа одлични борби и со три медали (две бронзи и едно сребро) се вратија во Прилеп.

Марија Вејланоска во категорија до 40кг. го освои второто место, Ангела Трајкоска до 46кг. беше третопласирана, а Тамара Цветкоска исто така освои бронзен медал во категорија до 57кг.

Она што исто така е за одбележување е настапот на младата Анабела Стојаноска, која прикажа одлични борби, но за жал не успеа да се искачи на пидестало и го освои 5 то место во категорија до 46кг.

Од Боречкиот клуб “7-ми Мај” се задаволни од постигнадите резултати и упатуваат честитки до боречката федерација на Македонија за одлично организираното Балканско првенство.