дома блог страница 547

Победа и Јане Николоски се разделија

Фудбалерите на прилепска Победа денеска забележаа нов пораз во Втората фудбалска лига. Црвено-белите беа поразени на гостувањето кај Башкими со 3:1, што беше четврти последователен пораз, па очигледно нешто мораше да се промени. Неколку часа по натпреварот од клубот излегоа со соопштение во кое информираат дека со взаемна согласност е прекината соработката со тренерот Јане Николоски.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

-Со ова соопштение, ФК Победа сака да информира дека, по взаемна согласност, клубот и тренерот Јане Николоски решија да го прекинат својот професионален ангажман.

Клубот му се заблагодарува на Јане Николоски за неговата посветеност, труд и сите достигнувања што ги постигнавме заедно за време на неговиот мандат. Се надеваме дека ќе има успех во сите негови идни професионални потфати.

Нашиот фокус сега е на избор на нов тренер кој ќе продолжи да го води тимот кон нови предизвици и успеси. Клубот останува посветен на својата цел да обезбеди најдобри услови за своите играчи и навивачи.

Новиот кружен тек во центарот на Прилеп, доби споменик на средина (ФОТО)

Најновиот кружен тек во центарот на Прилеп го добива својот конечен изглед. По уредувањето и обележувањето на коловозните ленти, попладнево во средината на кругот е поставена мермерна статуа.

Засега не е познато дали е ова конечниот излгед на ова сообраќајно решение, или станува збор само за привремено решение.

Инаку, кружниот тек на раскрсницата кај Центарот за култура “Марко Цепенков” е само еден од неколкуте планирани во програмата на градоначалникот Борче Јовчески. Со финансиска поддршка од Владата се планира во наредниот период да се изгради и долгоочекуваниот кружен на мостот “Табана”.

Победа продолжува да губи и да тоне! Четврти последователен неуспех за црвено-белите

Фудбалерите на Победа го нанижаа и четвртиот последователен пораз, откако попладнево загубија со 3:1 на гостувањето кај Башкими.

Во изминатите две недели црвено-белите играа против Охрид и Арсими во првенството на домашен терен и во двата натпревари останаа без бодови. Следуваше натпревар од Купот на Македонија против Гостивар, каде повторно беа поразени, а денеска победашите му послужија и на Башкиме за искачување на второлигашката табела.

Со само 4 освоени бода, Победа сега се наоѓа во зоната за испаѓање, а следниот натпревар прилепчани го играат против Вардар Неготино на гостински терен.

Тешка сообраќајка во Крушево: 61-годишник заврши во болница, откако со автомобилот удрил во паркирано возило

-На 05.10.2024 во 11.55 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Крушево се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „форд” со крушевски регистарски ознаки, управувано од В.Д.(61) од Крушево, удрило во паркирано патничко моторно возило „ауди” со крушевски регистарски ознаки.

В.Д. со возило на Итна медицинска помош Крушево била пренесена во Градска болница Прилеп, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Крушево – информираат од МВР.

Забава и дружење под маски! Пријавете ги вашите најмали навреме! Местата се ограничени!

Еден од најдобрите едукативни центри за странски јазици во Прилеп,  “ДРИМ ТИМ МАКСИ”, организира одлична забава под маски и едукативна работилница за Haloween. Најмладите ќе имаат можност да се дружат, да се забавуваат и да научат повеќе за овој популарен странски празник, за традицијата и што точно празнуваат на тој ден нивните врсници во западно-европските земји. Настанот е закажан за 02.11.2024 од 16-18 часот, а за тие што не знаат “ДРИМ ТИМ МАКСИ” се наоѓа во центарот на Прилеп, во непосредна близина на “Шарена чешма”.

Дечињата донесете ги маскирани, при што ќе следува избор и доделување на СЕРТИФИКАТ за најдобар маска. Пријавете се на телефонскиот број: 070/338-490 и побрзајте, МЕСТАТА СЕ ОГРАНИЧЕНИ!

А пред некој да почне предвреме да суди… во смисла дека славиме странски празник, па тоа не е наша традиција и слично…. еве накратко што значи Haloween и што точно се празнува на тој ден во западните земји.

***************************************************************************

Дали е ова уште еден празник кој ни е наметнат и слепо го прифаќаме иако нема никаква врска со македонската традиција или, пак, на него треба да се гледа како на уште една радост за децата?

НИШТО ОД ТОА!

Ниту наметнат празник, ниту традиција, ниту нешто за кое што треба да креваме голема прашина.

Халовин не е наш празник и не го славиме! Ние, наставниците по англиски јазик, со многубројните активности за Халовин, само сликовито ја доловуваме културата на народите чиј јазик го изучуваме ( исто како и во САД, наставничка по македонски јазик да им предава македонски на американците и им го долови Велигден со јајца).

Нивните ученици зборуваат англиски како да им е мајчин јазик, прогласено за училиште на годината во Македонија, а се наоѓа во Прилеп (ФОТО ГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

Толку!

Ниту славиме, ниту прифаќаме!

Ноќта на вештерките како што ја нарекуваат Американците или „Халовин“, е ноќ на сите Светци и се одбележува во вечерните часови на 31 октомври. Оваа ноќ се одбележува на специфичен и интересен начин, со случувања и забави каде учествува речиси цела општествена заедница.

Се одбележува првенство во земјите како Ирска, САД, Канада, Порторико, Австралија и Нов Зеланд. Подоцна одбележувањето на Ноќта на вештерките се прошири и на многу други земји.

Едно од објаснувањата зошто се одбележува Ноќта на вештерките, вели дека Келтите 1 ноември го сметале за почетокот на новата календарска година и прославата на ноќта претходно ја посветувале на богот на Сонцето и господарот на смртта.

Верувале исто така, дека во ноќта меѓу 31 октомври и 1 ноември, мртвите излегуваат од своите гробови и поминуваат низ местата каде живееле на овој свет, а живите тогаш во страв од нив прават врева за да ги избркаат плашејќи се од средбата со нив. Нешто слично на обичаите за Прочка.

Римјаните подоцна исто така му дадоа значење на оваа ноќ, а ја сметаа како премин во зимата, темниот период во годината. Тие во Ноќта на вештерките го гаселе огнот во огништата и верувале исто така дека мртвите доаѓаат на овој свет, па различен зелечунк, претходно издлабен, го оствале пред својата куќна врата за да ги истераат починатите. Сега тоа се најчесто тикви, односно во поголемиот дел од светот каде што се одбележува оваа ноќ, а која ја прифатиле од Американците.

За крај погледнете како беше минатата година:

Уапсен 49-годишен прилепчанец, се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал

-На 05.10.2024 во 16 часот полициски службеници од ОВР Прилеп во Прилеп го лишиле од слобода Т.Д.(49) од Прилеп, по пријава од 45-годишен маж од Прилеп дека Т.Д. се соблекол пред малолетни девојчиња и ги вознемирувал.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од МВР.

ЦВРСТО, КВАЛИТЕТНО, СИГУРНО! “ИЗОФАС ДОО” – 35 години успешна приказна и прилепски бренд за градежништво и градежно инженерство

Со 35-годишна традиција, Изофас ДОО е прилепски бренд во градежништвото и градежното инженерство.

Уште од самиот почеток градежништвото е основната дејност на компанијата, а во фокусот им е изведба на објекти од нискоградба.

Во изминатите 3 и пол децении, ИЗОФАС прерасна во компанија која е гаранција за цврстина, квалитет и сигурност. Тие се одговорни за еден куп успешно реализирани проекти во општина Прилеп, но и низ целата држава.

Покрај тоа компанијата нуди и:

-производство на готов бетон
-изведба на армирано бетонски работи
-изведба на водоводи и канализации
-производство на бетонски елементи
-услуги за бетонирање
-транспорт на готов бетон, сепариран камен и др.

Процесот на производство на готов бетон и бетонски производи се одвива со современа автоматизирана опрема почитувајќи ги стандардите за високо квалитетен производ, безбедна и здрава работа, како и заштита на животната средина од штетни влијанија.

За нив градењето е задоволство, а инспирација им се задоволните и среќни клиенти!

Изберете СИГУРНОСТ, изберете КВАЛИТЕТ и ТРАДИЦИЈА, изберете ги ИЗОФАС ПРИЛЕП!

Тошкоски: Нема веќе бришење на казни

Министерот за внатрешни работи Тошковски ги повика граѓаните да не подлегнуваат на измами преку „онлајн“ пирамидални шеми како „Конти“.Говорејќи за 100те-дена работа во секторот со кој раководи, Тошковски рече дека безбедносните камери во патниот сообраќај ќе бидат целосно функционални без можност за бришење на казните.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, упати апел до граѓаните да бидат внимателни со потенцијалните инвестиции во апликации како што е „Конти“ информирајќи дека досега не е поднесена ниту една кривична пријава. Тој ги повика оние кои се „жртви“ на оваа апликација да пријават во полиција со цел понатамошно испитување на случајот.

Тошковски рече дека целта на поставените камери е да се намали бројот на прекршици на патиштата, а со системот ќе завршат и ургенциите за укинување на казните.

Говорејќи за сработеното во изминатите 100 дена, министерот рече дека го затекнал овој сектор во хаос во однос на личните документи и дека со отворањето на нови пунктови за фотографирање ова прашање е нормализирано. На прашањето зошто не функционира веб-страницата за аплицирање за лични документи, Тошковски рече дека ова прашање ќе биде решено наскоро.

Кратка хорор приказна: Фонтаната пред Комерцијална во Прилеп (ФОТО)

Една неубава слика од центарот на Прилеп – фонтаната пред “Комерцијална” е претворена во вистинско мучуриште кое шири непријатна миризба и го нарушува изгледот на градот.

Tиња, отпадоци, запушени водоскоци… па дури и мртов гулаб внатре….а на околу трчаат деца кои можат да допрат до оваа зараза и да се разболат.

Апел до надлежните, посебно до ЈКП Комуналец Прилеп да ги одржуваат добрата кои треба да бидат украс на градот. Фонтаната веќе подолго време плаче за реконструкција, но ако за тоа нема пари или не е приоритет, барем нека биде чиста.

Одбраната на РК Прилеп денеска на тест во Бутел

По рутинскиот триумф над фенерџијата Радовиш, ракометарите на РК Прилеп денеска имаат тешко гостување во Скопје кај Бутел. Ќе биде ова дуел за петтото место на табелата, веднаш позади големата четвротка: Охрид, Алкалоид, Еурофарм Пелистер и Вардар.

Прилепчани денеска мораат да покажат карактер и да се надминат себе се за да ги соберат сите бодови.

Бутел во првите пет натпревари забележа 2 победи и 3 порази, додека пак Прилеп има еден пораз помалку.

Се очекува возбудлив натпревар во кој одбраните на двете екипи ќе бидат ставени на тест.